Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Дон Кихот како пародија на витешките романи

Зачетокот на романот Дон Кихот, всушност била новела, во која се раскажува за средовечниот сиромашен
благородник, кој залуден од витешките романи, решава да стане витез скитник. Во прологот на првиот дел на
романот, авторот соопштува дека овој роман има за цел да го уништи влијанието и значењето, што го добиле
витешките романи. Романот е замислен како пародија на витешките романи. Пародијата е текст кој во себе ги
содржи најкарактеристичните белези на еден автор, книжевно дело, книжевен жанр, меѓутоа тие белези се
карикатурално преувеличени, со цел да бидат исмеани. Така, основата на витешкот роман го прават чудесните
подвизи на храбриот витез, олицетворение на храброста и честа, кои тој ù ги посветува на идеалната дама на
своето срце. Меѓутоа, во овој роман, наместо да биде силен и издржлив суперчовек, витезот е на прагот на
староста, слаб и испиен од опсесвното читање на витешките романи. Оружјето и коњот, кои претставуваат
симболи на честа и храброста на витезот, се во уште помизерна состојба – оружјето е ‘рѓосано, шлемот со
картонски визир (подоцна шлемот ќе стане берберски леген), а на коњот му се бројат коските. Конечно,
идеалната дама е проста селанка.

Како се врши пародирањето? При пародирањето на витешките романи, Сервантес употребил постапка што се
нарекува гротеска. Во гротеската возвишеното, свеченото (величествен шлем) станува банално (берберски
леген), идеалното (благородна дама, замок) станува реално (селанка, крчма). Со еден збор, гротеската е „свет
превртен наопаку“. Се што е издигнато високо - се спушта на земја.

Еден пример (меѓу големиот број примери: средбата со селанките, борбата со лавовите, итн.) за гротеска на
стварноста е посетата на крчмата, при која Дон Кихот треба да биде посветен во витешкото звање. Тука има
многу гротескни замени: во очите на Дон Кихот, крчмата е замок, крчмарот-управник на замокот,
проститутките-благорони дами. Самиот свечен чин на посветувањето, наместо во капела (свет објект) се врши
покрај корито за напојување на добитокот (банално, валкано, ниско), го изведува крчмар, кој наместо од света
книга, чита од крчмарскиот тефтер. Гротеската раѓа несклад: на пример, колку комично нескладно делува
свечениот витешки говор на Дон Кихот, упатен кон девојките кои ги викаат наши. Воедно, гротеската силно ги
противставува светот на фантазијата и светот на стварноста, така што и едната и другата можеме да ги видиме
попрецизно. Бидејќи овој роман е замислен како пародија (исмевање) на светот на витешките романи, а
витешките романи се свет на фантазијата, му се дава предност на реалистичниот поглед на светот.
Реалистичноста е значајна нова одлика на романот, воведена токму од Сервантес.

Меѓутоа, пародијата кај Сервантес има многу подлабоко значење од просто исмевање и создавање комични
ефекти. Имено, таа во суштина подразбира несклад меѓу идеалот и реалноста. Дон Кихот станува витез за во
стварноста да го оживее идеалот на благородното и пожртвувано витештво, кое во неговата современост во која
владее себичноста, мрзеливоста и суровоста на луѓето, живее единствено уште во старомодните книги, односно
во фикцијата. Тој сака да стане жива книга, оживеан лик од книга. Од неможноста старомодната, фантастична
приказна да се смести во реалноста, настануваат трагикомичните ефекти во романот.

 Идентификувај ги елементите на пародија, гротеска и несклад меѓу идеалот и стварноста


во филмската адаптација на романот Дон Кихот, во режија на Питер Јејтс.
ПАРОДИЈА

ГРОТЕСКА

НЕСКЛАД МЕЃУ ИДЕАЛОТ И СТВАРНОСТА

You might also like