Professional Documents
Culture Documents
Латински јазик - Википедија
Латински јазик - Википедија
[тргни]
Следете ја Википедија на македонски јазик на Facebook!
Се известуваат сите заинтересирани уредници на Википедија на македонски јазик дека во периодот 4-5 март 2023 година ќе се одржи уредувачки викенд на тема
„Старогрчка митологија“.
Се известуваат сите заинтересирани уредници на Википедија на македонски јазик дека во периодот од 10 февруари до 9 март 2023 година ќе се одржи уредувачки
натпревар на тема „Хемиски соединенија“.
Поврзано Јазикот опстоил 2.200 години, па околу 1600-тите полека почнал да се губи. Меѓутоа
Префрли на пододделот Поврзано
Латински јазик народниот латински се одржал: се подвоил во неколку регионални дијалекти, кои до 800-
тите станале предците на денешните романски јазици.
Историски периоди
Латинскиот живее и во облик на црковнолатински кој се зборува во Римокатоличката
Белешки
црква. Латински зборови и денес се користат во науката, академството и правото.
Наводи
класичниот латински, книжевен јазик на доцната република и раното царство, сѐ уште се
Надворешни врски учи во многу основни и средни училишта и факултети, често заедно со старогрчки во
рамките на Класичните студии, иако од раниот XX век неговата улога е намалена.
Латиницата заедно со нејзините современи варијанти е најупотребуваната азбука на светот. Изговор /laˈtiːna/
Застапен во Римска Република, Римско
Историја [ уреди | уреди извор ] Царство, средновековна Европа,
ерменско царство Киликија (as language
Главна статија: Историја на латинскиот јазик
franca), Ватикан
Латинскиот спаѓа во групата на италски јазици и неговата азбука се заснова на Јазично Италски
староиталската азбука, која пак е изведена од грчкото писмо. Во IX или VIII век п.н.е. семејство Латинофалиски
латинскиот бил донесен на Апенинскиот Полуостров од латините кои се отселиле и се латински јазик
населиле во Лациум, околу реката Тибар, каде се развила римската цивилизација. Во тоа Статус
рано доба латинскиот потпаднал под влијание на индоевропскиот етрурски јазик од Службен во Ватикан
северна Италија. Регулативен Во антиката, римските школи по
орган граматика и реторика.[1] Денес Opus
Иако зачуваната римска книжевност речиси сосема се состои од класичен латински,
Fundatum Latinitas.[2]
фактичкиот зборуван јазик во Западното Римско Царство бил народниот латински, кој се
Јазични кодови
разликувал од класичниот по граматика, вокабулар, и (подоцна) изговор.
ISO 639-1 la
Иако латинскиот останал правен и управен јазик на Римското Царство, старогрчкиот станал
ISO 639-2 lat
доминантен јазик на образованата елита, бидејќи голем дел од филозофските дела кои тие
ISO 639-3 lat
ги изучувале биле од грчки (обично атински) автори. Во источната половина на Римското
Царство, кој потоа станал Византија по расцепот од Западното Римско Царство во 395
година, старогрчкиот го заменил латинскиот како правен и управен јазик, а веќе долго
време бил и народен јазик (кај сите класи).
PHILOSOPHIAESTARSVITAE;
а се преведува како:
Од романските јазици, италијанскиот е најчист потомок на латинскиот во смисла на вокабулар,[3] иако сардинскиот е најконзервативен во
смисла на фонологија.[4]
Во обид да се реконструира народниот латински, употребени се некои од разликите помеѓу класичниот латински и романските јазици. На
пример, романските јазици имаат специфичен нагласок на извесни слогови, додека латинскиот ја имал оваа карактеристика, покрај
специфичната самогласна должина. Кај италијанскиот и логудорскиот дијалект, покрај нагласок, постои специфична должина на согласките;
во шпанскиот и португалскиот пак, постои само специфичен нагласок; додека во францускиот должината и нагласокот веќе не се јасни. Друга
голема разлика помеѓу романските јазици и латинскиот е тоа што сите романски јазици, освен романскиот, ги имаат изгубено падежните
наставки во скоро сите зборови, освен кај некои заменки. Романскиот пак, се одликува со директни падежи (номинатив/акузатив), и
индиректни падежи (датив/генитив), и вокатив, но јазичарите сметаат дека ова е иновација на балканска иновација.
Латинскиот е синтетички, флективен јазик: афикси (често наставки, кои обично содржат значење на повеќе од една граматичка категорија)
се придодаваат на фиксен основи за изразување на род, број и падеж кај придавки, именки и заменки—процес наречен деклинација.
Афиксите се придодаваат кон основите на глаголи, како и за назначување на лице, број, време, глаголски вид, глаголски начин и залог—
процес наречен конјугација.
Во латинскиот постојат шест главни деклинации (падежи) на именките. Овие се од големо значење бидејќи ја одредуваат улогата која
именката ја игра во реченицата, па така зборовниот ред во латинскиот не е така важен како кај други јазици. Во рамките на овие деклинации,
зборовите во една реченица може да се преместуваат без значителна промена во смислата, но со ова го нагласуваме (подвлекуваме) тој дел
од реченицата.
Глаголите во латинскиот јазик обично се распознаваат по четирите главни коњугации—групи на зборови со слични флексивни форми. Првата
коњугација се карактеризира со активните инфинитивни формки со наставката -āre, втората со активните инфинитиви -ēre, третата со
инфинитивите со наставка -ere, а четвртата со активните инфинитиви со наставка -īre. Меѓутоа од овие правила има и исклучоци. Во
латинскиот постојат шест општи времиња (сегашно, несвршено, идно, свршено, предминато, и идно свршено), четири глаголски начини
(индикатив, инфинитив, заповеден и погодбен), шест лица (прво, второ и трето, секое во еднина и множина), два залога (актив и пасив), и
неколку глаголски видови. Глаголите се опишуваат по четири основни форми:
1. Првата основна форма е прво лице, еднина, сегашно време, и во индикативна начинска форма на глаголот.
2. Втората основна форма е активната инфинитивна форма на глаголот.
3. Третата основна форма е прво лице, еднина, свршено време, активна индикативна начинска форма на глаголот.
4. Четвртата основна форма е супинската форма, или пак , партиципна форма, номинатив, еднина, свршено време, пасивна партиципна
форма на глаголот. Четвртата основна форма може да прикаже или еден род од партиципот, или сите три рода (-us за машки, -a за
женски и -um за среден). Може да биде и иден партицип кога тој глагол не може да се стави во пасива.
Латиница
Список на латински букви
Азбуки изведени од латиницата
Латинични знаци во Уникод
Римско ракописно писмо
Латинска Википедија (Vicipaedia)
Латинска граматика
Латинска коњугација
Латинска деклинација
Латинска мнемоника
Латинска книжевност
Латинска поезија
Латинска проза
Список на поети кои пишувале на латински
Список на латински фрази
Латински пцости
Латински правопис и изговор
Латински регионален изговор
Латинизам
—75 п.н.е. 75 п.н.е. – 200 300 – 1300 1300 – 1600 1600 – 1900 1900 – денес
Старолатински Класичен латински Средновековен латински Ренесансен латински Новолатински Жив латински
Поврзано: Историја на латинскиот јазик, Латинска книжевност, Вулгарен латински, Црковнолатински, Романски јазици
Bennett, Charles E., Latin Grammar (Allyn and Bacon, Chicago, 1908)
N. Vincent: "Latin", in The Romance Languages, M. Harris and N. Vincent, eds., (Oxford Univ. Press. 1990), ISBN 0-19-520829-3
Waquet, Françoise, Latin, or the Empire of a Sign: From the Sixteenth to the Twentieth Centuries (Verso, 2003) ISBN 1-85984-402-2; translated from
the French by John Howe.
Wheelock, Frederic, Latin: An Introduction (Collins, 6th ed., 2005) ISBN 0-06-078423-7
Frank Palmer. Grammar
Издание на Википедија —
слободната енциклопедија
на латински јазик
WorldCat · LCCN: sh85074944 · GND: 4114364-4 · BNF: cb11935508t (податоци) · HDS: 011197 · NDL: 00569314 ·
Нормативна контрола
NKC: ph122187 · BNE: XX526920
Категорија: Латински јазик Латинофалиски јазици Мртви јазици во Европа Флективни јазици Јазици во Франција
Јазици во Италија Јазици во Шпанија Јазици во Португалија Јазици во Романија Јазици во Андора Јазици во Ватикан
Текстот е достапен под условите на лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Сподели под исти услови. Може да важат и дополнителни услови. За повеќе информации, погледајте ги Условите на употреба.
Заштита на личните податоци За Википедија Одрекување од одговорност Мобилен изглед Програмери Статистика Согласност за колачиња
Преф