1.Методи за микробиолошка дијагноза

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Методи за микробиолошка дијагноза

Микробиолошката дијагноза има за задача да помогне во етиолошкото


дијагностицирање на инфекциите и енфективните болести предизвикани од
биолошки агенси-микроорганизми(бактерии,вируси,габички,протозои и хелминти),
да се најде причинителот на болеста или инфекцијата. За реална проценка на
бактериолошкиот наод неопходно е да се земе материјал од човекот со што ќе се
запазат условите, за да не настане дополнителна контаминација. Садовите да
бидат чисти и материјалот да биде правилно запакуван и што побрзо доставен до
лабораторија.

На бактериолошки преглед најчесто се испраќаат следните материјали-брис од


грло, нос, назофаринкс, око, уво, рана, ректум, вагина, цервикс, уретра и др,
исплувок-спутум, фецес, урина, ликвор, крв и др.

Брис.Се зема со дрвено стапче кое на едниот крај е обвиткано со памук. Секој
брис се става во попсебни ебрувети кои се добро затворени со затворач од памук.

Брис од грло Брис од нос

Брис од назофаринкс
Крв. Се зема од јаболчниците на прстите (периферна крв) и од кубиталната вена.
Периферната крв најлечто служи за поставување паразитолошка дијагноза. Ако
крвта треба дасе транспортира тогаш во епруветата треба да се стави
антикоагулантно средство, кое ќе спречи коагулација.

Ликвор .Се зема под строги услови на асепса, со лумбална пункција. Се собира
во стерилни епрувети.При транспорт на ликворот до лабораторијата потребно е
да се обезбеди температура од 37 C бидејќи менингококите кои се најчести
причинители на гнојниот менингитис брзо пропаѓаат на ниска температура.

Лумбална пункција

Исплувок. Болниот треба претходно да ја исплакне устата со вода а потоа силно


да се накашла и исплувокот да се стави во петриеви чаши.

Фецес. Се зема после дефекацијата со стерилна метална лажичка, се става во


стерилна епрувета и се затвора со стерилен затворач. Фецесот засеан на
хранлива подлога се нарекува компрокултура.

Урина. Се зема утринска урина. Потребно е најпрво да се изврши тоалета на


надворешните генитални органи и првиот млаз да се исфрли, а следниот
таканаречен среден млаз да се измокри во стерилна епрувета или шишенце со
пошироко грло. Така земена урина и доставена во лабораторија за култивирање
се нарекува уринокултура.

Гној. Се зема на повеќе начини ( со брис, пункција) од местото на жариштето.


Гнојот засаден на хранлива подлога се нарекува пиокултура.

You might also like