Климент

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

,,Св.

Климент Охридски прв македонски духовник,учител,книжевник”


Со замаглени очи од дивите ветрови,со прашината на дамнешни спомени,кога небото ги
затвора уморните клепки,и запад се опи од руменилото ја здогледав книгата на мрачното мина-
то.Со растреперени раце ги вртев страниците,и застанав.Моите очи беа вперени во други очи,очи
на маченик,Климент Охридски.Неговите маки беа само капка во морето на светото минато,само
прав од изгорените страници на животот.
Климент Охридски спаѓа во редот на оние ученици на солунските браќа Кирил и Методи-
ја,кој не само што го продолжил нивното дело туку и го надминал.Тој е основоположник на сло-
венската писменост и култура во Македонија,основоположник на првиот словенски универзитет.
Изградил многу манастири,цркви и училишта,некои постојат и до ден денес.Тој бил исто така ос-
новоположник на Охридската книжевна школа.Климент бил првиот оригинален словенски писа-
тел,чии дела располагаат со таква убавина,што и денес возбудуваат и предизвикуваат восхит.
Се прашувам ,,Има ли нешто со што може да се искаже љубовта и работата на
Климента". Секако дека нема.Тој беше еден неуморен човек низ неговото срце ко извор бликаше
копнежот за просвета.ЗарадСветото дело на Климент и заради се друго што направил,тажно се
поклонуваме пред неговите мошти искажувајќи му ја заслуженоста почит и благодарност.
Во мир и спокој почивај блажена душа во домот што сам си го беше
направил на брегот на сините езерски води зошто ти и твоите ученици направите да прогледаат
очите наши да прозборат усните наши,македонски-словенски,еднаш-засекогаш.

9464

You might also like