Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

МОРФОЛОГИЈА НА БАКТЕРИИТЕ

Бактериите се ситни микроорганизми кои можат да се видат само под микроскоп, додека
нивната структура може да се проучува само со електронски микроскоп. Големината им се
мери во микрометри или нанометри. Големината им варира од 0,2 до 4-5 μm. Коките
имаат просечен пречник од 0,5-1,0 μm. Должината на стапчестите бактерии изнесува од
1,5-3,0 μm, а ретко должината преминува 8,0 μm. Филаментозните форми можат да бидат
долги до 15 μm. Се размножуваат со просто делење на зрелата клетка на две еднакви
клетки- ќерки.
1.2.1. Форма и градба на бактериите
Под морфологија на бактериите се подразбира морфологијата на нивните единечни
клетки и морфологијата на нивните колонии кои се формираат при делење на
бактериските клетки. Морфологијата на клетките може да се види само под микроскоп,
додека морфологијата на бактериските колонии лесно се гледа со голо око, а многу
подобро со обична лупа. Според морфологијата, градбата, бојосувањето и другите
особини на бактериските клетки, како и според изгледот, големината, бојата и другите
особини на бактериските колонии, можеме да ги разликуваме и идентификуваме
различните бактериски видови што е од големо значење во дијагностиката на одделни
заразни болести. Постојат три главни облици на бактериски клетки: топчести-коки,
стапчести-бацили и спирални-вибриони или спирили.
Коките (од грчкиот збор coccus-топка) се микроорганизми со топчеста форма, чии што
клетки понекогаш имаат форма на зрно грав или врв на копје. Според распоредот на
клетките, односот на клетките по делење, како и според некои биолошки особини,
разликуваме повеќе групи на коки:

- микрококи-micrococcus, составени од топчести клетки распоредени поединечно


или во неправилни групи. По делењето клетките-ќерки не остануваат заедно;
- стафилококи-staphylococcus (staphylon-грозд), делејќи се создаваат неправилни
формации кои личат на гроздови. Некои видови стафилококи се патогени;
- диплококи-diplococcus (diplos-двојно), при делењето новоформираните клетки
остануваат заедно во парови;
- стрептококи-streptococcus (streptos-свиткан, coccos-топка), при делењето создаваат
синџири од топчести клетки со различна должина;
- тетракоки-tertracoccus (tetra-четири), се делат во две рамнини, една на друга
поставени под прав агол, и формираат група од четири клетки;
- сарцини-sarcinae (sarcio-врзување), се делат во три рамнини кои се меѓусебно
под прав агол, создавајќи пакети од 8, 16 или повеќе клетки.
1.2.1.1. Морфологија на бактериите
Различни форми на бактериски клетки

Стапчестите облици на бактерии по форма се цилиндрични и поделени на бактерии и


бацили. Во бактериите се вбројуваат микроорганизми кои не создаваат спори, додека
бацилите создаваат спори. Некои стапчести облици имаат надолжна осовина подолга од
пречникот и се нарекуваат кокоидни бактерии, додека останатите имаат цилиндрична
форма, издолжени, со остро отсечени краеви, или имаат заоблени или задебелени краеви.
И кај стапчестите бактерии при делбата се формираат различни форми, па разликуваме
диплобактерии или диплобацили (се формираат парови), стрептобактерии или
стрептобацили (се формираат подолги или пократки синџири) и други форми. Краевите на
некои стапчести бактерии можат да бидат задебелени во вид на главички (на пример,
Corinebacterium), или да се разгрануваат (на пример, причинителот на туберкулозата).

Спиралните облици на бактерии може да наликуваат на запирка, па се нарекуваат


вибриони (од лат. vibrio-треперење) или да наликуваат на спирала со повеќе завои кои се
нарекуваат спирили-спирилум (од лат., spira-завиен). Ако кај спиралните бактерии има од
4 до 15 и повеќе свиоци, тогаш таквите форми се нарекуваат спирохети.
Бактериите често ги менуваат морфолошките и физиолошките особини.

Во различни средини, еден ист вид на бактерија може да има различни облици што зависи
од староста, условите на средината (температура, влажност, хранливи материи,
концентрација на соли, pH вредност, метаболити, присуство на хемиски средства,
антимикробни супстанции), и секако, одбранбената способност на организмот.
Морфолошките промени главно се карактеризираат со промена на големината и обликот
на клетките. Овие промени може да бидат фенотипски и генотипски.

You might also like