Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Егејска уметност

Егејската уметност е уметноста која се разивавала на островите Крит,


Пелопонез,Кипар и други острови во Егејското море.
Претставува еден вид предвесник на идната грчка уметност и култура.

Критска (Минојска уметност)

Оваа култура се развива околу 3000 .п.н.е а својата кулминација ја


достигнува во 1500 г.п.н.е. Се развива на островот Крит. Името Минојска го добива
по легендарниот критски крал Минос.
За оваа уметност и култура најмногу дознаваме од ископувањата и
истражувањата на англичанецот Артур Еванс. Критската уметност е декоративна
(преовладува убавината на бојата), со силно чувство и љубов кон природата и
животот. Тоа е уметност која не се насочува кон безсмртноста и култот кон
владетелот и боговите, туку кон убавините на земниот живот и
природата.Критјаните биле мирољубив народ кој претежно се занимавал со
трговија и морепловство. Сосема спротивно од египетската уметност.

Архитектура

Критјаните не граделе
храмови за боговите туку само
палати и резиденции. Нивните
палати не се масивни и
мегаломански, туку се работи за
градби со пониска висина , но со
доста компицирана конструкција.
Најпозната градба сочувана на
островот Крит е Кнососката
палата која се состои од низа
отворени простории поврзани
мегусебно со тераси и скали,
сите обединети околу двор со
правоаголна форма. Оваа палата е посебно интересна по нејзините столбови со
црвена боја и богато насликаните ѕидни површини.

Сликарство
Најинтересни се ѕидните слики изработени во фреско-техника. Најчесто се
среќаваат мотиви од природата и некои митолошки сцени. Ликовите се сликаат во
профил, со нагласен тенок струк и без сенки. Честопати композициите се
обиколени со геометриска орнаментика во егејски стил. Најпознати сликарски
композиции се Принцот на лилјаните, Лилјани, Игра со бикот,Делфини...

Прицот на лилјаните

1
Делфини

Игра со бикот

2
Керамика
Вазни и други керамични предмети чија површина е насликана со морски
мотиви како октоподи, школки,риби и сл. Најзначајна е Вазата со разиграниот
октопод.

Минојска керамика

Скулптура
Скулптурите се мали тродимензионални фигури, најчесто изработени од
теракота.Најпозната е скулптурата Божица со змии.
Се смета дека култот кон змиите(кој ја симболизира машката плодност) е
увезен, бидејќи на Крит воопшто немало змии.

Божица со змии

3
Микена, микенска уметност
Центар на оваа култура бил градот Микена на Пелопонез, од каде доаѓа
терминот микенска култура. Микенците биле најоголема трговска и воена сила на
Егејското крајбрежје. Се разивале во перодот од 1600 и 1100 година пред н.е.
Микенците околу своите градови и палати подигале големи одбранбени тврдини
градени од големи,камени блокови ѕидани без малтер.
Најпознат остаток од таквите тврдини е Лавјата капија, позната по
релјефот од двата лава над портата меѓу кои има свет столб. Микенците не се
познати по скулпторните изразувања, но затоа пак се пронајдени голем број на
рачно изработени предмети како накит, оружје,садови,маски.

Лавја капија

Во непосредна близина на Лавјата капија се наоѓа Атреевата ризница.


Се работи за градба со полукружен свод и внатрешност која е се состои од две
простории , едната за погребување на покојникот а другата за култни обреди.
Постоењето на погребни објекти во Микена е една клучна разлика помеѓу двете
култури, микенската и критската.

Атреева ризница

4
Сликарство

По многу нешта потсеќа на критското слиакрство. Мотивите се слични како и


кај критјаните. Ликовите се во профил , без сенки , со целосно прикажано око.
Оквирот е со геометриска орнаментика. Најпозната фреска е Жената која носи
плоча. Насликана е жена со слободно разфрлени плетенки, тесен струк и
ѕвонести панталони со геометриски мотиви.

You might also like