Мовови (Bryophyta)

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 39

ЦАРСТВО РАСТЕНИЈА

1.Повеќеклеточни сложени организми


2.Постепено се адаптирале кон сувоземен начин на живот
Тоа е резултат на појава на
а) ткива и органи
вегетативни органи – корен, стебло, лист, а потоа
генеративни (репродуктивни органи)-цвет ,семе ,плод

б) кутикула (заштитна обвивка)


се развива над епидермисот

3.Размножување
Безполово –со спори
Полово(полови клетки, гамети, смена на генерации)

4.Поделба
Растенија без спроводни ткива (мовови)
Растенија соспроводни ткива (папрати и семени растенија)

Мовови- (Bryophyta)
Жители на влажни живеалишта,
Бидејќи половото размножување е поврзано со водата
(машката клетка е подвижна со камшиче –сперматозоид за кое е потребна вода)
Немаат спроводни ткива
Вегетативни органи: Стебленце и лист
Немаат корен
Преовладува полова (гаметофитна) генерација ,растението мов е гаметофит
Спорофитот е редуциран и кај лиснатите мовови е застапен со дршка и спорангиум

Поделба : џигерници и лисни мовови

Папрати (Pteridophyta)
1.Жители на влажни почви со вода
2.Имаат ткива –(развиено е спроводно ткиво)
Вегетативни органи : Корен,стебло,лист
3.Доминантна генерација е спорофитна (безполова)

1
СЕМЕНИ РАСТЕНИЈА

1.Присуство и појава на семени органи за размножување (репродукција)


Поделба:
Голосемени(не формираат плод) Gymnospermae
Скриеносемени (семето е заштитено со плод) Angiospermae

Голосемени растенија -Четинари

1.Дрвенести-повеќегодишни
2.Имаат добро развиени ткива и органи –цвет и семка
3.Цвет-еднополов (машки и женски цветови)
Цветовите се собрани во соцветија –шишарки(машки и женски шишарки)

Представници :
Род- Цикас, Род- Гинко, Род –Ела
Значење: Дрвопреработувачка индустрија

Скриеносемени растенија

Зелјести, тревести и дрвенести


Едногодишни, двегодишни и повеќегодишни

Добро развиени ткива и ргани

Појава на плод како генеративен орган (го заштитува семето)


Добро развиени листови

Двополов (хермафродитен) цвет –има толчник и прашници


Цветовите- поединечни или собрани во соцветија
Цветот има добро развиен околуцветник од чашка и венче

Преовладува спорофитната (безполова) генерација,а гаметофитната е силно редуцирана.


Жители на копно – адаптирани на сувоземен начин на живот (не им треба вода при
размножување)

Значење: продуценти, исхрана за човекот, украсни растенија

Поделба на 2 групи:
Дикотиледони (2 котиледона)
Монокотиледони (1 котиледон)

2
ЦАРСТВО НА РАСТЕНИЈА

Царството растенија опфќа примарно фотоавтотофни, копнени, сесилни организми –


распространети по целата земја.До денес се опишани околу 350000 видови( бројот не е
дефинитивен секојдневно се отриваат нови)

Од овој број скриеносемени сочинуваат 89%, голосемени 0,3%,


папрати 4,2% и мовови 6,6%.

Растенијата водат потекло од водните жители- најверојатно од зелените алги со кои покажваат
многу сличности:
-исти пигменти
- хлорофил за фотосинтеза
- клеточни ѕидови од целулоза и пектин
- складираат скроб како резервна материја

Растенијата се првите конени организми во историјата на Земјата. Предноста на копнените


еко-системи во споредба со водените е изоблство на кислород во воздухот и минерални
материи во почвата.
Но, најголема пречка која растенијата требале да ја совладаат при освојување а копното била
опасноста од губење на вода од надземните делови на нивните тела.
Овој проблем можеле да го надминат и совладаат само видови кај кои се развила:
-кутикула (восочна заштитна обвивка која го намалува испарувањето)
- спроводни ткива
- ткива за механичка потора
Со што е овозможено позначајно освојување на дотогаш ненаселените простори и
диференцирање на талусот во вегетативни органи: корен, стебло и листови, а кај дел од нив
и орган за размножување цвет.

Растнијата можат да се размножуваат безполово и полово. Безполово од делови на


растенијата –од кои се развива ново, и полово (со машки и женски полови клетки)- кои по
оплодувањето создаваат зигот – од кој се создава ново растение.

Царството растенија е поделено во 2 групи


1. – растеија без спрводни ткива -МОВОВИ
2.- растенија со спроводни ткива – СИТЕ ОСТАНАТИ:
2а) безсемени растенија
2б) семени растенија : голосемени и скриеносемени

3
МОВОВИ
(Bryophyta)

Мововите можат да бидат талусни (сл.1) и лисести (сл.2).Тоа се ниски растенија кои припаѓаат
на одделот Bryophyta .Имаат тело издиференцирано на стебленце и листови, но немаат
вистински корен, туку ризоиди –со кои се прикрепуваат за подлогата. Ризоидите кај мововите
се слични на корен , но немаат вистински оформени спроводни садови.(ткива-ксилем и
флоем).Мововите ја примаат водата, делумно преку ризоидите , а повеќе преку лисјата.
Лисјата кај мововите се ситни, имаат хлорофил и тие вршат фотосинтеза. Стебленцето е високи
1-3 cm, и е без спроводни садови (спроведувањето го вршат клетки од централниот дел на
стеблото).
Мововите како и алгите се автотрофни растенија, а од нив се разликуваат по тоа што имаат
оформени вегетативни органи

Сл.1

Џигерници

Талусни мовови

4
Сл.2 Листест мовов- Род: Sfagnum (влакнест мов)

Родот Sfagnum, (влакнест мов) има нежно стебленце со височина до 20 cm, со густо подредени
иглести ливчиња, живее во мочурливи предели.Од него се создава јагленот тресет. Долните
слоеви од мовот умираат и се таложат, а со горните, мовот се одржува во живот.

Животниот циклус на мововите се состои од две фази:


Мовот се размножува безполово со спори и полово со гамети. Во рана пролет на стебленцето
на мовот се развиват издолжени машки полови органи – антеридии.(видливи само под
микроскоп). Во антеридиите се создаваат машки полови клетки – сперматозоиди, а на
страничните гранчиња се развиват женски полови органи (во форма на шишиња)- архегонии.
Во нив се создава само по една женска полова клетка (јајце клетка).Кога половите клетки ќе
созреат, ако е времето влажно, машкиот полов орган пука и од него излегуваат
сперматозоидите кои пливаат низ водата (имаат по 2 камшичиња). Кога ќе дојдат до женскиот
орган извршуваат оплодување. Оплодената јајце клетка останува на мовот – се дели и се
развива во спорангија.

Секоја спорангија има рачка, а на врвот се развива чашка.Во спорангијата има повеќе спори.
По созревањето на спорите,спорангиумот се отвора, спорите излегуваат и се разнесуваат.

Слика 4. протонема

Слика 3. спорангиум

Одкако ќе паднат на влажна почва ртат во влакнесто зелена творба: протонема


Протонемата се храни автотрофно, расте и се разгранува и многу наликува на кончестите
зелени алги

5
Слика 4а. протонема која рти

На протонемата се развиваат пупки, а од нив се развива мов со стебленце и ливчиња.Кога ова


стебленце ќе израсне на неговиот врв повторно се развиваат машки и женски полви органи.

6
При размножувањето на мововите се развиваат 2 генерации:
Полова и безполова. Размножувањето при кое се сменуваат генерациите: безполова со полова
е : СМЕНА НА ГЕНЕРАЦИИ.
Кај мовот протонемата и стебленцето со ливчиња на кои се развиваат полови органи е
ПОЛОВА ГЕНЕРАЦИЈА. Спорангијата со спорите е : БЕЗПОЛОВА ГЕНЕРАЦИЈА.
Смената на генерациите, особено безполовата генерација, му обезбедува на мовот живот во
сува средина. Половата генерација за која е потребна вода (за оплодување) ни укажува на
врската на мовот со алгите.
Ова растение е приспособено за живот на суво но не може да се оплоди без вода.
Мововите имаат посложена градба од алгите, но со нив покажуваат и бројни сличности: Ја
примаат водата не само со ризоиди, туку со целото тело, како и алгите.При размножувањето
премиинуваат во стадиум на протонема – која личи на алга.Размножувањето на половата
генерација е слично како кај алгите
Сево ова е очигледен доказ дека мововите се развиле од некогашните алги, кои поради
постојани колебања на крајбрежната вода се приспособиле да живеат во услови на нееднакво
количество влага.

7
Малите димензи на мовот се нивна најважна адаптивна особина.Стаништата се влажни, темни
и со помали температурни осцилации. За време на сушите можат да дехидрираат и да
преминат во состојба на анабиоза, за да по зголемување на влажноста повторно да преминат
на активен начин на живот.
Живеат на тресетишта, во шуми, на влажни стебла и гранки, на камења, речни обали, кровови
на куќи. Тие се добра заштита од ерозија на почвата.

ПАПРАТИ
(Pteridiophyta)

Се растенија со оформени органи (корен, стебло, лист во кои се развиени спроводни


садови ).Тие со кореновие влакна впиват вода и минерални материи, а не и преку
листови.Над земјата развиваат листови, а под земјата, подземни стебла -ризоми

8
Листовите на папратите додека се млади се спирално завиени, подоцна се исправаат, а на
нивната опачина се развиваат споранги со спори.
Папратите немаат цветови и не произведуваат семки.Наместо тоа,тие имаат посебен животен
циклус со смена на генерации (генерација растенија која продуцира спори (sporophytes) и
(генерација со машки женски полови
органи(gametophytes)
1.Она што обично го гледаме како папрат е спорофитната генерација која на опачината на
листот носи “вреќички“ од спорангиуми со спори.
2.Кога ќе созреат спорите,спорангиите распукуваат, а спорите се разнсуваат. Под поволни
услови (спора која ќе падне на влажна почва) спората “рти“ и расте во вид на срцолика творба
ПРОТАЛИУМ – кој е полова генерација на папратот (gametophyte).

Спорофит и гаметофит кај папрат

3.На долната страна на проталиумот се развиваат ризоиди и мали машки и женски полови
органи кои продуцираат спермиуми и јајце клетки.
Во услови на голема влага сперматозоидите пливаат преку површината на листот до женскиот
орган (archegonium) и ја оплодува јајце клетката
4.По оплодувањето се добива зигот кој се развива во ново растение –младиот sporophyte
(безполовата генерација) (расте и се развива за сметка на проталиум
– додека да се развијат листовите -потоа проталиумот се суши

9
Кај папрати (и кај мовови) има правилна смена на полова со безполова
генерација

Папратите кои живеат во умерениот појас се мали по раст, додека папратите кои живеат во
тропските предели можат да пораснат од 7-12м.
Пред околу 300 милиони години се појавиле првите сувоземни растенија – псилофити
(од кои водат потекло мовови и папрати), а кои во тоа време биле и единствените сувоземни
растенија. Изумрените представници предци на папратите растеле во висина и до 40м, а
стеблото им достигнувао и до 2м дебелина.Тие образувле бујни прашуми во места богати со
влага (мочуричшта).
По изумирање овие папрати паѓале во вода, па тука затрупани со тиња без присуство на воздух
јагленисувале. Од нив се создал камениот јаглен.

10
Орлова папрат Слатка папрат

Pteridium aquili Polypodium vulgare

СЕМЕНИ РАСТЕНИЈА

Присуство и појава на семе за размножување (репродукција)

За разлика од папратите и мововите, семените растенија се приспособиле да живеат и да се


развиваат во посуви места.Чекор напред во приспособувањето на растенијата кон сувоземен
начин на живот е појавата на семени растенија и формирањето семка.
Од оподена јајце клетка се развива никулец-ембрион (зародиш на новото растение). Тој е
сместен во цврста заштитна обвивка – семка.
Семката ги зголемува можностите на растението за успешно размножување.
Зависно од тоа дали семката на плодниот лист се развива слободно , или пак во нив ( во
сраснати плодни листови= плодник е затворена) растенијата се групирани како:

Голосемени(не формираат плод) Gymnospermae


Скриеносемени (семето е заштитено со плод) Angiospermae

Голосемени -Gymnospermae (семе нема заштитна надворешна обввка не


формираат плод)

Сите растенија коишто имаат отворени, голи незаштитени семени зачетоци се


викаат голосемени растенија

Типичните голосемени растенија се дрвенести растенија, повеќегодишни грмушки или дрвја со


стебло, корење и добро развиен спроводен систем. Имаат иглести листови кои постепено
отпаѓаат (затоа се секогаш зелени)

11
Најчесто цветовите им се еднополови.Посебно се развиваат машки и женски цветови групрани
во соцветија – машки и женски шишарки

Машките шишарки создаваат микроспори во кои се развиваат машки гамети (полови клетки).
Женските шишаки создаваат макроспори, во кои се развиваат женски гамети. Микроспорите
се лесни и носени од ветрот стигнуваат до женските шишарки- каде машките и женските
гамети се соединуваат при процесот на оплодување, а потоа се образува семето
Представнци:

Род ЦИКАС

12
Имаат неразгрането стебло со перасто сложени листови на врвот.Според надворешниот изглед
личат на папратите и палмите.
Цикасите во далечното минато биле многу распространети , денес се доста ретки и се
одгледуваат како декоратвни растенија.
Тоа е дводомно растение. На едни цикаси се развиваат женски шишарки, а на други машки. Во
машките шишарки се развива поленовиот прав. Кога поленовиот прав, разнесуван од ветрот
падне на женски цвет, од него се развива подвижна машка клетка со камшичести израстоци.
(машките полови клетки, слични на сперматозоидите – можат да извршат оплодување на јајце
клетката само кога има влага.)
Цикасот покажува како течела еволуцијата т.е како се развиле голосемените растенија
од папратите.Подвижните машки полови клетки и потребата од влага за оплодување
укажува на сродноста со неговите дамнешни предци , а цветните шишарки – со
голосемените растенија.

Род ГИНКО (Ginkgo biloba)

Дрво со заоблени, лепезести листови (слични на листокапноте)

Единствен представник на колото Ginkgophyta. Гинко е единствена голосеменица, која нема


преживеани сродници

Гинко е реликтен вид и жив фосил, кој до денес се одржал уште од мезозоик (према
фосилните остатоци). Денес живее само еден вид во Јапонија и Кина. Кај нас се одгледува како
украсно растение (во паркови, ботанички градини).Може да израсене во висина до 30м, а во
дебелина до 4 м. Гинко се размножува како и цикасот, со подвижни машки клетки. Од
оплодените цветови се развиваат семки колку маслинки – кои стојат на долги рачки.

13
Род PINUS (Pinus silvestris)

Шумски бор

Род LARIX( Larix decidua) Молика (Pinus peuce)

Ариш

14
Picea excelsa

смрека

Црн бор

Живеее на неплодна песоклива и каменита почва во планинските предели. За впивање на


вода и неоргански материи има добро разгранет коренов систем. Короната на борот личи
на пирамида.Постарите гранки се подолги , омалите покуси. Секоја година борот развиа
нови гранки- катови (според нив може да се суди за староста на борот).Во кората и
дрвенестиот дел на стеблото има смолести канали. Смолата има заштитна улога и го
намалува испарувањето.
Игличестите листови на борот опаѓаат постепено, секоја трета и четврта година.
Бидејќи живее во суви места, лисјата се адаптирани за слаба транспирација. Зиме, кога
впивањето вода е сведенона минимум, транспирацијата се намалува.Поради тоа,
листовите можат да се одржат и преку зимата. На пролет, на гранките од борот се
развиваат машки и женски цветови, собрани во соцветиа.Тие се просто градени (немаат
цветна обвивка). Во основата на младите гранчиња се развиваат машките соцветија во
видна реси.На ресите се наредени прашниците. Од долната страна на секој прашик се
наоѓаат прашникови ќеси со поленови зрна.Кога цветовите се зрели (мај) од ќесињата се
ослободува поленов прав . Поленовиот прав (зрна) имаа меурчиња полни со воздух и лесно се
разнесува со ветер.При тоа екои од нив доспеваат на женските цветови (се врши
опрашување)

15
Наврвот од младите гранчиња се развиени женски соцветија (црвеникави шишарки) Секој
цвет е изграден од месести лушпи (семени лушпи). Тие имаат заштитна улога. Под
семените лушпи се развиваат плодните ливчиња. На секое плодно ливче од горната страна
има два семени зачетоци – голи и незаштитени
Поленовото зрнце носено од ветерот, одкога ќе падне на семеновиот зачеток, изртува во
поленова цевка по една година, а потоа се спојува со јајце –клетката.Третата година од
секој семен зачеток се развива семе. Еден крилест израсток го прави семето полесно за
раснесување со ветер. Од втората година на секој бор можат да се видат (сино зелени)
шишарки на коишто е извршено оплодувањето.Третата година, кога созрева семето,
шишарката се отвора, семето се одделува од неа и се разнесува со ветер. Ако падне на
влажна почва изртува во млад бор.

Голосемените растенија , особено борот имаат големо стопанко значење (градежен маеријал ,
материјал за мебел).Со преработка на смолата од иглолисните растенија се добива терпетин,
катран , калофониум, етерични масла.Од млади борови изданоци се прават лекови.

Скриеносемени растенија (Angiospermae)

• Скриеносемените (цветни) растенија


• (:оддел Magnoliophyta, по растението ,
• уште и Angiospermae, од латински angi = затворено, грчки sperma = семе)

Сите растенија на кои семеновиот зачеток им се наоѓа во плодникот се викаат:


скриеносемени.

Скриеносемеите растенија се најприлагодените растенија на сувоземен начин на живот. Тие се


доминантни на копно и ги населуваат речиси сите станишта (степи, пустини, дождовни
шуми...), мал број скриеносемени видови дури повторно се приспособиле на живот во слатки
води (лопур)
Скриеносемените растенија бројат околу 250000 видови. По големина можат да бидат
од 1mm (Wolffia) до преку 80m (некои представници на родот Eucaliptus).

16
Бескоренската водна леќа или (Волфија) е род на 9 до 11 видови кои
претставуваат најмали цветни растенија на светот.

Најголем број на скриеносемените растенија се исхрануваат со фотосинтеза, но има и


мал број паразитски и сапрофитски форми. Постојат облици кои живеат само 1-2 години, а има
и стогодишни растенија. Речиси сите растенија кои човекот ги одгледува за своја и за исхрана
на домашните животни припаѓаат на скриеносемените растенија.
Доминантната положба на скриеносемените растенија на копното се должи на низа
пргресивни особини (прилагодби) на нивните репродуктивни и вегетативни органи.
Најважна карактеристика на овие растенија е постоењето на вистински цвет.(чии
репродуктивни делови се далеку посложени во споредба со голосемените растенија).
Во цветот се формираат и ртат спори, се развиваат гаметофити, се одвива полов
процес, се образува семе кое е орган за полово размножување на скриеносемените растенија
и се формира плод кој исто така постои само кај скриеносемените (бидејќи настанува од
преобразен плодник (дел на толчникот)-(дел на цветот карактеристиќен само за
скриеносемените)

Плодот е изграден од едно или повеќе плодни ливчиња, кои ги обвиваат семените зачетоци,
според што скриеносемените и го добиле името.Тие одоцна се ослободуваат како зрели
семки. Покрај тоа што ги штити семените зачетоци од острите температурни прмени,
толчникот ги штити и од исушување- ( што им овозможило да живеат во сушни подрачја), од
повреди од животните опрашувачи, а постои и систем на “филтрирање“ на поленовите зрна т.е
оневозможено е ртење на несоодветен полен.

Семенов зачеток (лат.ovulum) е женски репродуктивеи орган на семените растенија ,го


сочинуваат мегаспорангија и нејзината обвивка а се развива на
мегаспорофилите.Развитикот на мегаспорите, развитокот на женската гаметофит
генерација, оплодувањето и развојот на ембрионот , се одвиваат во внатрешноста на
семеновиот зачеток .Ембрионот и ткивата на семеновиот зачеток формираат семе.

17
. семени зачетоци во цвет на кукурек

монокотиледони дикотиледони

Никулец со 1 котиледон

Никулец со 2 котиледона
Стебло- не расте Стебло- расте секундарно во дебелина

секундарно во дебелина

Отворени спроводни снопчиња


.
Затворни спроводни снопчиња
Паралелна нерватура на листот

Мрежеста нерватура на листот

18
Коренов систем е жилест

Коренов систем е осков со главен корен

Цвет- најчесто 3-член Цвет- најчесто 5-член

Дикотиледони –карактеристичи представници:

Фамилија: Лутичиња- Ranunculacea

Тревести растенија

Презимуваат со подземни

Стебла,грутки и ризоми

Фамилија: Афиони - Papaveraceae

19
Зелјести растенија,

Поретко грмушки и дрвја


Имаат млечни цевки смлечен сок.
Од нив се екстрахираат aлкалоиди:морфин, папаверини
кодеин Најзначаен е род:Papaver (афион)

Фамилија- Буки : Fagaceae


Листопадни,дрвенести,
поретко грмушести
Најголем дел од нашите
листопадни шуми се
составени од оваа
фамилија
Бука: Fagus

Даб и костен

Фамилија:Коприви- Urticaceae

20
Тревести, најчесто едногодишни,

Но,има и грмушести повеќегодишни

представници

Коприва

Фамилија: Зелки-Brassicaceae
Зелјасти растенија

Едногодишни и повеќегодишни.
Голем број култивирани родови
кои се користат за исхрана.

Зелка ,карфиол,трупка,црн синап


Овчарска торбичка

Фамилија :Слезови- Malvaceae

Зељасти и дрвенести,
Главно повеќегодишни
представници:
Бамја , Памук

Бел и црн слез

21
Фамилија :Млечки -Euphorbiaceae

Зимзелени,
дрвенести и грмушести
Млечни цевки со млечен сок

Рицинус
Каучуково дрво

Фамилија :Рози-Rosaceae

Дрвенести, зељести,листопадни и
зимзелени повеќегодишни
Растенија.
Дива роза – шипка Rosa canina
Јагода, малина,капина
Јаболко, вишна,цреша праска,кајсија и
др

22
Фамилија :Пеперугоцветни-
Fabaceae

Зељести едногодишни и дрвенести


повеќегодишни растенија
Детелина:
Грав, грашок, боранија

Фамилија: Штитоцветни
Apiaceae

Зелјести, тревести,
едногодишни и
повеќегодишни растенија
Морков,анасон, магданос,ким

Фамилија: Соланаце- Solanaceae

Зељести едногодишни
и двегодишни растенија.

Човекот култивирал
голем број
растенија од оваа фамилија:

Компир,домат, пиперка,тутун

23
Фамилија: Усноцветни - Lamiaceae

Почесто се зелјести,поретко

грмушести едно или повеќеодишни

растенија.

Содржат жлезди од кои се

излачуваат етерични масла:

Мајчина душица, жалфија, нане,

Рузмаррин, лаванда, босилек,

чубрица...

Фамилија: Главоцветни -Asteraceae


Taraxacum officinale

Тревести, едногодишни и

повеќегодишни растенија,

поретко дрва или грмушки

24
Монокотиледони
Зељести, тревести едногодишни и повеќегодишни растенија
(со исклучок на бамбус и палма)
Кај нив никулецот содржи еден котиледон
Коренот е жилест
Стеблото не е секундарно задебелено
Безредно расфрлени спроводни снопчиња од затворен тип
Подземни стебла (грутки, ризоми ил луковици)
Листови наизменично подредени и со паралена нерватура
Тричлени листови, без диференцирана обвивка во чашката и венчето

Фамилија: Лилјани-Liliaceae

Кромид,лук праз,и украсните крин,


зумбул, лале,
момина солза, мразовец се
зелјести повеќегодишни растенија

МРАЗОВЕЦ -COLCHICUM AUTOMNALE

25
Содржи токсичен алалоид –колхицин
5 g од семето предизвикува смрт
во мали количини ги уништува
капиларите – се користи како
цитостатик

Фамилија: Нарциси -Amaryllidaceae

Фамилија: Орхидеи-Orchidaceae
Laelia majalis

епифити или сапрофити

Кај нас род: Orchis (салеп)

Фамилија: Треви-Poaceae

26
Едногодишни или повеќегодишни

Житни растенија вклучени во


секојдневата исхрана (содржат скроб,
протеини,маснотии,витамини и
минерални материи.
пченка,пченица, јачмен, ориз, овес, рж,
просо и др.

План 8: Царство: Животни


1.Повеќеклеточни организми
2.Исхрана –хетеротрофна (мал број паразити)
3.Активно подвижни (мал број сесилни-прикрепени за подлога)
4. Сетилни органи, анален отвор
5.Полово (машка и женска полова клетка=зигот), ретко безполово
6*.Тело со билатерална или радијална симетрија
7.** Телесна празнина : ЦЕЛОМ
8. Поделба (со или без потпора, рбет):
- безрбетни животни (Invertebrata)
- рбетни животни (Vertebrata)
6.* 7.**

БИЛАТЕРАЛНА СИМЕТРИЈА -
Кај активно подвижни животни (парно поставени органи во однос на замислена централна рамнина
РАДИЈАЛНА СИМЕТРИЈА - Кај прикрепени (сесилни) животни органи поставени во круг во однос на
централна оска

27
Царство ЖИВОТНИ (Тип =Коло)

4.Валчести црви
2.Копривкари

7.Членконоги
6.Прстенести
3.Сплескани

8.Иглокожи
5.Мекотели

9.Хордати
1.Сунѓери

црви

црви
1-8 Безрбетни животни ; 9- Рбетници

Безрбетни животни
1.Немаат рбет, голем број се паразити
Повеќеклеточни :Metazoa

2. Во текот на еволуцијата постепенo се формирале ткива : доаѓа до


“поделба на работата“меѓу клетки
Безрбетниците се делат на: а) Безткивни и б)Ткивни животни

2а) Тип:Безткивни безрбетни животни: Сунѓери (Porifera)


ПО ТЕЛОТО ИМААТ ОТВОРИ (ПОРИ)=(Porifera)

Ochridospongia rotunda

- Многу едноставно градени повеќеклеточни животни.


-Немаат развиени вистински ткива ниту органи имаат два слоја на клетки (меѓу нив желатинска

материја) Секоја клетка независно од другите ја врши својата функција.


- сесилни -живеат прикрепени за подлогата (долго сметани за растенија)
- Сите се морски животни, со исклучок на една фамилија слатководни претставници
(ендемит и реликт - охридски сунѓер -Ochridospongia rotunda)
- Размножување: со пупење и полово
- Немаат уста, туку отвори по целото тело и систем од канали и празнини низ кои циркулира
вода (а со неа и кислород и разни микроорганизми со кои животното се храни – со
ФИЛТРАЦИЈА НА ВОДА.

2б)Тип: Копривкари –ткивни животни -Cnidaria- (cnidi)- жарни клетки


-имаат радијална симетрија на телото;
-за прв пат појава на ткива, нервен систем и усен отвор!!!

-прикрепени: корали (имаат внатрешен скелет од варовник, цилидрично тело, формираат гребени)
-подвижни: медузи, хидри (пипала со жарни клетки, устен е едновремено и анален отвор, -
мрежест - дифузен тип на нервен с-м, ѕвонесто тело)

28
-размножување безполово (со пупење) и полово
Претставници: Црвен корал (Coralum rubrum), слатководна хидра, златна медуза

3б) Тип:Спескани црви : Plathelminthes


- имаат билатерална симетрија
- имаат ткива и органи
- Дигестивен систем, (усна празнина и црево кое слепо завршува)
- Нервен систем составен од сетилни органи и збир на нервни клетки- мозочни ганглии кои
продолжуваат во нервни врвки: врвчест тип на нервен систем
- Се размножуваат :безполово (панарии) =се регенерираат, полово и хермафродити
- Немаат циркулаторен ни респираторен систем дишат преку површината на телото.
- Систем за излачување најпримитивен : Ѕвездеста клетка која со трепки ги собира
непотребните материи и ги исфрла низ одводен канал.
Претставници:Трепчести црви (планарии)-водат слободен живот во слатки води
Метили (голем метил)- исклучиво паразит во црн дроб на овци и говеда.
Тении (говедска,свинска,кучешка тенија) исклучиво паразити во црева на животни и
човек

Бела планарија Голем метил Говедска тенија Кучешка тенија - ехинокококус

4б) Тип: Цевчсти црви : Nemathelminthes


• Издолжено тело, зашилено на краевите (од 1mm до 1m )
• Имаат диференцирани ткива и органски системи
• Дигестивен систем, (устен отвор, црево, анален отвор)
• Немаат циркулаторен ни респираторен систем дишат преку површината на телото

29
• Слободноживеечки форми во солени и слатки води -мал број ПАРАЗИТИ кај животни и
човек
Претставници:Човечка глиста и трихинела (предизвикува болест) трихинелоза

од термички необработено месо

Човечка глиста трихинела

5б) Тип: Мекотели – Mollusca: полжави, школки, главоноги


-имаат билатерална симетрија
-имаат меко тело, само некои групи имаат надворешен скелет - черупка-неа ја создава мантијата , со неа
е препокриено целото тело или само еден негов дел.
-телото е составено од 3 дела:

Виноградски полжав -Helix –


Мускулно стапало- за движење ;Глава со сетилни органи ; Труп со внатрешни органи
-отворен транспортен систем, ганглионарен нервен систем. Одстапуваат
од билатерана симетрија. Претрпеле торзија -извртување на трупот во однос на главата за 180
Тие се хермафродити. двете единки положуваат јајца

КАЈ ШКОЛКИ НЕМА ГЛАВА, ГЛАВОНОГИ НЕМАТ СТАПАЛО!

Царство : Животни
Тип :Мекотели (Mollusca)

Класа: Полжави Школки Главоноги


Виноградски полжав -Helix (октоподи, сипи, лигњи)
Мантија Кожен набор Кожен набор мускулеста
Черупка CaCO3 единечна 2 капака во трагови (сипа)/без
Стапало стапало стапало инка
Дишат жабри/„бели дробови“ жабри жабри
Исхрана растенија/Грабливци филтрираат вода грабливци
(планктон)
нервен систем ганглионарен/сетила ганглионарен/сетила ганглионарен/сетила
размножување полово/хермафродити полово/мажјак+женка полово/мажјак+женка

30
6 б) Тип:Прстенести црви –Annelida: - многучетинести, малкучетинести и пијавици

Имаат црволико, постојано лигаво тело со добро забележлива прстенеста градба


(од голем број еднакви прстени =сегменти) - хомономна сегментација.
Во секој сегмент се повторуваат исти органи
Билатерална симетрија. Имаат секундарна телесна празнина-целом!!!
Имаат добро развиени органи за движење, затворен крвен систем (и хемоглобин), дигестивен
систем, примитивни бубрези, скалест нервен систем и некои сетила.
Живеат на копно, во слатки води и мориња, а има и паразитарни форми.
Копнени дишат преку кожа, водени претставници преку жабри.
Размножување безполово -со регенерација, полово, копнените видови се хермафродити.
Претставници: многучетинести (имаат параподии -ножиња) Nereis, малкучетинести (дождовен црв)
медицинска пијавица (без четинлки со пијавки)

Тип:ЧЛЕНКОНОГИ - Artrhropoda
Најсложено градени безрбетници се членконоги и иглокожи.
Сите членконоги (Arthropoda), подвижно зглобени екстремитети (athrhos = zglob).

Меѓу сите безрбетници имаат најсложена структурна и функционална организација . Имаат


билатерална симетрија. Нивното тело е изградено од различни членчиња- хетерономна
сегментација – (Глава, гради и стомаче). Имаат зглобно поврзани израстоци од кои некои се
претворени во нозе за одење или пливање, пипала, усни органи или крила. Тело покриено со
егзоскелет (надворешен хитински скелет кој се преслекува), имаат мускулен систем со чија
контракција се обезбедуваат различни движења на делови од телото. -Крвен систем од
отворен тип Телесна течност –хемолимфа
-Респираторен систем: трахеи кај копнени , шкрги - водени ,пајаци, скорпии-бели дробови
Нервен систем-скалест (мозокот не е задолжен за управување со целото тело,
туку секој сегмент има своја ганглија (како регионална потстаница ) за управување
Имаат добро развиени сетила
Покажуваат полов диморфизам , Внатрешно оплодување, Развитокот може да е директен или
со метаморфоза

31
Поделба : Ракови и Хелицерати

РАКОВИ:(слатки и солени води)


Главен и граден сегмент сраснати - cephalotorax
видови: циклопс, дафнија, речен рак, јастог, краба

краба Daphnia Cyclops sp

ХЕЛИЦЕРАТИ: грабливки –пленот го фаќаат со ножиња во вид на клешти

Пајаци , (крстоносец, црна вдовица, тарантула)


Скорпии
Крлежи паразити-(кучешки крлеж, грињи и шугавец)

Kласа ИНСЕКТИ –Insecta


Тело составено од 3 дела: Глава (пипала, антени , усен апарат), гради, стомаче
Зависно од начинот на исхрана имаат усен апарат:
За грицкање, лижење ,цицање,боцкање и цицање
Странично на телото имаат три пара нозе,
Грбно – парни крилја (тенки кожни набори)
Дишат со трахеи. завршуваат надворешно со отвори=стигми
Имаат мозаичен вид –секое око создава своја слика –па ја сложуваат,
Живеат во социјални заедници, многу продуктивни и прилагодливи
Имааат огромно значење за природата (опрашувачи, за исхрана..)
Некои се штетници и вектори на болести од еден на друг домаќин.
Видови:домашна мува, лебарката, скакулец, пеперутки, компирова златица, мајски бумбар,
маларичен комарец, пчела, свилена буба....и др.

32
Биолошка гранка што ги проучува инсектите е Ентомологија.
Оплодувањето е внатрешно (положуваат огромен број јајца во надворешната средина)-
прекриени со водоотпорна обвивка која ги штити од исушување
Пресвлекувањето е регулирано од хормони
Развитокот: Директен и Индиректен
Директен развиток –без метаморфоза
Индиректен развиток –со метаморфоза :може да биде
1, непотполна метаморфоза :преку стадиум ларва која минува низ неколку
пресвлекувања и се трансформира во возрасна единка
2.потполна метаморфоза: стадиуми на пресвлекување на ларва, па таа се
трансформира во кукла која мирува – па во млада единка

• Myriapoda-стоногалки
• Униформна сегментација (број сегменти од 11 -173)
• На сите освен на последниот по еден или по 2 пара нозе.
• И пар антени-служт како сетила за допир и мирис
• Кај грабливците првиот пар нозе е изменет и служи за фаќање и убивање на оплен
• Има претставници со отровни жлезди
• Немаат стадиум на ларва
• Исклучиво копнени и ноќно активни

33
Тип:Иглокожи –Echinodermata

Имаат големо филогенетско значење=Покажуваат карактеристики кои ги поврзуваат со


рбетиците
• Сите се морски животни (на морско дно)
Многу стара животинска група
• Имаат големо филогенетско значење :
• Покажуваат карактеристики кои ги поврзуваат со рбетиците
Слабо подвижни
Групи: Морски кринови,ѕвезди,змијулки, ежови и краставици
Морски кринови – прилепени за подлогата, тело во форма на чашка со 5 краци
Морски ѕвезди – сплескано тело со 5 краци
Морски змиулки - тело со 5 краци
Морски ежови – топчесто тело со цврст окоп со боцки
Морски краставици – цилиндрично меко тело , без нозе, билатерална симетрија.

Тип: Хордата (Chordata)

Хордата се мала , еволутивно најмлада и најпрогресивна група животни што ја населува


планетата.
Се разликува од другите типови животни по тоа што има хорда - као главна потпора на телото.
Името го добиле по едноставен внатрешен орган во форма на цврсто еластично стапче кое на
телото му дава цврстина, претставува потпора за мускулите на трупот и оска околу која се
развива рбетен столб кај рбетниците.
Нервниот систем кај хордата е во форма на надолжна цевка која се простира вдолж хордата од
грбната страна на телото. Оваков тип нервен систем се нарекува цевчест нервен систем. Од
нервната цевка со тек на еволуцијата се развива мозок и рбетен мозок.
Хордтите (амфиоксус) имаат проширена голта со симетрично поставени жабрести ценатини во
форма на решетка кои имаат респираторни-филтрациона функција.
За прв пат се јавува мускулест опаш (зад анусот).

Амфиоксус

34
Tunicata

Во овој тип спаѓаат подтиповите :


Полухордати ( Туникати и Амфиоксус) и
Вистински хордати (Рбетници)

Кај подтипот Рбетници - хордата (цврсто еластично стапче како потпора на телото) се заменува
со рбет.

Подтип: Рбетни животни (Verrtebrata)

35
Најсовршено градени животни кај кои има појава на:
1. Потпора -Рбет (внатрешен осков скелет)
2. Цевчест нервен систем ( цефализација на мозок и рбетен мозок, сетилни органи)
3. Билатерална симетрија
4. Целом -(телесна празнина)
5. Парни жабри или бели дробови
6. Затворен крвоносен систем и хомеотермија
7. Активно подвижни (екстремитети, преден и заден појас)
8. Дишење (жабри и бели дробови)
9. Поделба (6 класи)

Класа :Круглоусти (Cyclostomata)


Најпримитивната класа Рбетници кои немаат некои од основните
особини карактеристични за останатите рбетници, како што се:
 немаат вилици, па усниот отвор им е постојано отворен и кружен
одтаму и името (lat. Cyclostomi)
 немаат рбетни прешлени
 немаат парни перки, само грбна

Карактеристики:
0.Малубројна група
1.Макроскопска големина
2.Повеќеклеточни
3.Трислојни-(ткива, органи, органски системи)
4.Кожа - немаат крлушки
5. Напречно пругасти мускули (сегментирана градба)
6. Скелет (ја задржуваат хордата во тек на целиот живот)
7. Дигестивен систем , немаат вилици , но имаат заби ,(предно,
средно, задно црево), анален отвор.
8.Затворен циркулаторен систем (низ срцето тече само редуцирана крв)
9. Респираторен систем (жабри )
10. Систем за излачување (бубрези)
11.Сетилни органи (странично поставени очи)
12.Размножување (индиректен постембрионален развиток)
13.Представник -Змијулка
14. Живеат полупаразитски

36
Класа :Риби (Pisces)

Карактеристики:
1.Макроскопска големина
2.Повеќеклеточни
3.Трислојни-(ткива, органи, органски системи)
4.Кожа (вистинска кожа -лигава од секрет на кожни жлезди)
5. Напречно пругасти мускули (сегментирана градба)
6. Внатрешен скелет (осков скелет :череп,рбет со ребра и скелет на перки со
појаси)
7. Дигестивен систем: вилици (со заби)голтка, хранопровод,
желудник, црево и анален отвор.
8.Затворен циркулаторен систем (низ 2- делно срце тече само
редуцирана крв)
9. Респираторен систем (парни жабри)
10.Повеќето представници имаат рибен меур - исполнет со гас ,
кој и помага на рибата при движење и промена на длабочина)
11. Систем за излачување (мочен меур ,парни бубрези)
12.Нервен систем: Рбетен и черепен мозок (сетила за вид,
мирис, вкус+странична линија)
13.Размножување :Разделно-полови, надворешно оплодување,
мал број раѓаат живи млади
14.Покрак непарните (грбна, стомачна и анална) маат парни
перки (градни и стомачни)
15.Представници: Рскавични риби:Кит ајкула, Сина ајкула,Ражи -
Коскени риби :Крап, плашица, пастрмка
Охридска пастрмка: Salmo letnica
*Шакоперка -(вид Латимерија) - жив фосил од палеозоик
**Двојнодишечки риби -за време на исушување на водата со помош на
рибниот меур (обложен со капилари), дишат воздух како со бели
дробови

Класа :Водоземци (Amphibia)

Карактеристики:
1.Први копнени жители меѓу рбетниците.
2.Парните перки се претвораат во петпрсни крајници (со пловни кожички)
3.Макроскопски димензии
4.Трослојни (Ткива, органи, органски системи)
5.Кожа -лигава со жлезди и влажна (помага во дишење)
6.Напречно пругасти и мазни мускули
7.Внатрешен скелет
8.Дигестивен систем (Уста ,јазик, хранопровод, предно,средно, задно
црево, црн дроб , панкреас, клоака)
9.Крвен систем -Затворен, Појава на мал (белодробен крвоток) Срце =2
предкомори + 1 комора- се меша оксидирана и редуцирана крв.
10. Дишење ( преку кожа и со примитивни бели дробови)
11.Систем за излачување (мочен меур, парни бубрези)
12.Цевчест нервен с-тем (рбетен и черепен мозок, развиени сетила,
уво)

37
13.Размножување :Разделно-полови, оплодување надворешно
14.Развиток : ( индиректен, со метаморфоза)
15.Поделба : Жаби, опашкари и безноги
16.Претставници: Зелена жаба , Крастава жаба ,шарен дождовник и др
17. Потекло: прастари риби шакоперки

Класа : Влечуги (Reptilia)


Карактеристики:
1.I.група рбетници комплетно прилагодена на копнен начин на живот.

 2. Макроскопски димензии


3.Трослојни (Ткива, органи, органски системи)
4.Кожа (сува ,прекриена со рожнати творби)
5.Напречно пругасти и мазни мускули
6.Внатрешен скелет (надворешен само кај желки)
7.Дигестивен систем (усен отвор,заби -освен кај
желки , јазик, голтка , хранопровод, желудник, црева, клоака)
8. Крвен систем -Затворен, Триделно срце -крвта се меша, освен кај
крокодили.ПОИКИЛОТЕРМНИ
9.Дишење (преку 2 белодробни крила ) ,освен змија 1.
10.Систем за излачување -парни бубрези (клоака)
11.Цевчест нервен с-тем (рбетен ,черепен мозок, добро развиени
сетила), )
12. Размножување- Разделно-полови
13.Оплодување (внатрешно)
14 . Појава на цврста заштитна обвивка на јајцата + 3 ембрионални
обвивки-заштита од исушување + жолток за исхрана на ембрионот.
15. Поделба:Желки, Гуштери, Змии, Крокодили
16.Претставници: Барска и Џиновска желка, Ѕиден, зелен и сив гуштер
неотровни змии:барска и белоушка, отровни:поскок и шарка; Нилски
крокодил.
17. Потекло : од изумрени водоземци

Класа:Птици ( Aves)
 Карактеристики:
1.Единствени рбетници (покрај лилјаците) кои активно летаат.
2. Макроскопски димензии
3.Трослојни (Ткива, органи, органски системи)
4.Кожа (сува ,прекриена со пердуви)
5.Напречно пругасти и мазни мускули
6.Внатрешен скелет (шупливи коски) предни крајници во крила
7.Дигестивен систем (усен отвор, немаат заби -имаат клун,голтка , хранопровод, 3
желудници (бапка, жлездест и мускулен), црева, клоака),хепар и панкреас.
8. Крвен систем -Затворен, Четириделно срце -крвта не се меша, раздвоен мал и
голем крвоток.
9.Дишење (белодробни крила со воздушни торби, повеќе енергија )
10. Систем за излачување -парни бубрези (клоака)
11. Цевчест нервен с-тем (рбетен ,черепен мозок, добро развиени сетила, слух
вид, рамнотежа)
12. Полов систем ; Разделно полови, внатрешно оплодување , несат и јајца
-Кај женки десен јајцевод и јајник се комплетно редуцирани,
13.Развиток :Лежат над јајцата-обезбедуваат топлина, Грижа за младите.
14. Поделба:Тркачи, Пингвини и летачи

38
Летачите -најголема група (нуркачи, грабливки, кокошки, папагали,колибри,пејачи
15. Претставници:Ној, киви, штрк, лебед, орел, јастеб,еребици, мисирки,фазан...
16. Потекло: од примитивни влечуги во тек на јура -прва птица
Род:Archaeopteryx

Класа:Цицачи ( Mammalia)
 Карактеристики:
1.Рбетници кај кои женката има способност да произведува млеко за исхрана
на младото
2..Макроскопски димензии
3.Трослојни (Ткива, органи, органски системи)
4.Кожа (прекриена со влакна, со жлезди:потни,лојни, мирисни, млечни)
5.Напречно пругасти и мазни мускули (најдобро развиени)
6.Внатрешен скелет (Череп -спојување на коскени делови, рбет со ребра,
7.Дигестивен систем (усен отвор,плункови жлезди, диференцирани заби -,
голтка , хранопровод, желудник ,тенко и дебело црево, анален отвор),хепар и
панкреас.
8. Крвен систем -Затворен, Четириделно срце -крвта не се меша, раздвоен на
мал и голем крвоток.
9. Дишење (сложено градени бели дробови+ дијафрагма)
10. Систем за излачување -парни бубрези, мочоводи, мочен меур, мочен
канал
11. Цевчест нервен с-тем (рбетен ,черепен мозок, Силно развиени хемисфери на
голем мозок добро развиени сетила, прв пат се јавува надворешно уво.
12.Полов систем ; Разделно полови, внатрешно оплодување,
Со мал број исклучоци раѓаат живи млади, покажуваат грижа за младите.
13.Поделба:
-Цицачи со клоака: несат јајца, немаат заби, тешко одржуваат температура
клунар и мравојаден еж
- Торбари:имаат кожна торба во која го носат недоразвиеното младо
Торбарски волк, торбарска лисица, торбарска верверица, кенгур
-Цицачи со постелка:Постелката го поврзува телото на мајката со ембрионот
Инсектојадни, Цицачи летачи, Гризачи, Ѕверови, Водни цицачи,Чифтнокопитни, Нечифтнокопитни
и Примати :( Полумајмуни, Мајмуни, Човеколики мајмуни и Човек
Потекло-влечуги ѕверогуштери

39

You might also like