Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 1

Пребарајте по Википедија Направи сметка Најава

[тргни]
Следете ја Википедија на македонски јазик на Facebook!

Се известуваат сите заинтересирани уредници на Википедија на македонски јазик дека во периодот 4-5 март 2023 година ќе се одржи уредувачки викенд на тема
„Старогрчка митологија“.

Се известуваат сите заинтересирани уредници на Википедија на македонски јазик дека во периодот од 10 февруари до 9 март 2023 година ќе се одржи уредувачки
натпревар на тема „Хемиски соединенија“.

Транскрипција (лингвистика) 52 јазици

Содржина [сĸриј] Страница Разговор Читај Уреди Уреди извор Историја

Од Википедија — слободната енциклопедија


Почеток

Поврзано Оваа статија се однесува на лингвистичка транскрипција. За други значења, погл. Транскрипција (појаснување).
За транскрипција на туѓите зборови во македонски, видете Транскрипција во македонски.

Транскрипција или предавање (од лат. transcriptio - препис, предавање) е претворање на усмена реч (како да речеме судска постапка), во
пишана, чукана или печатена форма. Може да значи и претворање на текст во друг медиум, како скенирање на книги и нивно претворање во
дигитална верзија. Транскрипционист е лице кое прави транскрипции.

Во строго лингвистички смисол, транскрипција е процесот на запишување на говор со помош на специјални пишани симболи, користејќи
прецизни правила, со цел на негово подоцнежно репродуцирање.

Транскрипцијата како мапирање на звуци во писмо се разликува од транслитерацијата, која мапира едно писмо во друго, кое е предвидено
што повеќе да се совпаѓа со оригиналното писмо.

Стандардни транскрипциони шеми за лингвистички цели се Меѓународната фонетска азбука (МФА) и нејзиниот ASCII еквивалент, SAMPA.
Видете и Фонетска транскрипција.

Транскрипцијата често се помешува со транслитерацијата, заради честата новинарска практика на мешање на елементи од обете при
предавањето (интерпретацијата) на туѓи имиња. Вака добиената практична транскрипција е хибрид, кој народот го нарекува и транскрипција
и транслитерација.

Во оваа таблица МФА е даден како пример за фонетска транскрипција на името на поранешниот руски претседател Борис Елцин, проследено
од прифатени хибридни форми во разни јазици. Треба да се спомене дека, во потесна смисла, 'Борис' е транслитерација, а не транскрипција.

Примери за транскрипција и транслитерација

Оригинален руски текст Борис Николаевич Ельцин

Официјална транслитерација ISO 9 (GOST 7.79-


Boris Nikolaevič Elʹcin
2000)

Научна транслитерација Boris Nikolaevič Elʼcin

Фонетска транскрипција според МФА [bʌˈɾʲis nʲɪkʌˈɫajɪvʲɪʧʲ ˈjelʲʦɨn]

15 примери за истото име предадено во други јазици

Македонски Борис Николаевич Елцин

Српски Борис Николајевич Јељцин

Хрватски Boris Nikolajevič Jeljcin

Словенечки Boris Nikolajevič Jelcin

Полски Borys Nikołajewicz Jelcyn

Англиски Boris Nikolayevich Yeltsin

Германски Boris Nikolajewitsch Jelzin

Француски Boris Nikolaïevitch Ieltsine

Шпански Boris Nikoláyevich Yeltsin

Унгарски Borisz Nyikolajevics Jelcin

Турски Boris Nikolayeviç Yeltsin

Арапски ‫( بوريس نيكواليفتش يلتسن‬прибл. транслит. Būrīs Nīkūlāyafitsh Yīltsin)

Хебрејски ‫( בוריס ניקולאיביץ' ילצין‬прибл. транслит. bwrjs njḳwlʾjbjṣ' jlṣjn)

ボリス・ニコライェヴィッチ・イェリツィン (прибл. транслит. borisu nikorayevicchi


Јапонски
yeritsin)

Корејски 보리스 니콜라예비치 옐친 (прибл. трансл. boris nikolayevich yeltsin)

Едни исти зборови би се транскрибирале различно во различни системи. На пример, мандаринското кинеско име за главниот град на НР Кина
е „Беи-џинг“ (Beijing) во широко употребуванот денешен систем пинјин, но во историски важниот Вејд-Џајлсов систем истиот се пишува како
„Пеи-Џинг“ (Pei-Ching).

Практичната транскрипција може да се врши и во неазбучен јазик. На пример, во хонгконшки весник, името на претседателот Џорџ Буш се
транслитерира во два кинески знака: „Поу-су“ (布殊) што значи „платно“ и „специјално“. Така, многу зборови од англискиот и други
западноевропски јазици кои влегуваат во јапонскиот се транскрибираат со помош на катакана, една од јапонските слоговни азбуки.

За транскрибирање на кинеските зборови во македонски, видете Македонска транскрипција на кинескиот јазик.


За транскрибирање на јапонските зборови во македонски, видете Македонска транскрипција на јапонскиот јазик.

Поврзано [ уреди | уреди извор ]

Глоса
Фонетска транскрипција
Фонетско пишување
Транскрипција на туѓите имиња во македонскиот јазик
Кирилизација
Романизација
Гласовно препознавање
Транслитерација

Категории: Фонетика Пишување Транслитерација и транскрипција

Последната промена на страницава е извршена на 22 април 2021 г. во 21:06 ч.

Текстот е достапен под условите на лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Сподели под исти услови. Може да важат и дополнителни услови. За повеќе информации, погледајте ги Условите на употреба.

Заштита на личните податоци За Википедија Одрекување од одговорност Мобилен изглед Програмери Статистика Согласност за колачиња

Преф

You might also like