Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Библиотеката во моите очи

Книгата е мало, бистро изворче од кое течат букви и реченици.Таа е најголемото


богатство за човекот која ни го осветлува патот кон животот. Доколку книгата е таа
што не учи како да живееме, тогаш библиотеката е безкрајно училиште, училиште
во кое вечно се учи, училиште во кое нема тестови, зашто секој збор од
прочитаната книга е длабоко запаметен и посветени сме да тој збор го
искористиме кон осветлување на патот кон иднината.
Навидум обична и досадна просторија. Безброј книгу кои чекаат да бидат прочитани. Но,
билиотеката во себе крие многу волшебства. Можноста за осознавање на нови работи нема
цена. Она е заслужна за знаењето кое го поседуваме и љубовта кон книгата која ја носиме во
себе.

Она што се порано се сметало за темел на човековиот развој, денес е занемарено.


Библиотеките се повеке и повеке се празни, како со книги, така нажалост и со луге. Да можам
би ги извадила лугето од светот на технологијата и би ги вратила во светот на тишината во која
само се слуша листањето на страниците, светот на мирот и духовната убавина.

You might also like