Есеј за затоплување

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Есеј

Тема: Глобално затоплување во светот денес: причини, ефекти,што следува понатаму?

Пред индустриската револуција земјиното затоплување не било во толква мера колку


што е денес. Во тоа време луѓето во светот живееле многу поедноставен живот: користеле
поедноставни направи за работа и природните непогоди не биле толку чести како што се
денес. Но со почетокот и развојот на индустриската револуција и со градењето на фабрики и
зголеменото користење на автомобили нивото на стакленички гасови се зголемило, а со тоа
глобалното затоплување стана огромна закана за човештвото.

Денес ние живееме во време кога глобалното затоплување е многу силно. Односно
глобалното затоплување е континуиран пораст на просечната температаура на земјата. Така
што глобалното затоплување се поврзува со ефектот на стаклена градина и испуштање на
опасни стакленички гасови во атмосферата. Има повеќе причини за појавата на овие гасови,
една од тие причини е горењето на фосилните горива, зголеменото користење превозни
средства, формирањето на индустриски зони во големите градови, градењето фабрики...
Ефектите на глобалното затоплување се штетни и негативни за луѓето и природата. Ако
продолжи затоплувањето, топлите предели во Африка, Австралија ќе станат незамисливи за
живот и на земјата ќе се формираат повеќе пустини. Веќе е започнато топењето на ледниците
во Антартикот и Артикот, тоа доведува до зголемено ниво на вода во океаните и морињата,
што доведува до поплави. Од друга страна пак, зголемувањето на температурите ги загрозува
животите на поларните мечки кои живеат во овие предели. Други негативни ефекти поврзани
со глобалното затоплување се сушите на многу реки и езера, што доведува до изумирање на
животинскиот и растителниот свет што живее во нив. А ако продолжи зголемувањето на
температурите опасноста од пожари ќе стане поголема, а човештвото ќе го снајдат многу
пострашни пожари од оние кои веќе опустошија големи предели во светот. За жал, глобалното
затоплување нема ни еден позитивен ефект,а она што следува понатаму ако не го сопреме е
застршувачко.

Последците од глобалното затоплување можат да бидат непоправливи доколку не се


обидиме да го спречиме. Тоа можеме да го направиме со засадување дрвја, рециклирање,
рационално користење на енергијата и помалку користење на превозни средства. Во
спротивно ние самите - луѓето ќе станеме уништувачи на единственото место каде што
можеме да живееме – Планетата Земја!

You might also like