ана к

You might also like

Download as rtf, pdf, or txt
Download as rtf, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Љубов; збор е, на некои им паѓа од срце, додека за други тоа не е ништо различно освен глупост.

Според некои, таа е една од најпосебните и најубавите емоции што срцето може да ги создаде
освен да пумпа крв и да го направи животот позначаен. Љубовта не само што вреди да се
доживее...Вреди да се пишува, чита и раскажува. Секој знае што може да се вклопи во тие пет
букви, што може се да сторат луѓето за неа...

Зарем не е тоа, зборот да е мастилото во пенкалото, кој ги носи најубавите значења на песните и
романите, кога е песна и ја слушате, солзите да ви дојдат на ум, да ви носат спомени во умот, да ја
доведат вашата љубов на ум...Векови да минат а и натаму да живее.Таква е и љубавта помеѓу
Каренина и Вронски. Ана е убава, страсна, интелигентна и писмена жена. Таа е елегантна, секогаш
потценета во фустанот.Таа претставува една феминистичка хероина. Додека на другата страна го
имаме Алексеј Вронски. Убав, богат и шармантен човек кој е подготвен исто како и Ана да се
откаже од социјалната положба и професионалниот статус во потрага по љубов. Но, романот ги
покажува и многуте реални грешки и несовршености на Вронски. Неговата проретчена коса,
осуетените амбиции за воена слава, сето тоа нè потсетува дека Вронски не е романтичен херој,
туку човек како и секој друг. Нивната приказна започнува на железничката станица во Москва,
каде и двајцата чувствуваат интензивна привлечност еден кон друг.Нивната приказна започнува
како љубовна афера и станува толку страсна што сите во високото друштво ги препознаваат и
судат. Дури во оваа љубовна врска доаѓа до ситуација сопругот на Ана бара од неа да се однесува
поскромно... По првата ноќ што Каренина и Вронски ја поминале заедно, таа се чувствувала
себеси како криминалец и сватила дека од тој момент се засекогаш врзани.Вронски и предлага на
Ана да го остави сопругот и да се омажи за него. Но, г-дин Каренин не и дозволува да се разведат
со страв дека народот ќе го озборува- така тој ја „казнува“ со тоа што се иселува и го зема нивниот
син од неа. Во комплицирана ситуација се наоѓа и Алексеј Вронски. Ако сакал отворено да ја води
аферата со Ана, би морал да ја напушти службата. Конечно, Ана го раѓа нивното дете, што го
принудува Вронски да поднесе оставка од неговата служба. После сето тоа и после заминувањето
во Италија, Ана преминува во многу хистерична состојба, уморна од сите лаги, од сето тоа
општествено расудување, од проблемите со нејзиниот сопруг и се чувствувала мизерно. Додека
Вронски бил исцрпен од нејзината хистерија и оние бескрајни прекори. Tочката на оваа приказна
ја става Ана со нејзиното самоубиство. Таа се фрла под воз токму на железничката станица каде и
започнала оваа љубов...

До ваквиот крај на оваа љубов води разочарувањето на Ана која копнеела за целосно бегство во
љубовна врска со неограничена страст, само за да открие дека страста на Вронски има свои
граници. Авторот му дава на Вронски истото име како Каренин, сугерирајќи дека копнежот на Ана
за друг Алексеј ја води до разочарувачко повторување на нејзината прва врска. Звучи болно нели?
Но, заљубувањето е како да држиш свеќа. Првично го осветлува светот околу вас. Потоа почнува
да се топи и да ве боли. А конечно кога згаснува и се остава во мрачнина она што ви останува
е...ИЗГОРЕНИЦАТА! Но сепак вреди да се љуби...

You might also like