Бојан

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 1

ЛЕКТИРА БР.

3
„Бојан“-Глигор Поповски

1.Напиши најважни биографски податоци за авторот!


2. Во кое лице е раскажан романот и кој ги раскажува настаните?
3.Определи го времето и местото на вршење на дејството!
4.Одреди ја темата на романот,поконкретно за двата дела!
5.Во делото настаните се редат:хронолошки или ретроспективно(објасни)!?
6.Книгата започнува со доаѓањето на Бојан в планина.Кај кого доаѓа, зошто и со кого останал?
7.Пред да замине в село, старецот го посоветувал Бојан:,,Сè што ќе работиш,работи го како возрасен
човек.За три дена сè е на твоја глава“.Објаси ги зборовите!
8.Содржината е организирана во два дела, а секој дел има повеќе поглавја.Обиди се барем за првиот
дел:Јужен ветар да ги одредиш етапите во композицијата!
(пример:1.експозиција: доаѓањето на Бојан в планина и средбата со дедо Иван; 2.заплет:...
9.Снегот го заробува во колибата.Наброј ги секојдневните обврски кои Бојан мора да ги да извршува!
10.За секоја од следниве констатации за главниот лик Бојан, обиди се дадеш твој
коментар врз основа на неговите постапки:а)храбар е...;б)совесен и
одговорен...;в)истраен...;г)хуман...;д)умен...(обиди се да илустрираш )!
11.За време на престојот в планина, Бојан разговара со Кротка, кучињата,Јурукот...Која човечка
потреба е изразена на овој начин?
12.Бојан се разболел.За што размислува во тие мигови и какви чувства го обземаат?Како ти би му
помогнал да си со него(не заборавај дека ова се случило пред повеќе од шеесет години)
13.Најголема опасност претставувале волците.Кое е најсилното негово оружје.Препиши го монологот
од кој го дознаваме ова!
14.Во делото се споменува и неговата борба со Јурукот, а во вториот дел и искачувањето на Орелска
Чука.Раскажи за овие два настана накратко, а потоа и кажи што мислиш, зошто тоа го правел и што
сакал со тоа да постигне?
15.Бојан е чувствителен лик.Кога покажал:а)задоволство и радост;б)возбуда;в)неизвесност и
страв;г)тага и очај?(наведи некои настани со кои ќе го поткрепиш своето тврдење)!
16.Со доаѓањето на луѓето од градот(д-р Коста, инж.Александар и Денко), набргу доаѓа и Елена.Кој е
овој лик и зошто Бојан е толку вознемирен кога таа ненадејно ќе си замине?
17.Во делото се спомнуваат и две контрасни слики меѓу градот и планината доловени преку
мирисите.Пронајди ги и запиши ги!
18.,,Во душата на момчето никнуваа горчливи фиданки на страв, сомневање, збунетост“Која стилска
фигура ја употребил авторот?
19.Романот изобилува со прекрасни пејзажи од планината.Избери еден што најмногу ти се допадна и
цитирај го!
20.Дали би сакал некои настани поинаку да се одвиваат?Што би сменил, ако имаш можност?
21.Какви се твоите лични впечатоци за делото? Што научи.Спореди ја идејата на авторот со тоа што
го научи?
22.Преку техниката Петоред, претстави го романот!
Наслов ___________ (една именка)
Опис __________ ___________ (две придавки)
Активности __________ __________ ___________(три глагола)
Чувства _________ __________ _________ __________(фраза од четири збора)
Асоцијација ____________(една именка)

проф.Весна Алексова

You might also like