Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 50

М-р. РИСТО Т.

БАЧЕВ

BITOLSKА ПЛОЧА
verodostoen pametnik ili podmetnat falsifikat

снежник 7528 (2020)


e-mail: bacrosol@gmail.com
____________________________________________________________________________
© Сите права за ова издание се заштитени со закон. Забрането е копирање, умножување и објавување на делови
или на целото издание во печатени или електронски медиуми без согласност на авторот.
Мапа на Македонското Самуилово Царство на врвот од својата моќ
Цар Јован Владислав – Скопјe
ПРЕДГОВОР
Како автор на книгата Македонското Самуилово Царство, при нејзината концепциска
подготовка, неодминливо се постави прашањето за Битолскта плоча. Среќавајќи се со
достапните извори, увидов дека по однос на плочата и натписот на нејзе, постои видлива
разногласност помеђу научниците кои ја истражувале, пред се од палеогравски и јазиичен
аспект, датирањето, воопшто за веродостојноста (автентичноста) на плочата. Разногласијата
се толку големи што се претпоставуваат неколку периоди од кога потекнува натписот. Некои
истражувачи се на мислење дека таа е од времето на цар Јован Владислав, други од времето
на Иван Асен, трети дека таа е од наше време и дека е подметната од бугарските
разузнавачки структури за време на некоја од двете светски војни, кога Битола бил под
бугарска окупација. Од тие причини сметав дека на еден ваков спорен и докрај неистражен
епигравски паметник, не му е место во книга за македонското средновековно царство
односно книга посветена на цар Самуил и царството кое тој го создал. Причините се` што
плочата со нескриени претензии се користи од бугарските национал романтичари за
докажување на бугарскиот карактер и правото врз Македонија, кои во континуитет траат од
создавањето на современата бугарска држава до денес. Истиот став го имам и денес.
Но согледувајќи дека бугарската националистичка пропаганда – во која се вклучени
сите структури на современото бугарско општество – почнувајќи од политичари, академици,
историчари па до обичниот народ, најбескрупулозно и највулгарно ја користат плочата за
докажување на бугарштината на Македонија, за таа цел користејќи го и Самуиловото
Царство, како и историските личности учесниците во средновековните настани,
злоупотребувајќи и прикажувајќи ги потполно неосновано како „бугари―, кај мене се јави
потреба да се нафатам да извршам едно подетално истражување и проучување на
Битолската/иот плоча/натпис. Крајниот резултат на тоа истражување е овој труд со наслов
„Битолска Плоча―. За целта на истражувањето беа преземени повеќе активности како и
посета на Научната Установа „Завод за заштита на спомениците и музеј― – Битола, при што
на лице место се уверив – наспроти некои пропагандистички тврдења – дека плочата јавно е
изложена во музејот. Истовремено направив повеќе детални снимки на плочата, кои се
редоследно прикажани и анализирани во трудот. Покрај оригиналната плоча, за компарација
се прикажани слики на две реконструкции на отисоци од оригиналот на плочата, правени
според наођањето на истражувачите и нивната вредност е толкава колку што ни ја
покажуваат разликата со оригиналот.
За споредба, од времето на Македонското Самуилово Царство прикажани се две
автентични плочи: Самуловиот натпис пронајден во с. Герман и Надгробна плоча од
базиликата Свети Ахил со каменорезбан Двоглав Орел, за која се смета дека била поставена
на гробот на цар Самуил. И двете плочи потекнуваат од Мала Преспа, таа неисцрпна ризница
на средновековната македонска историја.
При истражувањето и пишувањето на трудот, задачата не беше нималку лесна. Пред
мене стоеја такви историски величини и докажани стручни и научни работници од областа
на историјата, палеографијата, лингвистиката, што претставуваше предизвик но истовремено
и одреден внатрешен немир. Во тој случај се повикав на Аристотеловата максима: Amicus
Plato, sed magis amica veritas, (Мил ми е Платон, но помила ми е вистината). Олеснителна
околност претставуваше фактот што овие величини креирале такви резултати, кави што они
или некој друг посакувал. За крај можам само да се надевам дека овој труд ќе ја исполни
целта за која е наменет, а тоа е разобличувањето и смирувањето на бугарските тензии кои врз
основа на нивните „непобитни докази― ја злоупотребуваат плочата во непристојната
бугарска пропаганда во однос на Македонија.

Во Скопје, М-р. Ристо Т. Бачев


месец студен, 2020 – независен истражувач –
1

БИТОЛСКИ НАТПИС

Битолската плоча или Битолскиот натпис е епиграфски споменик откриен во 1956


година при рушење на битолската Чауш-џамија кој/а денес се наођа во НУ Завод за заштита
на спомениците на културата и музеј – Битола. Од откривањето поминале неколку години,
пред да го привлече вниманието на научната јавност, при што станал објект на неколку
обиди за реконструкција и толкување. Натписот е поставен на грубо обработена камена
плоча со претставени различни димензии: 96 /84/26 цм или 96/80/26 цм.
Плочата наводно во 1016/17 година ја поставил Јован Владислав (1015 – 1018), по цар
Самуил и цар Радомир, третиот средновековен македонски цар, при обновувањето и во
спомен на градот/тврдината во Битола. Веднаш да напоменам дека денес имаме три различни
примероци на плочата: првиот оригинален кој се наођа во Битолскиот музеј (Сл. 1), вториот
на отпечаток од латекс изработен по реконструкција на Владимир Мошин (Сл. 2) и третиот
исто отпечаток реконструиран од Јордан Заимов (Сл.3).
Во овој труд на натписот на плочата ќе бидат разгледувани неговите надворешни и
внатрешни карактеристики, историјатот, автентичноста (веродостојноста) и датирањето. Од
сочуваниот текст на плочата може да се прочита следното:1

1. Da=m] i d7laеm] Їwanom samodr[ж]cem] бл]гар[skogo ...


2. omoqj2 i molїtvamї pr7s~ty1 vladx~ic1 наше1 б~ца (2~ca) ї в..
3. 2пенїе #~в~#~ вр]хов]n00 pl]s] же град[ l7 … [ by sї ...
4. 7же... и нма … сение ї на жизн[ bl[garom] nax1t[ же з ...
5. ..a…[em…же.... а7е.....о...жа в] k~. kon[x7a же с1 м~ца ...
6. Ис ……………………………… yst bl[garїn[ rodom[ u ...
7. H(k)……………………….…….. v7r[n(у сyn[ arona s ...
8. ………………………………… v[(7)nago 8 же разбїсте
9. ………………………………… Їл(к) дежe в[z 2r(t)oby zl(a)
10 …………..…………………… Fo1 с] же v …… x~[ra
11. ………………………………… l7 ot[ stv … mira
12. ……………………………….. mu ishod1qu

Расчитувањето и преводот на натписот е на пишувачот Ристо Т. Бачев, според постоечкиот текст на


1

оригиналната плоча прикажан на Слика 1, без јазична реконструкција и гласи: давам и посветувам на Јоан
самодржец б`лгарски + со помош и молитви на пресветата наша владарка, (отец) и в + утешение 1210 во
врховниот пак Плиска град во лето ... би си + веќе ... и има ... спасение и на живот на Бугарите започна пак з
+ ...а ...ем ... пак ... аје ... о.. .жа во 20 се заврши во месец + Ис ... би б`лгарин (варварин) роден во + х ...
верниот син Аронов с + ... вни от пак го разбивте + ... илк го зароби зла + ... фое се пак в ... чезара + лето од
создавањето на светот + … му завршувањето.
2
3

Слика 1. Оригиналот на Битолската плоча изложена во НУ Завод и Музеј Битола.


4

Слика 2. Битолскиот натпис: според јазична реконструкција на Владимир Мошин на


отпечаток од латекс.2

Съ градь съзидаемъ и дѣлаемъ Їѡаном самодрьжъцемъ блъгарьского


2
1
2 (царства съ и п) помощїѫ и молїтвамї пр сты владчиц наше Бчѧ ї в(ъ)
3 (чъсът и въ заст)ѫпенїе В връховънюю аплъ. Съ же градь дѣлань быст(ь)
4 ( въ твръдо б) жище и на спсение ї на жизнь Бльгаромъ. Начѧть же
5 (сѧ дѣлати съ) град с`тых аплъ м ца окто вра въ К . конъчѣ же сѧ мца
6 (июнѣ въ КѲ . Съ ц рь) и са(модрьжъць быстъ Бльгарїнь родомь
7 (бw вън къ Ни)к(олы же и Риѱ )жими ) благовѣрьн сънъ Арона с
8 тарѣшего же брата Самоуила самодрьжавьнаго 8же ı разбїсте
9 въ клисоурѣ воиск грцк ц р кюр Васїлїа кдеже вьз то бы зла
10 ( то ... …………………………………..с) фо . Съ же вели црь ра(з
11 бїтъ быстъ цр мь кюр Василїемь Ф К В го л т оу оть створенїа мира.
12 (м ца июлїа въ КѲ. Л т то(м исход щ

Овој град се соsидана и се направи од Јоан самодржец на бугарското царство со помошта и молитвите на
нашата пресвета владичица Богородица, со честа и застапништвото на дванаесете апостоли.Овој град (крепост)
беше направен за цврсто засолниште и спасение на животот на Бугарите. Почната да се прави овој град на
светите апостоли во месец октомври во 20 ден, а се доврши во месец јуни на 29 ден . Овој цар и самодржец
беше родум Бугарин внук на благоверните Никола и Рипсимија, син на Арона, постариот брат на
самодржавниот цар Самуил, кого го разбија во клисурата војските на грчкиот цар годподин Василија, кадешто
беше земено злато ... Овој голем цар беше разбиен од царот господин Василија во 6522 од создавањето на
светот во месец јули, 29, на крајот од летото.
5

Слика 3. Битолски натпис: јазична реконструкција од Јордан Заимов, кој денес се наођа во
Софискиот музеј.3

1 Въ л то Ф К Г отъ створенїа мира обнови с съ градь


3

2 зидаемъ и д лаемъ Їѡаном самодрьжъцемъ блъгарьскомь


3 и помощї и молїтвамї пр с ты влад чиц наше Б ч ї въ з
4 aст пенїе В ı връховънюю ап лъсъ же градь д лань бысть на
5 б жище и на спсенѥ ї на жизнь бльгаромъ нач ть же бы
6 сть градь сь Битола м ца окто вра въ К . Конъч же с м ца ...
7 исход ща съ самодрьжъць быстъ бльгарїнь родомь н
8 къ Николы же ї Риѱими благов рьн сынь Арона Само
9 ила же брата с ща ц р самодрьжавьнаго іаже ı разбїсте въ Щї
10 пон грьчьск воїск ц р Васїлїа кде же вз то бы злато
11 ... ……………………………………фо съжев ... ..црь разбїе
12 нъ бы цр мь Васїлїемь Ф К В го лт оть створенї мира ...
13 въ Ключї ... ї съп() л т сем и сход щ

Во 6523 година од создавањето на светот [1015-1016] се обнови оваа тврдина sидана и правена од
Јоан самодржец бугарски и со помош и со молитвите на пресветата владичица наша Богородица и
застапувањето на врховните апостоли таа тврдина беше направена за засолниште и за спасување и за животот
на Бугарите. Започната беше тврдината Битола во месец октомври во 20 ден, а се заврши во месец ... во крај. Тој
самодржец беше Бугарин по род внук на благоверните Никола и Рипсимија, син на Арон, кој е брат на
самодржавниот цар Самуил и кои двајца ја победија во Штипон грчката војска на цар Василиј каде беше земено
злато ... а овој в ... цар е победен од цар Василиј во 6522 година од создавањето на светот во Клуч и почина во
крајот на летото.
6

АВТОРИ КОИ СЕ ИЗЈАСНИЛЕ ЗА ПЛОЧАТА


На плочата работеле нашите историчари Димче Коцо, Драган Ташковски, Томо
Томоски, Стјепан Антолјак, Владимир Мошин, како и бугарските историчари Јордан и
Василка Заимови. За неа се изјаснил и американскиот славист и македонист Хорас Г. Лант,
потоа Роберт Матисен, Игор Шевченко и Пол Стивенсон. Во поново време со свој труд за
плочата се произнел и Стојко Стојков, проф. на универзитетот „Гоце Делчев ― – Штип.
Покрај нив за плочата спорадично во своите истаржувања од областа на археологијата,
историјата и лингвистиката се изјасниле и други автори.
Професорот Димче Коцо4 тврди дека уште при самото откривање го прочитал
натписот, бидејќи Битолскиот музеј му го доверил проучувањето и публикувањето на
истиот.Тој од служебеничката на музејот Драгица Симоновска добил препис кој делумно бил
точен и му послужил како основа за вршење корекции при неговот читање. Бидејќи долниот
лев агол од каменaта плоча, со дел од последните редови со натписот бил скршен и загубен,
во соработка со тогашниот директор на мзејот, тој решил да направи усилби за да се пронајде
загубениот дел. И после многу години од тој дел на плочата ни трага. Во долгиот временски
период што му бил потребен за проучување на натписот, интересот на славистите и
историчарите толку многу се зголемил, при што логично било публикување на споменикот и
пред завршување на неговите проучувања. Ова би рекле чудно произнесување на Коцо
понатаму ќе биде подетално разработено, зошто тој чекал долго време да ги заврши
започнатите проучувања.
Прв кој јавно обзнанил дека таква плоча постои, бил Александар Брумов член на
Бугарската академија на науките, во статијата под наслов „Новонамерен старобългарски
надпис в Н.Р. Македония, објавена во литературното списание Пламък број 10 од 1959
година, а заедно со П. Хр. Петров уште еднаш се осврнал на плочата (Христоматия по
история на България, I, припр.Софија 1964), каде се наођа и репродукција на плочата, но
нејасна и нечитка.5
За оваа статија во Плам’к Драган Ташковски вели: „Членот – коресподент на БАН
Александар Брумов побрза да напише статија во литературното списание Пламък, во која
„тврди― дека со неа „окончателно и безуговорно― се „решавало― прашањето не само на
Самуиловата држава, туку и прашањето за македонскиот народ и „бугарскиот― народ.―
Ташковски е третиот од историчарите и лингвистите кој ја проучувал плочата и вели дека таа
„била наменета за некој храм― и дека „професорот на скопскиот универзитет Димче Коцо
има мислење дека е од понов датум― при што приложил и факсимил на плочата.6 Во однос
на плочата, Ташковски се има произнесено уште еднаш за што понатаму ќе стане збор.
Најцелосна студија за Битолската плоча прв изнел професорот Владимир Мошин7 (како трет
кој се занимавал со натписот). Тој во 1966 година ја публикувал предметната студија, во која
дава реконструкција и дополнување на текстот на натписот изнесен на отпечатокот од
латекс, земен од оригиналот на плочата (Сл.2). По Мошин во 1970 година за плочата се
произнел и Јордан Заимов8 (Сл. 3). И тој како претходно Мошин си направил своја
реконструкција и дополненија на отпечатокот на оригиналниот натпис. Следуваат Хорас
Лант9 кој мошне кратко и концизно се произнел за плочата и кој по аналогија заклучува дека
и тој како Мошин и Заимов може да си додава букви и броеви па да си конструира години

Прилог кон проучувањето на Битолскиот натпис – Зборник трудови, Охрид, 1976,


4
5
Византијски извори за историју народа Југославије – Београд 1966, т. III, 112. („У Битољском музеју налази се
плоча пронаёена 1958. г. у Битољу, која се приписује засад времену Јована Владислава. На жалост, овај
драгоцени извор није досада објављен према захтевима модерне науке.―( Јадран Ферлуга).
Драган Ташковски, Самуиловото царство , НИК Наша книга Скопје – 1970, 202 – 203.
6

Битољска плоча из 1017 године, Македонски jазик XVII, ИМЈ „Крсте Мисирков― – Скопје, 1966, 51 – 61
7

Йордан Заимов, Битолски надпис на Иван Владислав самодържец български. Старобългарски паметник от
8

1015 – 1016 г., БАН – София, 1970


Horace G. Lunt, Review of „Bitolski Nadpis na Ivan Vladislav Samodurzhets Bulgarski, Starobulgarski Pametnik ot
9

1015-1016 Godina― by Iordan Zaimov and Vasilka Zaimova, Slavic Review, vol. 31, no. 2 (Jun., 1972), 499,
7

како што му одговара. Понатаму за плочата се заинтересирал Стјепан Антолјак10 кој изнел
свое мислење. Тој посочува дека иако плочата ја испитувал Вл. Мошин, кој се обидел да ја
утврди нејзината автентичност „тој извор (плочата м.з.) заслужува да се подложи на уште
построг критериум од палеографско – дипломатска – филолошка страна― зошто постојат
извесни сомневања во нејзината оригиналност. За наша жал, Антолјак подетално не објаснил
на што мислел со поимот „дипломатско.― Ако кованицата „палеогравско – филолошка
страна― е сосем разбирлива и во ред во однос на искажувањето за вакви и слични книжевни
и епигравски извори, дотогаш терминот „дипломатско― во целост отскокнува и наведува на
заклучок дека во докажувањето на автентичноста на плочата во корист на бугарската теза
освен научните, се замешани и дипломатските кругови што ќе рече разузнавачките служби,
кои секогаш во вакви и слични ситуации однесуваат победа над науката. Драган Ташковски11
по обичај секогаш директен и бескомпомисен кога се работи за Самуиловото Царство, по
реконструкциите на Мошин и Заимов уште еднаш се осврнува на плочата.Тој одговарајќи на
изнесените тези на Заимов дека плочата е доказ за бугарскиот карактер на Македонија,
сосема правилно заклучува дека „поубав пример за ова бугарските историчари тешко можат
да најдат,― бидејќи за Македонците како „Бугари― не говорат сега византиските и од нив
другите западни и источни писатели туку лично Јован Владислав, кого денешните
македонски поколенија го сметаат за свој цар и го нарекуваат „македонски цар.― „Оставајќи
го настрана фактот дека плочата не е напишана и поставена по налог на цар Јован Владислав,
туку е од подоцнежен датум, постои мислење међу македонските научници дека таа може да
биде вешто подметнат фалсификат од страна на бугарската пропаганда― ќе заклучи
Ташковски. Понатаму, со право заклучува Ташковски кога вели дека наместо да разберат
дека „вулгарија― и „бугарија― означуваат тематско име, според административната тематска
поделба во Византија, бугарските историчари ова име го идентификуваат со етничко
бугарско односно народното име.Тие до максимум ја злоупотребуваат плочата, како да
Владислав „градел тврдини и оставал плочи― само за да бугарските историчари докажуват
дека Македонците се „Бугари― и истото на македонските луђе им го наденуваат на нос и да
барат од нив безусловно да се согласат со овој „непобитен факт.― Бугарските историчари во
познатите манири и овде извршија недозволен фалсификат, па плочата му ја припишуват на
Јован Владислав, што не е точно. Името на Владисалав кој ја „ѕидал и градел― тврдината на
плочата се споменува како показна заменка во трето лице со децидна одреденост во
бугарскиот превод со „тој― а кај Мошин со „овој.― Јован Владислав не е наведен во прво
лице еднина како што бил обичај (во почетокот на XI в. м.з.), кога самото лице лично го
потврдува споменикот кој го поставува – ќе рече Ташковски. Од ова излагање на Ташковски
може да се извлече заклучок дека ако цар Владислав го обновувал лично градот/тврдината,
во натписот на меморијалната плоча требало да стои: Аз] Їwan[ samodr[ж]c[
бл]гар[skа9го carstva /бл]гар[skyim] ѕид(a=m[ i d7lam] ... С] жe grad[ d7lan[ v]
tvr]do ub)7eжiqe и na s]p~senie и na жizn[ Bl]garom] … Според обичајот во тоа
време на почетокот секогаш бил ставан Бог, а во натписот на плочата Него го нема, за што
подолу ќе стане збор.
Томо Томоски пак поврзувајќи ја веста од Барскиот летопис, за повикот на цар
Владислав до дукљанскиот кнез Јован Владимир да дојде во Охрид каде што наредил негово
погубување,12 со веста дека во Пелагонија пустошеле византиските војски, заклучува дека е
„невозможна работа во 1015/1016 година да се гради тврдината― и да се има столица во
една точка од магистралниот пат по кој се движи византиската војска и која е присутна во

Средновековна Македонија, том први, Мисла, Скопје – 1985, стр. 285


10

Драган Ташковски, Кон етногенезата на македонскиот народ , НИК Наша книга – Скопје, 1974, стр. 160 – 162
11

(Во продолжението на реченицата, натписот кажува за Їwanom samodr[ж]cem] во инструментал еднина од


што може да се утврди дека „градот― кој (денес) се ѕида е посветен во чест на некој Јоан од некое минато
време, а не е познато дека цар Јован Владислав имал некој претходник со исто име, а на кого би му ја посветил
плочата).
Спореди: Ристо Т. Бачев, Македонското Самуилово Царство – Скопје 2019, 180
12
8

регионот зад грбот на Битола.13 Во однос на Битолската плоча, по втор пат се изјаснил и
Томо Томоски за што понатаму ќе стане збор.
Во поново време во својот труд, Стојко Стојков од универзитетот „Гоце Делчев― –
Штип, направил една пообемна студија. Анализирајќи ја плочата од аспект на датирањето и
автентичноста изнел подоста аргументи и согледувања за неавтентичноста на истата.14 Тој
дошол до заклучок дека натписот „не ни дава информација за етничноста на овие простори
во почетокот на XI в., туку за политичките реалности и претензии ― (на Бугарите м.з.) и дека
„Битолскиот натпис претставува важен историски и писмен споменик,― независно дали e од
XI, XIII или од XX век, тој заслужувал натамошно детално истражување за да го добие
своето вистинско место во историјата.
Хорас Лант добил отпечаток на латекс од проф. Игор Шевченко (Dumbarton Oaks), врз
основа на кој извршил детална анализа на натписот. Во однос на датирањето правилно
заклучил дека од излижаниот дел на плочата не може да се одреди годината како што ја
(ре)конструирале Мошин и Заимов, при што наместо Ф се чита Ѱ. (подолу детално ќе биде
изложено). Врз основа на известувањето на Лант, Роберт Матисен ((Department of Slavic
languages, Brown University) за ткн. „натпис во Битола― го изнел следново мислење: „Сè
додека неговото вистинско време на потекло (датирање) останува под сомнеж, доказите за
натписот од Битола ќе треба да се користат со голема претпазливост, но тоа не ја намалува
важноста на кириличната палеографија како дело на двајца каменорезбари – без оглед на
резултатот ако и кога конечно ќе се смират сомнежите―. (The Slavic and East European Journal,
Vol. 21, No. 1. 1977). Игор Шевченко пак истакнува дека „нецелосниот број што може да се
види на неретушираните фотографии, може да биде дел од кирилично писмо Ф (500), но како
што истакна Хорас Г. Лант, тоа може да биде и дел од буквата Ѱ (700). (Slavic and Eastern
European journal 1977, 21,1). Пол Стивенсон заклучува: „Заимов дава целосно послободен
превод на натписот отколку што е претставен на плочата, креирани врз основа на
известувањата дадени многу подоцна од Скилица и Михаил Деволски, со цел да потполни
неколку значајни лакуни. Тој каде што плочата е излижана и буквите нечитливи, обезбедува
солидна дата за потеклото на натписот од 1015/16 година, имињата на Самуил и Василиј,
имиња и детали за битката кај Штипон и Клеидон (Клуч), конструкции кои мора да се
третираат со најголема претпазливост―. (The Legend of Basil the Bulgar-Slayer, Cambridge
University Press, 2003).

Преспа во средниот век, Сојуз на друштвата на историчарите на СРМ, Историја, број 2, XV – Скопје 1979, 70
13

(Томоски:Во средниот век утврдените градови (горни град) се воени пунктови и се градат за потребите на
феудалците.Таква функција имале дворците на Самуил и на Гаврило Радомир како и српскиот владетел Душан
кој во Прилеп изградил „двор царски за пребиване―). Утврдените градови служеле пред се за потребите на
властелата и тие се граделе на околните ритчиња и висови, дури и на такви непристапни места како извишени
спили за полесна одбрана од непријателот. Според пристапноста на теренот можеле да зафајќаат простор од
стотина квадрати па до еден хектар.Такви се тврдините во Струмица, Сервија, Мелник, Воден Охрид,
итн.(Бачев Р.Т. цит. дело, стр. 242, нап. 204.). (Никифор Грегора при пропатувањето низ Струмица ќе рече :
градот е сместен на таков стрмен и ђаволски рид што луђето погледнато одоздола наликуваат на птици. Бачев
Р.Т. 158 – 159).
Битолската плоча – дилеми и интерпретации, Самуиловата држава во историската, воено – политичката,
14

духовната и културната традиција на Македонија, Музеј на Струмица, Македонија - октомври 2014,


9

ИСТОРИЈАТ НА ПЛОЧАТА
Битолската плоча била пронајдена во 1956 година во Битола, на влезот од Сунгур Чауш
бег – џамијата, една од најстарите џамии на Балканот. Уште се викала и Ески џамија,
изградена во 1434/5 година на левиот брег на реката Драгор, од Сунгур Чауш бег по кого е
именувана. Местоположбата и била во самиот центар на денешна Битола, а со нејзината
изградба започнал и чаршискиот живот, бидејќи околу неа биле изградени дуќани, ан и
пазар. Џамијата всушност била обновена стара црква, а плочата во црквата била поставена
на влезот и служела како скалило, па голем дел од неа е мошне истриен. „Во старата Ески
џамија, срушена во 1956 година, пронајдена е камена плоча на која со кирилско уницијално
писмо е напишано името Битол―.15
При ѕидањето, плочата наводно била поставена на видно место на тврдината, во која
имало и катедралната црква. „Се претпоставува дека плочата потекнува од катедралната
црква на Битолското кале и дека ја поставил внукот на цар Самоил – Иван Владислав. При
рушењето на џамијата се користел динамит, па експлозијата оштетила дел од плочата која се
скршила на два дела, а десниот агол некаде исчезнал. Се смета дека (плочата) по старост е
трет средовековен кирилски споменик во Македонија―, вели Лазаровска. По повод
организација на јубилејот – 1000 години од името Битола, во негови рамки и на разни други
пригодни настани, во 2015 година во Битола се разви обемна дискусија за годината и
потребата од одбележување на ваков пригоден настан.
Од Музеј – Битола уште пред неколку години најавија дека работат на истражување на
Битолското кале и веќе имаат изготвено проект за обновување на црквата. Во неа, како што
велат, по смртта на цар Самуил бил крунисан неговиот син – вториот македонски цар
Радомир Гаврил. Црквата била sидана со камен, тула, дрвени затеги и со јак хидрауличен
малтер. „Таа е единствена по својата структура со две кули на влезот и пет куполи. Од и
Музеј – Битола со гордост ќе истакнат дека „Во историјата на архитектурата, вакви цркви се
јавуваат во светот по 13 век, а оваа, која била посветена на Успението на Пресвета
Богородица, датира од 10 -11 век―.
Сега покојниот археолог Иван Микулчиќ, спровел сеопфатни истражувања на
археолошките локалитети во Битола, посебно на античкиот град Хераклеа Линкестис. 16 Тој
известува дека градот лежи на јужната периферија на Битола, кај месноста Буковски
гробишта, на ритче 50 м. високо на западниот раб на Големото поле. Околу ова место вртел
познатиот Егнациски пат, денес патот Охрид – Битола – Лерин. Според најстарите
остатоци, на ритчето и во јужното подножје долж Сива Вода, бил раширен античкиот град
Хераклеја Линкестис. Археолошките наоди потврдуваат живот од II век од ст. е. до крајот на
VI век. Откопани се: театар и дел од форумот (II век), бања (IV век), три базилики и
епископска палата (доцен V и VI век). Запазено е и обѕидието, градено во II, IV и VI век, а
затворало простор со големина од 8 ха, кој во VI век бил редуциран на 5 ха. Црковните
градби биле покриени со бројни мозаични подови, кои спађаат међу најубавите во
Македонија. Познати се повеќе епископи од IV до VI век, ќе рече Микулчиќ. По аваро-
словенските уривања на градот (о.586 г.), преостанале делумно запазени неколку големи
градби. Пред cе тоа бил Епископскиот комплекс со 2 базилики и епископскиот двор.
„Веројатно врз нив, неколку века подоцна бил изграден манастирскиот комплекс. Крепоста
над населбата во грчките документи го носи името Пелагонија.―17 При ископувањата во
1961–1974 г., во најгорните слоеви покрај другото биле откриени и византиски монети од 10
– 13 век. Истражувани биле и гробишта источно од тој ареал, околу базиликата Д (1980).

15
Гордана Филиповска Лазаровска (арх. во Музејот), Еден милениум Битола. (Мехмед Тефик ја напишал
книгата „Историјата на Битолскиот вилает― 1911 година во Битола по повод посетата на султанот Мехмед
Решат V. Бил директор на воената гимназија во Битола. Михајловски Р).
Средновековни градови и тврдини во Македонија – Битола, кастрон Бутела, Македонска цивилизација –
16

Скопје, 1996 ( Сл. 20—22).


Исто,
17
10

Датирани се` со накит и византиски монети во 10–13 век. Источно од некрополата


констатирани се населбински слоеви од доцниот среден век. Според Микулчиќ, локацијата
на „градот‖ (тврдината) Битола останала до денес непотврдена. Тој посочува на акрополата
на Хераклеја од предсловенскиот период, која се издига на 80—100 м. северно од ископаниот
епископски комплекс односно претпоставениот средновековен манастирски дел. Од јужната
страна на врвот, међу современите подѕидувања за лозја што се гледаат на тој простор,
континуирано се следат два стари крепосни ѕида од кои едниот можеби бил доцноантички, а
другиот средновековен. Овие обѕидија опфаќаат простор голем 0,8 односно 1,5 ха, што е
доволно голем за тоа време. За жал, просторов досега археолошки не бил истражуван. Како
поткрепа на своите истражувања за средновековниот град Битола и Мукилчиќ се повикува на
текстот на т.н. Битолска плоча според Заимов („го обновил градот Битола―) при што Јован
Владислав наводно користел веќе постојани ѕидови и само ги надѕидал и ги обновил. Освен
силното обѕидие на доцноантичката Хераклеја, пред cе нејзината акропола, не биле познати
други ѕидишта поблиску до Битола освен неколкуте планински кастели и збегови,
оддалечени повеќе километри. Понатаму Микулчиќ наведува дека после освојувањето,
турската населба Битола сега Манастир, според пописот од 1467/8 година „била неукрепена
касаба― и имала само 463 куќи, а подоцна како голем шехер се развила „подалеку од старата
крепост, во центарот на денешниот град и северно од Драгор.― Џамиите што преостанале од
тие векови се неоспорн доказ за тоа. Според Микулчиќ правени се обиди, средновековниот
град Битола да се открие на една друга локација т.е. ридот „Кале‖ накај с. Раштани, над
северозападната периферија на денешниот град. Местото доминира над долината на Драгор
и западниот раб на Полето. Стратешката положба му била добра, међутоа таму немало вода
ниту други основни услови за живеење. На крајот од антиката таму бил подигнат голем
одбранбен бедем во вид на земјен насип, за привремен престој на војска. Во 10–12 век, во
него била изградена една осамена црква, додека теренот околу црквата останал речиси сосем
стерилен (ископувања 1994 г.). Минимални се можностите на тоа место да се открие
средновековниот град Битола ќе заврши Иван Микулчиќ, еден од нашите врвни археолози и
историски истражувачи.
На објавените истражувања на Микулчиќ се спротивставува Роберт Михајловски. Тој
врз основа на пет оловни византиски печати, на кој се споменувало името на градот Битола и
имиња на тогашни високи црковни и административни лица кои управувале со градот, како и
извори претежно од османскиот период на Битола, изнесува претпоставка дека
средновековниот град и тврдина кои наводно ги градел цар Владислав, се наођале во самиот
центар на денешна Битола – до реката Драгор.18 Според него на ридот викан „Кодру―
(зборот на тракиски јазик значел шума, рид, плоштад) како византиски воен камп постоела
тврдина викана Пелагонија (castro Pelagoniae). Од неа биле надгледувани населбата Битола,
акрополот Хераклеја и патот Виа Егнатија.Тврдината била разурната во 1385 од Турците. На
крајот заклучува дека тврдината Битола и денешниот археолошки локалитет Хераклеја се
посебни урбани целини од блиската Битолска градска тврдина на реката Драгор. Самата
крепост (тврдината градена од Владислав м.з) ја опфаќала денешната стара чаршија: од
Безистенот до зелениот пазар и од Ленски мост до улицата Филип Македонски, каде наводно
била влезната порта, до ширината кај што била Чауш беј џамијата. На една од портите пред
Безистенот наводно била поставена плочата. Недостаток на овие тврдења се` тоа што сите
извори на кои се повикува Михајловски се од периодот помеђу 1050 година и османлиското
управување со градот. Просто е неверојатно Владислав да поставил меморијална плоча, но
не оставил никаков друг траг во вид на печати, употребни предмети, наоружување итн. Во
2004 година под раководството на археологот Г. Филипоска Лазаровска биле извршени
археолошки ископувања во централното подрачје на Битола. Такви истаржувања биле

Роберт Михајловски, Нови податоци кон местополжбата на средновековниот град Битола – Каламус 2015,
18

200 - 202. ( На локалитетот во западниот дел на Зелениот пазар биле најдени масивни основи од ѕидишта со
правец север – југ порта од тврдината, кон некогашната Сунгур Чавуш џамија. Можно било тука некаде да
завршуваат градските ѕидини или постоела некоја поголема зграда од утврдувањето).
11

вршени и пред 2000-та година и во 2013. При реконструктивните зафати и санација,


утврдено било дека е лоциран масивен фундамент од постар објект т.е. се претпоставува дека
тука биле дворците на Радомир Гаврил.19 Сосема разбирливо е дека барем дел од такви
„масовни основи од ѕидишта― (големи камени блокови м.з.) кои биле пронајдени и тоа во
центарот на градот пред Безистенот, да се извадат и да се чуваат како археолошко
наследство, бидејќи покрај другото истите имаат голема историска и културолошка
вредност. Во однос на припремите за прославата на јубилејот се изјаснил и Александар
Литовски, доктор по историја, вработен во Музеј – Битола .20 Според историчарот Томо
Томоски21 во средниот век во Битола постоеле две тврдини лоцирани на различии места.
Една од нив припађала на Битола, а втората на градот Св. Никола . Првиот град лежел на
локалитетот на античка Хераклеја, a вториот северозападно од денешната населба Битола, на
месноста наречена Кале. Од последниот град, освен топонимот Кале, останал и називот
Maнастир за населбата во турско време. Но и во 2015 година, археолозите од Музеј Битола
сеуште зборуваат за истражување на Битолското кале и обновување на црквата, но не
наведуваат на која локација – акрополот Хераклеа или во центарот на градот.
Ова е накратко историјатот на ткн. Битолската плоча, при што во најмала рака се
доведува во прашање веќе не` автентичноста, туку дали таква плоча на овие простори и
пошироко воопшто постоела во критичниот период. Видно од соопштенијата на Битолскиот
музеј, а уште повеќе од истражувањата на Иван Микулчиќ и Томо Томоски, средновековната
тврдина/град кој наводно го градел цар Владислав, сеуште не е пронајден односно не е
утврдена неговата локација. Оттука се наметнуваат и остануваат отворени повеќе важни
прашања. Според Микулчиќ по шестиот век „после аваро – словенската наезда― на
локацијата на античкиот град Хераклеа Линкестис врз ранохристијанскиот епископски
комплекс бил изграден манастирски комплекс односно Крепост, која во грчките документи
го носела името Пелагонија. На јужната страна на некрополата биле пронајдени два стари
крепосни ѕида од кои се претпоставува дека едниот е можеби средновековен. Ова се
потврдува и со истражувањата на Томо Томоски. Од овие податоци можеме со голема
сигурност да заклучиме дека средновековниот град Битола бил на локацијата на античката
Хераклеа и претставувале една целина (Сл.8). Исто така значајна е веста на Микулчиќ дека

Исто, 203, (Р.Петкова, ’Битола во XIV и XV‘ Битола низ вековите т. 3 (2000) 21 – 25. З.Алтипармаков,
19

Н.Георгиева, Стара Битолска чаршија ,историско урбан развој, урбаноархитектонски карактеристики –


Битола 2013, 18 – 19).
„Плочата не е научно доистражена, различни научници различно ја читаат, па неопходна е понатамошна
20

научна анализа за да се утврди што точно пишува на текстот. Контроверзна е зашто Бугарите премногу ја
експлоатираа во обид да докажат бугарски карактер на Македонците и Македонија. Направија многу копии кои
висат по музеите во Бугарија. Некои истражувачи читаат на неа дека Иван Владислав се опишува како цар на
Бугарите. И годината е спорна, зашто некои научници од натписот читаат година, а некои не.„ ( www.sdk.mk ).
Како топонимот Манастир се наложил за втор назив за Битола, 96,102,103. (Co тоа ce потврдува мислењето
21

на Ел. Манева, засновано во прв ред врз археолошките истражувања, дека „средновековниот град Битола се
наођал на просторот на античка Хераклеја, веројатно на нејзиниот најдоминантен дел — акрополата―. Елица
Манева, Прилог кон решавање на убикацијата на средновековниот град Битола, Историја XXII, Скопје 1986, 2,
стр. 268, 271, 272) . (При нападот на Битола од Османлиските војски, кралот Тољо долго се борел против
Турците. Врз основа на преданија за Битола како главен пункт на борбата се покажува „кале―, кое било
наречено „Бори Кале―. Калето го направил кралот Тољо и било лоцирано на една тумба на половина саат одење
од селото Буково. Според второто предание Турците го разурнале калето, црквата и целиот град. Според
народното кажување имало останки на две тврдини, од кои едната била лоцирана во подножјето на Пелистер, а
втората на Баирот од каде Турците навлегле во Битола. Така називите Бори Кале и Бора Кале се
топонимистичка трага од средновековен град и од подградие. Од распоредот на наведените топоними може да
се разбере дека во средниот век во Битола постоеле две тврдини. Првата била лоцирана на локалитетот кај
античка Хераклеја, а втората северозападно од градот на ридот наречен „Кале―.Имено, во Битола нема останки
од градски ѕидови и кули слични на оние на скопското Кале, на Марковите Кули во Прилеп, на Хисарот во
Штип, како и на други места во Македонија).
12

според пописот од 1467/8 Битола бил неукрепена касаба, а подоцна била поместена и се
развивала „подалеку од старата крепост― во центарот на денешниот град, северно од реката
Драгор. Значи кога Османлиите го освоиле средновековниот град Битола, тие ја зазеле
тврдината/калето која се наођала на денешната локација Хераклеа. После градот е преместен
или проширен северно кон и отаде р. Драгор. Во тој случај, Плочата која наводно ја поставил
цар Владислав, била на тврдината или сокриена од турските завојувачи. Јасно е дека при
проширувањето на градот, на местото каде била изградена Сунгур Чауш беј џамијата немало
црква како што претпоставуват некои историчари, бидејќи тоа бил чист терен. Според
изнесеното, само по себе се наметнуваат следните прашање:
1. Дали е можно и веројатно Отоманите претпоставено да знаеле за плочата, на влезот
од новоизградената џамијата да постават еден христијански симбол, кога знаеле дека на
плочата се споменуваат pomoqj2 i molїtvamї pr7s~ty1 vladx~ic1 наше1 Б~(огороди)ц~1
ї v] zаsto2peniїe ї вр[хов]n00 ap~(осто)l[. Ваков начин на поставување на плочи со
натписи при изградба на цркви и манастири е стар христијански обичај.Тие се поставувале
во основата на верскиот храм, како посвета на градителите кој биле цареви и кралеви.
Таквиот Божји храм се нарекувал „ставропигија― (ζηασροπεγία/ον) и бил независен од
месните епископи, а непосредно потчинет на врховниот црковен поглавар – патријархот,
архиепископот или Синодот. Ставањето плочи на подот од џамиите не е карактеристика за
Исламот. Но, плочата и не била посветена за изградба на верски храм – црква или манастир
– туку за обнова на град (же grad[ d7lan[ byst), па оттука немало ни потреба да се става
во црква и отпосле да транзитира во именуваната џамија.
2. Сите истажувачи (Мошин, Заимов, Филиповска, Михајловски) тврдат дека плочата
била поставена на влезот од џамијата и служела како праг – скалило и заради тоа голем дел
од неа е излижан – истриен. Ако плочата која служела како скалило е „истриена― односно
излижана од газењето по неа, значи дека била поставена со лицето (натписот) кој гледал
„нагоре― и бил видлив за верниците на џамијата. После балканските војни во 1912/13
Турците биле истерани, а Битола ја делела тажната Македонска судбина и градот потпаднал
под Српска управа. За време првата (1914 – 1918) и втората светска војна од (1941 – 1944)
Битола бил под бугарска окупација. Просто е неверојатно во текот на овие триесет и три
години, никој да не увиди дека овој предмет по кој се „гази― е значаен средновековен
паметник, кога и Србите, а посебно Бугарите имале оформено свои посебни разузнавачки
тимови22 составени од разузнавачи, историчари и археолози, за пронаођање на археолошки
споменици, кои ги проследувале во своите матични држави со цел да го докажат бугарскиот
карактер и буграските права врз Македонија. На чело на таа бандитска тајфа бил Богдан
Филов иден премиер на Бугарија. Во контекст на изнесеното во трудот на Стојо Стојков,
јасно можеме да заклучиме на што целел Стјепан Антолјак, кога предложил плочата да се

Стојко Стојков, Битолската плоча – дилеми и интерпретации, Самуиловата држава во историската ,воено –
22

политичката, духовната и културната традиција на Македонија, Музеј на Струмица, Македонија - октомври


2014, 98. (Инволвирањето на разузнавањето во историографските војни на Балканот е традиционална практика.
Освен горепосочената разузнавачка структура во Бугарија со таква дејност се занимавало бугарското
разузнавање уште од 1896 г. и плод на таквите ангажирања претставува појавата на познатите дела на Јордан
Иванов (и самиот учесник во разузнавачките акции) Български старини од Македония и Българите в
Македония (Види: Богдан Филов изтръгнал хиляди паметници на българската култура от огъня на войните за
национално обединение. Во 1972 г. кон Комитетот за уметност и култура е создадена служба „Културно
наследство―, за да послужи како официјално прикривање на создадвањето, во следната 1973 г. во рамките на
Прво главно управление на Државна безбедност, Оддел 14 наречен Културно историско разузнавање (КИР), а
во 1975 г. и кон Министерството на надворешни работи е создаден одел со идентично име. (Мария
Дерменджиева, Именикът на Божидар Димитров, 18.07.2009. Во нив се вклучени директно или индиректно
голем број историчари (во тој број Георги Прванов председател на Бугарија до 2011 г.) ангажирани
истовремено во собирање историски документи од странство, но и разузнавање на странски историски
институции, крадење историски артефакти и извори и објавување на соодветни научни материјали со кои ќе ги
бранат бугарските национални тези за Македонија, структури со чија дејност се поврзуваат низа скандали и
обвинувања во манипулации, и дури кражби на историски документи. За дејноста на оваа институција види
Държавна сигурност, Културно-историческото разузнаване (1970 – 1989), КРДОПБГДСРСБНА, София 2014).
13

подложи на уште построг критериум на испитување од „палеографско – дипломатска –


филолошка страна―.
3.Ако навистина цар Владислав при обновата на Битолската тврдина ја поставил
предметната плоча, таа до првата третина од XV век се наођала во стариот град односно
тврдината, во чиј склоп бил и античкиот град Хераклеа. Кој и кога ја однел плочата во
новоизградената џамија и од кои причини, кога со градот управувале турските освојувачи и
за нив поставување на таков симбол би бил ерес.
4. Се до 1956 година односно за време од 11 години во НР Македонија, плочата стоела
во џамијата без никој да знае и се заинтересира за неа. За плочата се дознало кога џамијата
била срушена и била затрупана од градежен шут при што била оштетена. Ова се премногу
случајности и така да речам „немарност― на сите претходно споменати. Само за пример,
комеморативната плоча на цар Самуил пронајдена во с. Герман – Преспа, за која Бугарите
знаеле уште пред првата светска војна, веднаш во 1916 година ја однеле во Софија и таа и
ден денес се чува сокриена во некое депо, без дозвола за увид на научната и стручна
јавност.23
5. Понатаму, не се објавени никакви историски податоци, кој во 1956 година извршил
(физички изведувач) рушење на Чауш џамијата, кое било претпријатието (лицата) кои
вршеле расчистување на градежниот материјал, кои од надлежните институции вршеле
надзор над рушењето и отстранување на градежниот материјал, дали се составувале
записници за евентуално пронајдените археолошки артефакти, кој прв ја открил (видел)
плочата и дали криминалистички речено веднаш е излезено на лице место и извршен увид,
дали е земена изјава од лицето/ата кое/и при расчистувањето прв/и ја видел/е плочата и како
тие како нестручни лица во купишта камења препознале дека се работи за важен
средновековен археолошки наод. Нема одговор на прашањето дали – кога дефинитивно
паднала одлуката за рушење на џамијата – не е извршен детален преглед и заштита односно
собирање и конзервирање на сите историски артефакти кои се наођале во неа.

Сл.I
Панорама на Битола направена во 1915 година од минарето на Хајдар Кади џамијата. Во преден план е Дрвен
Пазар – Овчи Пазар, а подалеку Сунгур Чауш беј џамијата која денес не постои. Во заден план се Саат кулата и
џамиите Исак – десно и Јени – лево. (НУ Завод и музеј Битола, Димче Најдов: Битола низ разгледници).

Ристо Т. Бачев, цит. дело 308 –310. (Пред Втор. свет. вој. југ.српски научници се интересирале за плочата но
23

им било одговорено дека таква плоча во Музејот во Софија нема, исто и во 1970 г. дека оригиналната плоча ја
немало уште пред војната. На Охридскиот музеј му е подарен гипсен отпечаток на плочата од Софискиот
музеј, со известување дека Самуиловиот натпис се чувал во Државниот трезор во Софија).
14

НАДВОРЕШНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Од историјатот и од самата плоча, може да се согледа дека таа во голема мера е
оштетена и расцепена на два дела. Под претпоставка за веродостојноста на плочата односно
навистина да била поставена од цар Владислав, можеме да речеме дека сме имале голема
среќа, бидејќи кога ни била што се вика пред очите т.е. сервирана на тацна, не сме ја
препознале како археолошки наод од големо значење за нашето минато, за да подоцна ја
извадиме од под рушевините на џамијата во два дела и читлива во делот што не бил
„истриен,― а не во парчиња. Чиста среќа!?
Натписот (калиграфија) на плочата е резбан на стармакедонско односно
старословенско уницијално кирилско писмо напишан во дванаесет (12) редови, со околу 280
читливи словни знаци (Заимов на почетокот си додал цел ред и „неговата― плоча има 13
реда). Целосно сочуван е околу половината, делумно сочуван околу 14%, а потполно
уништен е околу 1/3 од натписот. За ваков вид на посвета – изградба на утврдени градови за
ub7жиqe i na spasenie i na жизн] натписот е мошне долг и не соодветствува на
меморијалната намена за која е поставен. Само за пример. Ако го споредиме епигравскиот
споменик – комеморативниот натпис каменорезбан во 992/3 година, по наредба на цар
Самуил, а во чест на неговиот татко Никола, мајката Рипсимија и братот Давид, пронајден во
селото Герман – Мала Преспа, тогаш ќе видиме дека целиот текст од оваа спомен плоча
може да се смести во првите два реда на Битолската плоча (Сл. 4). На 26 септември
пишувачот на овие редови бил во Музеј – Битола, при што лично се уверил дека плочата е
изложена во Музејот и достапна за секој посетител. Од првичниот непосреден увид се гледа
дека плочата насреде е расцепена. Но поверојатно е дека тие биле две плочи, кои се така
обработени за да се стекне дојам дека биле една целина. Баш на средината се гледа
непосредна интервенција (Сл.1.е). На тоа укажуваат графемите во средината од искршениот
дел на плочата, кои во некои редови при спојот не даваат јасна смисла на зборот. Овој факт
покажува дека на плочата/ите претходно имало некој друг сличен натпис кој бил прекриен
(глетуван) со тенок слој од некој специјален цврст материјал (гипс...итн). Оние слова (букви)
кои им одговарале ги оставиле, оние кои не одговарале се преправани, но неможеле целосно
да ги допреправаат. Како што се гледа на сликата, ја нема „кората― односно како лушпа од
јајце е откинат глетуваниот намаз. Плочата е од цврст камен односно мермеризиран
варовник и неможе да се откине само горниот слој кој се мери во микрони. При силно
физичко оштетување ќе се откине поголемо парче камен и одоздола не останува ништо што
имало траги од знаци на букви, цртежи итн.Таков е случајот и со Самуиловиот натпис каде
недостасува еден дел до горниот крст.
Многу важно прашање е прашањето на писмото на кое е напишан натписот. Од
нејзиното создавање во 863 година, па до почетокот на XIII век, во Македонија било во
употреба глаголското писмо. По враќањето од Моравската мисија Св.Климент во Охрид ја
основал Охридската книжевна и духовна школа,24 додека Св. Наум бил задржан во Преслав.
За само седум години, Св. Климент отшколувал 3500 ученици на глаголско писмо.
„Климентовата школа се одликува со доследно продолжување на делото на Кирил и Методи.
Највидлив израз на тоа е што таа ја задржува глаголицата.― Климентовата школа, очевидно
не беше наклонета кон такво решение.Таа ја пригрна глаголицата која уште долго ќе се
употребува во Македонија. Задржувањето на глаголицата претставува еден од најважните
каракатеристики на Охридската книжевна и духовна школа, на книжевниот круг околу
Климента и Наума.―25
Уште еден индикатор за неавтентичноста е тој што натписот на плочата е напишан со
уницијално кирилско писмо. „Во старословенското писмо големите букви понекогаш

Види, Ристо Т.Бачев, цит. дело, 90.


24

Блаже Конески, Охридската книжевна школа, Словенска писменост, 1050 годишнина на Климент Охридски –
25

Охрид, 1966 , 57
15

уметнички украсени (иницијали) се употребувале само во почеток на поглавје, но не и во


реченицата.―26 Драган Ташковски вели дека глаголското писмо е скроено за словенскиот
(македонскиот) јазик и затоа не е прифатено на Преславскиот собор од 893 година. Има
индиции дека Самуиловиот натпис првично бил напишан на глаголица сместен под првиот
крст, но истиот е иструган и повторно напишан на кирилица. Службено писмо во
Македонското Самуилово Царство била глаголицата, која заедно со Богомилството се еден
од основните столбови на царството. Не случајно денес сите сочувани книжевни глаголски
ракописи потекнуваат од Македонија. Тогаш можно ли е цар Владислав да поставил плоча
напишана на кирилица, која на почетокот на XI век едвај да била позната во Македонија.
Во овој труд ќе го поставиме и второто најосновно и неизбежното прашање: дали цар
Јован Владислав кој стапил на македонскиот царски престол во 1015 година и кој наводно ја
поставил плочата, имал потреба да гради утврден град, за кој се потребни време, работна
сила и средства од кој последните две му биле потребни како насушен леб во борбите со
Василиј II. Зошто Владислав би ги обновувал „спалените― дворци на неговиот претходник
Радомир врз кого претходно извршил атентат, кога му претстоеле жестоки битки со Василиј
за спасување на царството и неговиот царски претстол. Значи плочата би требало да биде
поставена во периодот помеђу 1015 – 1018 кога царството паднало. Откако до Василиј II кој
се наођал во Мосинопол, пристигнала веста дека цар Самуил починал,27 тој од Мосинопол
преку Солун тргнал кон Пелагонија без да врши некакви пустошења односно напредувал
без отпор, а при овој поход едино ги спалил „дворците на Гаврил Радомир во Битола (εν
Βοσηελίθ),― потоа ги зазел Прилеп и Штип (ηο θρούριον Πριλάποσ και ηοσ Σηοσπείοσ), ја
преминал р. Црна и на 9 јануари 1015 година заминал за Солун. Значи на Василиј му биле
потребни три месеци за да ги „спали дворците― и ги заземе наведените утврдувања.
Воопшто сомнителна е веста на Скилица за „спалување― на некакви дворци бидејќи не дава
известување за водење на некави борби. Во тие три месеци колку што траела „офанзивата―
во Пелагонискиот регион, воопшто не се споменува кај бил и што правел Гаврил Радомир,
кој го наследил татка си на царскиот престол. Во таква ситуација кога Василиј тргнал
конечно воено да се разреши со Радомир и го покори Македонското Царство, неприродно е
новиот цар Радомир да не му пружил никаков отпор. Но различно од веста на Скилица, поп
Дукљанин вели дека Радомир бил многу силен и водел многу војни со „грчкиот― цар
Василие, па се здобил со целата земја дури до Цариград.28 Да претпоставиме дека Василиј ги
освоил тврдините во Прилеп и Штип, но зошто преку р. Црна се вратил во Солун, кога имал
многу полесен пат преку Струмица?
Во реконструираниот дел од натписот се кажува дека почнал да се гради град во Битола
во месец октомври 20 ден naч1т[ же бyst] grad s[ Bitola m~ca okto~vra v] K~. Kon[x7
s1 mc~a … Ваквата самоволна јазична реконструкција на натписот, споредена со веста за
настапувањето на Василиј во Пелагонија, наведува дека тој го опсадил и го освоил
утврдениот град Битола, ги спалил дворците на Радомир и потоа заминал за Прилеп без да
наиде на било каков отпор. Според Михајловски, Василиј го спалил царскиот дворец на
Гаврил Радомир во Битола, но поради воените дејства ја оставил градската тврдина. Овде се
јавуваат два проблеми: првиот е што немало разрушување на никава тврдина за потоа на неа
да се поставува плоча, вториот е ако градот бил освоен, Василиј во него ќе поставел одбрана
посада и во таков случај Владислав не би можел да гради град. Обично кога Василиј заземал
одредени градови тој поставувал и нова посада односно негови верни управители на
градот.29 Пример за тоа е утвдениот град Мелник, кога после Битката на Беласица бил во
забрзано повлекување („поставил одбрана посада―) и освојувањето на градот Скопје при што
за катепан го поставил стратегот Давид Аријанит. Во овој случај нема сугрна вест дека

Радмила Угринова – Скаловска, Старословенски јазик Скопје –1979, 25


26

Ристо Т.Бачев, цит. дело 287, 288 (Византијски извори за историју народа Југославије – Београд 1966 III, 108)
27
28
Исто, цит. дело, 287 (Летопис попа Дукљанина, глава XXXIV)
Византиски извори за историју народа Југославије – Београд 1966, III, стр. 102, 112,124, 125, Михајловски Р.,
29

цит.дело 199.
16

Василиј го освоил утрврдениот град Битола, ниту дека поставил свој управител (стратег) на
градот. После смртта на Владислав и падот на царството, кај Василиј пристапиле архонтите
на триесет и пет градови међу кои и пратениците од Пелагонија, од што може да се заклучи
дека Битола се ставил под ромејска власт во 1018 година. Спомнатите„запалени дворци―
може да биле некое крајпатно утврдување, во кои на поминување при своите походи
престојувл Радомир Гаврил. Впрочем Василиј при заминувањето и враќањето во Цариград,
обавезно престојувал во местото викано Мосинопол, каде што имал некаква резиденција.30
Она на што малку се обраќало внимание се димензиите на плочата, која наводно била
поставена над влезот при изградбата на градот (Мошин, Филиповска, Михајловски). За
намената за која е поставена, плочата е груба, гломазна и несоодветна за поставување и од
техички и од естетски и секаков друг аспект, пред се дебелината на плочата. Каменот кој е
употребен е од мермеризиран варовник, кој е међу најцврстите и најтешките градбени
материјали. Видно е дека не е ниту солидно обработен. Димензиите се: должина 96 цм,
ширина/висина 84 цм и дебелина 26 цм. Поставувањето на ваква плоча не одговара ниту на
реномето на царството, какво што било Македонското Самуилово Царство, ниту пак на цар
Владислав, како претставник на царството. За споредување ќе земеме неколку примери
токму на меморијални и комеморативни плочи од времето на цар Самуил. 31
1.Во однос на дебелината на слични камени плочи, надгробната плоча најдена во с. Герман –
Мала Преспа (Сл.4), која Самуил ја посветил на своите родители и братот е со димензии:
должина 125 цм, ширина 52 цм и дебелина 7 цм. Датирана е во 992/3 година.
2.Надгорбна плоча пронајдена во базиликата Свети Ахил на истоимениот остров во малото
преспанско езеро во Долна Преспа денес Грција (Сл. 5). Плочата е пронајдена во 1966
година од арх. Николаос Муцополос, поставена на херметички затворен гроб, за кој се
претпоставува дека е гробот на цар Самуил. Плочата е од мермеризиран варовнички камен.
Димензиите на плочата се: должина 209 цм, ширина 81цм и дебелина 8 цм.
3.Темнички натпис пронајден во 1900 година во селото Горни Катун, Темничко – Моравска
област, крај Варварин (Сл.6). Плочата е изработена од камен варовник и има форма на скоро
правилен квадрат:192 – 195 мм ширина, 195 – 200 мм висина, дебелина 50 мм. Се
претпоставува дека плочата била соѕидана во олтарот на некоја црква. На неа се испишани
имињата на десет од четириесте Севастијски маченици. Не е датирана, но се претпоставува
дека е поставена во почетниот период на старословенската писменост.
4.Башчанската плоча e епигравски споменик изработена од бел варовник, каменорезбан на
глаголица околу 1100 година (Сл.7). Се наођала во црквата на Свети Луцие на островот Крк
во Хрватска. Споменикот кажува за дарување на земја од кралот Звонимир на Бенедиктински
манастир.Таа била поставена како лева преграда или параван помеђу црковниот кор и
верниците. Плочата има облик на правоаголник со должина 199 цм, ширина 99,5 цм и
дебелина од 7,5 до 9 цм
Видно од дебелината на прикажаните средновековни плочи поставени како епигравски
паметници на своето време, сите се изработени од варовнички мермеризиран камен.
Димензиите во должина и ширина се различни, но кај дебелината димензиите изнесуваат од
5 – 9 цм и речиси да нема отстапување. Кај Битолската плоча третата страна – дебелината
изнесува 26 цм, што во голема мерка отстапува од тогашните, па и денешните правила за
поставување на меморијални споменици. Таквите димензии ги налага како прво, естетскиот
изглед на плочата што покрај калигарфијата плочата би добила на елеганција и како второ,
техничкото поставување (монтирање) на плочата на висина од неколку метри.

Ристо Т. Бачев, цит. дело, 223


30

1.Фѐдор Иванович Успенский , Надпись царя Самуила, Известiя Русского археологического института въ
31

Константинопол , IV въпускъ, София , Държавна печатница, 1899, 2.Νικόλαος Μοσηζόποσλος, Η βαζιλική ηοσ
Αγίοσ Ατιλλείοσ ζηε Μικρή Πρέζπα 1966, 3. Љуба Стојановић, Темнићки натпис X - XI в. – Југословенски
Филолог, Књ I, Св. 1 – 2, Београд 1913, 4. Institut za hrvatski jezik i jezikoslovlje
17

ВНАТРЕШНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Како што е веќе речено, на земените отпечатоци на натписот од оригиналната плоча
(Сл.1), Мошин и Заимов онаму каде што текстот е целосно или во голема мера нечитлив –
при што словните знаци воопшто не можат да се распознаат – тие на нивните
реконструирани натписи си додавале текст, онака како што они сметале дека треба да гласи
или ако би биле на местото на Владислав, така би го составиле натписот. Недозволиво е за
еминентни научни работници во областа на старословенската палеографика и лингвистика,
какви што се академикот Владимир Мошин и Јордан Заимов, да си составуваат „свои плочи―
и ги прикажуваат како оригинал и на сопствените состави, а не на оригиналот, вршат
анализи на плочата (Сл. 2 и 3). Секој има право и може да даде свое толкување, предлози и
дополнување на текстот на натписот на плочата, но тоа се прави во пишаните трудови, а
никако на замената на изворникот.
Плочата е рацепена на два дела и според дел од графемите при спојот, може да се
заклучи дека тоа биле две плочи кои што се вешто комбинирани, а натписот преправан така
за да изгледа како една целина. Во горниот дел каде што е искршена,се гледаат интервенции.
Овој факт покажува дека на плочата/ите претходно имало некој друг сличен натпис кој бил
прекриен (глетуван) со тенок слој од некој специјален цврст материјал (Сл.1е). Мошин е на
стојалиште дека натписот бил расположен на две соседни плочи, при што на левата страна
каде што се наођал почетокот имало по 10 – 13 букви на секој ред.32 Заимов пак смета дека
на почетокот недостасуваат по 2 – 3 букви, а десниот дел е целосно сочуван, но сепак си
додавал по неколку букви на крајот од редовите. 33 Плочата била со поголеми димензии, но
делови од неа недостасуваат. Од работ на вториот десниот дел на плочата, се гледа дека е
намерно искршена. Тоа може да се заклучи од поединечните знаци кои останале, а
речениците се недовршени и почнуваат нови зборови. Тоа го има во сите дванаесет редови.
Ова е силен аргумент за (не)веродостојноста на плочата, бидејќи науката се занимава со
егзактни и емпириски докази, а не претпоставки, поготово што се работи за такво важно
прашање кое има најголем интерес за вековната и историска самобитност на Македонскиот
народ.
Првиот ред на натписот почнува со a=m] i d7laеm]. За да остане доследен на своите
претпоставки, Мошин уште на почетокот (Сл.2) си (ре)конструирал точно 12 слова С]
grad] s]zid(aem]...Овој предлог е тешко прифатлив од причина што овие три збора
просторно никако не можат да бидат сместени на почетокот на плочата (Сл.1.а). Заклучокот
го извлекува од според него Подметот на реченицата кој бил ист со почетокот на третата
реченица – С] grad]. Тој манипулира со показната заменка С] за да докаже дека Јоан
градел град токму во 1017 година (сегашно време). Прирокот бил изразен со двата глаголи во
пасивен облик презент. Невообичаена е употребата на овие два глаголи во реченицата.
Првиот одреден глагол s]zid(aem] покажува точно на што се однесува дејството, па така
вториот d7laеm] како неодреден е одвишен, бидејќи од првиот непосредно дознаваме дека
се „ѕида град.― Оттука по „ѕидањето― сосема е непотребно дополнително да се објаснува дека
се вршат некакви општи работи кои можат да бидат поврзани како со градење така и со било
какви други работи, но „давам и посветувам― е сосема во склад. Несоодветен е и обидот на
Мошин по аналогија да се поврзе со слични натписи.34

Владимир Мошин, цит.дело. Според Мошин, Битољска плоча, 51, тоа може да се заклучи од сигурната
32

реконструкција на содржината на првите три реда.


Йордан Заимов, цит. дело,
33

Вл.Мошин, цит.дело, 52. Аз] Vrana duka velik] s]t]vori(h) grada KricUma(Крчевски натпис од
34

времето на Калојан 1197 – 1207) и s]zdah wt zax1la (Асен II при подигање на црква во 1230 год.). Исто
така во вториот случај употребена е истата лична заменка која Мошин ја изоставил: Аз] &w(ann]) as7n .......
s]zdah wt zax1la (в. Сл. II). И во првиот и во вториот земен пример се гледа дека е употребена личната
заменка во прво лице еднина Аз] што не е случај со Битолскиот натпис. (Спореди: Д.Ташковски, заб. 11)
18

Сл.1.а
Заимов пак (Сл.3) на почетокот на натписот си додал цела една реченица +V] l7eto
ѕ~ф~к~г~ от] створенїа мира обнови с1 с] град[ zi(d)aem]…така да неговата
реконструкција има 13 реда. Тој се судрил со голем проблем бидејќи увидел дека натписот
не може да почнува со „аемъ,― па уште на почетокот ја навел годината во која наводно се
обновил градот иако во натписот никаде на почетокот го нема односното датирање. Тој овој
непостоечки ред – се разбира со прилагодување на годината – го конструирал според
почетниот ред на натписот на Иван Асен од 1230 година (Сл. II ) кој гласи:35
+В] l7eto ѕ~ѱ ~l~i~ indikt g~ аz] &w(ann]) as7n v] h(rista) b(og)a v7rny c~r[ …
s]zdah wt zax1la...

Сл. II
Мошне интересен е крајот од првиот ред на Битолскиот натпис (Сл.1.б). Мошин прочитал
бл]гар[skogo па за да го поврзе со вториот ред додал царства (никаде го нема во натписот),
а Заимов бл]гар[skoм[ кое се однесува на „градителот― Јован самодржец бугарски. Мошин
смета дека ваквото читање на Заимов е неприродно поврзување со вториот ред (i p)omoqj2
i molїtvamї, а требало да стои с] p)omoqj2. Спореди текст од сликите 2 и 3.
Но проблемот е што конструкцијата sko - go не одговара на јазичните норми и правила
од почетокот на XI век. Согледувајќи го тоа Заимов ја додал наставката -м[ која ја нема во
натписот, со јасна цел да ја поврзе со именката Їwanom во инструментал еднина. Имено во
првобитниот период на старословенскиот јазик се употребувала анафорската заменка 9го
која за генитив м.р. еднина придодадена на придавката, ја врши функција на посвојна
заменка.Така, ако натписот бил нарачан од цар Владислав би требало да стои придавката
бл]гар[skа9го.Така и кајЗаимов бл]гар[skyiм].36 Со дополнување на зборови кои ги нема
во натписот, уште на самиот почеток се прејудицира дека неговата меморијална намена е за

Жолтата линија во првиот ред ја покажува личната заменка Аz] (Јас) која во Битолскиот натпис ја нема.
35

Радмила Угриновска Сакловска, Старословенски јазик – Скопје, 1979. („Во поновиот период од
36

старословенскиот јзик се покажуваат понатамошни промени. Особено е карактеристично стегањето на вокалите


во косите падежи - а9го > - aago > - ago (bosa9go>bosaago>bosago). (―Oпштословенскиот книжевен јазик од
времето на Св.Константин Филозоф (Кирил) и Методи на кој е создадена обемна книжина, во првобитната
форма се задржал до крајот на XI в. и тој период се нарекува старословенки период. По овој период на различни
словенски јазични подрачја настанале и одредени промени во јазикот па тие промени навлегле и во бројни
пишани споменици, оригинални, преводи или преписи (варијанти на старословенскиот јазик‖ ц.д.). За да се
одреди староста на некој старословенски писмен споменик – ако истиот не е датиран како што е случај со
Битолската плоча – се проучуваат фонемските и морфолошки обележја на текстот. Така безнач1лна9го >
безнач1лнааго,(Беседа за Кирил), философ[скyim>философ[ск]im, (Жит. Св.Кирил), ц~ри Ас7ени
бл]garskym], (Бол. псалт. XIII в.м.з). Откако Мошин и Заимов согледале дека натписот на плочата не одговара
на правописните норми од почетокот на XI век, тие во голема мера го релативизирале периодот на наводниот
постанок, што веројатно имало влијание врз подоцнежните истражувачи. Повикувајќи се на Савината книга,
Мошин (ц.д. 59) смета дека контрахираниот облик др[жавнаго се среќавал многу рано што било типична
појава за македонско –бугарското подрачје. Во овој случај го девалвира значењето на анафорската заменка 9го
сметајќи дека тоа е традиционално книжевна наставка –ago <аего <а9его која се употребувала паралелно со –
oго (bl]garskoго). (Спореди: Скаловска Р.У.).
19

Сл.1.б
„град―, а не да речеме за посвета на самата личност која наводно гради град. Тоа пак упатува
на негативен пример, дека секој потенцијален истражувач може да си додава и одзема
зборови од плочата, кој како му одговара. Но и со ваквите конструирани додавки само се
потврдуваат произнесувањата на веќе цитираниот Ташковски (Самуилово Царство, Кон
етногенезата ...,).
Сомнително е исчитувањето во првиот ред на запишаното бл]гар[skogo/-м[.Имено
после почетните слова бл знакот е малце нејасен, а од двајцата е читан како полугласот –
големиот „](ер])―. Но од сликата јасно се гледа дека тоа е старомакедонскиот (стсл.)
дифтонг „y(ерy)― кој звучел како денешното руско „ы.― Вториот знак кај овој двознак кој
изглда како „#―, е читан како „г―. И кај другиот употребен полуглас (7 -ми знак) во оваа
придавка – малиот „[(ер[)― се гледа дека не е тој глас туку повеќе личи на гласот „7(7т[).― За
уште појасни споредбени согледување ќе се послужиме со отпечатоците на плочата,
направени од самите буграските научници, каде што разбирливо калиграфијата е појасно
истакната (Сл. III). Тие баш на вакви и слични „докази― се повикуваат за бугарскиот карактер
на Македонија, но се гледа дека биле на мака да добијат она што посакуваат.

Сл. III
Од двете слики може да се согледа дека во „ско― буквата „О― може да се чита и како
стасловенското слово @. Спред запишаното во првиот ред на натписот, освен бл]гар[skogo -
бл]гар[skом[ постојат можности овој збор да се реконструира, при што ќе читаме Їwanom
samodr[ж]cem] blyar7sko/@, со што јасно се докажува дека плочата е посветена не` на
Владислав туку на некој друг „Јоан самодржец блиарски―.
Во прилог на изнесеното нека послужи и придодавањето на именката царства. Ваквата
реконструкција воопшто не може да се прифати, бидејќи Јоан е титулиран како „смодржец―,
а отсуствува титулата „цар.―37 Не може да постои царство, без цар. Во десетиот век
македонските владетели не се титулирале со „самодржец― туку со Ц(7с)ар што е еднакво на
ромејската (ρωμαίων) Βαζιλεύς. Во Пространото житие на Константин Фиозоф (Св.Кирил)
напишано од неговиот ученик Св. Климент Охридски на глаголица, тој во неколку наврати
запишал ц7сар-ц7сарев2, кое се однесува на цар-царев. Во битката кај Сетина војниците на
Јован Владислав извикувале „бежите, бежите, Цасар― (βεδεΐηε, βεδεΐηε, Τδαζάρ).38 Ромеите на
Самуил не му ја признавале титулата „цар― туку го нарекувале „отпадник― и „тиранин.―
Следствено за такви ги сметале и синот Радомир и внукот од брат Владислав. Зарем е можно
Владислав кој наводно ги обновувал од Василиј уништените дворци во Битола, при
поставувањето на плоча во чест и сеќавање на изградба на тврдина, да пропуштил да се
нарече Ц(ар. Сепак и цар Самуил во епитафот на плочата од с. Герман не се нарекол цар, но
се нарекол rab] бож\ (слуга божји), како знак на понизност и покајание кон Бога . Кога при
именувањето на личности кои се однесуваат на некои важни околности – како што е

Подетално види: Стојко Стојков, цит.дело, 85 – 91


37

Ристо Т. Бачев, цит. дело, 291, 292. (Употребената синтагма од Скилица е доказ дека во МСЦ службен јазик
38

бил Старомакедонскиот со неговото глаголско писмо. На грчки Τδαροδ е Цар.) (Виз.извори ... 123)
20

спасувањето на Владислав при пресметката на Самуил и Арон или убиството на Радомир –


сака да посочи на кого точно се однесува настанот, Скилица го именува Владислав со
полното име – Јован Владислав (Ιωάννοσ ηοσ και Βλαδιζλάβοσ), Ароновиот син или Јован
Владислав син Аронов.39 Поп Дукљанин го именува само со родноверното имe Владислав.40
И во овој случај ќе потенцираме дека ако плочата навистина е поставена од Владислав, тој
сигурно ќе се именувал со неговото полно име како што се именувал Иван Асен (Сл.II).
Значи на плочата покрај светечкото Їwan]-oм недостасува и родноверното име Владислав].
Стојко Стојков пак смета дека на ред 3 пред Св. Богородица треба да е спомнат Бог . Тој го
прифатил мислењето на Мошин и според него тоа „зборува за уште поголем изгубен текст од
левата страна дури 40 – 60% од оригиналниот текст, а за таква можност сугерира и
отсуството на годината на поставување на натписот.― И тој не се согласува со паралелното
читање на придавката бл]гар[skogo/-м[, па поставува хипотетичко прашање дали истата не
се однесувала на „Бугарија―, што на Старословенски би се изразило како „бугарска земја―,
конкретно во натписот: бл[гарskoї zemli ? 41 Тој правилно заклучил дека нејасните делови
на натписот можат да се читата различно, но испуштил од вид две работи: по бл[гарskoї
нема место за zemli исто како што нема место за царства на Мошин и првиот ред на
Заимов, следствено и оваа јазична реконструкција не е од времето на цар Владислав. Во
однос на реконеструкциите на првиот ред и Мошин и Заимов испуштиле уште еден мал
детал. Имено ако натпиост е пишуван по наредба на цар Владислав, сигурно во глаголот
s])zi(d)aem] немало да биде употребено словото з туку африкатот ѕ (ѕ7ало). Буквата „ ―
осма буква во глаголицата и старомакедонската (стсл.) кирилица, десета во современата
македонска азбука.Тој е изворен и исконски македонски глас, специфичен само за
македонското говорно подрачје, кој се задржал до денес и го нема во ниту еден јазик од
групата на словенските јазици. Следствено во ниедна современа азбука на словенските
народи не постои словото „ ―. Во глаголицата овој глас си имал свое место. Има
претпоставки дека овој знак во кирилицата почетно се користел само како број ѕ~(=6), но
старословенските ракописи тоа го демантираат. На пример во Пространото житие на Св.
Кирил, напишано наскоро по неговата смрт во 869 година од Св. Климент, се среќава ...
9лико может] x[lov7k] pribliжити с1 боѕ7... во падежната форма локатив еднина и
боѕ7х] множина, ... m]noѕi bo s2t] z]vanii malo же изб]ranyih], не по п7н1ѕу ли
с]k7штах] s] tobo4 (Мариин. Ев. XI в.).Таквото стекнато мислење најверојатно е под
дејство на тоа што првиот милениум од новата ера (почеток на христијанството), според
старомакедонскиот календар е шести од постанокот на светот, па во сите пишани споменици,
почнувајќи од создавањето на глаголицата и покасно, знакот ѕ~ се користел за означувањето
на годината која почнувала со шестиот милениум.
Вториот ред Мошин го реконструирал како помоqї2 i molїtvamї pr7s~ty1
vlad~чиц1 наше1 Б_~c1 ї v(]) (x]s]t i v]. Истоветно гласи и кај Заимов, само тој нема
прочитано x]s]t односно во чест. За да го поврзе со претпоставените дванаесет апостоли
од третиот ред, Мошин и тука комбинирал и иако не постои, вметнал „во чест― но во чија?
Именката во женски род вladyчиц1 во грчка паралела е δεζπόινα и во превод означува
владетелка, господарка. Богородица – самото име кажува Божја родилка – никогаш не се
именувала со земската титула „господарка― туку се` додавани атрибутите Пресветла и
39
Виз.извори ..., 77, 109, 115
Летопись попа Дуклянина, Восточная литература XXXVI
40
41
Стојко Стојков, цит.дело, 81, 84, 90. (Тој својата теза ја заснова на последната буква од натписот во првиот
ред која личи на исправена црта и според тоа може да се чита и како Ï . „На крајот после бльгарско ... сигурно се
гледа само вертикална црта, која може да биде Ï. Зачуваните црти после бльгарско... не даваат основа овде да се
прочита m како што прави Заимов бл[гарskoм[, што е очигледно при споредба со начинот на испишување на m
на други места на натписот―. Според него придавката бл[гарskoї изразувала посесивен датив, а не номинатив
(Заимов). Исто така упатува на споредба на стандардното и наместо ï во зборот molї(и)tvamї. (в.во овојтруд:
Употреба на Ï).
21

Перивлепта и тоа само после Бог или Светото Тројство. Во христијанската религија,
Богородица или Света Марија42 го има ореолот на божество и речиси е рамна на Светото
Тројство. На фрескоживописите во црквите и манастирите заедно со Исус Христос е
оживотворена во сите настани од животот на нејзиниот син – од рађањето, па до распетието.
Нејзе, народот и посветил неколку празници и кон неа упатува молби за здравје, среќа,
родност во семејството, стоката, бериќетна година итн. Тогаш можно ли е еден Цар, при
обнова на град, да ја повикува Богородица да посредува (заст)2пенїе/v]z()st2penїe,р.3) со
тоа што таа како посредник ќе упатува молитви кон „дванаесте апостоли,― кои хиерархиски
се под неа и кои во ширењето на божјата реч ја слават како божица. Според Стојко Стојков43
независно од тоа дали во нaтписите е присутен Бог или не, повикувањето на молитвите и
застапништвото на Св. Богородица и светците како помошници во градењето на тврдина
само по себе е „уникатно―, што ќе рече ваков начин на поставување меморијален натпис од
еден цар е несоодветен и не се сретнува кај други натписи од тоа и подоцнежните времиња.
Проблем претставува и заменката наше1 пред Богородица во генитив еднина.Оваа
нелична (посвојна заменка) во старомакедонскиот (стсл.) јазик во номинатив еднина ж.р. го
задржала денешниот облик наша, а во генитив го има обликот наша93. Во машки род
гласи наш[, а во среден наше. Дадена во ваков облик со наставка на малата носовка 1 (ен)
јасно укажува дека натписот на плочата не е` од времето на цар Владислав туку од поново
време.

Сл.1.в
Понатаму, ако дозволиме почетокот на овој ред да започнува со п)омоqї2 тогаш крајот е
целосно сомнителен. Различни снимки на плочата различно ги покажуваат знаците
(графемите).Така на пример на снимката што ја направив при мојата посета на Музеј -
Битола, јасно е дека се работи за буквата „Б― и може да се чита како б~c1 односно
Богородица (Сл.1.в). Но друга снимка од истата плоча, покажува сосема подруга состојба
(Сл.1.г). Од оваа слика јасно се гледа дека после зборот наше1 следува големата кирилична
носовка „2― (подвлечено со жолто), односно носно „он,― а не Б. Потоа следува ц па можеме
42
Минеј (месечник) литургиски зборник во кој се ставени празниците посветени на христијанските светители.
Најрано настанал празничниот минеј кој содржи служби за големите Господови и Богородични празници:
Рождество Богородично, воздигнување на чесниот крст, Воведение Богородично, Рождество Христово,
Богојавление, Сретение, Вознесение, Преображение. (Мери Цубалевкса, Ваташкиот минеј, ИМЈ „Крсте
Мисирков― – Скопје 2009, 17). Мајката Исусова се слави уште од најраното христијанство и нејзините
празници се во рангот на најголемите христијански празници. На неа и се посветени повеќе молитви:
Богородице Дево, радувај се благодатна Марие Господ е со тебе. Благословена си ти међу жените и благословен
е плодот на твојата утроба, зашто си го родила Спасителот на душите наши. Богородице Дево, радувај се
благодатна, зашто телесно во утробата го носеше Синот Божји, Радувај се оти го роди, Радувај се, оти
мудреците му се поклонија, Радувај се, оти Христа по три дена си го пронашла во храмот, Радувај се, оти
Христос воскресна од мртвите и се вознесе на небесата, Радувај се, оти ти самата на небесата си земна, Радувај
се, оти тебе сите небесни жители ти се послушни. Радувај се, оти се` што сакаш можеш да направиш. Радувај
се, Оти блиску си до пресвета Троица. Радувај се, Благодатна Марие, Господ е со тебе. Овие молитви се
изведуваат на празниците посветени на Богородица: Благовештение, Рађање на Пресвета (Мала) Богородица ,
Покров на Пресвета Богородица, Воведување во Храмот на Пресвета Богородица, Собор на Пресвета
Богородица, Успение на Пресвета (Голема) Богородица). (Акатист на Пресвета Богородица: „О севоспеана
Мајко, која Го роди Словото – посвето од сите светии, откако ќе го примиш овој наш сегашен принос, избави ги
од сите напасти и ослободи ги од идните маки, оние што ти пеат: Алилуја!―.
Цит.дело, 94
43
22

да читаме 2~ца ї v, а не Богородица. Така и реченицата добива смисла „со помошта и


молитвите на нашата пресветла господарка и отецот и в ...― кое во продолжение можеби
гласело „ ... синот и светиот дух.―

Сл.1.г
За споредба имаме отисок и од плочата со кој се служат бугарските историчари (Сл. IV).Од
отисокот јасно се гледа дека првата буква тешко дека била Б со што се доведува под
сомнение научната коректност односно можно е на плочата да се прави пиши бриши. На тоа
укажуваат буквите кои следат, при што на сите три слики )ца ї v се истоветни, а само првата
е различна.

Сл. IV
Со ова пак се потврдува произнесувањето на Ташковски, дека некој трет на некојси
Їwanom samodr[ж]cem] во одредено време по неговата смрт, му посветува паметник в]
има њт~[ca i syn[a i s~tago duha со помош и молитвите на неговата господарка (в.ред.
3). Можеби малку отстапува од правилата на тоа време, бидејќи натписите на вакви
епигравски паметници започнувале со в] има њт~[ca ... каков што е натписот на
Самуиловата плоча од с. Герман (Сл.4), но всушност и целата плоча е нетипична за она
време и отстапува од вообичаените норми – што ќе рече наменски составувана – па
неможеме да бараме правила и норми онаму каде што не се применети.
Третиот ред кој е мошне значаен и поучителен и на кој е каменозрезбана годината по
стариот стил (на првата плоча), Мошин го чита како заст)2пенїе &~V~&~ ap~l]. S] же grad[
d7lan[ byst([), а Заимов v]z()st2penїe &~V ~&~ vr]hov]n00 ap~l] s] жe grad[ d7lan[
byst[. Редот започнува со зборот 2пенїе потоа следуваат трите титлувани букви .&.~V~.&~ со
точки међу нив ( Сл.1.д).

Сл.1. д
23

Според правописните правила во старомакедонскиот (стсл.) јазик, словата


истовремено изразуваат и бројни вредности. Во кирилицата бројната вредност на &~
(десетерично), е еднаква на 10, а на V ~ е еднаква на 2. Се користеле бројни надсловни
знаци – титло над самата буква за скратување на зборови кои често се повторуваат,
означување на бројни вредности, а точката међу буквите ја дават (означуваат) годината.
Кога се работи за двоцифрените односно двословните броеви од 11 до 19, пишувањето
почнува од десно на лево при што & се става по бројот - буквата. Пример, A& =11, V& =12 , Г&
=13, Д& =14 итн. 44 Цитираното правописно правило покажува дека при вака дадените слова
во овој ред , не се работи за бројот 12 (дванаесет) кој се однесува на апостолите туку за
година. Овие показатели ја датираат годината 1210 по Јулианскиот календар. 45
И Мошин и Заимов во „своите плочи― ги прочитале овие вредности (сл. 2 и 3), но
просто е неверојатно како не ги „забележале―, бидејќи во преводот на Мошин стои
„дванаесете апостоли„ што значи дека тој воопшто не ја зел во разгледување третата буква &~
иако ја нотирал, а видно таа стои линеарно во состав на првите две &~V~ (не е флексија како
што образложува Мошин, се искажува бројна вредност). На средината међу нив стојат точки
па според правописните норми исполнет е условот со кој овие букви ја означуваат годината
1210. Над второто &~ имало титла која неуспешно е стругана (обелж. со жл. стрелки). Заимов
воопшто не го нотирал &~ како бројна вредност туку мудро го „сокрил„ со текстот што
следува и воопшто не спомнува бројни вредности туку само „врховните апостоли.― Ова
треба да го сфатиме дека цар Владислав не го навел бројот на апостолите и оставил на оние
кои го „читале― (и ќе го читаат) натписот поставен при „влезот― на тврдината, сами да
погодуваат колку апостоли имал Исус Христос. Можно ли е едни такви великани по
палеографија и старословенска лингвистика овој факт и круцијален доказ кој го покажува
целосниот фалсификат на натписот, да го превидат и наместо да читаат 1210 година тие
читаат 12 апостоли. Значи потполно во право е Хораст Лант кога тврди дека плочата е
датирана по 1200 -та година по Христа. Со овој наод од плочата, отпађаат сите тврдења дека
плочата ја поставил Јован Владислав, кој што царувал до 1018 година.
Понатаму, очигледен проблем и за двајцата претставувала зборот vr]hov]n00.
(Сл.1.ђ). Кај Мошин е читан но воопшто не е преведен и тоа вешто го затскрил со
кованицата „дванаесете апостоли.― Заимов пак смета дека истиот се однесува на „врховните
апостоли.― Тешко дека овие ставови можат да се прифатат.

Сл.1.ђ

Црноризец Храбар, О` Писменех (X в.), трактат „За буквите― … н2 приложили с2т] dvoglasnyh[ A& (=11)
44

i…, Паналмид же посл7жде пришед] naxen] wt alfy i vity ѕ~| (=16). Зогравско евангелие, Глаголски
ракопис од X – XI в. содржи цело четвороевангелие. Припађал на манстирот Атос на Св.Гора. | 7ша вси |
наситyша с1 | вз1ш1 укрух] V~&~ (=12) koшa |spl]n[ | ot[ rybu 7d]шiиh] ѓже б7 хл7бy p1t[
tys2шt[ m2ж[ (Ев. по Марко, 35 – 45, 124.( Скаловска Р.У., 28, 120, 124).
Јулијански календар (стар стил) е воведен од Гај Јулие Цезар во 46 г.п.н.е.Со царски указ стапил на снага на
45

1јануари 45 г.п.н.е. и бил користен се до 1582 г. кога бил заменет со новиот Грегоријанскиот календар.
Изработен е по матрицата на македонскиот астроном Сосиген од Александрија, а Јулие Цезар го усвоил кога
склучил сојуз со последната македонска кралица од династијата на Птоломеите – Клеопатра. На Никејскиот
собор во 325 година христијанската црква Јулијанскиот календар го прифатила за свој званичен календар.
Имаме и ткн. Византиски календар всушност стариот македонски календар кој го смета времето од постанокот
на светот (д. сме 7528) г.). До крајот на XVII постои двојно пишување ( не е правило) на хронолошката
(временската) ера. Од XVIII се напушта ткн. Византиско сметање, а од XIX се воведуваат „арапските― броеви
наместо означување на бројните вредности со словата од кирилицата.
24

Имено, оваа придавка земена во двоина, наводно се однесува на апостолите. На основата


vr]hov]n е додаена двогласката 00 двапати. Ваквото удвојување е несоодветно за
периодот на почетокот на XI век, бидејќи придавката од м.р. во генитив двоина се гради со
вокалот у и двогласката 0 (0же), па така правилно било да се напише vr]hov]nу0
ap(осто)l]. Вака како што е даден зборот во натписот, прашање е од кој период и од чија
редакција потекнува, бидејќи не се сретнува во ниеден од пишаните извори на раниот
старословенски јазик. Очигледно е` дека потекнува од бугарската редакција која настанала
во периодот на XIII век.46 И овде според двете реконструкции имаме удвојување на
термините со „дванаесете― и „врховните― апостоли. Ако апостолите се искажани со бројна
вредност 12, нема потреба да се нагласува дека се врховни и обратно. Ова е доказ повеќе
дека титлуваните букви .&~.V~.&~ се однесуваат на 1210 година, а апостолите се нарекуваат
св1тyх] апостол] или првоапостоли.47 Сите ги благословил Исус Христос и ги упатил да го
шират Евангелието међу народот. По vr]hov]n00 следи p~l]s] кој збор од двајцата е
читан како ap~l] - ap(осто)l] (апостоли) што нема многу смисла (Сл.1.е).

Сл.1.е

Вангелија Десподова, Соња Новотни, Елка Јачева Улчар, Марија Чичева – Алексиќ,СТАРОСЛОВЕНСКИ –
46

МАКЕДОНСКИ РЕЧНИК, Институт за Старословенска Култура –Прилеп, „Матица Македонска – Скопје,


Прилеп – Скопје, 1999. Старословенско-македонскиот речник е изработен со цел да се утврди и научно
обработи лексичкиот фонд што е регистриран во македонските писмени споменици од X до XV век, међу кои и
Битолската плоча. Но од сите изрази во натписот покрај стандардните предлози v], же, s], едино е земен
зборот 2пенїе v.уп]vanie, но го нема зборот vr]hov]n-00 кој од аспект на славистиката е посебно интересен
бидејќи во него е употребена старословенската двогласка 00(0же) како наставка. Ова е веројатно уникатен
пример на употребата на овој збор во дадената форма и тоа баш на Битолската плоча. Со тоа што уредниците
овој „уникат― не го ставиле во речникот, посредно изразуваат сомневање во неговата структура, но и во самата
веродостојност на натписот.
Во светите книги нема врховен и помалку врховен апостол туку на сите учител им е Исус Христос.На
47

пеесетиот ден од Воскреснувањето и десетиот ден од Вознесувањето – празник во народот познат како
Педесетница или Дуовден – Исус Христос се појавил преку Светиот Дух и обилна благодет се излила врз
Христовите ученици и им дал сила да го проповедаат Христовото учење на земјата. „И кога се навршија пеесет
денови сите апостоли беа собрани. И одеднаш се слушна шум од небото како фијукање на силен ветар и ја
наполни собата каде они беа еднодушно собарни. И им се покажаа огнени јазици и на секој од нив се симна по
еден. И сите ги исполни Светит Дух и почнаа да говорат на различни јазици, како што Светиот Дух им даваше
да кажуваат.― (Нов завет, Дап 2, 1-4). Во Евангелието по Лука (10:1– 24) се наведени уште 70 апостоли кои Исус
Христос ги испратил по светот да го проповедаат Евангелието.
25

Видно од сликата, на вториот дел од плочата пред „П― наводно стоело „А.― Графемата
можела да биде сместена и на првиот дел по 0. Баш тука горниот слој на плочата намерно
или ненамерно е излупен, кое нешто оставило коса трага како втората коса линија на „А.―
Но сепак, ако внимателно го погледаме и споредиме нацртот на графемата „А― во
целокупниот текст, првата и втората коса не се спојуваат во остар агол, туку одозгора имаме
уште една кратка хоризонтална спојка, при што во овој дел воопшто не е можно да се
прочита А како ap~l] туку Пl]s] же град[.Ова може да се однесува само на главниот
(врховниот) Плиска град (главен град на ткн. Прво бугарско царство).48 Градот се наођа во
североисточна Бугарија во областа Шумен. Битола бил само една од подвижните
престолнини на Македонското Самуилово Царство, а во времето на Владислав „град Охрид
беше метропола ― т.е. главниот центар на царството, во кој Василиј II ја пронашол ризницата
на македонските цареви.49 И крајот на третиот ред сосема погрешно е читан каде по grad[
зборот почнува со буквите l7(), а следните неколку букви се намерно истругани (Сл.1.ж).

Сл.1.ж
И Мошин и Заимов читале d7lan[ byst[. Но од натписот јасно се гледа дека третата
графема никако не може да биде Л туку била А. Доказ за тоа е остатокот од хоризонталната
спојка на средината која невешто пробале да ја избришаат, но сепак останале скоро целосни
траги. Оваа спојка на средината (две жл. стрелки) јасно покажува дека таа била буквата А
до неа ї споредено со истите гарфеми од натписот, а сомнително е и првото слово d. 50 На
него можело да му се додаде една долна напречна линија и од l станало Д. Вака дадени l7()
заедно, во сите старословенски писмени споменици скоро во сите случаи ја оформуваат
именката l7ето и задолжително следи „од создавање на светот или лето господово― при
што е наведена годината. Можно е на местото на иструганите букви да стоела година или
некој друг збор поврзан со годината. Во секој случај неможе да се земе за дефинитивен
зборот d7lan[ читан од Мошин и Заимов. Во прилог на изнесеното ќе го земеме и
последниот збор, атематскиот галгол byst([) (Сл.1.з) во 3 л. еднина, минато свршено
определено време (аорист). Значи ако градот го гради цар Јован Владислав во 1017 година,
логично е меморијалната плоча да ја поставил во тогашната за него сегашност (презент).

Ристо Т.Бачев, цит.дело, 121


48

Виз.извори ..., 128.


49

Владимитр Мошин, Најстарата кирилска епиграфика, Словенска писменост, 1050 годишнина на Климент
50

Охридски, Охрид, 1966 39.( Одушевеноста на Мошин дека калиграфски издлабените букви во дволиниски
систем имат архаична форма посебно ... М со поткрената средина ..., не наођаат оправдување баш на
посочениот пример на сликата 1.ж. Видно, попречната црта на наводното Д, од десната страна е издолжена
многу повеќе од вообичаеното, а спојот на левата страна е на косата линија.Споредена со другите исти букви
таа отстапува во поглед на графиката. Прашање е дали во почетокот на XI калиграфијата на буквата М била
како во натписот. За споредба , во Самуиловиот натпис буквата М воопшто немал ваков нацрт иако се работи
за разлика од само 25 години (993 – 1018). Споредбата со книжевни споменици е несоодветна бидејќи тие се
пишувани со ситни букви и на прегамент, при што постојат големи разлики со каменорезбан Уницијал. Исто
така несоодветен за споредбата е` и натписот на Иван Асен од 1230 година, кога почнуваат да се појавуваат
посебни редакции на Старословенскиот јазик. Едино за споредба ни останува Темничкиот натпис за кој се
смета дека е приближно од Самуиловото време и таа споредба оди во прилог на изложеното (Сл.6).
26

Сл.1.з
Во контекст на зборот 2пенїе (=утеха, надеж, темел, основа) и vr]hov]n00 (= врховен,
највисок, главен) и заклучно од анализата на првите три реда, може сосема јасно да се увиди
дека оваа реченица е првиот дел на натписот, посветен на некој „Јоан самодржец блиарски,―
со „помош и молитвите на неговата – нивната господарка,― утешен во 1210 година, во
врховниот град Плиска, а на иструганиот дел е дадена годината на поставување на
паметникот, кој бил поставен по неговото упокојување (byst([), можеби во 1230 година.
Веќе во четвртиот ред забележливо е дека натписот на левиот искршен дела на плочата
– што ќе рече цела половина од преостанатиот текст – скоро целосно е нечитлив. Мошин
овој ред го конструирал (в] tvr]do) ub7жiqe i na sp~senie ї na жizn[ Bl[garom].
Nax1t[ жe (s] d7lati s]), a Заимов na ub7жiqe i na sp~senie ї na жizn[ bl[garom]
nax1t[ жe byst (в.објаснување погоре). Проблемот е што редот почнува со прилогот
7же/уже (= веќе) ... има ... и пред него нема место за в] tvr]do (= цврсто, сигурно) како и
додавката byst на крајот (Сл.1.ѕ).

Сл.1.ѕ
Проблематични се и останатите јазични надополнувања, за „прибежиште―(7же) исто и
„работи.― Ако прифатиме дека именката с(])p~(а)senie е правилно надополнета, таа до денес
го задржала истиот облик (трпение, спасение), (Сл.1.и) . Но правилниот облик на зборот е со
темниот вокал ]. Од надолната стрелка помеђу С и П јасно се гледа дека за таков знак нема
место, а титлот над второто С (водорамна стрелка) се однесува на скратувањето на (а).

Сл.1.1и
За да ја сокрие оваа правописна неправилност, Заимов последната буква ја читал како
двогласката 9 (спсен/ѥ), но видно од сликата графемата Е е одвоена, а n и | се во
лигатура. Овде за прв пат/вторпат се спомнуваат Бугарите. Во контекст на множинската
именка bl[garom] во датив и с]pаsenie требало да биде во акузатив множина с.р., па
се добива на с]pаsenи8 жizn[ bl[garom].
Петтиот ред, Мошин го читал град с_тyh a~pl] m~ca okto~vra v] K.~ kon]x7 же s1
м~ca, Заимов град s[ Bitola m~ca okto~vra v] K.~ Kon]x7 же s1 м~ca. Во овој ред и
двајцата се сретнале со голем проблем како да ги пополнат празнините, бидејќи недостасува
повеќе од половина од напишаното и додавале она што никаде не го пишува. На почетокот
од редот може да се наѕре нешто како а и три четири нејасни букви како 7 , но никаде не се
чита „град― поготово го нема од Коцо и Заимов именувањето „Битола (Сл.1.ј).
27

Сл.1.ј
Мошин овде наведува „свети апостоли,― а претходно дванаесет апостоли, кое нешто е
невообичаено за тоа време, градителот неколку пати да се повикува на апостолите, без
притоа да биде споменат Бог. Ако биле споменувани светите апостоли тие ќе биле спомнати
уште првиот пат во ред три (в.нап.47). Чудно е и тоа што според застапниците на тезата, во
почетокот на XI век Битола е запишан токму како што го именуваме и запишуваме денес, а
не на пример Бутела (εν Βοσηελίθ). Во врска со именувањето на „Битола― се изјаснил и Димче
Коцо.51 Тој спротивно на Мошин се согласил со Заимов и изјавува дека во петиот ред од
левата страна на натписот прочитал градс[bitola, а Мошин град с_тyh a~pl]. Но Мошин
сосема исправно, не ја прифатил корекцијата на Заимов, што ќе рече и произнесувањето на
Коцо за споменувањето на Битола во натписот. Интересено е согледувањето на Томо
Томоски.52 Тој на истриениот дел по почетните букви прочитал n и ola. Но видно од Сл.1ј
(в.жл.стрелка ) буквата личи на 7. Според него на буквата n и била прилепена графемата „Н―
(и стсл.). Како пример го посочува зборот с]пасение во четвртиот ред од натписот. Така
почетните зборови во петтиот ред од натписот требало да се читаат: град стy N – Кола, a
Јован Владислав го соѕидал градoт Св. Никола посветен на големиот христијански светител,
кој бил многу почитуван во сите делови на средновековна Македонија. Тоа име го носел и
родоначалникот на комитопулите (Никола таткото на Давид, Мојсеј, Арон и Самуил м.з).
Значи сега имаме уште едно сосем поинакво читање во однос на именувањето на градот
Битола , што е уште едне доказ во прилог на тврдењето дека плочата е неверодостојна.
Можно ли е да има толку несогласувања кај научните работници, бидејќи кај едни Битола не
е споменат во натписот, кај други е споменат, а кај трети се работи за град со друго име.
Спротивставените мислења на најмалку четворица научници од областа на палеографијата и
славистиката, доволно говори за неверодостојноста на именувањето на градот Битола во
натписот.

Сл.1.к
Читливиот дел од од овој ред се наођа на вториот дел од плочата (Сл.1.к). Овде и Мошин и
Заимов читале okto~vra v] K (20 и се заврши во месец). Прашање е кој бил тој месец и што
се завршило. На обележаниот дел со жолта линија јасно се гледаат буквите ЖА и никако не
може да се читаат како последни букви на месецот okto~)vra. Како што увидел и Томоски во
натписот има доволно графеми посебно со партикулата же за да се утврди дека тука не
може да се чита )vra поготово што међу ж и а нема место за р. Можеби се дел од зборот
ор2жа што се однесува на некоја битка која се завршила (кon]x7) на ден 20 во одреден
месец, која е опишана на делот што недостасува. Секако дека оваа битка е далеку од тоа да
се однесува на настапувањето на Василиј во Пелагонија, кој бил поразен од Самуиловиот
генерал Ивец и принуден на повлекување.53
Шестиот ред во поглед на читливоста е уште пократок. На иструганото место двајцата

Цит.дело,
51

Како топонимот Манастир се наложил за втор назив на градот Битола, Гласник на Институтот за национална
52

историја VII, 1, 100. (До лигатурата N-I била потпрена буквата К. Притоа, десниот столб од буквата не бил
покриен со столбот од буквата К. Врз основа на зачуваните букви и со додавањето на уште две букви
реконструираниот збор иэгледал N – Кола. Међутоа, името само по себе се уште не означува нешто
определено. Тоа име нешто значи само ако се чита во состав со претходниот збор. Од него јасно се гледа само
буквата С со што се добивал зборот стy односно (Свети Никола м.з.).
Ристо Т.Бачев, ц. дело, 290. (в.нап.54).
53
28

во продолжение на претходниот ред го надополниле со и0н7 в] KѲ. S] c~r[ и


samodr[ж]c[ /ishod1qa s] samodr[ж]c[, a читале бyst] Bl[garїн[ родом[ у.
Надополнувањето е без секаква основа бидејќи тука редот е целосно нечитлив. Подолу на
сликата е прикажан нечитливиот дел од шестиот до дванаесетиот ред, кој се наођа на десниот
условно првиот дел од почата (Сл.1л). На почетокот се распознава ис и се до буквата
прикажана со двете стрелки (Сл.1.љ) не се распознава скоро ништо. Според читливоста,
зборот треба да почнува со Б но видно од стрелките (Сл.1.љ), на стеблото на буквата има две

Сл.1.л
одвоени јамки и повеќе личи на В. Втората буква исто како и во третиот ред е А, видно од
водорамната спојница која и тука не успеале докрај да ја истругаат.Четвртата буква ја читале
како Г но на истата се гледа јамка околу горното стебло која е стругана и веројатно таа била
буквата Р или во комбинација со малиот [(ер) има изглед на дифтонгот „y―.

Сл.1.љ
Ако прифатиме вака да ја читаме конструираната именка бl[garїн[ тогаш можеме да го
реконструираме зборот „варварин.― Значи и во овој шести ред со сигурност не можеме да
прочитаме бl[garїн[ со што по вторпат се потврдува дека овде се работи за аристократска
титула или карактерно именување на некој кој го нападнал градот, а бил родом[ у..., а не
родум Бугарин/Бугарин по род. Конструкција Bl[garїн[ родом[ би била можна доколку го
немаше предлогот у (во). Поврзувајќи го прилогот родом[ со глаголот бyst], нараторот
ни посочува дека оној на кој му е дадена посветата „бил бугарин (варварин), родом во― при
што во следниот седми ред било запишано неговото родно место. Мошин54 уште додал дека

Времето за кое се смета дека цар Владислав ја поставил плочата (1016/17) е бурно време на постојани битки
54

со Василиј, но и внатрешни пресметки међу членовите на царското семејство. Поп Дукљанин исто и Скилица,
известуваат за погубувањето на дукљанскиот кнез Владимир – зет на Самуил за Косара, од страна на Владислав
на 22 мај 1016 година.(Бачев Р.Т. Македонското Самуилово Царство 175-180). Истовремено Владислав го
опсадил Драч (Duraxium), а Василиј тргнал да помогне против опсадата. Самуиловиот генерал Ивец („многу
истакнат и познат човек―) во Пелагониската рамница поставил вешта заседа на ромејската војска која
пустошела и до еден ги убил. Василиј кој тргнал према Драч ожалостен се вратил преку Солун во Мосинопол.
Следната година ги испратил Аријанит и Диоген да пустошат во Пелагонија, при што како помош испратил и
варјашки платеници.(Виз. извори ..., 118-121).
29

градбата завршила на 29 јуни. Ако „ѕидањето― почнало во октомври претходната година


(ред пети), тогаш градот се градел скоро цела година. Цар Владислав на престолот бил 2
години и 4 месеци, и за целиот период од неговото царување бил под постојан воен притисок
на Василиј. Изворите известуваат за постојани воени дејствија во Пелагонија, при што
временски е неизводливо тој да градел град во тој период.
Во седмиот ред иако читлив само мал дел на втората плоча од натписот k(х) ...
v7r[n(у сyn[ aron(a) s ..., а во надополнувањето на првиот дел, прикажан е скоро цел
родослов на царското семејство: бњ v]nuk] Nikoly жe i Riѱimi1 благо)в7р[ну syn[
Arona/унук] Николy же ї Риѱими1 благо)в7р[ну syn[ Arona. Ако шестиот ред кој
завршува со родом[ у го надоврземе на седмиот, тогаш продолжението не може да почнува
со бњ v]nuk] Nikoly туку би требало да е запишано местото каде Јоан бил роден.
Неодминлив е впечатокот дека изразот „син Аронов― е препишан од хрониката на Скилица, а
во натписот проблематична е нставката a на крајот од името (стсл. придавка a(а)rona[). Но
ваков пропуст сигурно не би си дозволиле двјца врвни палеографи.
Анализирајќи го седмиот ред, Димче Коцо55 тврди дека на почетокот прочитал каУ.
Буквата к се читала јасно, а буквите а и У потешко зошто биле доста излижани. Всушност
на почетокот се распознава нешто како H или kа, а останатото е работа на импровизација.
Според него помеђу буквите а и У постои лигатура, па така прочитал kаv(ха) односно
kаv(ха)н. Тој не се согласува со реконструкцијата на Мошин (не го споменува Заимов кој
читал исто како и Мошин) и вели дека на местото кај што Мошин читал Никола, стоело
КАУХАН која била титула од времето на Првото бугарско царство и Самуиловото царство,
па според тоа заклучил дека плочата е од времето на Јован Владислав. Тука сега се појавува
нов проблем. Ако титулата „кавхан― ја поврземе со останатиот дел од редот, таа би се
однесувала на „синот Аронов.― Но Јоан е веќе титулиран како „самодржец― па се појавуваат
две титули кои не се владетелски. Владислав како наследник на Самуил и Радомир, ја носел
титулата Цар (Ц(7)сар), како највисока владетелска титула што повторно наведува дека
плочата не`можела да биде поставена по негова наредба.
Најголем показател за историчарите кои се на ставот дека плочата е автентична, е
токму изразот „син на Арон.― Међутоа прашање е дали се работи за таткото на Владислав.
Арон бил прв свештеник на Израелитите од родот на Левитите. Значи името „Арон― не е
уникатно за македонската царска династија од X век. Од изворите дознаваме дека во време
на тетрархијата Арон ги владеел областите околу реката Разметеница, која ја лоцираме во
областа Дупница денешна Бугарија. Во пресметката Радомир го спасил Владислав, но покрај
кратките вести Скилица ( кој е еден век зад настаните) не наведува поименично колку деца
имал и колкумина биле убиени од Ароновиот род. Постои голема веројатност женските или
помладите деца на Арон да биле поштедени по примерот на Владислав и овој „син на Арон―
да биде некој од нив, кој покасно е запишан во натписот. Воопшто проблематична е веста
дека Самуил отишол во дворецот на Арон, го убил него и целото негово семејство, а го
поштедил само Владислав, кој бил единствениот што може да го загрози на царскиот
престол. Во прилог нека послужи фактот дека се до преземањето на царскиот престол,
Владислав освен при „спасувањето― воопшто не е спомнат во изворите. Несомнено исто како
Радомир и тој учествувал во сите или најголемиот број битки вклучително и Битката на
Беласица и оттука нема место за заклучоци дека Самуил го убил целото семејство на Арон.
Во осмиот ред како продолжение на седмиот, на крајот читливо е само v[nago 8же
разбїсте со сомнително почетно „Р―, а надополнето стар7шего же брата Самуила
самодр[жа v[nago 8же ї разбїсте/Самоила же брата с2qa c~(a)r7 самодр[жа v[nago 8же

Цит.дело, 60. (Скилица зборува за некој си Теодор Кав(п)хан кој го предал Јован Владислав и пребегал кај
55

Ромеите, кога овој лажно се претставил дека му изразува покорност на Василиј. Кав(п)хан е функција која била
во ранг на архонт која има пошироко значење, а најчесто како поглавар на област.Во вториот случај „кавхан― се
јавува како воен заповедник (ηον λεγόμενον Κασκάνον) (Виз.извори ...,115, н. 121, 149)
30

ї разбїсте v]... Од прикажаната празнина на плочата (С1.л) може сосема јасно да се утврди
дека таквите надополнувања и од историски и линвистички аспект се целосно неумесни, а се
вметнати врз основа на вестите во историските хроники пред се на Скилица, бидејќи никаде
не може да се прочита името на Никола и Рипсимија (родители на Самуил) исто и Самуил,
кој пак бил самодржавен цар. Нема објаснување зошто Владислав најпрвин би ги спомнал

Сл.1.м
дедото и бабата, а потоа би се декларирал како „благоверен син Аронов,― па би го
споменувал чичкото Самуил, кој кога дошло до несогласувања околу управувањето со
царството, во међусебната пресметка го убил татко му односно братот Арон.Видно почетната
буква на зборот (р)азбїсте не била р туку некоја друга буква која била преправена (Сл.1.м).
За споредба се дадени графеми на „Р― од други зборови од натписот. На нив се гледа дека на
вертикалниот горен столб, имаме убава изрезбарена калиграфија со полукружна јамка, но кај
(р)азбїсте (во правилна форма би требло да глси разбї - ете) имаме смалена аглеста јамка,
иако имало доволно простор истата правилно да се изведе. Пред р во неправилна лигатура е
прикажана вертиклана линија кое е читано како &. Сета конструкција укажува на преправање
при што реченицата имала поинаква смисла. Ако претпоставиме дека почетната буква била н
(жл.линија)тогаш ја добиваме именката жена.Употребена во форма како во реконструкцијата,
анафорската заменка 8же укажува на лице од женски род номинатив и не може да се
однесува на Самуил и неговиот „постар брат.― Ваквата конструкција целосно се поклопува
со вториот ред каде е именувана „господарката со чија помош и молитви се дава посветата.―
Во деветиот ред единствено читливо е |л кде жe в[zеto/в[z 2r(t)oby zl(a).
Надоврзувајќи се на претходниот ред, изведената констукцијата гласи: v] klisur7 voisk2
grck2 c~r[ k0р Vasїlїa kdeжe v[z1to by zla(to .. s)/ v]... Qїпон7 гр[ч[sk2 voїsk2 c~r[
Vasїlїa kde жe v[z1to by zlato. Изразот кде (Сл.1.н) воoбичаено е преведуван како
прилогот за место „каде―. Но за да го добие правилниот облик, после к потребен е големиот
ер ] = к]де.Но и овој облик изведен под влијание на другии редакции (где) е од поново
време. Изворниот старословенски облик е к]-гда. Во натписот во сите позиции сосема
правилно се употребувани еровите, па оттука не е` можно да се работи за пропуст на
составувачот на текстот.

Сл.1.н
Но ако претпоставиме дека на „к― завршува преходниот збор кој е нечитлив iл(a)k,
тогаш следниот започнува со „д― па со мала модификација можеме да прочитаме дажe (= до,
додека, пред да).Во прилог нека послужи Слика (Сл.1.о). Сепак и врз ваков целосно
31

недефиниран текст, потребно е почитување на одредени правила во читањето. После v[z


читана е малата носовка 1. Потполно е видливо дека оваа графема е преправана и личи на
големата носовка 2(он),(жл.лин.) и неможе да се чита како Е (взето). По 2 имаме т во
лигатура со р

Сл.1.о
при што добиваме 2тро, 2троба со значење „внатре―. Со ова читање на крајот на редот би
добиле „додека во местото (внатре) го ороби злото.―
Интересно е како Моши и Заимов ја надополниле левата страна од овој ред. Според
двајцата цар Самуил го разбил во неименувана клисура „грчкиот цар господин Василиј―, а
според Заимов, а Самуил ја разбил „грчката― војска на цар Василиј во местото Шипон, каде
било земено злато. Овде се калкулира со битката кај Ихтиман.56 Прво, во сите извори пред и
по Самуил, тогашните хроничари во државно правна смисла не се именуваат себеси и
другите како „византијци― ниту како „грци― туку како Ромеи – наследници на Римската
империја (Imperum Romanorum, Ῥωμαίων). Второ, Атина со Атика биле административна
област – тема со име Елада. Трето, дали е можно Владислав кој во тој период водел тешки
битки против Василиј (в.нап 54), на еден ваков значаен градителски објект, кој го гради
токму заради заштита од него, да му искажува толкава голема почит и истовремено да го
титулира со цар и господин.57 Четврто, ако во X век етносот „грци― не бил познат, како
Владислав можел да нареди да се напише ова етничко именување. Но после 70 години
работите веќе се појасни. Само горе изнесеното е доволно за да падне целата конструкција за
натписот како дело на Јован Владислав. И двајцата писатели ги злоупотребуваат историските

Лав Ѓакон (свидетел на настаните) известува дека цар Василиј тргнал кон Македонија (областа на
56

Македонците) бидејќи нивнта дрскост и упорност им нанесувала штета на ромејската држава.Откога се пробил
низ тесните и стрмни стази, Василиј стасал во близина на Сердика која се викала Тралица, таму поставил воен
логор и ја држел дваесет дена под опсада. Откако опсадата на Сердика не успеала, Василиј се дал во бегство и
како што веста ја предава Лав, во некој теснец бил нападнат од Самуил при што бил заробен и царскиот шатор
и цела царска комора. Скилица пак известува дека цар (Василиј) настојувајќи да му се освети нему (на Самуил)
преку реката Хебар и Родопите влегол во Македонија, стасал до местото Стопинион (Σηοπονίω) и тука поставил
логор.(ВИИНЈ III, 19, 84 -85). Така Заимов веста за разбивањето на Василиј кај Шипон ја презел од Скилица. Но
Василиј бил разбиен уште при опсадата на Сердика инаку немало да бега..
Би рекле пристрасна и несоодветна е конструкцијата на Мошин двапати да го титулира Василиј и му придава
57

c~r[ k0р Vasїlїa. Сепак во изворите од тоа време немаме слична паралела.Титулата господин се користела за
пониското племство и таа само ја принизува најсвисоката титула цар. Да препоставиме дека натписот е
пишуван по налог на цар Јован Владислав, со тоа што го титулирал Василиј со господин и цар, бил со намера
да му искаже (како и Мошин) неизмерно почитување. Но бидејќи оваа синтагма е само лична конструкција, се
подразбира дека во стварноста тоа не било можно при состојба на постојани воени дејствија. Впрочем во
ниеден извор од тоа време Василиј не е наречен господин. Еве изводи од некои: „цар Василиј собирајќи ја
војската брзо ја поведе против Мизите,― „царот го дигна логорот и со војската крена накај Визант,― „пратејќи
го владетелот и вршејќи ја должноста ђакон― (Лав Ѓакон, ВИИНЈ III, 15 – 17). „Царот настојувајќи нему (на
Самуил) да му се освети за тоа што го направил. ― „Царот едвај пројде низ теснината― „Овие зборови го
уплашија царот и тој нареди повлекување― (Јован Скилица.ВИИНЈ, III 83 – 86). Исто и Зонара, никаде не го
споменува Василиј поименично туку како и другите едноставно го титулира со „цар― се` со цел да ја истакнат
величината на Василиј. Во еден случај тој е наречен багренородни господин (ηοσ κσρίοσ) Василиј (Аталијат,
227), но тоа можеби го потврдува горното изнесување. Овој писател најголем подем во кариерата – титула
магистер достигнал за време цар Никифор III Вотанијат (1078—1081) кој е внук на оној Вотанијат, на кој
Радомир Гаврил му ја распорил утробата на Беласица. Отука јавно изгледа како да го воспева, но во суштина
не го смета Василиј цар во права смисла бидејќи го испратил во погибел дедото на царот Вотанијат, а тој
спасил жива глава. (Ристо Т. Бачев, Македонското Самуилово Царство, 255).
32

настани, наместо да работат на палео – лингвистичка анализа на натписот. Но кога нешто


нема научна подлога тогаш разбирлива е (зло)употреба на историјата за докажување на она
што нема смисла, се со цел да се задоволат дневно политичките калкулации и аспирации.
Во десетиот ред на десната страна од плочата се чита Fo1 с] же v …… ч~[ra, во
единаесетиот l7 ot[ stv … mira и во последниот дванаесети mu ishod1qu (Сл.1п).
Текстот во редовите десет и единаесет на левата страна е намерно иструган, за да не се чита
она што било напишано, од кое ќе се види вистинската намена на плочата.

Сл.1.п
Забележливо и двајцата во текстуалната реконструкција, а Заимов и на „сопствената― плоча
(Мошин барем тука останал доследен) не го надополниле десетиот ред туку во продолжение
на читливиот дел и на единаесетиот конструирале Fo1 с] же vели ц~р[ ra(z)bїt] byst]
c~r7m[ k0р Vasїlїem[ Ѕ ~Ф ~К ~В ~го лт7 от[ stvorenia mira/ ц~р[ razbїen] by c~r7m[
Vasїlїem[ Ѕ ~Ф ~К ~В...*кјор). Видно од слика 1.п, по читливата буква В (втора жолта линија),
Мошин го надополнил со vели (голем). По ова следи буквата Ч.~ Во овој случај и двајцата
покажале недоследност бидејќи читале ц~ар[. Старословенската графема Ц имала форма на
денешното македонско „Ч―, а стсл. графема Ч (чр]v[) имала облик на правилна чаша како
што е прикажано на сликата обележано со стрелка. За споредба во натписот и двете букви се
појавуваат во зборовите samodr[ж](c)em] во првиот ред, vlad(x~)i(c)1 во вториот,
na(x)1t[, kon[(x)7a, м~(ц)а и др. Кога ќе се спореди нацртот на овие букви и гласовните
вредности, се потврдува дека не може да се чита ц~ар[ туку збор кој почнува на „Ч― можеби
чеса(е)ра или во транслитерација кесар. Ваквото титулирање не може да се однесува на
Јован Владислав бидејќи тој бил Цар.58
Во единаесетиот ред од двајцата читана е годината кога наводно Самуил бил поразен на
планината Беласица, Ѕ ~Ф ~К ~В ~што одговара на крајот на 6522 (1014) година. Мошин дури
го „прочитал― и денот на битката 29 јули на крајот од летото, а Заимов го прочитал местото
на одигрување на битката – селото Клуч (v] Кл0чи) во денешна Бугарија. При утврдување
на годината Мошин самиот признал и три пати има нотирано дека на целиот лев дел плочата
е „оштетена, распукана насреде, во целиот лев долен агол наполно е излижана и нечитлива,―
а демек градителот Јован навел дати „сега излижани,― и „дека тој цар (Самуил) бил победен
(на 29 јули 1014 година – датата е излижана).―59 Нспроти ваквото гледиште истапил Хорас

Титулата Кесар (лат. Caesar, грч. καῖζαρ) потекнува од Римско време. Се вбројувала во ткн. царски
58

достоинства и била на врвот во хиеархијата на титулите во Ромејското царство. Во Рим ја носеле царските
синови. Во Ромеја ја доделувал исклучиво царот и тоа на најблиските луђе. Познат е кесар Варда, вујкото на цар
Михаил III (842 – 867) кој имал големо влијание во управувањето со царството од 856 до 866 година. За време
владеењето на цар Михаил VII Дука (1067—1078), неговиот чичко Јован Дука ја носел титулата „цезар.―
(„Бидејќи овие настани така се случија и цезар сјајниот живот го замени за монашки, цар Михаил мораше да се
справува со мноштво грижи„) (Никифор Врениј, 237). Јован Дука со помош на наемни војски покажал
амбиции за царскиот претол но царот го совладал.За да не биде казнет тој се замонашил.Покасно е преземена и
во Душановото царство. Познат е кесар Новак, насликан во црквата Св. Богородица во Мала Преспа.
Владимир Мошин, Старословенска палеографија ...,
59
33

Лант кој правилно увидел дека во овој ред наместо Ф со броојна вредност 500, може да се
чита Ѱ =700. Unfortunately there is no even remotely reliable set of criteria for dating early South
Slavic Cyrillic, and epigraphic material is sparse and extremely controversial. I must respectfully
disagree with Mošin's estimate that this text fits in the early eleventh century. Zaimov's
paleographic and linguistic arguments are inaccurate and naive.60 Тој појаснува:
„Претпоставувајки дека плочата не содржи дата, некој може да си додаде 6 (мисли на буквата
ѕ пред Ѱ, (Сл.1р.,жолта стрелка) и на крај 2 (в подв. жолто) и вертикална линија (титло м.з.)
со делумно поврзување кое може да биде Ф = 500, но изгледа многу повеќе како ПСИ зад кој
следи простор доволен за М = 40 (двонасочна стрелка). Ако некој тогаш го претпостави
бројот како 6742 (ѕ_Ѱм_v), годината би била 1234. Ова убаво одговара со ортографијата и
јазикот (на плочата) и го идентификува Иван како Асен II.― Оваа претпоставена година од
Лант, целосно се потвдува со датирањето утврдено во третиот ред.

Сл.1.р
Во однос на датирањето во претпоследниот единаесети ред, после публикување на
Мошиновите резултати се произнел (по втор пат) и Коцо.61 Тој дошол како што вели
повторно до истиот заклучок дека пред lt 7* ot[ stv … mira можело да се прочитаат
буквите v и [ па заклучува дека не може да се добијат резултати кави што реконструирал
Мошин и потребна е негова корекција. Пред буквите v и [ немало година и ако се
инсистира дека пред нив стои „ ― тогаш по него треба да е „Ф― а такви траги нема. Од
остатоците може да се помисли на Ѱ но со неа неможела да се добие дадената година.
Според Коцо годината била во последиот дванаесети ред оносно по lt7* ot[ stv … mira.

Horace G. Lunt, цит.дело. Хорас Лант (1918 – 2010) е американски славист и македонист, професор на
60

универзитетот Харвард. Опишан е како „еден од најдобрите стручњаци во своето поле.― Лант во раните 1950-ти
години ја напишал првата граматика на македонскиот јазик на англиски. (Лант: „Историчарот и палеограф
Владимир Мошин го објавил текстот (во „Македонски јазик―, 1966), со смела серија претпоставки и измени, во
кои се тврди дека натписот вклучува упатување на поразот на Самуил во 1014 година и бил поставен од Иван
Владислав, внук на Самуил (вл.1015 -1018). Заимови самоуверено го „реставрираат― поголемиот дел од текстот,
вклучително и датумите и сакаат да го прикажат она што тие го посакуваат како непобитен доказ за бројни
историски настани, инаку непознати. За жал, дури ни од далеку нема докажани критериуми за yтврдување рано
Јужнословенски натпис (кирилица), а епиграфскиот материјал е раштркан и екстремно контроверзен. Со
должна почит, морам да ја демантирам проценката на Мошин дека текстот (од плочата) одговара (се вклопува)
на раниот XI век. Палеографските и јазичните аргументи на Заимови се неточни и наивни. Една основна
поента: Мошин јасно го забележува фактот дека годината (на плочата) што тој уверено ја реставрира како 6522
(1014) е излижана (‖датата е излижана„; стр.39 во "Словенска писменост",). Навистина годината (на плочата) не
е прикажана на ниедна фотографија (забележете дека плочата 2 на Заимови е фризирана-дотерана на необјаснив
начин), додека плочата 3 е искрено цртеж, ниту пак годината (на плочата) е најдена на латекс отпечатокот кој
(од плочата) го зел проф. Игор Севченко од Dumbarton Oaks ... Ова убаво одговара со ортографијата и јазикот
(на плочата) и го идентификува Иван како Асен II, кој ја освоил Македонија 1230 г. Тоа ги урива неточните
историски објаснувања елаборирани од Заимови и генерално ја намалува светлината што овој натпис наводно ја
фрла на нејасниот период од македонската и бугарската историја. Клучните прашања остануваат отворени―).
Цит. дело,
61
34

Во продолжение на дванаесетиот ред Мошин конструирал дека овој цар (Самуил м.з)
бил разбиен на 29 јули, а Заимов дека после битката кај с.Клуч (Битката на Беласица, м.з.)
починал во крајот на летото (въ Ключї ї) съп() л т ( сеmu ishod1qu). Цар Самуил
починал по Битката на Беласица, на шести октомври следната календарска година, која
започнувала на први септемви, а не на крајот од летото. И овој податок е преземен од
пишаните извори и конструиран како да го напишал Јован Владислав, а воопшто нема
потврдени вести дека Битката на Беласица се одиграла кај с.Клуч. Скилица го наведува
местото Кимва Лонга и Клидион (Κίμβα Λόγγοσ και ηοσ Κλειδιού). Но убицираната
местоположба Κλειδιού погрешно е поистоветувана со селото Клуч во Бугарија, бидејќи
истата се однесува за месност (област), а не за населено место.62
Употреба на знакот Ї. Графемата (гласот) претставувал/а истовремено вокал, но и
предвокал. Во Битолскиот натпис знакот Ї е користен во неколку позиции – за
зборообразување и како сврзник. Во читливиот дел на текстот употребен е девет пати –
двапати како сврзник и седум за зборообразување. Вон читливиот дел (реконструкции)
Мошин со предметната графема се користел седум пати, а Заимов дванаесет. Во овој случај
предмет на испитување на овој знак, чие графичко решение е вертикален столб со две точки
на врвот – не е неговото постоење и јазичната употреба во старомакедонската азбука, туку
дали истиот знак бил правописна норма во почетокот на XI век. Покрај јазикот, графиката е
еден од начините за датирање на условно недатирани споменици. Проблемот е што од
првите двеста години на старословенскиот период – освен Самуиловиот и Темничкиот
натпис – немаме други релевантни епигравски глаголски и кирилски споменици поготово
пишувани со Уницијал, за да извршиме компаративна анализа со Битолскиот натпис. Со цел
да го одредиме времето и местото на пишување и добиеме сознанија за веродостојноста, ќе
се послужиме со достапниот материјал . Во глаголицата за обележување на гласот и постојат
два знака: десетерично , во кирилицата како пандан тоа се знаците „Ii― „Ї― (иже) (иј) и
(=20), пандан во кирилицата е осморично и (иј). Како што гледаме во кирилицата постојат
три знака за обележување на гласот и најмногу од сите други. Во Старословенско –
македонски речник 63 земени се во предвид само осморичното Н (Иже, графема со облик на
денешното „н―) и десетеричното l како lsus,со кој знак нема предадено ниеден збор.
Во Самуиловиот натпис, знакот десетеричното l воопшто не е употребено во било кој
облик. Во Темничкиот натпис на кој се искаменорезбани имињата на десетте Севастијски
маченици, користени се два знака: осморичното Н (и) и десетеричното l, но и овој натпис не
ја препознава графемата Ї.64 Затоа ќе се послужиме со достапните книжевни споменици.
Според Угринова – Скаловска во употребата на различни знаци за одбележување на
фонемата и во глаголицата се забележувало извесно претпочитање во текстовите на некој од
знаците во одредени позиции. Во Зогравското евангелие и се пишува зад согласка, i во

Спореди: Бачев Р.Т. цит. дело 219 – 255


62

Вангелија Десподова, Соња Новотни, Елка Јачева Улчар, Марија Чичева – Алексиќ, СТАРОСЛОВЕНСКИ –
63

МАКЕДОНСКИ РЕЧНИК, Институт за Старословенска Култура –Прилеп, „Матица Македонска – Скопје,


Прилеп – Скопје, 1999. Според авторите на речникот, Старослсовенско-македонскиот речник е изработен „со
цел да се утврди и научно обработи лексичкиот фонд што е регистриран во македонските писмени споменици
од X до XV век. Старословенскиот јазик немал само локлна улога и употреба, тој се сметал за општословенски
книжевен јазик―. За составување на речничкиот фонд консултирана е` обемна старословенска книжина и
епиграфски споменици по потекло од Македонија (стр. 551 – 555).
Љуба Стојановић, Темнићки натпис X-XI в. – Југословенски Филолог, Књ I, Св. 1 – 2, Београд 1913.
64

Вообичаено се сретнал со проблемот на одредување на староста на словенските писмени споменици во првите


два века IX –XI. Вели: l е без точки (мисли на една точка). Во грч. 917, 980, X в. доађа и вака и со точки, во
останатите без точки. Во Сав. књ. доађа и со точки и без нив (сп. Р.У.С. Супрас. цит.д. 30). Во Сам. и Мак. одл.
не доађа никако). За Р како во Тем. 10, се изјаснува дека го има само во Сам.плоча. Спореди со Бит. (Сл.1м).
35

почетокот на зборот редовно и во средината зад вокали.Значи во овој книжевен запис го нема
знакот Ї. Исто и во Мариинското и Асемановото евангелие. Сите три евангелија првобитно
се пишувани со глаголско писмо, а ги има и како преписи на стсл. кирилица. Се смета дека
потекнуваат од X почеток XI в.65 И други кирилски книжевни споменици кои – без разлика
дали се преведувани од глаголица или биле оригинални дела напишани со првобитната
кирилица – не го препознаваат знакот Ї. Така во Слепченскиот апостол пишуван со
полуиницијал графемата Ї воопшто не е употребена. Апостолот пишуван со кирилско писмо,
потекнува од почетокот на XII век. Според содржината спађа во полн изборен апсотол. До
1845 бил во манастирот Слепче, Демир Хисар. Ист е случајот и со Македонското евангелие
на поп Јован, пишуван со кирилски Уницијал со геометриски стил. Претставува краток
апракос со редовно означување на седмиците. Евангелието потекнува од XIII век и се чува во
архивот во Загреб.66
Ѓорги Поп Атанасов67 глаголското десетерично и го изедначува со графемата Ї – Иже
кое ја покажува односната заменка којшто. Можело да биде свртено и наопаку. Потекнува
од византиската јота, којашто го има за свој прототип феничанското и староеврејското јод.
Двете варијанти на глаголичкото десетерично и биле во употреба единствено во старите
глаголички ракописи. Според Мошин, аналогно на глаголските писмени споменици, во
кирилицата првобитно постоело позиционо разликување на гласот и, но во Битолската плоча
тоа разликување (изненадно м.з.) сосем исчезнало. Знакот и се употребувал после
палаталните (меки) согласки, I иницијално или како сврзник, Ї (редуцирано). Међутоа во
продолжение веднаш нагласува дека и во сите случи на зачуваниот текст доађа зад согласка
(палатал), Ї на аналогни места (не е објснето кои), што е контрадикторно со претходниот став
дека во Битолската плоча без разлика во која позиција се употребени графемите за гласот и
тие не изразуваат гласовни и правописни разлики. Ваквиот став е уште еден обид за
релативизирање на времето и местото на потеклото на плочата (Мошин В. цит.дело, 58).
Во Ваташкиот минеј (1453 ) знакот Ї се употребува најчесто пред вокалите (ткн.
предвокално Ї ), а повремено и во други позиции и иако не сосема доследна, употребата на
предвокалното Ї претставува правописна норма. Употребен на почетокот на зборот и во
други позиции се појавува во многу помалку случаи. 68 Во Беседата против Богомилите на
Козма Презвитер знакот Ї е употребен во различни почетни и завршни позиции, но
самостојно го нема на почетокот и крајот на зборот. Се употребува исклучиво пред вокалите
а, е, и, 0, (предвокално Ї), што претставува правописна норма. Го наођаме во божїа,
сп(асе)нїа, ученїа, избавленїе, терженїе, грешнїи, житї0, точї0,дїавол],neprїema0qe итн.
Пред првите три вокали што е и најчеста позиција, доађа по согласното н што се должи на
специфичниот изговор на ткн. источнословенски говори, но го има во зборовит како божїа,
&еv(ан)галїem, запов7дїи, крестїан] и др. Пред вокалот 0 доађа по различни согласки. Во
било која позиција употребено, нема отстапување од правилото пред вокал и по согласка.69Ја
користам оваа прилика да напоменам дека Крсте Петков Мисирков во делото „За
македонцките работи― покрај осморичното и го употребувал и десетеричниот кириличен
знак i. Знакот е користен во различни позиции: на почетокот (iет, iеден, iужно/и) на

Р. Угринова – Скаловска, цит.дело, 37


65

Македонски споменици со глаголско и кирилско писмо, ИМЈ „Крсте Мисирков― – Скопје 2008, 34,52,
66

Граматика на Македонскиот литературен јазик – Скопје 1980, 23


Македонската глаголица, МАНУ –Скопје , 2015, 20-21
67

Мери Цубалевска, Ваташкиот минеј, ИМЈ „Крсте Мисирков― – Скопје, 2009, 28


68

Илија Велев, Недостоиного Козмy Prozvitera Bes7da na novo8vi8ш$0 s1 eres[ Bog$milu, Библиотека
69

Македоника – Скопје, 2011.Се претпоставува дека Беседата е пишувана во X–XI в. на територијата на


Македонија од Презвитер Козма.. До нас стасала како црковнословенски препис (1491–1492) од најстар руски
текстуален состав што ќе рече руска варијанта (редакција). Во неа Козма го осудува Богомилството и
Богомилите ги нарекува еретици.
36

средината пред самогласките за омекнување, ткн. предвокално i, и на крајот од зборот (коi,


наi) како замена за латиничната буква ј, за која сметал дека не е прикладна за македонскиот
изговор и правопис. Претходно знакот i Вук Караџиќ го вовел во српската азбука, но потоа
го заменил со латиничното ј . Во средината употребенo пред согласката н задолжително има
апостроф за да се обележи гласот њ (iн’). Во реконструкцијата, Мошин само два пати го
употребува Ї пред согласка, исто и Заимов (еднаш како сврзник). Во останатите зборови
знакот е употребен во позиција пред вокали. Според најчестата позиција, може да се изведе
заклучок дека се работи за предвокално Ї. Но во читливиот дел на натписот, графемата Ї од
седум пати користена за зборообразување, само еднаш е употребена во позицицја пред
вокал: 2пенїе. Во останатите случаи зазема позиција пред и по согласка, на почетокот,во
средината и крајот на зборот. Їwanom, molїtvamї, sї .., bl[garїn[, разбїсте, Їл(к), што значи
ја нема вообичаената правописна позиција на предвокално Ї. Уште да наведеме дека во
Старословенско – македонскиот речник решението е 2пение, a во наведените книжевни
споменици името Їwan-om е запишано &oan].
Денес овој знак како тринаесета буква се задржал само во украинската азбука, (Україна,
изговор:Укра(ји)н[а). На пример во рускиот јазик бил во стариот облик (I,i ) и стоел пред
други самогласки, а се употребувал за разликување на зборот „міръ― (mjir = свет) и од нив
изведените зборови и „миръ― (mjir = мир, спокој). Знакот бил исфрлен од употреба со
реформата во 1918 година. Несомнено дека гласот и е исконски глас кој се јавува во сите
светски говори. Во глаголицата, за обележување на овој глас има сосема поинкави графички
решенија отколку во кирилицата, во која во првобитната форма гласот се обележувал со два
знака: и и &. Како докази нека ни послужат: Старословенско – македонскиот речник каде
гарфемата Ї воопшто не е земена предвид, иако како основа за составување на речникот
послужил и Битолскиот натпис (в.нап.63) и книгата Старословенски јазик, каде што знакот
освен како општа информација воопшто не е нотиран.
Логичен заклучок е дека знакот Ї во овој облик се јавува во употреба по XIII век и тој е
карактеристичен повеќе за источнословенските отколку јужнословенските писма, пред се
украинското и русинското, во руското не постоел. Една од претпоставките е таа, дека знакот
служел за транслитерација од кирилица на латиница при превод на старсоловенски
кирилични текстови, па со тоа може да се објасни неговото опстојување во украинската
азбука (унијатство). Со претходно изнесеното дека во Македонското Самуилово Царство
службено писмо било глаголското писмо, како и употребата на кириличниот знак Ї по XIII
век, сам по себе е непобитен и доволен факт за докажување на фалсификатот на Битолска
плоча, извршен од страна на бугарските воени служби при окупацијата на Македонија.

* * *
Денес од бугарската научана и политичка јавност, Битолскиот натпис се користи како
најголем доказ за бугарскиот карактер и правото врз Македонија. За таа цел Бугарската
академија на науките (БАН) во мај 2020 издаде книга со наслов „За официалния език на
Република Северна Македония― (За официјалниот јазик на Република Северна Македонија),
каде што на насловната корица е поставена Битолската плоча (Сл.9). Авторите се членови на
БАН и „учени― од три бугарски универзитета - „Св. Климент Охридски,― „Св. Кирил и
Методи― и „Неофит Рилски.― По повод изданието на книгата БАН вели: „Книгата излиза
след издаването на студиата „За единството на българския език― ... В книгата е посочено, че
официалният език на Република Северна Македония е югозападна писмено-регионална
норма на българския език.― Не за џабе Драган Ташковски – а знаејќи го карактерот и
политиката на Бугарија – уште пред околу пеесет години изнел дека Бугарите до „максимум
ја експлоатираат плочата како да Јован Владислав подигал тврдини и оставал плочи само за
да бугарските историчари можат да им го наденуваат на нос на македонските луђе, дека
Македонците биле Бугари―.
37

Мој личен, а и општ впечаток е дека некој асолно се потрудил да нe убедува нас
Македонците дека во 1018 година цар Јован Владислав се декларирал за „Бугарин по род,― а
по автоматизам и МСЦ било бугарско. Иако како што велат, плочата е пронајдена во 1956
година, прв за неа обзнанил Алексдандар Брумов и прикажал репродукција на натписот. На
овој напис еминентниот југословенски историчар Јадран Ферлуга реагирал малку
подналутено, со забелешка дека „овој драгоцен извор не е објавен спорд правилата на
модерната наука― (в.нап.5). Како е можно југословенските вклучително и македонските
историчари да не знаат за постоење на еден ваков „значаен и драгоцен извор― за историјата
на југосоловенските народи, пронајден на територијата на тогашна Југославија, а за него знае
бугарски историчар и уште повеќе објавува и отисок (репродукција) од натписот.
Најпрецизната констатација е дека операцијата „Битолска плоча― е изведена од бугарските
тајни служби.70 Најверојатно до 1959 година очекувале југословенските/македонски
историчари да се изјаснат за плочата. Кога тоа изостанало, со однапред спремени докази кои
му ги дале на Александар Брумов, обзнаниле за плочата, кое нешто међу тогашните
југословенски историчари прдизвикало не мало изненадување. Нелогичности се појавуваат
уште на почетокот при откривањето на плочата. Ако му веруваме на Димче Коцо (не постои
ниедна причина да не` му се верува), тој уште при пронаођањето на плочата го прочитал
натписот. Во договор со тогашниот директор Петар Мачкиќ, Битолскиот музеј му го доверил
проучувањето и публикувањето на натписот. За таа цел тој од службеник во Музејот добил
препис кој делумно бил точен и истиот му послужил како основа за вршење корекции при
читањето (в.нап. 4).Според Коцо, освен службениците во музејот, од научните работници
прв тој го имал натписот и на него му било доверено проучувањето и публикувањето на
истиот. И овде има едно загатливо прашање. Што било причината после 14 години, Коцо со
соопштение и кратко резиме да се изјасни за натписот. Дали тоа се должи на неговата
нестручност или пак во прашање е нешто друго? Овде веднаш ќе се повикаме на Драган
Ташковски, 71 кој уште во 1961 не информира дека после проучување на плочата, Коцо бил
на мислење дека натписот на плочата е од „понов датум―. Можеме да сметаме дека тој
(Коцо) го завршил проучувањето на плочата и прелиминарно ги изнел своите сознанија или
пак лично му ги пренел на Ташковски, а овој ги објавил во својата книга.Така Коцо заклучил
дека плочата е од понов датум – значи од наше време – и понатаму воопшто не сакал да се
впушти и губи време во некакви проучувања на фалсификуван епигравски извор. Со тоа би
се сметало дека прашањето за Битолскиот натпис е завршено. Но, истражувањата на Коцо не
биле објавени и на некој начин му е забранета понатамошната работа на плочата, а се
огласил околу 1970 година. По проучувањето на плочата од авторитети како што биле
Мошин и Заимов и тој отстапил од своето првично уверување и „почувствувал― потреба да
се произнесе за плочата. По Коцо, предметот го презел проф.Владимир Мошин и се разбира
дека тој испорачал резултати какви што се очекувале од него.
Од надворешните обележја на плочата се гледа дека таа е од груб необработен
мермеризиран варовник, без некои дополнителни стилски подобрувања. На плочата се
вршени дополнителни зафати, т.е. премачкување со некој градежен материјал како гипс, глет
маса итн., за да некои букви се сокријат или преправат и додат нови, се со цел текстот да се
дотера како што некому му одговарало (Сл.1е). Исто така постои голема веројатност тоа да
биле две плочи кои се така искомбинирани како да изгледа една. На тоа укажуваат сите
истражувачи кои ја проучувале плочата. Мошин дури смета дека на левиот дел на почетокот
на секој ред недостасуваат по 10 –13 букви, а Заимов пак на десниот дел по неколку букви.

Стојко Стојков, цит. дело, 98 (в.нап.22).


70

Самуиловото царство, 202, нап. 6. („Точно е дека на плочата која ја наведува Брумов, а за која проф. на
71

скопскиот универзитет Димче Коцо има мислење дека е од понов датум, Јован Владислав е наречен „самодржац
блгарин―)
38

Јазична анализа. Од јазичната анализа на плочата, може да се заклучи дека натписот е


датиран во 1210 година по Јулијанскиот календар (Сл.1д), што ќе рече дека ова потполно се
совпађа со заклучокот на Лант. Означувањето на годината оди во прилог на констатацијата
дека се работи за две плочи, бидејќи датирањето е на левиот дел, а има индиции дека
датирање имало и на десниот дел на плочата, баш онаму кај што буквите се намерно
стругани за да не се види истото (в.3 ред). При недостаток на скоро половина текст од
натписот, воопшто не може да стане збор за некаква автентичност, а обидот за датирање без
да се земе предвид годината која е дадена во третиот ред е целосно неуспешен. Никако не
може да се земе во предвид годината која е конструкција на Мошин и Заимов, бидејќи таа е
одредена според вестите во историските книжни извори post festum, а не според напишаното
на плочата, бидејќи такво датирање не постои односно и да имало тоа е истриено и стругано,
па според тоа целосно нечитливо. Јазичните црти на плочата укажуваат дека истата не
одговара на првобитниот старословенски период, видно од анализата на внатрешните
карактеристики на текстот на плочата.
Отсуството на Бог. Во натписот видно е отсуството на бог. Несфатливо за
средновековниот период при градителски и ктиторски работи да не се спомене Бог. За
споредба ќе земеме неколку примери со слични написи. Веќе е посочен Самуиловиот натпис,
каде тој се повикува на Светото Тројство: + в] im1 wt[ca i s]ina и sв1tago duha az]
Samuil[ rab] бож(i) polaga2 pam1t[ (ot[c)$’ и mat=ri i brat ($’i) ... При изградбата
на Марковиот манастир, ктиторот оставил натпис над јужниот влез внатре во црквата, кој
претставува сочуван изворен документ и дава податоци за изградбата на манастирската
црква и нејзините ктитори, со следната содржина: Изволени9м Отца и воплоштени9м
Сyna i s]шестви9м Светаго духа обнови с] sveti i boж\иствени храм светаго и
великомученика Христова победонсосца Димитрија с усреди9м и пот]штani9m
blagovernago krala Vl]kaшina и благоверени9 Елени ... сиже манастире наче се здати в]
л7то ѕи_ег (6853 = 1345). Истиот случај ги имаме и со натписот од манастирот Зрзе
Прилепско, кој потекнува од околу 1400 година. Изволени9м Господа и Бога и спаса
нашего Исуса Христа и того светлаго Преображени8 и по милости пречистие Богоматере
с]ѕida се и освети и божествени\ храм ... Натпис во манастирот Св.Андреа кај р. Матка на
северниот дел од црквата датиран со 1389 година: Изволени9м Бога Отца вседржатела и
поспешени9м Сyna edinorodnago и s]vr[enie9m vsepresvetago duha с]zda se и popisa se si
sveti i boжеств]ени\ hram v] ime svetago i slavnago apostola Hristova prvozvanago Andrea.72
Од овие споредбени примери кои се однесуваат на градителски зафати (освен
Самуиловиот натпис) односно изграба на црковни храмови, во сите нив најнапред се
споменува Бог, Исус и Светото Тројство што не е случај со Битолскиот натпис. Уште еден
показател за неспомнувањето на Бог е вториот ред (п)omoqj2 i molїtvamї pr7s~ty1
vladx~ic1 наше1 2~ца ї в ... (спореди со нат.од Зрзе: по милости пречистие Богоматере).
Градењето на храмови и поставување плочи не се извршува со помош и молитви од Бога и
светците, туку со молитви упатени кон Бога од луђето кои градат. Инаку кон кого Бог би
упатувал молитви. Оттука многу јасно е неспомнувањето на Бог, заедно со Богородица во
овој ред. Имено се работи за „пресветлата наша владарка― со чија помош (материјална) и
молитвите кои ги упатувала кон Отецот, можеби и Богородица, се посветувал храм или
сличен комеморативен споменик на некој „Јоан самодржец блиарски―. Од историските
извори знаеме дека цар Јован Владислав паднал смртно погоден во почетокот на 1018 година
при опсадата на Драч. Тој и стратегот Никита Пигонит се бореле на коњи, кога притрчале
два пешаци и со своите копја смртно го раниле. Значи во 1016/17 цар Владислав бил жив и
воопшто немало потреба да му се посветува некаков паметник.73
Тргнувајќи од фалшливите реконструкции на Мошин и Заимов, од одредени бугарски
структури направени се уште две фалсификувани плочи, со единствена цел да се докажува

72
Радмила Угринова – Скаловска, Записи и летописи, Македонска книга – Скопје, 1975, 45
73
Виз.извори ..., 123
39

бугарскиот карактер на Македонското Самуилово Царство. Првиот е ткн. Воденски натпис.


Во текот на септември 1997 година, грчки државјанин од Воден со „бугарски идентитет―, се
појавил во Националниот историски музеј во Софија и на директорот Божидар Димитров му
соопштил дека кај него има камен натпис пронајден во Воден, за време на реконструкцијата
на една локална црква. Приказната била објавена во бугарскиот дневен весник „Континент―,
а на сите нам познатиот Б. Димитров го прогласил натписот за лажен. Очигледно е дека и
овој натпис е фалсификуван врз основа на постарите и понови извори кои говороат за
Самуиловото царство.74 Вториот фалсификуван натпис е пронајдени или направен во 2004
година во Петричко, од некој си Стамен Василев – бугарски националист од Сандански во
Бугарија („Самуил во Христа Бога верен цар и самодржец Болгаром―). И во овој случај
бугарските државни институции се изјасниле дека натписот е фалсификат. Очигледно дека
национал – романтизмот во Бугарија, комбиниран со бизнисот е во пораст веќе подолг
временски период, бидејќи и со вакви очигледни фалсификати се прават обиди да бидат
вметнати како вистински и преку Самуиловото Царство се искористат во спорот со
Македонија, се со цел за докажување на бугарскиот карактер на Македонија. Со оглед на
овие два случаи, постои голема веројатност и Битолскиот натпис да е напишан од истите
„каменорезбари―, a веројатно имаат работено и на други „дела―.
Автентичност на плочата. Од големиот број нестандардни елементи – внатрешни и
надворешни – кои ги има натписот, неизбежно не доведува до прашањето за
веродостојноста на плочата. Во науката околу ова прашање постојат поделени мислења.
Најдиректен е секако Драган Ташковски кој отфрла било каква автентичност на плочата, при
што дури посочува на можен фалсификат од XIX или XX век.75 Во прилог на
неавтентичноста на плочата одат бројни елементи несоодветни за односниот период. Тука
пред се е отсутвото на Бог, ја нема титулата цар, отсуствува второто родноверно име на
Јован – Владислав, погрешно се толкува дека vladx~ic1 се однесува на Богородица, дадена е
годината 1210, а натписот се однесува на градот Плиска, не на апостолите. Видливо е дека за
прилагодување според потребите на некои структури се вршени надворешни интервенции на
плочата. Според истражувачите кои ја признале автентичноста името „Бугари― се среќава
трипати, при што признаваат дека за ваков краток натпис тоа е „многу често―. „Оваа честа
употреба не изгледа оправдана и е карактеристично што самиот Заимов објаснувањето нема
да може да го најде во рамките на средниот век, туку во националната романтика. Навистина
потцртувањето на врската на Јоан Владислав со „народот― на фонот на целосно
запоставување на божественото потекло на неговата власт не вадат од XI и нè приземјуваат
во ХХ век―.76 Во средновековниот период прашањето за етничката припадност на владетелет
или поединецот не била воопшто третирана како што на неа денес се гледа. Поданиците се
разликувале според верската припадност, припадноста на царството (државност) и
лојалноста кон владетелот. Оттука целосно несоодветно е еден владетел на ваков начин во
прв план да ја натура својата етничка припадност, кое нешто е карактеристика за ХХ , а не за
XI век. Впрочем прилогот родом[ со предлогот у не се однесува на етничност Bl[garїн[

„Во самодржавниот град Воден, Јас Самуил, верен в Христа, Цар на Булгарите и Ромеите, от бога испратен
74

самодржец на сите земји од Рашка до Македонија, Тесалија и Грција, внук на стариот Шишман, кој беше хан на
жителите на Трново, го изградив овој молитвен дом, да суштествува во вечноста. Темелите биле поставени во
епохата на Еремија, кој бил првиот христијанин во Мелник. Овој примерок е изграден за гревовите и
спасувањето на Булгарите од проклетиот Сатана, кој доађа од Цариград. Овој храм беше завршен во текот на
14-та година од моето владеење со помош на монахот Гаврил, кој е духовен пастир на жителите на Меглен.
Напишано во текот на 6497 година од основањето на светот (989 г. н.е.), 5-ти индиктион―.
Кон етногенезата, 163. Покрај него во автентичноста на плочата се сомневаат и Стјепан Антолјак која бара
75

построги критериуми за испитување, Хорас Лант, Матисен, Шевченко, исто Стојко Стојков (цит.дело)
дозволува дека плочата е автентична, но го поставува прашањето дали плочата е од времето на Јован
Владислав. За Мошин од јазичен поглед плочата е„безусловно автентичен датиран споменик― (Битољска плоча,
58) изработен помеђу 1016 – 1018 година (Словенска писменост).За Томо Томоски градот кој се обновува не е
Битола туку Свети Никола. Пословично за Заимов нема никакво сомнение дека плочата е автентична
76
Стојко Стојков, цит.дело, 95. (Спореди ред еден и шест од овој труд).
40

туку дека (Јоан) е роден во местото кое на плочата од разбирливи причини е отстрането.
Според наведеното, од натписот не може да се извлече некој конкретен заклучок за
етничката припадност на одредена заедница во XI век, туку повеќе зборува за политичките
претензии кон Македонија, пројавени со настанувањето на балканските национал
романтичарски државички во ХIХ. Како што е веќе нагласено, најверојатно се работи за две
плочи така дотерани за да претставуваат една целина. Понатаму, надвор од здравиот разум е
Јован Владислав при обнова на град, да каменорезбал натпис, во кој ќе го опишува поразот
на цар Самуил и македонската царска династија, а ќе го велича успехот на својот и на
царството најлут непријател Василиј II, кој на секој начин се обидувал да го порази и со тоа
симне од престолот. Ова упатува на само еден можен заклучок. Да не се губи многу време и
средства на естетското обликување на плочата (корисна жртва), што упатува пак дека
Битолската плоча е од поново време.
Во светло на најновото истаржување и проучување на натписот од историски, јазичен,
правописен и палеогравски аспект, можаме да заклучиме дека Битолскта плоча е целосно
неверодостоен епигравски паметник односно целосен фалсификат, подметнат од бугарските
војни и разузнавачи служби, кои за време двете светски војни харале низ Македонија.
Можеби на некои научни кругови ќе изгледа претенциозно, но со овој научен труд,
прашањето за докажување на етничката припадност на третиот македонски средновековен
цар Јован Владислав и бугарскиот карактер на Македонското Самуилово Царство, а врз
основа на Битолскиот натпис е затворено. Во тој правец нема што да се додаде или одземе.
Останува како можност уште лабораториско испитување за датирање на калигарфијата со Ц
– 14, со што сметам дека целосно ќе се потврдат истражувањата и поставките изнесени во
овој труд. Ако првично се прифати дека Плочата потекнува од почетокот на XIII век, истата
може да послужи како редок историски епигравски писмен споменик, кој растеретен од
национал романтичарските аспирации и дневно политичките надмудрувања, може да даде
полн придонес во науката наречена Славистика.
41

Слика 4. Самуилова плоча поставена во чест на неговиот татко Никола, мајката Рипсимија и
братот Давид

Слика 5. Надгробна плоча од базиликата Св.Ахил со каменорезба на Двоглав Орел


42

Слика.6. Темнички натпис

Слика.7. Башчанска плоча


43

Сл. 8. Дел од античкиот град Хераклеа. Стрелката горе ја покажува средновековната


тврдина Битола, убицирана од Иван Микулчиќ

Сл.9. Издание на БАН


44

КОРИСТЕНА И КОНСУЛТИРАНА ЛИТЕРАТУРА

1. Блаже Конески – Охридската книжевна школа


2. Вангелија Десподова, Соња Новотни, Елка Јачева Улчар, Марија Чичева-Алексиќ –
СТАРОСЛОВЕНСКИ – МАКЕДОНСКИ РЕЧНИК,
3. Византијски извори за историју народа Југославије – Београд 1966
4. Владимир Мошин – Битољска плоча из 1017 године
5. Владимир Мошин – Најстарата кирилска епиграфика
6. Гордана Филиповска Лазаровска – Еден милениум Битола.
7. Димче Коцо – Прилог кон проучувањето на Битолскиот натпис
8. Драган Ташковски – Кон етногенезата на македонскиот народ
9. Драган Ташковски – Самуиловото царство
10. Ѓорги Поп Атанасов – Македонската глаголица
11. Иван Микулчиќ – Средновековни градови и тврдини во Македонија
12. Илија Велев – Недостоиного Козмy Prozvitera Bes7da na novo8vi8ш$0 s1 eres[
Bog$milu
13. ИМЈ „Крсте Мисирков―– Македонски споменици со глаголско и кирилско писмо,
14. Institut za hrvatski jezik i jezikoslovlje – Башчанска плоча
15. Йордан Заимов – Битолски надпис на Иван Владислав самодържец български.
16. Летопись попа Дуклянина
17. Љуба Стојановић – Темнићки натпис
18. Мери Цубалевска – Ваташкиот минеј
19. Νικόλαος Μοσηζόποσλος – Η βαζιλική ηοσ Αγίοσ Ατιλλείοσ ζηε Μικρή Πρέζπα
20. Радмила Угринова-Скаловска – Старословенски јазик
21. Ристо Т. Бачев – Македонското Самуилово Царство
22. Роберт Михајловски–Нови податоци кон местополжбата на средновековниот град Битола
23. Свето писмо – Нов завет
24. Стјепан Антолјак – Средновековна Македонија
25. Стојко Стојков – Битолската плоча-дилеми и интерпретации
26. Томо Томоски – Како топонимот Манастир се наложил за втор назив за Битола
27. Томо Томоски – Преспа во средниот век
28. Фѐдор Иванович Успенский – Надпись царя Самуила,
29. Horace G. Lunt – Bitolski Nadpis na Ivan Vladislav Samodurzhets Bulgarski
45

С О Д Р Ж И Н А

I. БИТОЛСКИ НАТПИС ............................................................................................................ 1

II. АВТОРИ КОИ СЕ ИЗЈАСНИЛЕ ЗА ПЛОЧАТА ................................................................. 6

III. ИСТОРИЈАТ НА ПЛОЧАТА ................................................................................................. 9


IV. НАДВОРЕШНИ КАРАКТЕРИСТИКИ ............................................................................... 14

V. ВНАТРЕШНИ КАРАКТЕРИСТИКИ ..................................................................................... 17


1. Употреба на знакот Ї .............................................................................................................. 34
2. Јазична анализа ....................................................................................................................... 38
3. Отсуството на Бог ................................................................................................................... 38
4. Автентичност на плочата ...................................................................................................... 39

VI. КОРИСТЕНА И КОНСУЛТИРАНА ЛИТЕРАТУРА ........................................................... 44

VII. СОДРЖИНА ........................................................................................................................... 45

You might also like