Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 1

Пребарајте по Википедија Направи сметка Најава

[тргни]
Следете ја Википедија на македонски јазик на Facebook!

Се известуваат сите заинтересирани уредници на Википедија на македонски јазик дека во периодот 4-5 март 2023 година ќе се одржи уредувачки викенд на тема
„Старогрчка митологија“.

Се известуваат сите заинтересирани уредници на Википедија на македонски јазик дека во периодот од 10 февруари до 9 март 2023 година ќе се одржи уредувачки
натпревар на тема „Хемиски соединенија“.

Меѓународно фонетско здружение 31 јазик

Содржина [сĸриј] Страница Разговор Читај Уреди Уреди извор Историја

Од Википедија — слободната енциклопедија


Почеток
(Пренасочено од Меѓународна фонетска асоцијација)
Историја
Развој на азбуката Меѓународната фонетска асоцијација или МФА (англ. International Phonetic Association, IPA) е организација која се занимава со научно
проучување на фонетиката и разните практични примена на таа наука. Најголемиот придонес на оваа организација кон фонетиката е
Испити
создавањето на меѓународната фонетска азбука—стандард на нотација (бележење) за фонетски приказ на сите јазици во светот. Акронимот
Поврзано МФА (IPA) се употребува како за оваа асоцијација, така и нејзината азбука.
Надворешни врски
Асоцијацијата издава и свое списание, со наслов „Journal of the International Phonetic Association“.
Библиографија
Историја [ уреди | уреди извор ]

Во 1886 г. во Париз, мала група на предавачи на јазик формирале асоцијација со цел на промовирање на употребата на фонетска нотација за
странските јазици во училиштата, со цел да се помогне на учениците точно и правилно да ги усвојуваат изговорите на тие јазици, како и да се
помогне со читањето при описменувањето на малите деца. Оваа група, предводена од Пол Паси, првично се нарекувала Dhi Fonètik Tîtcerz'
Asóciécon (FTA). Во јануари 1889, асоцијацијата била преименувана во L'Association Phonétique des Professeurs de Langues Vivantes (AP), додека
во 1897, името било повторно променето на L'Association Phonétique Internationale (API)—што на македонски значи „Меѓународна фонетска
асоцијација“ или „МФА“.

Во 1917, асоцијацијата го доживува својот врв во бројноста на членството, како и во нејзиното влијание врз образованието, кога таа броела
1751 члена во вкупно 40 земји. Првата светска војна и нејзините последици предизвикале големи пореметувања во нејзиното работење, а
нивното списание престанало да се печати сѐ до 1922 г.

Развој на азбуката [ уреди | уреди извор ]

Првичната цел на ова група била создавање на низа симболи за кои ќе можат да важат различни изговори, така што секој јазик би имал своја
посебна азбука особено прилагодена за претставување на звуците во тој јазик. Подоцна било решено дека всушност идеалното решение е да
постои една и единствена универзална азбука, каде еден симбол би се користел за еден глас кој може да се јави во разни јазици, па така
започнал развојот на меѓународната фонетска азбука и доживеал забрзан развој кон почетокот на XX век. Оттогаш, направени се разни
промени во азбуката на неколку наврати, со некои додавања и одземања на симболи, во согласност со прогресот во полето на фонетиката.

Испити [ уреди | уреди извор ]

Започнувајќи од 1908 г., Меѓународната фонетска асоцијација одржува испити по фонетика, за чие успешно положување се доделуваат
дипломи за владеење на фонетиката на англискиот, францускиот или германскиот јазик.

Поврзано [ уреди | уреди извор ]

Меѓународна фонетска азбука


Список на фонетски теми

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]

Службена страница на Меѓународната фонетска асоцијација Архивирано на 2 јуни 2004 г. (англиски)

Библиографија [ уреди | уреди извор ]

International Phonetic Association. (1999). Handbook of the International Phonetic Association: A guide to the use of the International Phonetic
Alphabet. Cambridge: Cambridge University Press.

Категории: МФА Научни друштва

Последната промена на страницава е извршена на 13 август 2021 г. во 19:12 ч.

Текстот е достапен под условите на лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Сподели под исти услови. Може да важат и дополнителни услови. За повеќе информации, погледајте ги Условите на употреба.

Заштита на личните податоци За Википедија Одрекување од одговорност Мобилен изглед Програмери Статистика Согласност за колачиња

Преф

You might also like