Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

ИСТОЧНОВАРДАРСКА ГРУПА ПЛАНИНИ И КОТЛИНИ

* Источна родопска група (зона)


- се наоѓа меѓу границата со Бугарија на исток и Вардарската зона на запад
- со тектонските движења се формирале планински и котлински релјефни целини со напореднички правец на
протегање
* Планини – од север кон југ: Герман, Козјак, Билина Планина, Осоговски Планини, Плачковица со
Огражден и Малешевските Планини, како и Беласица како посебен блок
- богати се со: шуми, пасишта, олово, цинк, бакар, железо
* котлински релјефни целини или депресии
- Славишка Депресија меѓу Герман и Осогово
- Кочанска Котлина меѓу Осогово и Плачковица
- Струмичко-радовишката Котлина меѓу Плачковица со Огражден, Беласица и Конечка Планина
- Пијанечка и Малешевска Котлина
- во нив има: плодни почвипоблаги климатски услови и системи за наводнување
- се одгледуваат земјоделски култури
- во Славишко Поле – шитни и градинарски култури
- во Кочанско Поле – ориз
-во Струмичко-радовишкото Поле – градинарски култури, винова лозаи индустриски растенија
-во Славишката, Пијанечката и Малешевската Котлина – овошни растенија и компир
* Речни долини. Познати се долините на: Крива Река, Злетовска Река, Брегалница со притоките, Крива
Лакавица и река Струмица
* Врвови. Покарактеристични се: Војнова Чука на Герман, Руен и Царев Врв на Осоговските Планини, Лисец
на Плачковица и Радомир на Беласица
* Тектоника е теорија со која се објаснува дека со хоризонтални и вертикални движења на Земјината кора се
формираат поголеми илио помали тектонски релјефни структури
* Вулкански релјеф е претставен со релјефни објекти врз база на булканска активност. Во Македонија
пример се вулканските купи кај Старо Нагоричане, Куманово

You might also like