Case

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 4

1 К.бр.

183/20

ВО ИМЕТО НА ГРАГАНИТЕ НА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА!

ОСНОВНИОТ СУД ВО КОЧАНИ, како првостепен кривичен суд,


составен од судијата Катерина Цоневска како судија поединец, при
записничар Софче Митева, постапувајки по предлогот за издавање на
казнен налог Ко.бр. од 10.06.2020 год. на Основното јавно обвинителство
К., против обвинетите Иван Стојанов од К. за кривично дело ,,Тешка
кражба,, од чл.236 ст.5 в.в. ст.1 т.1 од КЗ и Дарко Стојановски од К., за
кривично дело ,,Прикривање,, од чл.261 ст.1 од КЗ денес на ден
20.08.2020 год., ја донесе следната:

ПРЕСУ Д А

1. ИВАН СТОЈАНОВ роден на ден ... година во К., од татко Ј, мајка


В, со место на живеење во К. ул.,,,, бр., невработен, по националност
Македонец, државјанин на РСМ, со ЕМБГ ..., неосудуван, се брани од
слобода,

2. ДАРКО СТОЈАНОВСКИ роден на ден ... година во К., од татко И,


со место на живеење во К. ул.,,,, бр., невработен, по националност
Македонец, државјанин на РСМ, со ЕМБГ ..., неосудуван, се брани од
слобода,

ВИНОВНИ СЕ
ЗАТОА ШТО:
.I.

На ден 12.02.2020 година во вечерните часови околу 21,00 часот,


прво обвинетиот Иван Стојанов, со намера противправно да присвои туѓ
подвижен предмет од помала вредност, со совладување препреки, од
работна машина-багер марка ,,Липхер 914,, сопственост на оштетеното
правно лице ДГТ ЖИКОЛ ДООЕЛ С., паркирана во речното корито на
,,Кочанска река,, кај ул.,,,, во К., наспроти куќен број , одзел еден
акумулатор марка ,,Монбат,, 12 v 135 Ah, 900 a (EN) со сер.број
635039090, со вредност од 6.500,оо денари, на начин што, го отворил
металниот капак од лежиште каде биле поставени два акумулатори на
работната машина, па со употреба на сила и подесен алат ги отстранил
клемите на еден од акумулаторите, го извадил и зел акумулаторот од
лежиштето.

Со наведените дејствија прво обвинетиот Иван Стојанов сторил


кривично дело ,,Тешка кражба,, од чл.236 ст.5 в.в. ст.1 т.1 од КЗ.
2 К.бр.183/20

ii.

Откако на ден 12.02.2020 година прво обвинетиот Иван Стојанов со


совладување препреки, од работна машина-багер марка ,,Липхер 914,,
противправно одзел акумулатор марка ,,Монбат,, 12 v 135 Ah, 900 a (EN),
истата вечер во близина на кафеана ,,,, во К., второ обвинетиот Дарко
Стојановски го купил таквиот акумулатор од прво обвинетиот за сума од
1.000,оо денари, иако знаел дека е прибавен со кривично дело, бидејќи во
моментот кога го купил акумулаторот, прво обвинетиот му кажал дека го
украл, а при тоа акумулаторот го купил без било каква документација, за
пониска цена од реалната цена на чинење, а истиот бил во исправна
состојба.

Со наведените дејствија второ обвинетиот Дарко Стојановски


сторил едно кривично дело ,,Прикривање,, од чл.261 ст.1 од КЗ, па врз
основа на истиот законски пропис и чл. чл.32,33,35,39 од КЗ и чл.497 ст.2
т.5 и ст.3 т.2 од ЗКП (Службен весник на РМ бр.150 од 18.11.2010 година),
и чл.102 и чл.114 од ЗКП издавам:

КА ЗНЕН НА Л ОГ

Со кој им се изрекува алтернативна мерка

УСЛОВНА ОСУДА

Со која им се утврдува казна затвор во траење од по 3 (три) месеци


и истовремено се определува дека казната нема да се изврши доколку
обвинетите во рок од 2 (две) години од денот на правосилноста на
пресудата не сторат ново кривично дело.

СЕ ЗАДОЛЖУВААТ обвинетите на име судски паушал да платат


износ од по 1.500,оо денари, во рок од 15 дена по правосилноста на
пресудата, под страв на присилно извршување, а во корист на Буџет на
РМ НБРМ на сметка 1000000000630-95, сметка на Буџетски корисник
290100080963115, приходна шифра и програма 724 132 20 начин 2.

Оштетеното правно лице ДГТ ЖИКОЛ ДООЕЛ С. за остварување на


имотно правното побарување се упатува на граѓански спор.

Образлож ение

Основното јавно обвинителество К. до овој суд поднело предлог за


издавање на казнен налог Ко.бр.од 10.06.2020 год. на против обвинетиот
Иван Стојанов од К. за кривично дело ,,Тешка кражба,, од чл.236 ст.5 в.в.
ст.1 т.1 од КЗ и обвинетиот Дарко Стојановски од К., за кривично дело
,,Прикривање,, од чл.2261 ст.1 од КЗ и со поднесениот предлог дало
3 К.бр.183/20

предлог да судот донесе пресуда и на обвинетите да им издаде казнен


налог со кој ке им изрече алтернативна мерка Условна осуда со која ке
им утврди казна затвор во траење од по 3 (три) месеци и истовремено ке
определи дека казната нема да се изврши доколку обвинетите во рок од 2
(две) години од денот на правосилноста на пресудата не сторат ново
кривично дело а оштетеното правно лице ДГТ ЖИКОЛ ДООЕЛ С. за
остварување на имотно правното побарување да се упати на граѓански
спор.
Судот постапувајки по предлогот за издавање на казнен налог на
ОЈО К., смета дека податоците во предлогот за издавање на казнен налог
даваат доволно основа за издавање на казнениот налог, па и од тие
причини се согласи со поднесениот предлог од ОЈО К..
Доказите предложени во предлогот за издавање на казнен налог и
тоа: записник за извршен увид на обезбедено место на настан
бр.22.28.6.2.4-501 од 13.02.2020 год. фотодокументација на ЦД со ознака
у.бр.90/2020 од 13.02.2020 год. потврда за привремено одземени
предмети бр.22.28.6.1-24 од 13.02.2020 год. потврда за вратени предмети
бр.22.28.6.1-24/1 од 24.02.2020 год. известување бр.22.28.6.2.1-845/4 од
07.04.2020 година од МВР ОВР К. со прилог: службена белешка за
појаснување настан бр.28.28.6.1-1446 од 18.03.2020 год. тековна состојба
бр.0805-50/1509200000875 од 09.03.2020 год. од Централен регистар на
РСМ-РРК К., пријава за кражба бр.0306-383 од 13.02.2020 година од ДГТ
Жикол Дооел С., достава податоци и документација бр.0306-612 од
17.03.2020 година од ДГТ Жикол Дооел С. со прилог фактура бр.1221/2014
од 01.09.2014 год. испратница бр.1221/2014 од 01.09.2014 год. писмена
изјава од управителот на ДГТ Жикол Дооел С. и фактура бр.20120035 од
08.03.2012 година, листа од казнена евиденција од 09.03.2020 година на
име обвинетиот Иван Стојанов и листа од казнена евиденција од
09.06.2020 година на име на обвинетиот Дарко Стојановски, кои го
оправдуваат донесувањето на пресуда со која се издава казнениот налог.
Судот го прифати предлогот на ОЈО К. за видот на кривичната
санкција што ја предложи а тоа е алтернативна мерка условна осуда и на
обвинетите им утврди казна затвор во траење од по 3 (три) месеци и
истовремено определи дека казната нема да се изврши доколку
обвинетите во рок од 2 (две) години од денот на правосилноста на
пресудата не сторат ново кривично дело.
Со ваквата кривична санкција судот смета дека ќе се постигнат
целите на специјален и генерален превентивен план и воспитно ќе се
влијае на обвинетите во иднина да не чинат вакви и слични кривични
дела.
Судот ги задолжи обвинетите на име судски паушал да платат
износ од по 1.500,оо денари, имајки ги во предвид сложеноста и
времетраењето на постапката.
Оштетеното правно лице ДГТ ЖИКОЛ ДООЕЛ С. за остварување на
имотно правното побарување судот го упати на граѓански спор.
Од сето напред изложено се донесе одлука како во диспозитивот на
4 К.бр.183/20

оваа пресуда.

ОСНОВЕН СУД КОЧАНИ, на ден 20.08.2020 година.

ПОУКА: Против оваа пресуда обвинетите имаат право на приговор во


рок од 8 дена од денот на приемот на пресудата, до овој суд.
По истекот на рокот за приговор, ако приговорот не е поднесен
пресудата ке стане правосилна.

С у д и ј а,
Катерина Цоневска

You might also like