Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

КЛАСИЦИЗАМ

Класицизмот како литературен правец се појавува во 17 век во


Франција. Во тој период на власт во Франција бил Луј XIV кој за
себе велел :"Државата, тоа сум јас". Името класицизам потекнува од
латинскиот збор klassicus, што значи-за пример, совршен.

Основни карактеристики на класицизмот се:

 КУЛТ КОН АНТИЧКАТА ЛИТЕРАТУРА – античкото


творештво да биде пример и поттик за создавање. Класицистите ја
признавале античката литература, пред се делата на Аристотел и
Хорациј.
 СТИХУВАНА ФОРМА – делата од овој период најчесто биле
пишувани во стихувана форма.
 КУЛТ КОН УБАВОТО И СОВРШЕНОТО – убавина и
хармонија барале во се, во природата,во животот,и верувале дека
убавото е патот до совршенството кај човекот.
 РАЗУМ – се настојува да се создават дела во кои писателот ќе се
раководи од разумот.
 ИНСПИРАЦИЈА - основен предуслов за уметничко создавање,
кое секако мора да биде поткрепено со знаење.

Најпознат теоретичар на класицизмот во Франција бил Никола


Боало. Во своето дело "Поетика на уметноста" ги дава правилата
според кои треба да се создаде едно уметничко дело.Тие
се:едноставност на содржината на делото,објективно сликање на
стварноста, а на писателите им препорачува:"Учете се да мислите, а
потоа пишувајте". За драмите Боало ги обновил трите антички
принципи: единство на дејствo,место и време на драмата.

Класицистите литературните жанрови ги поделиле на:

Високи: ода, химна, епопеја и трагедија – творби во кои ќе се слика


дворскиот живот, а главни јунаци ќе бидат кралевите, принцовите и
благородниците.
Средни: елегија, идила, сатира, епиграм,басна – творби кои ќе бидат
наменети за средниот сталеж.
Ниски: комедијата – која ќе го отсликува секојдневниот живот на
обичните луѓе. Делата да се пишуваат на едноставен, низок стил, со
поголема слобода. Целта им била да ги насмее луѓето.
Класицистите биле против мешањето на стиловите, мешањето на
трагичното и комичното.

Најпознати претставници на францускиот класицизам се: Пјер


Корнеј, Расин, Жан Де Лафонтен и Молиер(Жан Батист Поклен).

You might also like