Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 44

УНИВЕРЗИТЕТ “СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ”

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ

Ефикасност и еднаквост во
економијата
Анализа на аргументите и мерките за и против
поголема социјална еднаквост во општеството

АПСТРАКТ
Судирот помеѓу економистите кои се стремат за поголема економска еднаквост, и оние кои
се спротивставуваат на ова барање поради цената која треба да се плати за неа, е горлив
проблем кој во науката трае со децении. Оваа дискусија во последно време стана и доста
популарна кај јавноста, па таа константно е бомбардирана со разни информации од
различни (не)објективни извори.

Токму оттаму се јави потребата за овој труд, кој се стреми да ги изложи фактите во оваа
емоционална дебата. Тој се труди, што е можно пообјективно да ги изложи аргументите на
двете страни, пред се преку анализа на тврдењата на големите економски имиња кои се
вмешуваат во оваа дебата, како Стиглиц, Фридман, Хајек и други. Освен аргументите,
изложени се и најпопуларните мерки со кои секоја страна се надева да ја оствари својата цел.

Трудот исто така содржи и избор на најфрапантните статистички факти од оваа


тематика, како и сублимат на две студии на случај кој го анализираат ефектот од
покачувањето на минималната плата врз вработеноста. Исто така, накратко го
анализира извештајот на УНДП за ХДИ индексот, како и ситуацијата во Република
Македонија. Сосема на крајот авторот го изложува свое лично гледиште за тоа каде денес
се наоѓа дебатата по прашањето за еднаквоста.

ИЗРАБОТИЛ: МЕНТОР:

 Стефан Солев – 59 782  проф. д-р Љубомир Кекеновски

Скопје,
Декември 2019
СОДРЖИНА

ПРВ ДЕЛ: ВОВЕД................................................................................................... 1


РАЗРАБОТКА......................................................................................................... 3
 ВТОР ДЕЛ: ЕКОНОМСКА ЕДНАКВОСТ........................................................................ 3

На кои аргументи се темели ваквото барање? .................................................................2


Краток поглед на статистиката...........................................................................................3
Џозеф Стиглиц ....................................................................................................................5
Томас Пикети ......................................................................................................................7
Ноам Чомски ......................................................................................................................9
Мерки за постигнување поголема економска еднаквост ..............................................10
 ТРЕТ ДЕЛ: ЕКОНОМСКА ЕФИКАСНОСТ .................................................................... 12

Што е економска ефикасност, и како е таа поврзана со нееднаквоста? ........................11


Милтон Фридман .............................................................................................................13
Фридрих Хајек ..................................................................................................................15
 ЧЕТВРТ ДЕЛ: СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ........................................................................... 17

“Минималните плати и вработеноста: студија на случај во индустријата за брза храна


во Њу Џерси и Пенсилванија” ..........................................................................................16
“Зголемувањето на миниманите плати, платите и ниско платената вработеност:
докази од Сиетл” ..............................................................................................................18
Што можеме да заклучиме од овие студии на случај? ...................................................19
Извештајот на UNDP .........................................................................................................20
Ситуацијата во Република Македонија ...........................................................................21
ПЕТТИ ДЕЛ: ЗАКЛУЧОК ...................................................................................... 23
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА .................................................................................. 24

КЛУЧНИ ЗБОРОВИ:

ефикасност минимална
еднаквост Стиглиц Фридман
плата
ПРВ ДЕЛ
ВОВЕД

“Најлошата форма на нееднаквост настанува при обидот да се направат


нееднаквите нешта еднакви”
- Аристотел
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

ЗОШТО НЕЕДНАКВОСТА Е ПРОБЛЕМ?

Нееднаквоста помеѓу луѓето е животен факт. Не постојат две исти личности, секој има
свои таленти, знаења, интереси, искуства. Меѓутоа, додека некои разлики помеѓу луѓето се
продукт на работата и посветеноста на некои, наспроти незаинтересираноста на други луѓе,
многу други разлики, се чини, се резултат на чиста среќа. На случајното раѓање во една
побогата фамилија, наспроти посиромашна, или во побогата држава, наспроти
посиромашна. Речиси непобивливо е дека некои вакви случајности се клучен фактор кој го
одредува целокупниот живот на еден човек.
Економската нееднаквост е веројатно коренот на сите вакви нееднаквости. Таа
веројатно постои уште од првиот ден кога човекот оградил парче земја и го нарекол
сопственост, и се задржала, во оваа или онаа форма, низ сите општествено-економски
системи кои досега ги етаблирало човештвото. Денес, свесни сме за онаа позната парола
дека секој од нас може да успее во животот и да се збогати, без разлика каде е роден, се
додека се труди и работи. Медиумите се полни со чудесни приказни за луѓе кои дошле од
гета во елитни населби, од гаражи до фирми кои вредат милијарди. Велиме дека
создадовме меритократичен систем каде секој човек се вреднува објективно на пазарот.
Но, од друга страна, голем број економисти и философи низ историјата остро се
спротивставувале на ваквото тврдење. Тие истакнувале дека можностите на еден човек да
се збогати во голема мера зависат од неговото раѓање. Да се биде член на една богата
фамилија значи помалку стрес, поголем фокус на личното подобрување, пристап до
најдобрите училишта и професори, пристапно здравство, поголеми врски и познанства,
како и почетен капитал на кои може да се базира идниот успех. Наспроти тоа, сиромашните
деца се принудени да се борат за преживување уште од мали нозе, имаат помалку време
за учење, пристап само до (многу често слабите) јавни училишта, и се наоѓаат сами и без
финансиска потпора при своето впуштање во претприемничките води. Оттаму, успешните
приказни кои ги слушаме по медиумите за нив се само среќни исклучоци кои го
потврдуваат правилото.
Заради ова, се јавиле голем број мислители кои се борат за поголема социјална
еднаквост, кои се движат во различни екстреми, од оние кои се борат за потполно ист
доход за сите луѓе, до оние кои бараат само еднакви шанси за понатамошен напредок на
сите деца. Но од друга страна, голем број економисти се спротивставуваат на овие
гледишта, сметајќи дека еден таков стремеж ќе значи колапс на целокупниот политички и
економски систем, така што она што би се постигнало е само еднаквост на сите во
сиромаштијата, а не во просперитетот. Крахот на комунизмот, за многумина од нив е
непобитен доказ за ова. Во овој труд, ќе бидат изложени аргументите на двете страни, како
и предложените мерки, и очекуваните ефекти од истите. Првенствено, ќе бидат
спротивставени гледиштата на Стиглиц, Чомски и Пикети, наспроти Фридман и Хајек.

1|С тр ана
РАЗРАБОТКА
ВТОР ДЕЛ: ЕКОНОМСКА ЕДНАКВОСТ

“Дисбаланост помеѓу богатите и сиромашните е најстарата и најсмртоносна болест


на сите републики”
- Плутарх
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

Терминот еднаквост припаѓа на доменот на нормативната економија, иако самиот


поим и идеја првенствено доаѓаат од филозофијата и биле присутни уште од антиката, а
особено експонирани со појавата на просветителството и идеите на Француската
Револуција. Се работи за поим кој имплицира вредносен суд за тоа како треба да се движи
распределбата на богатството во економијата. Не постои консензус помеѓу мислителите
кои агитираат за поголема економска еднаквост околу тоа дали се работи за релативна или
апсолутна еднаквост на богатството, или пак дали се работи за еднакви можности за секој
човек да може да си ја гради својата иднина. Сепак, сите се сложни околу едно – модерниот
капиталистички систем мора да стори многу повеќе за да им помогне на понесреќните.

На кои аргументи се темели ваквото барање?

- Морал и емпатија - Пред се, според нив, се работи за интринзично морално чувство на
емпатија, на соочуство кон другите. Тие велат дека секој човек има основно човеково
достоинство, основно право да живее и да напредува. Поради тоа, сите треба да се
третираат како еднакви, со иста загриженост и почит, особено од страна на државниот
апарат. Според нив, наша морална должност како луѓе е да им помагаме на
сиромашните и несреќните, да не дозволиме тие и нивните фамилии да се мачат,
гладуваат или умрат. Така, според Сингер, “сечиј живот е еднакво значаен”.
- Општество и институции - Тие аргументираат дека нееднаквоста, големите социјални
разлики, водат до нестабилност во општеството. Така, според некои мислители,
поголема еднаквост во богатството мора да се постигне, не само за подобар живот на
сиромашните, туку и на богатите, бидејќи доведува до поголема социјална кохезија и
помалку меѓукласни конфликти. Во спротивно, растењето на нееднаквостите би носело
до конфликти во рамките на самата држава (протести, револуции, штрајкови), но и на
глобално ниво (пр. мигрантската криза и сите нејзини последици во форма на голем
раст на бројот на луѓе кои преживуваат на социјална помош во Европа,
меѓуцивилизациски тензии во доселените земји, терористички напади итн.).
- Маргинален аргумент - Овие економисти го потенцираат фактот дека при
редистрибуција на богатството, маргиналната загуба, односно штета, за најбогатиот
слој би била многу помала одошто маргиналната добивка за најсиромашниот слој. Ова
би значело дека апсолутната количина задоволство во општеството би била зголемена.
Овој аргумент е посилен колку се посиромашни и понееднакви општествата, но сепак,
според нив, важи се додека маргиналната загуба за богатите е помала од
маргиналаната добивка за сиромашните.
- Политички аргумент – Огромната концентрација на богатство кај мала елита значи и
огромен степен на контрола или влијание на таа елита врз политичките партии,
нивните кандидати, мерките кои ги носат и законите кои ги предлагаат. Ова се прави

2|С тр ана
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

на различни начини, од сопственост врз медиумите и средствата за масовно


информирање, преку спонзорирања на политички кампањи, вработување на блиските
на највисоките државни позиции, потплаќања, мито итн. Наспроти ова, големото
мнозинство на посиромашни жители на државата, и покрај својот поголем број (и
поголема политичка тежина во гласови), ќе бидат изманипулирани и дискриминирани
од системот и политичарите кои тие ги бираат за да ги претставуваат.
- Економската нееднаквост го забавува економскиот раст – Понизок доход кај многу
семејства значи големи пречки во можностите за нивен развој и напредок. Тоа може
да биде преку неможност да си дозволат детето да им се школува во најдобрите
училишта и да се доразвие себеси, преку недостаток на сопствен капитал за
започнување свој бизнис, преку потешкото одобрување на кредит итн. Сето ова,
кумулирано, го држи назад општеството, вклучително и севкупниот економски раст на
земјата.
- Еколошки аргумент – Намалувањето на бројот на жители кои живеат на маргините со
минимален доход значи истовремено намалување на еколошкото загадување. Зошто?
Бидејќи најсиромашните делови од населението најчесто ги купуваат исклучиво
најефтините производи. А токму таквите производи се произведуваат најчесто од
најголемите компании – загадувачи, кои ја држат цената на своите производи ниска
преку штедење на најновите технологии и еколошки филтри.
- Меритократски аргумент – Ако велиме дека доходот на секој човек треба да потекнува
од бараноста и корисноста на работата која ја врши, тогаш можеме слободно да
заклучиме дека капитализмот не го почитува овој меритократски принцип.
Статистиката покажува дека платите на работниците растат многу побавно од растот на
продуктивноста, и во САД и во земјите од ЕУ, што значи дека голем дел од работниците
се наоѓаат во т.н “low wage trap” (подобри перформанси, иста плата). Во ваквата
ситуација економскиот раст е под неговиот потенцијал, бидејќи потрошувачката (во
голем дел одредена од платите) не расте толку бргу колку производството. Дел од оваа
статистика е изложена во следниот дел од овој труд.

Краток поглед на статистиката

Нееднаквоста е присутна во секоја држава во светот, иако со различна јачина. Така,


земји со најмала нееднаквост, според Џини коефициентот 1, се земјите на Источна и
Северна Европа, првите веројатно како резидуал од социјалистичкиот систем, вторите
благодарение на силниот фокус кон мерки насочени кон намалување на социјалната
нееднаквост. Најлоши пак се земјите на суб-сахарска Африка и Латинска Америка, што се

1
Со овој коефициент се мери нееднаквоста во една земја. Најголема еднаквост имаат државите чиј
коефициент е поблизу до 0, а најмала оние каде тој е што поблизу до 1. Сепак, методологијата според која се
предметува овој коефициент нема да биде опфатена во овој труд.

3|С тр ана
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

должи на нивното изобилие на природни ресурси кое се наоѓа во рацете на општествената


елита.
Во однос на економската нееднаквост може да се наведат низа на различни,
фрапантни податоци:

 Најбогатите 26 луѓе во светот поседуваат исто богатство како најсиромашните 50% од


светското население;
 Богатството на најбогатите 2 200 милијардери се зголемило за 900 милијарди само во
2018 година (раст од 2,5 милијарди на ден);2
 Најбогатиот 1% од американското население поседува 40% од целокупното богатство
во земјата;
 Приходите на истиот тој 1% се дуплирале во овие 25 години;3
 Во 2017та година менаџерите во САД земале 312 пати повисоки плати од нивните
вработени, што е огромен пораст во споредба со 1965та година, кога земале само 20
пати повисоки плати, или дури и 1989та година, кога тој однос бил 58 наспрема 1;4
 Како што веќе спомнавме погоре, платите растат со помала стапка одошто
продуктивноста. Тоа може да се види и на долниот графикон.

Извор: Economic Policy Institute, “The Productivity–Pay Gap”, јули 2019, врз основа на податоци
од Федералната банка Св. Луис, САД

2
Овие два податока се извлечени од извештај на Oxfam, “Public Good or Private Wealth”, објавен 2019г.
3
Овие два податока се од трудот “Household Wealth Trends in the United States, 1962 to 2016: Has Middle
Class Wealth Recovered?” од Edward N. Wolff, објавено во National Bureau of Economic Research, 2017г.
4
“CEO compensation surged in 2017”, извештај на Economic Policy Institute, објавено во 2018г.

4|С тр ана
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

Џозеф Стиглиц

Секоја кауза има свои водачи, секоја војска свои генерали. Слично, и во дебатата за
еднаквост наспроти ефикасност, иако учествуваат стотици економисти и мислители, сепак
најзвучни и централни се само неколку имиња. Бидејќи не е можно во еден труд да се
опфатат сите економисти кои се залагаат за една, наспроти друга страна, добро е да се
видат подетално размислувањата токму на овие големи личности кои се најекспонирани,
цитирани и следени во дебатата.
Од страната на оние кои се залагаат за поголема
економска еднаквост, веројатно најважниот жив економист
е Џозев Стиглиц. Тој е американски економист, професор на
Универзитетот на Колумбија и добитник на Нобеловата
награда за економија во 2001та година за неговите
истражувања од областа на асиметријата на информации.
Неговите мисли за нееднавкоста главно се изложени во
делата “Цената на нееднаквоста”, “Големата поделба” и
“Луѓе, моќ и профит”.
Слика 1: Џозеф Стиглиц
Главниот фокус на Стиглиц, и тематиката поради која и всушност стана толку
популарен и значаен, е неговата критика за неолибералниот капитализам. Како
новокејнзијанец, Стиглиц дал голем придонес во детектирањето на слабостите на пазарот,
зборувајќи за номиналните (поради синдикатите и договорите за работа), како и реалните
ригидности на платите (кои настануваат поради преферирањето на постоечките, искусни
работници (инсајдери) наспроти нови, како и поради т.н ефикасни плати, односно платите
повисоки од рамнотежното ниво кои доаѓаат до таа точка со цел да се стимулираат
работниците). Исто така зборувал и за ригидностите кај цените, како и влијанијата на
економските циклуси и краткорочните кризи врз долгорочната рамнотежа на економијата,
асиметријата на информации, а во последно време често пишува за неуспехот на сегашниот
систем да се справи со социјалната нееднаквост.
Сето ова, за Стиглиц, создава систем каде пазарниот неуспех не е исклучок (како што
тврдеше Семјуелсон), туку е modus vivendi на економијата. Оттаму, тој заклучува дека
државата потенцијално речиси секогаш може да ја подобри ресурсната алокација на
пазарот. Дури отишол дотаму што велел дека една идеална држава може подобро да води
едно јавно претпријатие, отколку било кој приватник доколку тоа се приватизира. Според
Стиглиц, основна карактеристика на капиталистичкото претпријатие е алчноста,
константната потрага за повеќе профит, која преку корупција на политичките елити си ги
отвара портите да ја оствари токму оваа цел. Затоа гледаме дека во изминативе неколку
децении, нивната добивка постојано расте.

5|С тр ана
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

Тоа според него, резултира со еден огромен пазарен неуспех: средната класа
исчезнува, бројот на сиромашни расте, а просечниот реален доход на најбогатите 1%
пораснал 142% од 1980, а онаа на најбогатите 0,1% се зголемила за 236%. Во меѓувреме,
реалните просечни плати пораснале за само 5%, иако продуктивност за истиот период се
зголемила 74,5%. Ова според него е и крунски доказ против т.н “trickle-down economics”,
според која зголемувањето на доходниот удел на најбогатите слоеви на општеството
постепено ќе “протече” надоле кон посиромашните слоеви, и со текот на времето ќе
доведе и до нивно богатење. Оваа теорија, постулирана од Фридман, се докажала како
погрешна не само според Стиглиц, туку и според студии како онаа на ММФ од 2014г.,
според која, растот на уделот на најбогатите 20%, дури влијае негативно на растот на БДП
на среден рок, а обратно, растот на уделот на најсиромашните 20% влијае позитивно.
За Стиглиц, ”Американскиот сон” е мит. Успехот и просперитетот на детето зависат во
голема мера од приходот и образованието на неговите родители. Тој вели дека
занесеноста од изминатите децении по слободниот пазар и неговата моќ на
саморегулација е само заблуда кој многу го чинела американското општество, бидејќи
довела токму до ова таложење на богатство, намаулвањето на еднаквоста на шансите, како
и до појавата и растежот на голем број монополи. Ова за него е фундаменталната грешка
на “реганомијата” и на неолибералниот капитализам на Фридман: нивното инсистирање
на совршен пазар кој во реалноста речиси и да не постои.
Тој ги отфрла старите тврдења дека профитот на најбогатите е награда за нивното
инвестирање во иднината и напорната работа, бидејќи статистиката покажува дека
инвестирањата се големи исклучиво во недвижности (кои не носат профит или економски
раст), а мали во продуктивните дејности, и истовремено, дека најголем број од оние на
врвот на економската скала се таму благодарение на својата монополска фирма, или имаат
наследена, фамилијарна позиција. Но, нееднаквоста за него не е нужен продукт на
капитализмот, туку резултат на политиките кои сме ги превземале во изминатиов период.
Стиглиц се залага за порадикални промени во системот, за градење на прогресивен
капитализам кој ќе работи за обичниот работник, а не за корпораците. Во тој систем,
финансиските компании нема да смеат самите да си ја пишуваат сопствената регулација,
технолошките гиганти нема да смеат толку либерално бесплатно да собираат огромни
количини лични податоци од своите корисници, а монополите ќе бидат разделувани. Во тој
систем, централен ќе биде фокусот кон унапредување на знаењето и технологиите,
владеењето на правото, квалитетните институции на системот и образовни центри кои
според него се столбовите на кои Америка ја изградила својата сила и основата врз која таа
мора да го гради својот напредок, бидејќи тие се всушност вистинските креатори на
богатство и двигатели на економскиот раст.

На аргументот дека на економијата и е нужна нееднаквоста бидејќи само така се


обезбедува постоење на богат слој кој ќе штеди, а оттаму и инвестира, Стиглиц се
спротивставува со тврдењето на Бернанке за постоењето на глобален суфицит од штедење.
6|С тр ана
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

Исто така, тврди дека, иако штедењето е неопходно, тоа не мора да се обезбеди преку
штедењето на богатите, туку може да се добие и преку даноците, со кои државата би
собрала доволно средства за инвестирање.
Друг аргумент на оние кои велат дека економската нееднаквост е неопходна е дека
оние на врвот мора да се богати за да можат да создаваат нови работни места. Стиглиц не
се согласува. За него побарувачката е онаа која отвара работни места, а таа се стимулира со
поголем доход за населението. Истражувања од ОЕЦД и ММФ докажуваат, дека
економската нееднаквост негативно влијае на растот на економијата, и тоа е, според него
не само поради тоа што води до помала побарувачка, туку и поради тоа што го ограничува
потенцијалниот развој на многу млади, како и поради тоа што нееднаквоста води до
помалку јавни инвестиции кои ја зголемуваат продуктивноста на долг рок (како
инфраструктура, образование и технологија).
За подобрување на оваа состојба тој предлага повеќе мерки. Така, на пример, бара
менаџерскиот бонус да биде пресметуван не како процент од апсолутната добивка на
фирмата (која може да зависи од фактори за кои тој воопшто не е одговорен или заслужен),
туку на релативниот перформанс на компанијата, со што такви екстерни фактори би биле
исклучени. Стиглиц смета дека државата треба интензивно да инвестира во образованието,
во намалувањето на невработеноста, инфраструктурата, итн.

Тој бара државата да стори повеќе за најсиромашните, да изгради силна социјална


држава и да обезбеди бесплатно универзално здравство за сите. Тој е пропагатор на голем
број прогресивни мерки како универзален основен доход (UBI), гарантирања за
вработување, поголема државна потрошувачка, особено во инсфраструктурата,
прогресивен даночен систем, интензивни активности против климатските промени итн.
Стиглиц останува еден од најпознатите живи економисти денес, и е многу влијателен,
особено во креирањето на политиките на Демократската Партија во САД, како и
социјалдемократите во Европа.

Томас Пикети

Пикети е француски економист чии трудови се главно


фокусирани на богатството и нееднаквостите во распределбата на
доходот. Тој е професор во “Школата за напредни студии во
општествените науки” во Франција, а стекнал светско признание
во 2013та година со објавувањето на своето дело “Капитал во
дваесет и првиот век”. Централната тема на ова дело е дека кога
стапката на поврат на капитал (r) е поголема од стапката на
економски раст (g), тогаш во општеството настанува концентрација
на богатството, која на долг рок доведува до општествена и
економска нестабилност. Слика 2: Томас Пикети

7|С тр ана
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

Според неговите истражувања, нееднаквоста е инхерентна на капиталистичкиот


систем, а против неа можеме да се бориме само со државен интервенционизам. Токму тоа
веќе и се случило во периодот помеѓу 1930 и 1975 година, кога економијата била
опустошена од двете светски војни и Големата Депресија. Тогаш, под влијание на
политиките на благосостојба, данокот на доход за најбогатите се искачил и до 80%, а сепак,
економијата бележела повисоки стапки на раст отколку денес. Од 1980тите наваму,
благодарение на пресвртот во политиките на развиените држави во времето на Тачер и
Реган, нееднаквоста расте брзо низ целиот свет, особено во Европа и Америка. Со други
зборови, тој ја продолжува Кузњецовата крива, според која кога една земја ќе почне да се
развива, нееднаквоста расте, но потоа се стабилизира и намалува, и вели дека во иднина
следи повторно зголемување на таа нееднаквост, освен ако не превземеме мерки.
Пикети стравува дека капитализмот денес полека се враќа кон ригидните класни
структури кои постоеле во XIX-от век, каде клучот за успехот е наследеното, а не
заслуженото богатство. Тој тврди дека доколку не се превземат мерки против ваквиот
тренд, светот ќе влезе во период на низок економски раст и екстремна нееднаквост, од која
ниту напредокот во технологиите не ќе можат лесно да не извадат. Тој тренд според него,
е видлив дури и во држави кои се познати како настојувачи за поголема социјална
еднаквост, како што е Норвешка, каде нееднаквоста бележи раст од 19% од 1980те до денес.

Слика 3: Дистрибуцијата на богатството помеѓу петте квинтили население во Норвешка,


според Tankesmien Agenda, норвешки тинк тенк

Како решение на овој проблем, тој предлага воведување прогресивен данок на имот,
прогресивен данок на доход со високи стапки за оние во највисоките категории, како и
воведувањето на глобален, светски данок на капиталот, за да избегне префрлањето на
богатствата во т.н даночни раеви. На овој начин би се постигнало и отплаќање на јавниот
долг на државите ширум светот. Овие мерки се можеби екстремни или утопистички, и
можеби не можеме да замислиме дека политичарите и бизнисмените било кога би се
согласиле да ги имплементираат, но Пикерти е убеден дека тоа е единствен начин да се
спасиме од смрт на демократијата и враќање кон кастинско општество.

8|С тр ана
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

Ноам Чомски

Ноам Чомски е американски лингвист, философ и општествен активист, професор на


МИТ Универзитетот во САД. Иако по професија лингвист, тој се ангажирал во многу области
од општеството, кревајќи го својот глас против сервилноста или молкот на интелекталците,
како што тој го гледал. Нарекувајќи се себе си анархо-
синдикалист или либертаријански социјалист, неретко се
впуштал и во критики на постојниот општествено-економски
систем кој денес владее во светот. Денес тој и покрај своите
години, е се уште почитуван професор, еден од најцитираните
живи истражувачи и еден од највокалните критичари на
неолиберлизмот, како и американската, за него,
империјалистичка, надворешна политика. Оваа критика е
изложена низ стотици јавни настапи, како и многу дела, меѓу
кои попозната е неговата книга “Профитот над луѓето”.
Слика 4: Ноам Чомски
Чомски тврди дека САД е де факто еднопартиска држава, бидејќи двете американски
парии, и Републиканската и Демократската, се всушност една партија, Бизнисменската,
бидејќи и двете се контролирани и платени од корпоративни интереси. Заради тоа, тие ја
менуваат државната политика во насоката во која пошла после 1970тите години, со што
нееднаквоста постојано расте, а богатството се концентрира во рацете на малкумина.
Негов најголем проблем со економската нееднаквост е што таа води до концентрација
на политичката моќ, која од своја страна води до нова легислација која оди во прилог на
повторното зголемување на нееднаквоста. Создава магичен круг кое со секое вртење ја
влошува состојбата. Според него, вака се одзема целосната политичка моќ на граѓаните, се
загрозува демократијата и се создава јаз помеѓу волјата на јавноста и јавната политика. Тој
смета дека степенот на демократија и степенот на економска нееднаквост се обратно
пропорционални, и дека едно општество може да избере само едно од двете.
Според Чомски, елитите не сакаат вистинска слободна конкуренција, тие сакаат
државата да ги интервенира за да ги спаси ако нивните компании се соочат со криза, а од
друга страна, да ги остават на мира ако работата им оди добро. Затоа тие се целосно
вложени во одржувањето на моменталниот неолиберален систем преку
индивидуализација на населението, контрола врз медиумите, а оттаму и врз јавната
перцепција, купувањето на политичарите, местењето избори итн.
Решението што го предлага Чомски е, како и самиот тој, радикално. Неговата визија е
анархо-синдикализам, систем каде работниците директно ги контролираат средствата за
производство и владата преку работнички совети кои би работеле заедно во генерални
собранија. Така секој граѓанин директно би учествувал во водењето на државата, би биле
позадоволни од работата, а не би постоеле политички партии. Ова, смета тој, не треба да
се воспостави со револуција, туку со организирана соработка на голем број луѓе.
9|С тр ана
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

Мерки за постигнување поголема економска еднаквост

Економските теоретичари, експертите и креаторите на политиките низ децениите


предлагале, донесувале на сила (или укинувале) голем број различни мерки, проекти и
закони чија цел била намалување на социјал-економската нееднаквост помеѓу граѓаните
на една држава. Всушност сите овие мерки на еден или друг начин се сведуваат на
прераспределба на богатството во една држава преку државна интервенција, со што
огромните разлики во доход и богатство кои беа изложени погоре би можеле да бидат, на
овој или оној начин, намалени. Во продолжение следи листа мерки кои најчесто се
предлагаат за постигнување на оваа цел.

 Воведување на минимална плата, или зголемување на постоечката – со што се


намалуваат профитите на компаниите, а се зголемуваат работничките плати и
нивниот животен стандард;
 Данок на капитална добивка – од каде доаѓа најголем дел од добивката за
најбогатите членови на општеството;
 Социјални мерки: бесплатно образование, здравство, пензиски систем делумно или
целосно базиран на принципите на солидарност и задолжителна партиципација;
 Прогресивен даночен систем – базиран на принципите на хоризонтална и вертикална
еднаквост, односно, граден почитувајќи го правилото дека двајца граѓани кои
примаат ист доход треба да бидат исто оданочувани, а од друга страна дека двајца
кои земаат различен доход, треба различно да бидат оданочувани, за нивната
маргинална загуба да биде иста, а можностите за редистрибуција поголеми;
 Построга контрола врз и супервизија на финансиските пазари;
 Агресивна фискална и монетарна политика во случаи на нецелосна вработеност -
со цел намалување на невработеноста и сиромаштијата во земјата;
 Зголемување на данокот за наследство;
 Државата треба да стане работодавец преку државната администрација – но
само во крајна линија, доколку пазарот оставил огромен број невработени граѓани.

Покрај овие мерки, во последно време често се слушаат и повици за воспоставување


на UBI (universal basic income, универзален основен доход), еден вид минимален доход кој
државата би го плаќала на секој член од општеството, дури и да не е вработен. Ова стана
особено популарно поради стравувањата дека автоматизацијата ќе укине огромен број
работни места. Секако познати се и порадикални гледишта, кои бараат коренито менување
на целиот капиталистички систем. Такво е на пример, она на Чомски кое е презентирано
погоре во овој труд, анархо-социјалимот, но таков е и одамнешниот стремеж на Маркс за
воспоставување социјалистичко општество, како и низа други, повеќе или помалку
финализирани или познати системи како анархизам, дистрибутизам, фашизам итн.

10 | С т р а н а
ТРЕТ ДЕЛ: ЕКОНОМСКА ЕФИКАСНОСТ

“Луѓето се родени со различни капацитети. Ако се слободни, не се еднакви. А ако се


еднакви, тогаш не се слободни”
- Александар Солженицин
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

Добропознат факт е дека сите ресурси на Земјата се ограничени и потрошливи. Токму


затоа ниту еден човек не може да очекува секоја негова потреба да биде задоволувана ad
infinitum. Токму ограниченоста на ресурсите е prima causa за појавата на економијата како
наука, бидејќи таа под дефиниција, како дисциплина, се занимава со најрационалното
распределување на ресурсите. Ова би било потребно и важно само ако истите се
ограничени. Оттаму, би можело да се заклучи дека, на некој начин, стремежот кон
ефикасност е не само причина за етаблирањето на економијата, туку и централен проблем
кој таа треба да го истражува.

Што е економска ефикасност, и како е таа поврзана со нееднаквоста?

Како поим, ефикасноста во економијата може да опфаќа повеќе различни видови,


како алокативна (сите добра се распределени според преференциите на потрошувачите),
производна (максимум аутпут со минимум инпут), динамичка (нови технологии кои ги
намалуваат трошоците за производство), итн. Со еден збор кажано економијата е ефикасна
ако сите добра и фактори на производство се дистрибуирани или алоцирани до точките на
нивна најрационална употреба. Всушност максималната ефикасност е чисто теоретски
поим, бидејќи никогаш не можеме да ја постигнеме, можеме само да се стремиме да се
доближиме.

Често под овој поим се подразбира состојбата на Парето ефикасност, која е состојба
каде добрата во економијата се така распределени помеѓу луѓето, што не може да се
зголеми ничија благосостојба, без притоа да се намали нечија друга. Меѓутоа, тука повеќе
се работи исклучиво за состојба каде сите добра се искористени, при што не следи нужно
дека тие се најрационално распределени, како што би барала состојба на максимална
ефикасност. Затоа, во овој труд, ефикасноста ќе биде разгледувана од својот поширок
аспект, односно како распределба на ресурсите која овозможува најголем економски
аутпут, за најмал инпут, што значи повеќе од аспект на производната ефикасност, односно
кога сите добра се произведени со најниските можни трошоци на производство.
Ефикасноста во економијата одамна е врзана со економската нееднаквост. Според
многу економисти од либерлна провиненција, не може да очекуваме дека системот, и сите
играчи во него, ќе се стремат кон максимална рационалност и ефикасност, ако сите во
системот се еднакво наградени. Овие теоретичари сметаат на homo economicus-от, на
егоистичното и себичното кај секој економски актер, кој се стреми кон поголема добивка
за себе си. Оттаму, тие велат дека нееднаквоста, односно поголемата награда за подобрите
пазарни перформанси, е клучниот мотив и поттик (incentive) кој ја турка секоја единка кон
максимизирање на ефикасноста. Решавањето на прашањето на нееднаквост ќе значи само
елиминирање на таквиот поттик, што ќе резултира со намалена ефикасност на економијата.

11 | С т р а н а
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

Нивниот логички след е прост: повисока плата за повеќе работа поттикнува


вложување поголем труд, што од своја страна, води до раст на продуктивноста и на
националниот аутпут, од што сите би влечеле корист. Освен оваа, тие гледаат и други
причини за поддржување на нееднаквоста. Пред се, тука е барањето за праведност. Според
нив, неправедно би било различни вложувања на труд да бидат наградени со иста плата.
Или пак, неправедно би било работник со вештини кои не му се потребни никому да биде
исто награден како работник чии способности се широко барани од населението. Тоа, за
нив, би било како да наградат човек кој одмарал еден час, исто како оној кој работел за
истото време.
Исто така, тие тврдат дека само нееднаквоста во општеството може да носи
инвестиции, а оттаму и понатамошен раст на економијата. Според нив, можноста за голема,
натпропорционална награда од едно вложување кое има големи шанси да биде
неуспешно, е единствено нешто кое може да ги поттикне богатите да го превземат тој
ризик. Но, нееднаквоста е предуслов, според нив, дури и за прилично сигурно инвестиции,
бидејќи само оние кои собрале големи количини пари може да имаат доволно средства со
кои би можеле да отворат нова компанија или погон.

Тука исто така се јавува и познатиот “trickle down” ефект, кои според овие
теоретичари, значи дека кога некој добива екстра доход, сите добиваат. Познат е нивниот
афоризам дека “надоаѓањето на плимата ги подигнува сите бродови”. Ова според нив се
случува бидејќи побогатите членови на општеството се и всушност моторите на
економијата. Тие отвараат претпријатија, вработуваат нови луѓе, ги подигнуваат платите на
постоечките работници, ги модернизираат методите на производство итн.
За да се разберат нивните аргументи нужно е да се погледне низ нивните очи,
односно потребно е да се сфати нивниот светоглед. Овие теоретичари не сметаат дека
пазарот е совршен или безгрешен механизам, но сметаат дека е многу подобар од оној на
државата. Според нив, пазарот извршил определена распределба на богатството, која иако
не е перфектна, не може да биде подобрена. Секое чепкање на државата би значело
прекршување на два принципи кои тие ги сметаат за “свети”: неотуѓивоста на приватната
сопственост (преку земањето од богатите) и принципот на меритократија (преку давањето
на посиромашните), кои според нив се централни столба на капиталистичкиот систем.
Тие не гледаат издржаност во тврдењата на нивните противници, според кои
меритократијата е во голема мера погазена од денешниот систем благодарение на
наследувањето пари, корупцијата на системот, како и големата предност за економските
актери кои доаѓаат од богати средини. Ниту пак, за нив, има вистина во тврдењето на
залагачите за поголема еднаквост во општеството според кое нееднаквоста води до
социјална и економска нестабилност и стагнирање на растот. Напротив, за либералните
економисти, нееднаквоста е основен поттик за понатамошен напредок кај секоја единка. А
множеството на сите овие единки кои се стремат кон подобро и поефикасно производство,
води и до порационална побрзорастечка економија.
12 | С т р а н а
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

Милтон Фридман

Во економијата веројатно не постојат позначајни и попозати


критичари на државната интервенција во економијата од Милтон
Фридман и Фридрих Хајек. А бидејќи секој обид да се зголеми
еднаквоста во општеството речиси неминовно бара мешање на
државниот апарат во функционирањето на пазарот, овие
економисти биле спротивставени и на стремежот за постигнување
поголема еднаквост. Во продолжение ќе бидат анализирани
нивните аргументи по ова прашање, како знаменосци на групата
економисти кои се борат за поголема пазарна ефикасност, дури и
по цена на големи нееднаквости. Слика 5: Милтон Фридман
Милтон Фридман е Американски економист познат како “апостол” на монетаризмот
и татко на чикашката школа, кои со своите размислувања и трудови остро се спротивставил
на владејачката економска доктрина на кејнзијанизмот, и успеал да го наметне својот став
врз неколку американски претседатели. Со тоа, може да се каже дека тој е предводник на
неолиберализмот кој полека станал доминантен во економската мисла после кризите во
70тите години и стагфлацијата. Тој е влијателна личност, долгогодишен професор на
Универзитетот во Чикаго и добитник на Нобеловата награда за економија од 1976 година.
Фридман често е опишуван како жесток поборник на “пазарниот фундаментализам”
и горчлив противник на социјалната држава и државата на благосостојба. Според него,
улогата на државата мора да биде ограничена само на неколку дејности како
правосудството, одбраната и понудата на пари, бидејќи невидливата рака на пазарот е
секогаш поефикасна од државната интервенција, а приватиот сектор по својата природа е
стабилен. Исто така, за него и монетаристите, предуслов за вистинска политичка слобода е
токму економската слобода.
Неговите гледишта во однос на еднаквоста на резултатите се изложени во делата
“Капитализмот и слободата” и “Слободни да избираат”. Во овие дела тој остро и се
спротивставувил на идејата за поголема економска еднаквост. Тој воопшто не го сметал
прашањето за голем проблем, бидејќи, според него, степенот на економска нееднаквост
не бил толку висок колку што популарно се претставувал. Но имал и свои аргументи против
оние кои инсистираат на решение по ова прашање.
Прво, тој се спротивставил на аргументот дека е неправедно децата на богатите да
имаат многу поголеми шанси да успеат во живтот, особено во економски аспект. Тој велел
дека тоа навистина е неправедно, но дека се во животот е такво, дека така функционира
светот. Како пример тој ги спомнал талентите со кои секој од нас се раѓа. Според него, ако
талентот е праведен, иако му дава некому огромна предност во некоја област, тогаш зошто
да е неправедно раѓањето во богата фамилија, која слично, дава огромна предност во

13 | С т р а н а
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

економскиот живот? Сепак, тој признал дека етичкиот аргумент е слаб, бидејќи во првиот
случај се работи за продукт на природата, а во вториот за продукт на општеството, но
сметал дека во овој сегмент нема простор за етички принципи, и дека оваа нееднаквост
треба да се гледа само како инструмент или како неразделно корелирана со еконмската
слобода.

Потоа, тој велел дека одреден степен на нееднаквост е всушност пожелен во било кој
функционален економски систем. Сметал дека во една пазарна економија, “секој добива
онолку колку што тој и средствата кои тој ги поседува произведуваат”. Со други зборови,
секој е награден сообразно со трудот кој го вложил и средствата кои ги поседува. Ова,
според него е клучниот поттик за секој економски агент да работи повеќе и да се стреми
кон поседување повеќе средства, што би значело дека нееднаквоста е де факто моторот
кој, преку растот на продуктивноста и инвестициите, го придвижува напред економскиот
раст во една земја.
Во однос на државните мерки за борба против нееднаквоста, тој тврдел дека тие или
го уништуваат системот на поттици, или пак не водат до намалување на нееднаквостите,
или пак и двете. Така, во однос на прогресивниот данок, Фридман вели дека тој нема
речиси никаков ефект врз намалување на нееднаквоста. Според него, тој само создава
дисторзии на пазарот, бидејќи оние со најголеми доходи, преку искористувањето на дупки
во законот и оние клаузули кои во одредени случаи даваат намалување на оданочувањето
или пак се ослободени од оданочување, всушност постигнуваат помала ефективна даночна
стапка отколку што би ја плаќале со рамниот данок.
Се спротивставил на воспоставувањето минимална плата, бидејќи така, според него,
фирмите ќе ги покријат зголемените трошоци преку отпуштање на работници. Системот на
социјална помош, според него, е само голема, неефикасна бирократија, која само го
елиминира поттикот кај многу луѓе да најдат работа и да почнат самите да заработуваат.
Преку сето ова, тој се обидувал да докаже дека обидите да се подобри економската
еднаквост резултираат со намалување на ефикасноста на системот, која е највисока кога е
оставена единствено на пазарот. Сепак, сето ова не значи дека Фридман сметал дека на
најсиромашните членови од општеството не треба да им се пружи никаква помош. Според
него, решението лежи во воспоставување на негативен данок на доход за оние семејства
чиј доход е под одредена граница.
Всушност, она што Фридман го барал е еден вид субвенции за најсиромашните
членови на општеството, пресметани како процент од доходите кои тие ги примаат. На тој
начин, поттикот да се зголеми доходот би останал, а на економскиот агент би ја имал
слободата да избира како ќе ја искористи таа помош (дали на здравство, образование,
храна итн.), но државата сепак би помагала. Овој систем исто така не би барал бирократија
и би можел лесно да се имплементира во постоечкиот даночен систем. Сепак, потенцирал
дека ваквата реформа може да биде добра, само ако ги замени постоечките социјални
мерки и програми, не ако само им се надоврзе.
14 | С т р а н а
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

Фридрих Хајек
Хајек е еден од најпознатите економисти на сите времиња. Како професор на
Лондонската и Чикашката Школа и нобеловец, тој е значаен авторитет за неолибералите.
Припаѓа на традицијата на Австриската економска школа, надоградувајќи ги централните
постулати на школата поставени од економисти како Бем –
Баверк, Менгер и Визер. Централно во неговата философија е
учењето за постоењето на два вида општествени системи:
организирани (taxis) и спонтани (cosmos). Пазарот, според него,
спаѓа во вторите, бидејќи е составен од голем број единки, секоја
стремејќи се да ги оствари сопствените цели. Тој е резултат на
дејството на многу луѓе, не на ничија желба. Затоа, централен
предуслов за успешно функционирање на пазарот, но и на
владеењето на слободата и демократијата е конкуренцијата.
Само таа обезбедува најрационално користење на сите
Слика 6: Фридрих Хајек информации, ресурси, технологии итн.
Оттаму потекнува и неговото противење на сите обиди за поеднаква редистрибуција
на доходот или дури и во обезбедувањето еднакви шанси за сите. Мешањето на државата
во една ваква проблематика може само да го наруши ефикасноста на пазарот. Според него,
ако зборуваме за општествена праведност, треба да зборуваме за воспоставување правила
за однесување на економските агенти, а не за еднаквост на крајните резултати од
распределбата. Тој вели дека “шансите за сите ќе се зголемат најмногу ако се однесуваме
според принципи кои ќе овозможат раст на генералното ниво на доходи, без притоа да
обрнуваме внимание на промените на положбата на било која индивидуа или група”.
За нееднаквоста, Хајек, зборувал често, меѓу другото и во предавањето “Еднаквост,
вредност и заслужност”. Според него, таа не само што е неминовна, туку е и потребна.
Преку неа, општеството може да тестира нови идеи и бизниси, чии први купувачи ќе бидат
токму оние од најбогатиот слој. Посиромашните, гледајќи ги, не само што почнуваат да ги
посакуваат новите производи, туку се обидуваат да најдат начини и самите да се збогатат
за и тие да можат да ги поседуваат иновациите, или, како што вели тој “амбициите на
мнозинството секогаш се определени од она што сега им е достапно само на малкумина”.
Ова, според него, важи и за поединците, но и за државите.
Сепак, тој не ја отфрлал целосно социјалната помош. Тој вели: “сиромаштијата е
релативна, но тоа не ја прави помалку горчлива”. За него, не постои причина едно богато
општество да не гарантира некој минимум на храна, живеалиште и облека, доволни да се
зачуваат здравјето и работоспособноста на индивидуата. Според некои теоретичари, тој
поддржувал и здравствено осигурување, кое не би било организирано од државата, но би
било законска обврска за работодавците. За Хајек, ова би било прифатливо, бидејќи,
според него, никој нема желба да се разболи, така што помошта на државата не би го
одземала поттикот на единката да остане здрава.

15 | С т р а н а
ЧЕТВРТ ДЕЛ: СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ

“Сите луѓе се создадени еднакви и дарувани од нивниот Создавач со силна желба да


престанат да бидат такви”

- Еван Есар
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

ЕФЕКТОТ НА МИНИНАЛНАТА ПЛАТА ВРЗ ВРАБОТЕНОСТА ВО СЛУЧАЈОТ НА


САД

Еден од централните аргументи на противниците на движењето за поголема


економско – социјална праведност е дека секој обид на државата да ја намали
нееднаквоста ќе има последици врз севкупната ефикасност и економска благосостојба.
Самиот Фридман, како што беше погоре изложено, остро се спротивставувал на некои
мерки како прогресивниот данок или покачувањето на минималната плата токму поради
овие причини. Затоа, во овој труд ќе бидат разгледани две студии кои истражуваат дали и
каков ефект имало покачувањето на минималната плата врз ниско платената вработеност
на два различни случаи во САД, изложени преку своите соодветни истражувања.

“Минималните плати и вработеноста: студија на случај во индустријата за брза


храна во Њу Џерси и Пенсилванија”

Во октомври 1993та година, Давид Кард и Алан Кругер преку Националното Биро за
Економски Истражувања на САД ја објавуваат една од најцитираните студии од оваа
проблематика. Во студијата се опфатени 410 ресторани за брза храна во Њу Џерси и
Пенсилванија. Овие две сојузни држави не се одбрани случајно. Имено, на почетокот на таа
година, минималната плата во Њу Џерси била зголемена од 4.25$ на час на 5.05$, додека
во Пенсилванија, минималната плата се задржала на претходното ниво на Њу Џерси. Токму
затоа, споредувањето на вработувањата во двете држави претставувале одлична и
едноставна можност да се испита ефектот на минималната плата врз вработеноста.
Дополнителни причини зошто оваа студија е интересна е што, прво, платата е
покачена за време на рецесија во САД, а второ, поради тоа што Њу Џерси е мала држава
чија економија е тесно поврзана со онаа во соседните држави. Студијата детално ги
следела речиси 100% од сите ресторани во индустријата од моментот на качување на
минималната плата и ги поседува сите податоци за отварања и затварања на продавници
и движењето на вработеноста.
Авторите свесно ја избрале и индустријата за брза храна поради тоа што таа е
главниот работодавец на ниско платени работници, а новиот закон би ги опфатил речиси
сите вработени во индустријата. Дополнително, производите на различните ресторани во
оваа гранка се релативно хомогени, што овозможува лесна и релевантна споредба.
Студијата почнала еден месец пред зголемувањето на минималната плата, во фебруари
1992г, преку телефонска анкета на различни ресторани за брза храна како Бургер Кинг,
КФЦ, Вендис и Рој Роџерс. Во анкетата, работодавците биле прашувани за бројот на

16 | С т р а н а
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

вработени, нововработени, висината на платите, цените и др, а на неа одговориле 410


бизниси.
Анкетата била повторена во ноември 1992, околу 8 месеци по зголемувањето на
минималната плата. Од 410те бизниси кои одговорија на првата анкета, 371 одговориле и
на втората. Загрижени дека ова значи дека останатите 39 ресторани во меѓувреме
затвориле, авторите ги провериле лично и се осигурале дека само 6 од нив биле затворени,
и на лице место ги анкетирале останатите, со што опфатиле 99.8% од сите ресторани кои
одговориле на првата анкета.
Студијата покажала дека сите вработени кои добивале плата под 5.05$, сега ја
добивале оваа нова минимална сума на час, но тоа зголемување немало речиси никаков
“spillover” ефект врз оние со повисока плата (нивните плати останале непроменети).
Интересно е што, од аспект на вработеноста, оваа студија го покажало спротивното од
очекуваното, односно, бројот на вработени не само што не се намалил, туку дури и се
зголемил, додека вработеноста опаднала во Пенсилванија, каде немало зголемување на
минималецот. Исто така, во Њу Џерси бил покачен и процентот на трајно вработени
наспроти привремени. Од друга страна пак, качувањето на минималната плата значело и
зголемување на цените на оброците.
Бидејќи во истиот период вработеноста во рестораните во Пенсилванија е намалена,
а во Њу Џерси е зголемена, вкупниот раст на вработеноста во Џу Џерси е 13% во споредба
со Пенсилванија. За истиот период, промената на вработеноста кај високо платените
работници е речиси иста помеѓу двете држави, што укажува дека зголемувањето на ниско
платените вработени е резултат на зголемената плата.
Другите параметри, како бројот на часови кога рестораните се отворени, бројот на
активни каси во 11 часот, вкупниот број каси, бенефициите за вработените (бесплатни или
оброци по намалени цени) не бележат никаква статистички значајна промена. Бројот на
новоотворени ресторани на МекДоналдс исто така не покажува статистички значајна
разлика помеѓу двете држави. Сепак, просечната цена на продажба за истиот период се
покачила за 4% во однос на Пенсилванија.
Оваа студија покажува спротивни резултати од очекуваните: имено, бројот на ниско
платени невработени се зголемил со зголемувањето на минималната плата. Ваквите
резултати, кои стојат наспроти неолибералните очекувања и тези, се поткрепени и со
претходни слични студии изведени низ САД и Велика Британија, а кои се набројани како
основа на оваа студија на Кард и Кругер. Делумно, но не целосно, ваквите резултати можат
да се објаснат со претходно споменатото зголемување на цените на производите. Сепак,
постојат и студии кои го тврдат спротивното од овие, односно одат во линија со
Фридмановите идеи. Таква е онаа која ќе биде обработена во продолжението на овој труд.

17 | С т р а н а
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

“Зголемувањето на миниманите плати, платите и ниско платената вработеност:


докази од Сиетл”

Се работи за поскорешна студија, датирана од јуни 2017 година, напишана од група


автори од Универзитетот во Вашингтон: Екатерина Јардим, Марк Лонг, Роберт Плотник, Ема
ван Инвеген, Јакоб Вигдор и Хилари Витинг. Студијата го анализира ефектот од
зголемувањето на минималната плата во градот Сиетл од 9.47$ на 11$ на час во 2015, и на
13$ во 2016 година (вкупно зголемување од 37.3%), донесена како резултат на т.н движење
“Борба за 15$”.
Авторите се спротивставуваат на претходните студии како онаа на Кард и Кругер,
бидејќи тие анализирале само една гранка од вкупното стопанство. Оваа студија го
анализира ефектот на минималната плата врз вработеноста во сите индустрии,
анализирајќи како се движел и бројот на вработени, и бројот на часови работа. Ова е
сторено преку користење на податоците на Департманот за Осигурување на Вработеноста
во Вашингтон.
Сепак, авторите напоменуваат дека резултатите не покажуваат ништо дефинитивно,
бидејќи Сиетл бил град кој веќе имал највисока минимална плата во САД, а сега повторно
ја зголемил истата. Тие сметаат дека сосема е возможно резултатите од ваквото
зголемување да имаат пониски или никакви ефекти врз вработеноста ако минималната
плата претходно не била на толку високо ниво. Исто така, признаваат дека е можно
работодавците само да ги имаат пренесено работните места од Сиетл, во неговата
непосредна околина, со што би избегнале да плаќаат повисока плата, што би покажало
намалена вработеност во рамките на самиот град.
Зголемувањето на минималната плата дошло истовремено со економски бум на
локално ниво, поради што студијата се стреми да го елиминира трендот од ефектот на
самото зголемување на минималецот. Податоците од Вашингтонскиот департман се
идеални за оваа студија бидејќи работодавците се законски обврзани да го известуваат ова
државно тело за вкупниот број работни часа на секој работник и платата која ја добил
истиот.
Студијата истражува дали постојат разлики во вработеноста пред и после двете
соодветни зголемувања на минималецот, но и ги споредува бројките во Сиетл со соседната
област Кинг, како и со блиските области Снохомињ, Китсап и Пиерс кои не делат граница со
Сиетл. Без да се навлегува во исклучително комплексната методологија која ја користеле
авторите, може да се каже дека бројките покажуваат доста интересни резултати. Прво,
резултатите ја потврдуваат студијата на Кард и Кругер, односно уште еднаш потврдуваат
дека минималната плата немала ефект врз вработеноста во секторот на ресторани.
Но, оваа студија покажува дека покачувањето на минималецот имало ефект врз ниско
платените вработени во другите сектори. Таму, бројот на вкупни работни часа од сите

18 | С т р а н а
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

вработени опаднал за 6.9%, што значи дека биле загубени 5 000 работни места. Оттаму,
бидејќи платите пораснале за 3.2%, а бројот на часови се намалил за 6.9%, следи дека
побарувачката на ниско платен труд има еластичност од околу -2.6, што значи дека ниско
платените работници се лесно заменлив фактор на производството (најчесто од
поспособни, подобро платени работници, или автоматизација на работните места).

Што можеме да заклучиме од овие студии на случај?

Зошто резултатите на втората студија се косат со оние не само на првата, туку и на


повеќето студии правени на оваа тематика? Авторите на втората студија наведуваат повеќе
причини. Прво, гореспоменатиот факт дека тие го истражуваат целото стопанство, наместо
конкретни гранки, како претходните студии. Второ, тука е и фактот што немаат начин да
дознаат дали вработеноста можеби се преселила во предградијата и блиските места до
Сиетл кога во градот се покачил минималецот. Потоа, тие ги анализираат ефектите од закон
со кој минималецот се качил на доста повисоко ниво одошто она што било истражувано во
останатите студии. Исто така, новина во нивната студија е што се анализира еластичноста
на побарувачката на трудот на еден град, која би требало де факто да биде повисока
одошто онаа на ниво на цела сојузна држава.
Сепак, пред се, ниту едната ниту другата студија тврдат дека нивните наоѓања се
дефинитивни, ниту пак дека тие можат да се генерализираат на сите нивоа на власта
(локално, сојузно, федерално), или пак дека важат за сите држави. Ова се должи на тоа што
секој пазар на труд си има свои специфики по кои се разликува (индустриската структура,
квалитетот на работната сила, географијата, бројот на работници, итн.) и кои можат да
предизвикаат различни резултати при зголемувањето на минималецот. Дополнително, и
самиот начин на зголемување на платата (дали и колку е најавен однапред, дали е
субвенциониран, колку е голем, дали постојат олеснувања, итн.) може драстично да ги
измени резултатите.
Оттука, единственото кое навистина го потврдуваат овие студии е дека навистина
аргументите на двете страни се логички, издржани и наоѓаат своја поткрепа од практиката
и реалноста. Токму затоа е круцијално да се продолжи со детални, објективни истражувања
на оваа тематика, со што би се добиле резултати кои ниту едната од страните не би можела
да ги отфрли. Сепак, мене ми изгледа дека во случајов, разликата помеѓу резултатите од
овие две студии се должи примарно на висината на покачувањето на минималецот, која е
доста поголема во втората студија. Според мене, ова упатува кон заклучок, или барем
основано сомнение, дека минималната плата не може да расте бесконечно, без со себе да
повлече негативни ефекти. Таа, за одредена економија во определено време, има свое
оптимално ниво, кое доколку се надмине носи поголеми штети одошто користи за сите,
вклучително и за ниско платените работници.

19 | С т р а н а
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

Извештајот на UNDP

Ако овие студии се неодлучни, истражувањата на UNDP не се. Во овогодинешниот


извештај за човеков развој 5, тие ги анализираат податоците за доходовната нееднаквост во
Европа и Северна Америка од 1980 до 2017 година. Споредбата е интересна поради тоа што
во 1980 година, најсиромашните 40% од населението на Европа и САД поседувале
отприлика ист процент од националниот доход (околу 13%). Сепак, оттогаш, Европа води
изразито посилна социјална и редистрибутивна политика одошто САД. Значи, прашањето
е, дали мерките на Европа вдале резултат, односно, дали мерките на економистите кои се
борат за поголема еднаквост се ефективни во реалноста?
Според резултатите на извештајот – одговорот е да. Имено, резултатите од
истражувањето велат дека социјалните мерки превземени во Европа влијаеле кон
намалување на растот на нееднаквоста, која во Америка продолжила по својот тек, без
одговор од владата. Така, ако во 1980 година, најбогатите 10% од населението и во САД и
во Европа поседувале 10 пати поголем доход од најсиромашните 40%, во 2017, во САД, тој
сооднос се зголемил на 26:1, додека во Европа, тој пораснал доста помалку, односно на
12:1. Пост-даночниот сооднос на нееднаквост помеѓу овие две групи население за истиот
период пораснал од 7 на 14 во САД, а во Европа, од 8 до 9.
Сето ова значи дека Европа, за разлика од САД, и покрај одредени намалувања на
социјалните трансфери, како и намалувања на даночните стапки со кои се соочи во
последниот период, сепак успеала да го заузда растот на нееднаквоста во овој период.
Истото е одлично илустрирано на долниот график:

Извор: Бланшет, Чанцел и Гетин (2019), податоци од Светската Датабаза на Нееднаквост

5
“Human Development Report 2019” од UNDP, достапен на: http://hdr.undp.org/sites/default/files/hdr2019.pdf

20 | С т р а н а
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

Ситуацијата во Република Македонија

Во изминатите две години, во Република Македонија беа донесени одредени мерки


кои се релевантни за овој труд, па затоа накратко вреди да се спомене како стои земјава по
ова прашање. Така, одново беше воспоставен прогресивен данок, според кој оние со
месечни примања над 90 000 денари требаше да плаќаат 18% персонален данок на доход,
напроти 10% за останатите граѓани. Исто така, минималната плата беше покачена два пати
во рок од околу две години, со што од околу 10 000 денари во 2016 година, таа дојде до 14
500 денари на крајот на 2019 година. За истиот период и социјалната помош се зголеми
тројно.
Сепак, успешноста на овие мерки е дискутабилна. Прогресивниот данок беше запрен
откако беше на сила нецела година, а домашните и странски експерти постојано
алармираат дека социјалната помош е преблиску до минималната плата, а пак дека самиот
минималец е превисок за моменталната ситуација во економијата. Случаите на даночни
евазии и враќањето на пари во плико, несомнено пораснаа, но сепак, се уште е рано за да
може да се оцени вистинкиот ефект од овие мерки врз економската благосостојба на
населението, како и врз растот на економијата, поради тоа што мерките се многу скоро
донесени.

Бидејќи генерално оценката на овие мерки, барем засега, влегува во полето на


нормативизмот, овој труд накратко ќе се задржи само на досега достапната објективна
фактографија околу прашањето за нееднаквоста во Македонија. Така, може да се спомене
Џини коефициентот, каде пониската вредност значи поголема еднаквост, и според кој,
Македонија стои подобро од центрите на неолиберализмот како Велика Британија и САД,
но полошо од континенталните европски економии, отприлика како и соседните земји.

Држава Година Џини индекс


САД 2016 41,5
Велика Британија 2015 33,2
Франција 2015 32,7
Шведска 2015 29,2
Словенија 2015 25,4
Хрватска 2015 31,1
Босна и Херцеговина 2011 33
Србија 2015 39,6
Бугарија 2014 37,4
Грција 2015 36
Албанија 2012 29
Косово 2017 29
Македонија 2015 35,6
Извор: “GINI index”, објавено од Светска Банка, на: https://data.worldbank.org/indicator/SI.POV.GINI

21 | С т р а н а
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

Според податоците на нашиот Државен Завод за Статистика 6, пак, ситуацијата во


Македонија се подобрува, и, според последното соопштение, Џини индексот изнесувал
31,9. Последните податоци од Министерството за Финансии околу нееднаквоста, пак,
покажуваат поцрна слика. Министерството во 2016 година излегло со кратка презентација
околу доходовната нееднаквост во државата 7, и го открила следното:

 50% од граѓаните имале личен доход под 212€, 70% имале доход под 297€, а дури 90%
имале доход под 495€;
 Старата минимална плата од 12 000 денари ја земале над 100 000 работници;
 Доходот на најбогатиот 1% од населението расте побрзо од оној на останатите
– односно, тој пораснал за 392€ помеѓу 2014 и 2016 година, додека доходот на
останатите 99% од населението пораснал за само 18€;
 Најбогатите 775 луѓе во земјава примаат исто месечен личен доход како и
најсиромашните 210 000;
 Просечниот доход на најбогатите 1% е 14 пати поголем од просечниот доход во
државата – односно, ако просечниот личен доход во државата бил 302€, за
најбогатите 1%, просечниот доход бил 4 180€. Со ова, Македонија има највисока
нееднаквост во Европа:

Извор: “Распределба на доход”, Министерство за Финансии на РМ

6
“Лаекенски индикатори за сиромаштијата во 2018 година - дефинитивни податоци”, Државен Завод за
Статистика, 23.12.2019 година, достапно на: http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=115
7
“Распределба на доход”, Министерство за Финансии на РМ, достапно на:
https://finance.gov.mk/mk/neednakvost

22 | С т р а н а
ПЕТТИ ДЕЛ
ЗАКЛУЧОК

“Еднаквост на можностите е слобода, но еднаквост на исходите е репресија”


- Дик Фиглер
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

ИМА ЛИ ПРОСТОР ЗА КОМПРОМИС?

Од сето ова изложено погоре, очигледно е дека дебатата околу социјалната еднаквост
е сензитивно, живо и важно прашање, не само во економијата, туку и во филозофијата и
социологијата. Меѓутоа, ограничувајќи се овде исклучиво на економскиот аспект, би се
осмелил да забележам дека, за мене, во една ваква научна дебата, се чини дека се внесени
премногу вредносни судови, каде едната страна повикува на емпатија, а другата на правда.
Ако сакаме да постигнеме објективно најдобро решение за оваа дилема, јас би рекол дека
ваквите, емотивни прокламации треба да се апстрахираат од нашата дебата, онолку колку
што е возможно.
Веројатно секој кој се запознал подлабоко со оваа дискусија, бргу сфатил дека
всушност излагањата на двете страни имаат своја интерна конзистентност и економска
логика. И покрај дијаметрално спротивните гледишта, не можеме да најдеме некоја
поголема логичка неконзистентност во нивните светогледи преку која би можеле да
пресудиме која е точна, а која погрешна. Коренот на дебата изгледа всушност лежи во
голема мера во дискусијата дали пазарот или државата се поспособни правилно да го
распределат доходот. Токму затоа, треба да се свртиме кон фактите и квантитативните
истражувања. Големите напредоци во математиката, електрониката, статистичките методи
и економетријата се оние кои и овозможија на економијата да се издигне на едно повисоко
ниво на истражување и објективност во заклучоците. Само преку многубројни, детални и
стручни анализи на светските експерти можеме да најдеме што точно кажуваат фактите и
искуствата низ светот и историјата околу оваа проблематика.
Лично јас гледам простор за компромис помеѓу двете страни. За мене се чини
најразумна позицијата на оние кои бараат еднаквост на можностите за сите, што значи
бесплатно образование и здравство, достапно подеднакво за сите, како и интензивна
работа во искоренувањето на врските и корупцијата. Не сметам дека таков систем би го
намалил поттикот кај населението да работи и да напредува, туку напротив, би овозможил
отклучување на потенцијалот на секој член на општеството. Ниту пак сметам дека повисоки
даноци за сопствениците би биле некој тежок импакт врз нивното богатство, ако
погледнеме со колкави суми располагаат, а особено, како ги користат.
Но, иако не можам да се согласам дека постои човек кој “заслужил” богатство колку
што заслужиле неколку милиони луѓе заедно, сепак можам да видам и одредена мудрост
кај забелешките на неолибералите околу начинот на кој социјалните мерки пропаѓаат и
замените кои ги нудат наместо нив. Затоа, мислам дека дебатата треба повеќе да се насочи
на тоа КАКО општеството да изгради компетентен систем на социјална правда, кои ќе ја
постигне целта на првите, без да ги активира алармите кај вторите. Тоа треба да е стремеж
на целото човештво, и треба да се бараат начини како тој да се воспостави глобално, дури
и да бара радикални, коренити промени во сегашниот капиталистички систем. Затоа што
сите тие би вределе, ако купат подобар живот за сите.

23 | С т р а н а
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

 “Економија на јавниот сектор: теоретски и практичен пристап” од проф. д-р. Љубомир


Кекеновски;
 “Развој на економската мисла” од проф. д-р Методија Стојков;
 “The 4 biggest reasons why inequality is bad for society” – TED Talks: https://ideas.ted.com/the-
4-biggest-reasons-why-inequality-is-bad-for-society/;
 “The increasing gap between wages and productivity: it’s time to act!” – Medium:
https://medium.com/@ETUI_org/the-increasing-gap-between-wages-and-productivity-its-
time-to-act-a74ddb99e961;
 “World's 26 richest people own as much as poorest 50%, says Oxfam” – Guardian:
https://www.theguardian.com/business/2019/jan/21/world-26-richest-people-own-as-much-
as-poorest-50-per-cent-oxfam-report;
 “US bosses now earn 312 times the average worker's wage, figures show” – Guardian:
https://www.theguardian.com/business/2018/aug/16/ceo-versus-worker-wage-american-
companies-pay-gap-study-2018;
 “Arguments for and against income inequality” – Inflate Your Mind:
https://inflateyourmind.com/microeconomics/unit-9-microeconomics/section-2-arguments-
for-and-against-income-inequality/;
 “5 reasons why we need to reduce global inequality” – World Economic Forum:
https://www.weforum.org/agenda/2015/09/5-reasons-why-we-need-to-reduce-global-
inequality/;
 “Noam Chomsky’s amazing article on inequality” од Noam Chomsky – Closing the Gap:
http://www.closingthegap.org.nz/noam-chomsky-and-amazing-article-on-inequality/;
 “The Common Good”, Noam Chomsky – The Common Good: http://www.cooperative-
individualism.org/chomsky-noam_common-good-1997.htm;
 “Chomsky: Language, Mind and Politics” од James McGilvray – Google Books:
https://books.google.mk/books?id=wD2TuwYA8-
kC&printsec=frontcover&dq=isbn:9780745649894&hl=en&sa=X&ved=0ahUKEwib1pCnr5TlAhU
H06YKHR8wAvgQ6AEIKDAA#v=onepage&q&f=false;
 “The economist Joseph Stiglitz explains why he thinks the late Milton Friedman's ideas have
contributed to rising inequality in the US” – Business Insider:
https://www.businessinsider.com/joseph-stiglitz-milton-friedman-capitalism-theories-2018-3;
 “How does equality affect efficiency” – World Economic Forum:
https://www.weforum.org/agenda/2014/12/how-does-equality-affect-efficiency/;

24 | С т р а н а
ЕФИКАСНОСТ НАСПРОТИ ЕДНАКВОСТ ВО ЕКОНОМИЈАТА

 “Inequality and economic growth” од Joseph Stiglitz:


https://www8.gsb.columbia.edu/faculty/jstiglitz/sites/jstiglitz/files/Inequality%20and%20Econ
omic%20Growth.pdf
 “Thomas Piketty: Extreme inequality is useless for growth” – Economic Policy Institute:
https://www.epi.org/multimedia/thomas-piketty-extreme-inequality-useless/;
 “Thomas Piketty calls for policies and collaborations to reduce income inequality” – MIT News:
http://news.mit.edu/2018/mit-thomas-piketty-calls-for-reduced-income-inequality-world-
economic-history-congress-0809;
 “Six policies to reduce economic inequality” – Haas Institute, Berkley:
https://haasinstitute.berkeley.edu/six-policies-reduce-economic-inequality;
 “10 Solutions to Fight Economic Inequality” – Talk Poverty:
https://talkpoverty.org/2015/06/10/solutions-economic-inequality/;
 “Pros and Cons of Inequality” – Economics Help:
https://www.economicshelp.org/blog/3586/economics/pros-and-cons-of-inequality/;
 “Milton Friedman on Income Inequality” од Julio H. Cole:
https://eportfolios.macaulay.cuny.edu/thorne15/files/2015/03/Cole-Milton-Friedman-on-
Income-Inequaity.pdf;
 “Inequality in and beyond Friedman” од Jimmy Rising, MIT:
http://www.mit.edu/~jrising/webres/justice2.1.pdf;
 “The Distribution of Income and the Welfare Activities of Government” од Milton Friedman:
https://miltonfriedman.hoover.org/friedman_images/Collections/2016c21/MFlecture_06_1956
_5.pdf;
 “Impoverished Pontifications, Part II” од Dylan Pahman – Law and Liberty:
https://www.lawliberty.org/2014/08/08/impoverished-pontifications-part-ii/;
 “The True Meaning of ‘Social Justice’: A Catholic View of Hayek” од Martin Rhonheimer –
Austrian Institute: http://austrian-institute.org/en/the-true-meaning-of-social-justice/;
 “Hayek’s The Constitution of Liberty” од Еugene F. Miller:
https://iea.org.uk/sites/default/files/publications/files/Hayek%27s%20Constitution%20of%20Li
berty.pdf;
 “Equality, Value, and Merit” од Friedrich A. Hayek:
http://www.woldww.net/classes/General_Philosophy/Hayek-equality.htm;
 “Minimum Wages and Employment: A Case Study of the Fast Food Industry in New Jersey and
Pennsylvania” од David Card, Alan B. Krueger: https://www.nber.org/papers/w4509
 “Minimum Wage Increases, Wages, and Low-Wage Employment: Evidence from Seattle” од
Ekaterina Jardim, Mark C. Long, Robert Plotnick, Emma van Inwegen, Jacob Vigdor, Hilary
Wething: https://www.nber.org/papers/w23532

25 | С т р а н а

You might also like