Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 20

ВТОР КОЛОКВИУМ ИНТЕРНА ЗА

ОМ ГЕХ И ЕНДОКРИНОЛОГИЈА
Hi,. When you submit this form, the owner will see your name and email address.
1.
Биохемиски карактеристики на примарен хипогонадизам кај мажи се:
(1 Point)

Високи ЛХ и ФСХ и висок тестостерон

Високи ЛХ и ФСХ и низок тестостерон

Ниски ЛХ и ФСХ и низок тестостерон

Ниски ЛХ и ФСХ и висок тестостерон


2.
Пациентка на 45 години возраст примена на дежурство со симптоми и
знаци на акутна хипокалцемија (болки во коски, тетанија). Знаците на
Trausau и Chvostek се позитивни. Дава податок дека пред 3 недели и е
оперативно отстранета тироидната жлезда заради голема гуша.
Испишана е дома со супституциона терапија на табл. Euthyrox a 75 mcg,
2x500 mg Ca и 1000 IE Vit.D. Лабораториски ниски вредности на јонизиран
калциум- 0.7 ммол/Л. Следниот ден се проверени и нивоата на Vit. D и
Mg. Очигледно се работи за Hungry bone Sy. Што требе веднаш да се
направи?
(1 Point)

Да се даде amp. Calcium Glukonat

Да се даде vitamin D peroraln

Да се дадат течности (физиолошки раствор или 5% Dextroza)


Да се даде диуретик
3.
Дијабетес мелитус се јавува кај сите овие состојби, освен кај:
(1 Point)

Ѕheehan-ов синдром

Хиперкортицизам

Терапија со фуросемид

Бременост
4.
Whipple-ова тријада е дијагностички критериум кај една од наведените
ендокринолошки состојби:
(1 Point)

Mb. Cushing

Insulinoma

Sy. Cushing

Mb. Conn
5.
Пациент доаѓа во дежурна амбуланта поради неколкучасовна раздирачка
појасна болка во горниот дел на абдоменот со пропагација во грбот, која
не успеал да ја смири со спазмолитици и инхибитори на протонска пумпа.
Болката се јавила после консумација на обилен оброк и поголема
количина на алкохол. Која ќе биде вашата понатамошна постапка во
дијагностичката обработка на пациентот?
(1 Point)
Лабораториски анализи (крвна слика, седиментација, CRP, тропонини), ЕКГ и
ехокардиографија

Лабораториски анализи (крвна слика, седиментација, CRP, уреа, креатинин) и


гастроскопија

лабораториски анализи (крвна слика, CRP, амилази, липази, гликемија,


електролитен статус), нативна рентгенграфија на абдоменот, ултразвучен
преглед на абдоменот

Лабораториски анализи (крвна слика, CRP, амилази, липази, гликемија, калциум, и


Компјутеризирана томографија на абдомен
6.
Струмата или гушавоста предизвикува збир на симптоми и знаци кои се
должат на компресија:
(1 Point)

малаксаност, гадење , повраќање, срцебиење

чувство на стегање, зарипнатост (дисфонија), дисфагија, диспнеа

срцебиење, потење, чувство на стегање во пределот на вратот


7.
Кариотипот кај Клинефелтеров синдром е следниот:
(1 Point)

XXX

XXY

XXY

XXY
8.
Кај пациент со дијабетес мелитус тип 2 на 85-годишна возраст со знаци
во тек на клиничкиот преглед, и наоди од дополнителните иследувања за
акутен холециститис, на направена РТГ нативна графија на абдомен, се
регистрира присуство на воздух во зидовите и луменот на жолчното ќесе.
Тоа упатува дека се работи за:
(1 Point)

Емпием на жолчно ќесе

Перфорација на жолчно ќесе

Акутен емфизематозен холециститис како резултат на анаеробна инфекција

Хидропс на жолчно ќесе


9.
При третман на хипогликемиски синдром не се користи еден од
наведените лекови:
(1 Point)

глукагон

инсулин

декстроза

октреотид
10.
Примарен хипералдостеронизам се карактеризира со:
(1 Point)

супримиран ренин, покачен алдостерон, дијастолна хипертензија, хипокалемија

намален алдостерон, хипокалиемија, систолна хипертензија


гушење, отоци, хипертензија
11.
Пациент по пад, со лесна повреда на глава. Добиваме податок дека по
повредата, започнува да пие по 7 литри вода дневно пропратено со
обилно мокрење. Кои од наведените анализи одат во прилог на
инсипиден дијабетес?
(1 Point)

Зголемена осмоларност на плазма и намалена осмоларност на урина

Зголемена осмоларност на урината и намалена осмоларност на плазма

Висока специфична тежина на урината

Ниедно од наведените ???


12.
Кај пациентка на 65 годишна возраст со познат хроничен калкулозен
холециститис од пред 15 години, на вонредна контрола заради
егзацербација на болеста е потврдено порцеланско жолчно ќесе со
исталожување на депозити на калциум во зидот на истото како
компликација, во тек на ултрасонографски преглед на абдоменот и по
направена нативна РТГ графија на абдомен. Кај пациентката постои
апсолутна индикација за оперативно лекување заради:
(1 Point)

Ризик за развој на карцином на жолчното ќесе затоа што порцеланското жолчно


ќесе претставува предканцерозна состојба

Ризик за развој на емпием на жолчно ќесе

Ризик за развој на перфорација на жолчно ќесе

Ризик за развој на на хидропс на жолчно ќесе и перофрација на жолчното ќесе


13.
Кај пациент на 57 години хоспитализиран со секундарен холангитис,
појавата на: болка локализирана во горниот десен абдоминален
квадрант, треска со покачена ТТ, пожолтување (icterus), енцефалопатија
и хипотензија, се означува како појава на:
(1 Point)

Charqot-ова тријада

Reynold-ова пентада

Cantrell-ова пентада

Fallot-ова пентада
14.
Кој хормонски профил е карактеристичен за секундарна хипотиреоза:
(1 Point)

висок TSH, T4 и T3

висок TSH и ниски тироидни хормони

низок TSH и ниски тироидни хормони

Висок TSH со нормални тироидни хормони


15.
Пациентка на 23 годишна возраст, без никаква симптоматологија. Негира
минати заболувања. Негира консумација на алкохол, опијати и лекови. На
систематски преглед случаен наод на лесно покачени трансаминази (AST
51 U/L, ALT 68 U/L). Физикален наод: без особености, освен присуство на
тетоважа на кожата. Со дополнителни иследувања кај пациентката е
откриен Anti HCV (+), а потоа е направена и квантификација на HCV RNA
чиј титар изнесува 780.000 копии/мл. Кај сите пациенти е индицирана
антивирусна терапија со новите DAA (Direct Acting Antiviral) лекови, освен
во случај на:
(1 Point)

Состојба со напредната црнодробна фиброза, компензирана или декомпензирана


цироза

Употреба на лекови како што се карбамазепин, фенитоин и фенобарбитон,


поради ризик од значително намалени концентрации на DAA лекови

Состојба со потенцирани екстрахепатични манифестации на хроничен хепатитис С


(мешана криоглобулинемија, нефропатија или non-Hodgkin B cell lymphoma)

Состојба на рекурентност на HCV после црнодробна трансплантација


16.
Пациент на 32 години што има стабилна форма на улцеративен
проктосигмоидитис дијагностициран пред 5 години, во моментот е без
потреба од хронична орална терапија и редовно прима само clizma
mesalazine 1 x 4 gr навечер. На рутинска контрола консултира заради
појава на јадеж по кожата, а направената лабараторија покажува дека
има покачени вредности за AST 150 IU/L и ALT 250 IU/L, ALP 450 IU/L и
лесно покачен вкупен билирубин 53 µmol/L. Која од следниве е
најверојатната дијагноза:
(1 Point)

Холедохолитијаза

Примарен склерозантен холангитис мислам дека е ова

Примарен билијарен холангитис (примарна билијарна цироза)

Акутен медикаментозен хепатитис


17.
45-годишен маж со тип 1 дијабетес во траење од 30 години, HbA1c 7.8%,
TA 130/85mmHg, уредни липиди, се жали на еректилна дисфункција. За
каква компликација од дијабетесот се работи:
(1 Point)

Периферна дијабетична дистална полиневропатија

Психолошка еректилна дисфункција

Атеросклеротска стеноза на абдоминална аорта?

Автономна дијабетична невропатија 90% sum sig


18.
Пациент со дијабетес на 20 годишна возраст, активен спортист, осеќа
печење во грлото и студ. Следниот ден има силна абдоминална болка и
повраќање. Објективно: пациентот е сомнолентен, дехидриран, со
палпаторна осетливост на епигастриумот. Пулс=110/min., ТА=90/60
mmHg. Постои леукоцитоза. Следната постапка треба да биде:
(1 Point)

Опсервација

Кристален инсулин во инфузии (2-3 литра)

Рентгенограм на белите дробови

Упат до абдоминална хируршка установа


19.
Пациентка на 35 годишна возраст, спортистка, поради појава на вироза,
со горнореспираторна манифестација и фебрилен синдром, секојденвно
употребувала Ацетаминофен (Парацетамол) на секои 3-4 часа во
времетраење од неколку денови. После неколку дена, откако
фебрилноста поминала почувствувала изразит замор и малаксалост,
поради што побарала лекарска помош. Од минати заболувања негира
болести од интерес. Не пуши, негира употреба на опијати, пие по 1-2
чаши вино дневно. Физикален наод: без особености. На направената
лабораториска анализа била утврдена трансаминазна активност (AST
235 U/L, ALT 342 U/L), без други отстапувања. Маркерите за хепатити (А,
Б и Ц) биле негативни, а направен бил и ултразвучен преглед на абдомен
кој покажал уреден наод. Која е веројатната дијагноза:
(1 Point)

Медикаментозно индуцирана црнодробна оштета

Хроничен хепатитис В

Акутен хепатитис А

Неалкохолна масна болест на црниот дроб


20.
Кај пациент кој се јавува во гастроентеролошка амбуланта, упатен од
инфектолог, поради безболно пожолтување и интензивен свраб по
телото, кои дијагностички постапки ќе ги преземете:
(1 Point)

Одредување на вирусни маркери: HAV IgM, HAV IgG, HBsAg, Anti HBsAg, Anti
HBc, Anti HCV и компјутеризирана томографија на абдоменот

Лабораториски параметри: крвна слика, седиментација, билирубин и тестирање за


scabies

Лабораториски параметри: вкупен, (директен и индиректен билирубин), трансаминази


(AST, ALT) , GGT и AP, и ултразвучен преглед на абдоменот

Лабораториски анализи: крвна слика со ретикулоцити, ЦРП, амилази, липази,


билирубин, и консултација со хематолог
21.
После трансплантација на црн дроб кај пациентите можна е појава на
рани и касни компликации кои треба навремено да се дијагностицираат
за да се обезбеди соодветен третман и успешно справување со нив, се
со цел подобрување на стапаката на преживување. Како касна
компликација претставува рекурентност на основната црнодробна болест
која била причина за појава на терминална црнодробна болест, а со тоа и
за црнодробна трансплантација. Која од следниве болести има највисок
рзик од рекурентност после трансплантација?
(1 Point)

Автоимун хепатитис

Примарен склерозантен холангитис (PSC)

Хепатитис С вирусна инфекција

Хепатитис В вирусна инфекција


22.
Синдромот на остеопороза како секундарна појава е карактеристичен за:
(1 Point)

хиперпаратиреоидизам, хиперкортицизам, хипертиреоза, хипогонадизам,


дијабетес

артериска хипертензија, хиперкортицизам, акромегалија

исхемична болест на срце, целиакиа, ресекција на желудник


23.
Хиперлипидемија од секундарен карактер е пропратна појава при:
(1 Point)

дијабетес, хипотиреоза, гихт, нефротски синдром, алкохолизам, кушингов


синдром
Хипертиреоза, феохромоцитом

Хипертиреоза, феохромоцитом

артериска хипертензија, кушингов синдром


24.
46-годишен обезен пациент (индекс на телесна маса - 32 kg/m2) со
есенцијална хипертензија и дијабетес мелитус тип 2 во траење од 8
години, лоша гликорегулација (HbA1c - 8,4%). На максимална доза на
метформин и сулфонилуреа и внимание во исхраната, физички активен.
Која класа на орален антидијабетичен лек најдобро одговара во неговиот
случај што може да обезбеди ефикасна контрола на гликемијата, губење
на тежината и кардиоваскуларна заштита?
(1 Point)

DPP-4 инхибитори

GLP-1 рецептор агонисти

DPP-4 инхибитори и SGLT-2инхибитори

GLP-1 рецептор агонисти и SGLT-2инхибитори


25.
Пациент на 40 годишна возраст, во анамнезата дава податок за слабост,
малаксалост, нелагодност под десен ребрен лак, пожолтување на
кожата, темна мокрача. Не дава податок за слични симптоми во
минатото. Негира постоење на болести од интерес. Не консумира
алкохол, ниту опијати. При лабораториска анализа утврдена е висока
трансаминазна активност (AST 564 U/L, ALT 732 U/L), со
хипербилирубинемија од мешан тип (вкупен билрубин 73 µmol/L /
директен билирубин 38 µmol/L, индиректен 35 µmol/L), а откако се
направил вирусолошки профил за Б хепатит утврдена била следнава
состојба: HBsAg (+), Anti HBc IgG (+), Anti HBc IgM (+), AntiHBs (-). Според
вирусолошкиот профил станува збор за:
(1 Point)

Мината инфекција со развој на имунитет

Хронична инфекција

Имунитет од вакцинација

Акутна инфекција или реактивација на болеста кај хроничен носител?


26.
Пациент на 25 годишна возраст, кој се жали на изразен замор и
малаксалост. Нема други пропратни симптоми. Се лекува од
хипертиреоидизам со Пропилтиоурацил. Лабораториски нотирана
трансаминазна активност (AST 315 U/L, ALT 402 U/L), без други
лабораториски абнормалности. Вирусолошки профил за Б и Ц хепатитис
се негативни. Автоантитела исто така негативни. Со дополнителни
имиџинг иследувања отфрлено е постоење на хронична црнодробна
болест. Поставено е сомнение за медикаментозно индуцирана
црнодробна оштета (DILI). Која е првата терапевтска постапка што треба
да ја превземете:
(1 Point)

Употреба на N-acetylcysteine кај сите случаи на медикаментозно индуцирана


црнодробна оштета??

Употреба на ursodeoxicholic acid (UDCA), со цел подобрување на степенот на


црнодробната оштета

Прекин на понатамошна употреба на предизвикувачкиот агенс?

Кратка администрација на Холестирамин


27.
Кај пациентка на 57 годишна возраст со потврден акутен калкулозен
холециститис, развојот на акутен билијарен панкреатитис, или емпием на
жолчно ќесе, или перфорација на жолчното ќесе со развој на акутен
абдомен, претставуваат:
(1 Point)

Негативни прогностички знаци за болеста

Знаци кои упатуваат на друго заболување

Хронични компликации на основната болест

Акутни компликации на основната болест


28.
Неурогликопениски симптоми при хипогликемија се:
(1 Point)

нарушување на видот, пореметување на свеста, слабост, вртоглавица,


главоболка*

потење, треперење, глад, мачнина, бледило , срцебиење

малаксаност, замор, студ, пораст на ТМ, заборавеност, отекување


29.
Пациент на 55 годишна возраст со анамнестичките податоци за редовно
консумирање на алкохол во количина од 100 мл на ден. Последниов
месец дена има повремени главоболки, несоница и намален апетит. На
физикален преглед се детектира редукција на телесна маса,
екстремитетите му се тенки, слаби со мала мускулна маса, кожата
субиктерична, пациентите имаат напнат, дистендиран абдомен поради
присуство на течност, лесни отоци на подколениците. На предната
страна на градниот кош се детектираат Spider nevus-и. Клиничката слика
на пациентот најмногу одговара за:
(1 Point)
малигна болест

црнодробна цироза*

туберкулоза

Срцева декомпензација
30.
Пациент на 55 годишна возраст. Од анамнезата: податок за потекување
на стомакот и отоци на долните екстремитети, дискретно пожолтување на
белките од очите, замор, малаксалост. Негира минати заболувања.
Алкохол консумира во поголеми количини (200 мл ракија дневно) повеќе
од 20 години, пуши по 20 цигари дневно, не користи опијати. Физикален
преглед: свесен, ориентиран во простор, време и према личности, кожа и
видливи лигавици иктерично пребоени. Во предел на вратот, лицето и
горен дел од граден кож присутни пајаковидни телеангиектазии (Spider
nevus-и). Абдомен над ниво на граден кош, дистендиран поради присутна
слободна течност во абдоменот, со позитивен феномен на флуктуација,
присутна перкуторна тапост, а хепар и лиен не се достапни за палпација
поради асцитната течност. Присутни претибијални тестести едеми на
долните екстремитети. Од лабораториските анализи: мешана
хипербилирубинемија (вкупен билрубин 60 µmol/L/директен билирубин 31
µmol/L, индиректен 29 µmol/L), зголемени трансаминази (AST 283 U/L,
ALT 128 U/L, GGT 555 U/L), мегалобластна анемија (Er 3,4 x 1012/L, Hg
105 g/L, MCV 105), тромбоцитопенија (Tr 107 x 109/L), продолжено
протромбинско време / индекс (PT 19 sec/INR 1.9), хипопротеинемија
(вкупни протеини 56 g/L, албумин 27 g/L). Ултразвучен преглед на
абдомен во прилог на наголемен, хронично променет црн дроб, со зрнест
паренхим, со дилатирано портно стебло од 14 мм, со спленомегалија од
15 см, со асцит во абдоменот. Кај пациентот е поставена дијагноза за
алкохолна болест на црниот дроб. Кои од лабораториските
абнормалности укажуваат на алкохолна етиологија на болеста:
(1 Point)
Мешана хипербилирубинемија и продолжено протромбинско време / индекс

Продолжено протромбинско време / индекс и хипопротеинемија*

Тромбоцитопенија и хипопротеинемија

Серумски сооднос AST/ALT > 2 и мегалобластна анемија


31.
25-годишен маж со симптоми на полиурија, полидипсија, слабост, индекс
на телесна маса 30.4 kg/m2, татко со тип 2 дијабетес. Направен ОГТТ со
75 грама гликоза со следните резултати: Гликемија на 0 минути 6.0mmol/l,
Гликемија на 120 минути 8.7mmol/l. Каква дијагноза ќе поставите:
(1 Point)

нормален наод

дијабетес мелитус тип 2

пред-дијабетес*

дијабетес мелитус тип 1


32.
Што од долу наведеното е точно во однос на глобалната инциденца на
колоректален карцином:
(1 Point)

е втор најчест малигном, по белодробиот карцином

е трет најчест малигном, по белодреобниот карцином и карциномот на дојка*

е најчест малигном
е на трето место по зачестеност по белодробниот карцином и карциномот на грлото
на матката
33.
Пациент на возраст од 60 години. Од анамнезата пациентот пожолтел
пред една недела, но неколку дена претходно забележал темно пребоена
мокрача како пиво и светла столица. Има чувство на малаксаност,
слабост, во тек на изминатите неколку недели, тапа болка во предел на
лажичката и во грбот, но и губиток на апетит и телесна тежина од 7-8 kg
за период од 5-6 месеци. Дополнително се жали на генерализиран
сврабеж на кожата. Нема покачена телесна температура, гадење,
повраќање или дијареа. Од минати заболувања дава податок за
дијабетес мелитус тип 2 од пред 8 месеци (поставен на инсулинска
терапија). Од навики, консумира алкохол по 1-2 чашки ракија неделно и
редовно пуши по 20-30 цигари дневно. При преглед пациентот е
афебрилен, силно иктеричен, со присутни екскоријации по кожата на
грбот, абдоменот и екстремитетите, остеомускуларна градба слабо
развиена. Абдомен под ниво на граден кош, лесна болна осетливост во
епигастрична регија, хепар и лиен не се палпираат. Од лабораториските
анализи: доминантна директна хипербилирубинемија (вкупен билрубин
255 µmol/L / директен билирубин 225 µmol/L, индиректен 30 µmol/L),
лесно зголемени трансаминази со предоминантност на холестатските
ензими (AST 56 U/L, ALT 78 U/L, AP 868 U/L, GGT 755 U/L), нарушен
коагулационен статус (протромбинско време 21.5 sec и индекс - INR 2.1),
лесна хипопротеинемија (вкупни протеини 63 g/L, албумин 33 g/L). Која е
најверојатна дијагноза:
(1 Point)

Gilbert - ов синдром

хемолитичка анемија

билијарна опструкција најверојатно од малигна етиологија*

алкохолен хепатитис
34.
Пациент кој има изразени рецидивирачки хемороидални крварења,
болка, на клинички преглед се потврдува хемороидална болест означена
како стадиум III и IV со потреба од инвазивен третман. Од минимално
инвазивните процедури во третманот на клинички манифестните форми
на хемороидална болест со внатрешни хемороиди најприменувана, со
најмалку компликации е:
(1 Point)

склеротерапија

лигација*

фотокоагулација со инфрацрвено светло

радиофреквентна коагулација
35.
Стекнат хипопитуитаризам се одликува со:
(1 Point)

сушење на уста, полиурија, полидипсија

гушење, малаксаност, лупање на срцето

висок БМИ, центрипетална дебелина, бледило, пастозност, успореност,


недостаток на сила и енергија
36.
Пациентка на 48 годишна возраст со анамнестичките податоци за
подуеност и тапа дифузна болка во стомакот, претежно локализирана
супрапубично. Од болка понекогаш има лошење, гадење и има осет на
дистензија на стомакот. На физикален преглед се детектира
субфебрилност, пациентите имаат лесно напнат, дистендиран абдомен,
слаба болна осетливост во десната ингвинална јама. На ЕХО преглед се
детектира само мало количество на асцит во Дуглас-ов простор.
Клиничката слика на пациентот најмногу одговара за:
(1 Point)

Малигна болест на перитонеумот

Црнодробна цироза

Асцит во абдоменот од непозната етиологија

Срцева декомпензација
37.
Пациентка на 64 години возраст, со акромегалоиден изглед, е пратена на
клиника за ендокринологија за иследување од матичен лекар. Од
анамнезата дава податок дека веќе неколку месеци има главоболки,
болки во зглобови, особено на колената и отежнато движење. Од
прашањата кои и се поставени дава податок за проблеми со видот (иако
носи наочари) и за намалена сила. Кажува и дека купува 2 броја
поголеми обувки, а има чувство дека и шаките и се зголемиле. Од
направените испитувања, високи се нивоата на хормон на раст. МРИ на
хипофиза и направеното видно поле одат во прилог на хормон на раст
секретирачки макроаденом со супраселарна пропагација. Каков вид на
терапија би и препорачале како линија од прв ред?
(1 Point)

Таблетарна терапија со Octreotide, Pegosimant

Оперативен зафат

Следење на нивото на хормони и на година дена MRI на хипофиза

Зрачна терапија
38.
Црнодробната транспланатација претставува единствена куративна
метода за третман на терминален стадиум на црнодробна болест или
акутно црнодробно попуштање. Постојат повеќе црнодробни болести кај
кои транплантацијата е индицирана, но има и состојби каде истата е
контраиндицирана, а една од нив е:
(1 Point)

Декомпензирана црнодробна цироза асоцирана со хронична вирусна В и С инфекција

Сепса односно неконтролирана системска инфекција

Budd Chiari синдром

Хепатоцелуларен карцином (исполнети Милански критериуми: солитарен тумор, помал од 5


cm или ≤ 3 нодуси со дијаметар < 3 см, без присутна васкуларна инвазија и без метастази)
39.
Пациент на 55 годишна возраст со анамнестичките податоци за редовно
консумирање на алкохол во количина од 100 мл на ден. Задниве месец
дена има повремени главоболки, несоница и намален апетит. На
физикален преглед се детектира редукција на телесна маса,
екстремитетите му се тенки, слаби со мала мускулна маса, кожата
субиктерична, пациентите имаат напнат, дистендиран абдомен поради
присуство на течност, лесни отоци на подколениците. На предната
страна на градниот кош се детектираат Spider nevusi, кои се јавуваат
поради:
(1 Point)

Проширување на мали артериоли поради зголемено ниво на прогестерон

Проширување на мали артериоли поради зголемено ниво на тестостерон

Проширување на мали артериоли поради зголемено ниво на естрогени*


Сите наведени
40.
Пациент со енцефалитис и синдром на неадекватна секреција на АДХ
(SIADH). Кој од наведените анализи е адекватен за болеста:
(1 Point)

Хипернатремија со хиперосмоларност на плазма

Хипонатремија со хипоосмоларност на плазма

Хипоосмоларност на урина

Недостаток на АДХ

Submit
This content is created by the owner of the form. The data you submit will be sent to the form owner. Microsoft is not
responsible for the privacy or security practices of its customers, including those of this form owner. Never give out
your password.

Powered by Microsoft Forms | Privacy and cookies | Terms of use

You might also like