Врз основа на член 137, член 138 став 1 и член 139 од Законот за
работните односи (Сл.весник на РМ 62/05) Управителот на Друштвото
_______ДООЕЛ/ ДОО Скопје на ден ____2014 година, го донесе следното
РЕШЕНИЕ за користење прв дел годишен одмор
На работникот______, вработен во Друштвото________ ДООЕЛ/ДОО
Скопје на работно место _______, му се одобрува користење на годишен одмор за 201- година, во траење од 20 работни денови.
Работникот ќе го користи годишниот одмор на два дела од кои
првиот дел од 12 дена почнувајки од 00.00.2014 година заклучно со 11.00.2014 година, а остатокот од 8 дена по потреба до 30.06.2015 година.
Работникот е должен да се јави на работа по завршувањето на
годишниот одмор, односно на 12.00.2014 година.
Образложение
Во согласност со потребите на работниот процес, како и можностите
за одмор и рекреација на работникот и неговите семејни обврски, Управителот на Друштвото ________________ДООЕЛ/ДОО Скопје одлучи како во диспозитивот на решението. Правото и времетраењето на годишниот одмор е утврдено во согласност со одредбите од Законот за работни односи, актите на работодавачот и потребите на процесот на работа.
Правна поука: Против ова Решение работникот има право на
приговор до Управителот на друштвото во рок од осум дена од приемот на Решението.