Египетска уметност

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Египетска уметност

Архитектурата во Древен Египет претставува главен елемент на египетската


цивилизација, која се смета за една од најзначајните цивилизации на стариот век, во
продолжение на 3000 години. Самата египетска држава развила посебно државно
уредување, религија, архитектура, писмо и уметност.

Египетски храм

Според египетската митологија, храмот претставувал место каде што се


искажувалa почитта кон богот и место каде што се одржувале религиозни обичаи.
Палатата на фараонот и самиот храм имале ритуално значење, главно како две места
каде се одржувале политичкиот и религиозниот живот на царското семејство. Најпознати
се храмовите во Луксор и Карнак,како и погребниот храм на кралицата Хатшепсут, како
единствената жена - фараон. Се состојат од три дела –приод кон храмот, прием на
гости и харем(интимен дел)

Египетски пирамиди

Гробницта е место каде почивал фараонот и неговото семејство. Според египетска


митологија|,место каде се заштитува телото на покојникот. Телото на покојникот било
мумифицирано,претварано во мумија и поставувано во ковчег-саркофаг.

Првите пирамиди биле мастаби. Многу често, во ѕидините била заѕидувана


скулптура од покојникот, се со цел покојникот да го посматра евентуалниот влез на
посетителот. На овој начин се работело се со цел гробницата да биде заштитена од
страна на пљачки, кои постоеле во тоа време. Во комплексот во Гиза кај Каиро биле
изградени најмонументалните пирамиди во историјата на човештвото.Тоа се Кеопсова,
Кефренова и Микеринова пирамида. Во склоп на комплексот се наоѓа и Сфингата,која
претставува спој од тело на лав и глава на Фараон. Најголемата и најстара е Кеопсовата
пирамида, која е прогласена за едно од седумте светски чуда на античкиот свет.
Најбогатата гробница е гробницата на фараонот Тутанкамон, позната како
Тутанкамонова ризница.

Египетска скулптура

Египетската скулптура спаѓа во едно од највпечатливите дела на атичкиот


свет.Формите на египетската склуптура се одликуваат со строга фронтална
поставеност.Скулптурите се фигури на фараоните со нивните семејства или фигури на
божества од египетската митологија. Карактеристично за нивниот стил е строгата
фронтална поставеност и изразена статичност. Највпечатливи се скулптурите на
фараонот Микерин со сопругата, портретот на кралицата Нефертити,
Писарот,Нубијските војници.

Сликарство - Мотиви од секојдневниот живот, животот на фараонот,


растенија,животни. Сликите биле во функција на декорација на ѕидовите на пирамидите и
храмовите. Луѓето биле претставувани секогаш во профил,без сенки во паралелни
низи.Понакогаш биле збогатени со хиероглифски текст кој ја збогатувал и надополнувал
сликарскита композиција.
Сфинга Египетско сликраство (фреска)

Писар Нефертити

You might also like