ДЕМОГРАФИЈА НА АНТИЧКИОТ СВЕТ

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 5

ДЕМОГРАФИЈА НА АНТИЧКИОТ СВЕТ

Учењата за класичната антика, традиционално се разгледуваат со историјата на


Грчките и Римските цивилизации и нивната сфера на влијание во Медитеранот
и надвор од него до почетокот на првиот милениум п.н.е. до седмиот век од н.е.
и покриваат социо-политички формации во опсегот од Грчките градови-држави,
до Римската Империја.
Поради недостигот на соодветни докази, демографските состојби во античкиот
свет се спорадично документирани и можат да бидат реконструирани само
најосновните термини.
Написите на надгробните плочи, скелетните останки и литературните записи се
најшироко застапени извори на демографски информатори.
Во прилог со ова, неколку стотици сертификати за раѓање и посмртници од
пописи од Грчко-Римскиот Египет се издадени и истите се пишувани на ролни
од папирус.

МОРТАЛИТЕТ

Античките популации се карактеризираат со висока стапка на наталитет и


морталитет. Очекувањата за животниот век на мажите, вообичаено биле ставени
во рамките од 20 до 30 години, иако овие граници можат да бидат поместени
поради некои опасности како на пример маларијата или од други причини како
на пример здрава околина (голема надморска височина).
Најдолгиот животен век, забележан во 300 различни пописи од Римскиот
Египет (од првиот до третиот век од н.е.) биле искористени за да се направи
реконструкција во согласност на возраста која се состои од модел на табели за
животниот век според кои главните очекувања за животниот век биле околу 22
и 25 години.
Доказите на кои ова се потпира биле добиени од попис на погребаните,
Римскиот попис користен за пресметување ануитети познати како "Улпианите
животни табели" и надгробни плочи во Римскиот дел на С. Африка.
Литературните текстови предлагаат споредливи ниски нивоа на животен век
дури и меѓу Римските елити. Како и да е, демографските написи од најголем
дел на овие извори остануваат контроверзни: податоците за годините во
направените поделби се распоредени по години и пол и скелетните останки
можеби и не ја прикажуваат структурата на годините на популацијата во
минатото.
Алтернативните статии од Египетските пописи на податоците укажуваат на
значајните разлики помеѓу урбаната и рурална популација, со особено висока
стапка на загуби во големите градови.
Локалните стапки на морталитет биле широко детерминирани од страна на
различни ендемични болести.
Шемите за периодичната морталитет кои се забележани како примери на
надгробните плочи и оставаат голем регионален диверзитет, но ја потенцираат
нејасноста на природата на назначените болести.
Тестираното сезонско движење на стапката на смртноста кај возрасните во
целина е повеќе нагласено отколку во случајот на поблиските
премодернистички Медитерански популации и насочуваат на необично висока
подложност на инфективни болести во детството и соодветно на тоа високи
нивоа на вкупен морбидитет и морталитет.
Најважните причини на смртта се многубројни, но се детално заведени во
античката медицинска литература и другите текстуални извори: Веднаш до
најприсутните гастроинтенсивни болести, маларијата и туберкулозата играле
значајна улога. Маларијата воглавно, најмногу била раширена на ниските
делови од Грција и Италија.
Лепрата почнала да се шири од Египет за време на Римскиот период, додека
колерата и тифусот изгледа дека биле непознати.
Вариолата кога се појавила веднаш настанала епидемија (најверојатно во Атина
во 430 години п.н.е. и најверојатно преку Римската Империја од 160 до 180
година од н.е.) но постанале ендемични во доцниот антички период. Чумата,
била ограничена во североисточните делови на Медитеранот во најголем дел од
овој период и прераснала во масовна пандемија во 540 година од н.е.

ФЕРТИЛИТЕТ

Стапката на фертилитет не може директно да биде воспоставена според


основните извори од античкиот период: под очекуваните нивоа на траење на
животниот век, вкупната стапка на фертилитет мора да била во просек од 5 до 6
(што значи пет до шест живородени деца на секоја жена се до периодот на
менопауза).
Вкупната стапка на фертилитет во бракот во Римскиот Египет е поставена на 8
до 9 и најверојатно била слична и во другите делови на Античкиот свет. Според
поранешните Египетски пописи, 95% од децата родени на слобода, биле родени
во брак. Овие документи ни ги даваат единствените квантитативни докази за
фертилитетот. Документираните возрасти за мајките родилки покажуваат на
природен режим за фертилитетот каде најчест бил бројот на родилки во
дваесетите и продолжувал за време на триесетите и има податоци дека имало
родилки кои навлегле веќе и во четириесетите но нема никаков знак за контрола
на раѓањата. Во принцип, раниот и скоро универзален брак за жените значело и
неопходност од некаков степен на контрола на раѓањата во бракот. Значи,
интервалите на раѓањата биле од три до четири години во Римскиот Египет и
била потврдена оваа претпоставка. Културните преферирања за продолжено
доење (до дури 3 годишна возраст) можеби предизвикале продолжување на
периодот до наредното раѓање.
За широка низа на контрацептивни средства и средства кои предизвикуваат
абортуси станало збор во античката литература, но само неколку од овие
препорачани хемиски агенси биле ефикасни. Во врска со постпарталните мерки
како на пример изложеноста на опасност и условното "убиство на децата" со
абортуси изгледа како да биле широко (иако не универзално)одобрени и не биле
ставени во некаков ред се до доцниот антички период. Степенот до кој
фамилиите практикувале нападни форми на контрола на раѓања и абортусот
останале непознати и контроверзни.
Во литературата пишува дека традицијатана на елитните фамилии била често
поврзувана со фамилијарните ограничувања на вработеност и зачувување на
нивниот социоекономски статус. Доказите за висок (пример доминација на
мажите) полов сооднос биле земени за да укажат на полови разлики во бројот на
родените деца но само можат да се рефлектираат пристрасно забележани обичаи
(практики).
Додека најдобрите квантитативни податоци, од Римскиот Египет, иницираат
ниту на намерното семејно ограничување, ниту на абортуси, квалитативните
пресметки за Грција и Рим ја зголемуваат можноста од поголема распространета
примена на постродилните мерки во глобала и дискриминација особено против
женскиот подмладок.

БРАК

Грците и Римјаните во сите слоеви од општеството практикувале стриктно


моногамен браг. (Иако социјално и легално одобрени форми на вонбрачен
живот и други полови врски на женетите мажи го олеснила ограниченото ниво
на де факто полигамија, отворената полигамија изгледа дека била привилегија
на Македонската аристократија). Бракот меѓу децата не бил вообичаен.
Неофицијалните податоци за годините за стапување во брак за прв пат во
Грција покажуваат на 14 до 15 години за жени и можеби 30 години за мажи.
Написите на надгробните плочи на почесните низ западната половина на
Римската Империја укажуваат на средна возраст од околу 20 години за жени и
околу 30 години за мажи, иако литературните текстови укажуваат на порани
бракови меѓу аристократијата.
Податоците од пописите од Римскиот Египет дале средна граница за возраста и
тоа од 17 до 18 и 25 години за жени и мажи, одвоено.
Жените почнале да се мажат на возраст од околу 12 години и скоро сите биле
мажени до доцните дваесети; меѓу мажите, две третини се женеле до
триесетите, а 90% до возраст од 50 години.
Документираната распространетост на браковите меѓу младите жени и
возрасните мажи ја претставува Медитеранската шема на браковите која била
набљудувана во неодамнешните вековии продолжила да постои низ времето во
широки рамки.
Разводот може да го започне било кој од двата пола и нормално не било
осудувано или ограничено од страна на правните и верските налози.
Повторното стапување во брак било вообичаено за мажите, но ретко за жените
над 30-годишна возраст. Во Римскиот Египет две третини од мажите и една
третина од жените биле сеуште во брак на 50-годишна возраст. Пред појавата на
христијанството целибатот немал поволно значење.
Браковите биле најчесто - - - - - - - - - (брачниот пар живеел со семејството на
мажот) и често било поврзано со пренесувањето на миразот на невестата, кој
што го имало само во елитните кругови. Робовите не смееле да стапуваат во
брак, но често формирале де факто заедници помеѓу нив. Интезитетот на
ендогамијата е различен низ западно-источниот градиент. Иако роднинските
заедници биле ретки во Римската култура (со исклучок меѓу елитата), бракот со
прв роднина е дозволен во Грција и во Левант. Поретките заедници со
полусестра или со полубрат се исто така познати во грчкиот свет. Римскиот
Египет во вториот и третиот век од наша ера се истакнува со единствен и
сеуште необјаснет обичај на брак помеѓу брат и сестра, што претставува една
шестина од сите заедници познати во пописот.
СТРУКТУРАТА ВО ДОМАЌИНСТВОТО
Не постои термин за потесното семејство. Во заедница родителите и децата,
Грчката oikos и Римската familia или domus вклучуваат други лица под контрола
на главата на домаќинството, како што се најблиските роднини и робовите.
Иако книжевните и правните текстови потенцираат за социјалните и правните -
- - - - - - -- во римските фамилии, погребните комеморации во западната
половина на Римската империја имаат тенденција да се фокусираат кон
поблиската фамилија. Спротивно на тоа, доказот од источниот дел на
Медитеранот укажува на повеќе сложени домаќинства. Податоците од
египетскиот попис откриваат поделби помеѓу брачните и сложените
домаќинства (составени од проширени и повеќе сложени фамилии) 51%
наспроти 26% во градовите и 37% наспроти 43% во селата и поголемо
присуство на станари и робови во урбаните домаќинства. Високиот морталитет
го намалува бројот на семејството. Единствениот познат просек е 4,3 членови во
Римскиот Египет. Посвојувањето било добро познат обичај, но неговата појава е
непозната освен за тоа дека тоа е вообичаено за Римската елита.
Деливото наследството во Грција и Рим го потикнува делењето на имотите. Во
Атина ќерките добивале мираз наместо наследство, но според римските закони
тие можеле официјално да го наследат. Жените генерално можеле да поседуваат
имот, но биле надгледувани од страна на нивните машки старатели.Како и да е
патријахалниот карактер во древните домаќинства се претпоставува дека бил
практичен, често квалификуван од страна на високиот морталитет и другите
дислокации.

ГОЛЕМИНА НА ПОПУЛАЦИЈАТА
Вкупната популација е пријавена во античката литература како често
формирана од страна на реторичката стилизација и незнаењето. Многу се само
симболични бројки и доверливите забелешки се ретки. Во класичната антика
Медитеранот и поблиските региони имаат значителен пораст на населението, со
зголемената експанзија на Запад отколку во поразвиениот Близок Исток. Во
продолжениот раст проследен со првичната рецесија во IV п.н.е ера Грчката
популација во Егејскиот дел, во населените места во Сицилија, јужна Италија, и
во пределите на Црното Море имало приближно 5 милиони кои биле поделени
меѓу 1500 различни заедници повеќето од нив со не повеќе од неколку стотици
до илјади граѓани. Атина, најголемиот и најпознатиот грчки град-држава, имал
од 25.000 до 40.000 возрасни мажи од вкупното население а пак вкупното
население изнесувало од 150.000 до 250.000 жители вклучувајќи ги странците и
робовите. Периодичниот попис брои од третиот до четвртиот век п.н.е. и
обезбедува груби пресметки за демографскиот развој на Римските граѓани.
Драматичниот скок од 910.000 возрасни мажи во 69 п.н.е. вкупниот број бил
4.063.000 во 28 год. п.н.е. биле протолкувани како знак на подобрувањето на
големината или вклучувањето на записите на сите Римјани наместо само на
возрасните мажи. Со оглед на претходното укажување Италијанската
популација брои од 5 милиони до 6 милиони, претходно вклучувала приближно
13 милиони до 14 милиони.Иако споредените докази од последните периоди
давале веродостојна пониска проценка, која сега е фаворизирана од страна на
повеќе научници ова прашање никогаш не било целосно решено.Бруто
популацијата од Римската империја може да достигне најмногу од 6 милиони до
7 милиони во вториот век од наша ера со 50 до 60% престојуваат во Европската
провинции и од 20 до 25% престојуваат во Западна Азија и Северна
Африка.Империјата вклучува околу 2000 градови, на чело со главниот град Рим
со околу 1 милион жители.
Иако од крајот на вториот век од н.е. не заштитата од повторното заразување од
епидемија може да го намали бројот на населението, источниот дел од
Империјата останал густо населен во доцната антика. Само распаѓањето на
западната половина на Империјата во 5-ти век и почетокот на чумата во 6-ти век
предизвикува значителен демографски пад. Римските нивоа на густината на
популацијата генерално биле достигнати во Европа во Високиот Среден век, но
тоа не се случило се до 19-ти век во Грција и поранешните Азиски и
Африкански делови во Империјата.

ПОИМОТ НАСЕЛЕНИЕ
Демографски се мисли дека е слабо развиен и никогаш официјално не утврден
во теоретските термини: стерео-тип морализам,филозофски апстрактивен
документ. Во 4-ти век п.н.е. Атинскиот филозоф Платон сметал дека Еугениката
и фиксниот број на популацијата се основните состојки од неговиот модел за
идеална држава. Во силно _____________, повеќето други извори нагласуваат
потреба од големите популации како бројот на воената и општата сила. Како
логична последица старата реторичка традиција се однесува наводно на
опаѓањето на стапката на раѓање и последиците од демографскиот пад. Оваа
вознемиреност исто така се манифестира во Римското законодавство, донесен
од страна на императорот Август (27г.п.н.е-14г.н.е) кој ги
потикнал____________ и репродукција од страна на доделување на
привилегирање на плодната двојка и дискриминација на целибатот и без деца,
особено меѓу елитата. Демографското размислување во раната модерна Европа
било длабоко влијателно од страна на ___________ став. Во доцна Антика,
христијанството донело систематска осуда за контрола на плодноста и нови
наклонетости кон целибатот.

You might also like