Aplikativen Softver

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 84

АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -

Предавања-

АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР
ПРЕДАВАЊА

Предавањата се според учебникот

ИНФОРМАЦИОНА ТЕХНИКА И
ТЕХНОЛОГИЈА
од
Вон.проф.д-р. Пеце Митревски

Информација и податок

• Некој студент е • Просечниот успех


одличен е поголем од 8.50
• Надвор е топло • t>20°C
• Земјата е високо • Националниот
развиена доход по жител е
поголем од $2,000

1
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Информација и податок

• Информација (lat. Informatio) – поим,


претстава, сознание
• Информатика – наука што се занимава со
изучување на информациите и нивното
добивање од податоците
• Податоци – факти, поими или знаења кои се
запишуваат во форма разбирлива за човекот
– текст, број, слика или звук
• Однос помеѓу информација и податок:
– Информација е значењето што го има некој
податок
– Податокот е запис на некоја информација 3

Информација и податок

• Обработка на податоци – процес што се состои


од низа операции што се извршуваат врз
податоците со цел да се добијат информации
– Пример: пресметување на просечен успех на
студент
• Автоматска обработка на податоци (АОП) –
обработка што ја врши машина без директно
учество на човекот во процесот на обработката
• Една од првите машини за АОП е т.н. диферентна
машина на Charles Babbage од 1833 година
(механичка направа со запчаници...)
• Современата АОП започнува со развојот на
електрониката и технологијата во 50-тите години
од минатиот век, кога се појавуваат првите
4
компјутери

2
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Мерење на количеството
информации
• Бит – единица мерка за мерење на
количеството информации (eng.
bit=binary digit)
• Бит – количество информација
содржано во одговорот на кое било
прашање за кое се можни два еднакво
веројатни одговори

Мерење на количеството
информации
Пример:
• Замислен е број од 1 до 16. Колку пати
треба да се постави прашањето: „Дали
бројот е поголем од X?“ за да се погоди
замислениот број?
• Претпоставка: замислен е бројот 7
– 1. Дали бројот е поголем од 8? НЕ 1,2,3,4,5,6,7,8
– 2. Дали бројот е поголем од 4? ДА 5,6,7,8
– 3. Дали бројот е поголем од 6? ДА 7,8
– 4. Дали бројот е поголем од 7? НЕ 7
ДА–>1, НЕ–>0, НЕ-ДА-ДА-НЕ –> 0110 (четири бита)
6

3
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Мерење на количеството
информација

• Ако се можни n еднакво веројатни


одговори на едно прашање, количеството
информации може да се запишe со k-
битови, при што важи релацијата:
n=2k , односно k=log2n
• Во претходниот пример:
16=24, односно 4=log216

Претставување на податоците
• Податоците во компјутерите се
претставуваат со цифрите 0 и 1 – бинарен
броен систем (со основа 2)
• Декаден броен систем (со основа 10) – десет
цифри: 0,1,2,3,4,5,6,7,8,9
• Октален броен систем (со основа 8) – осум
цифри: 0,1,2,3,4,5,6,7
• Хексадецимален броен систем (со основа
16) – шеснаесет цифри:
0,1,2,3,4,5,6,7,8,9,A,B,C,D,E,F

4
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Зошто бинарен систем?

• Секоја информација може да се претстави


со цифрите 0 и 1, односно со низа од
битови
• Операциите со овие две цифри се многу
едноставни
• Цифрите 0 и 1 во електрониката
репрезентираат две вредности на напон
(на пр. 1 –> 2.4-5 V, 0 –> 0-0.8 V)
• Постојат физички медиуми со особина да
паметат само две состојби (на пр.
магнетни материјали: 1 –> магнетизирана
точка, 0 –> немагнетизирана точка) 9

Претставување на броеви
• Целите декадни броеви се претвораат во бинарни
со делење со основата на бинарниот броен систем,
т.е. со бројот 2
• Пример:
• 473 : 2 = 236 и остаток 1
• 236 : 2 = 118 и остаток 0
• 118 : 2 = 59 и остаток 0
• 59 : 2 = 29 и остаток 1
• 29 : 2 = 14 и остаток 1
• 14 : 2 = 7 и остаток 0
• 7 :2= 3 и остаток 1
• 3 :2= 1 и остаток 1
• 1 :2= 0 и остаток 1
– 47310 = 1110110012 10

5
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Претставување на броеви

• Претворањето на децималниот дел од број од


декаден во бинарен броен систем се врши со
множење со 2 само на децималниот дел
• Пример:
• 0.6875 x 2 = [1].3750 со цел дел 1
• 0.3750 x 2 = [0].7500 со цел дел 0
• 0.7500 x 2 = [1].5000 со цел дел 1
• 0.5000 x 2 = [1].0000 со цел дел 1
– 0.687510 = 0.10112
• Ако бројот има и цел и децимален дел,
претворањето може да се изврши посебно на
целиот и на децималниот дел
– 473.687510=111011001.10112 11

Претставување на броеви
• Претворањето на бинарните броеви во
декадни се врши според општата формула за
запишување на број во броен систем со
дадена основа
• Пример:
– 47310 = 4x102 + 7x101 + 3x100 = 400+70+3
– 1110110012=
=1x28+1x27+1x26+0x25+1x24+1x23+0x22+0x21+1x20=
=256+128+64+0+16+8+0+0+1=47310

12

6
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Претставување на знаци
(текстуални податоци)
• Вообичаено, во употреба се буквите од
англиската абецеда (A-Z, a-z), цифрите 0-9
и специјалните знаци:
,.;+=#&@!`()[]{}<>/*^%$ итн.
• Според т.н. ASCII стандард (American
Standard Code for Information Interchange),
секој знак се претставува со низа од 7 бита
(27=128 различни знаци)
• Пример:
– А –> 1000001 B –> 1000010 C –> 1000011
– a –> 1100001 b –> 1100010 c –> 1100011
– + –> 0101011 % –> 0100101 итн.
13

Претставување на знаци
(текстуални податоци)

• ASCII-8 кодот користи 8 бита, со што


можат да се кодираат 28=256
различни знаци
• Со Unicode стадардот (UTF-8, UTF-
16, UTF-32) можат да се кодираат
дури 232=4,294,967,296 знаци, што
овозможува да бидат опфатени
буквите (симболите) од сите светски
јазици
14

7
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Претставување на слики

• Црно-бела слика може да се претстави со мрежа


(мозаик) од црни (1) и бели (0) квадратчиња и да се
запише во бинарна форма, како низа од нули и
единици
• Едно квадратче се нарекува пиксел (eng. pixel)
• Бројот на пиксли со кои се прикажува сликата се
нарекува графичка резолуција
• Кај сликите со повеќе бои (нијанси), на секое
квадратче му одговара низа од бинарни знаци со
која се претставува бојата (нијансата)
• Пример: со 16 бита можат да се разликуваат
216=65,536 бои (нијанси)
15

Претставување на звук

• На точно одредени
временски интервали
се земаат податоци за
амплитудата и
фреквенцијата на
звучниот бран
• Земените податоци се
претставуваат со низи
од 8 или 16 битови

16

8
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Што е компјутерот?
• Машина способна да памети голем број податоци, да
памети голем број различни програми (постапки за
извршување на одредена работа) и истите
автоматски да ги извршува со огромна брзина и без
грешки.
• Четири особини го прават применлив насекаде и
различен од другите машини и апарати:
– Брзина – се изразува во број на извршени
операции во една секунда – MIPS (Millions of
Instructions per Second)
– Способност за паметење (податоци и програми)
– Автоматско работење (без учество на човекот)
– Точност (ако некогаш се случи грешка, тогаш
човекот погрешил или во програмата или во 17
податоците)

Малку историја...
• Генерации на компјутери

18

9
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

„Нулта“ генерација – механички


компјутери (1642-1945)
• Blaise Pascal (1623-1662) – прв конструирал
машина за пресметување во 1642 година (со цел да
му помогне на неговиот татко – собирач на данок за
француската власт) – машината можела да собира
и одзема
• Baron Gottfried Wilhelm von Leibnitz (1646-1716)
конструирал механичка машина која можела дури и
да множи и да дели – еквивалент на денешните
калкулатори со четири функции (...но пред 300
години!)
• Charles Babbage (1792-1871) ја конструирал т.н.
диферентна машина која извршувала еден
единствен алгоритам со цел да пресметува табели
со броеви потребни за поморска навигација – ги
запишувала резултатите на бакарна плочка со
помош на челична игла – еквивалент на денешните 19
CD-ROM-ови

„Нулта“ генерација – механички


компјутери (1642-1945)
• Charles Babbage конструирал машина-наследник –
аналитичка машина со четири компоненти: магацин
(меморија), мелница (пресметувачка единица), влезна
единица и излезна единица (картички со дупчиња) -
машина со општа намена
• Ada Augusta Lovelace (ќерка на поетот Lord Gordon
Byron) – првиот програмер на светот – пишувала
програми (software) за аналитичката машина
• Денешните компјутери имаат структура слична на
аналитичката машина (Babbage - „дедо“ на современите
дигитални компјутери)
• Konrad Zuse (1930+) конструирал серија машини за
автоматска обработка со примена на електромагнетни
релеи (уништени при бомбардирањето на Берлин во
1944)
• John Atanasoff – машина со бинарна аритметика која
користела кондензатори како мемориски ќелии – 20
современите мемориски чипови работат на ист принцип

10
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Прва генерација – електронски


ламби (1945-1955)
• Посебен поттик за развојот на електронските
(немеханички) компјутери дава Втората светска војна
• Германија: ENIGMA – машина за кодирање на
пораките испраќани до германските подморници
• Британија: тајна лабораторија во која е конструиран
електронски компјутер – COLOSSUS (1943) со цел
декодирање на германските пораки (во соработка со
познатиот математичар Alan Turing) – останал
„воена тајна“ цели 30 години

21

Прва генерација – електронски


ламби (1945-1955)
• САД: John Mauchley и J. Presper Eckert конструираат
електронски компјутер – ENIAC (Electronic Numerical
Integrator And Calculator):
– 18,000 електронски ламби
– 1,500 релеи
– 30 тони / 150 m2
– 140 киловати
– 6,000 преклопници и „шума“ од кабли за преспојување
(програмирање)
• Други компјутери: EDSAC, JOHNIAC, ILLIAC, MANIAC,
WEIZAC, EDVAC…
• John Von Neumann (познат математичар – гениј од
рангот на Leonardo Da Vinci) ја дава идејата за
претставување на програмите во дигитална форма во
меморијата на компјутерите, заедно со податоците
(...наместо преклопници и кабли) – идејата е искористена
22
кај EDSAC и IAS машините

11
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Втора генерација –
транзистори (1955-1965)
• Транзистор (1948) – електронски елемент кој
може да ја извршува истата работа како
електронската ламба, но е многу помал, троши
малку енергија и е многу побрз
• TX-0 (Transistorized eXperimental computer 0) – прв
компјутер со транзистори (М.I.T.)
• Други:
– IBM 7090 (најбрз компјутер на светот во тоа време,
$xMio.)
– PDP-1 (Digital Equipment Corporation, 1961,
$120,000) – визуелен дисплеј со резолуција
512x512 точки (M.I.T. -> spacewar -> прва видео
игра !!!) 23

Втора генерација –
транзистори (1955-1965)
• Control Data Corporation 6600 (CDC6600) (1964) –
речиси десет пати побрз од најбрзата IBМ машина –
повеќе пресметувачки единици, едни за собирање,
други за множење, трети за делење – сите работат
паралелно (10 инструкции одеднаш)
• Дизајнерот на CDC6600, Seymour Cray, го посветил
животот на конструирањето на се побрзи и побрзи
машини – суперкомпјутери (6600, 7700, Cray-1)

24

12
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Трета генерација –
интегрални кола (1965-1980)
• Интегрално коло – еквивалент од неколку
стотини транзистори на минијатурно парче
полупроводнички материјал
• Намалување на димензиите, зголемување на
брзината, опаѓање на цената, проширување на
примената
• Со целокупната работа на компјутерот управува
специјално напишана програма – оперативен
систем
• Познати компјутери: IBM System/360, DEC PDP-
11
25

Четврта генерација – VLSI


чипови (1980-?)
• VLSI (Very Large Scale Integration) чип –
еквивалент на неколку милиони транзистори
• До 1980 година, цените опаѓаат толку многу што
дури и една индивидуа може да поседува
сопствен компјутер – почеток на ерата на
персоналните компјутери
• Први персонални компјутери – процесор Intel 8080
(1974), 8” дискетна единица и CP/M оперативен
систем
• Други: Apple, Apple II
• IBM персонален компјутер (1981) – процесор
Intel 8088 – најдобро продаван компјутер во
историјата 26

13
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Четврта генерација – VLSI


чипови (1980-?)
• IBM ги публикува комплетните планови за дизајн
на машината во обична книга која се продава за
само $49
• Бројни компании започнуваат со производство на
IBM-клонови со многу пониски цени
• Иницијалните верзии на IBM персоналните
компјутери биле опремени со MS-DOS
оперативен систем (произведен од тогаш
малата компанија Microsoft)
• OS/2 – оперативен систем со графички
кориснички интерфејс (IBM и Microsoft)
• Microsoft развива сопствен оперативен систем –27
Windows

Петта и шеста генерација (?)

• Петта генерација – компјутери кои имаат


способност за паралелна работа
• Шеста генерација – невронски компјутери
– нивната работа е слична со работата на
невроните во човечкиот мозок

28

14
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

…”Back to the Future”

• Компјутерската индустрија се движи нанапред,


побрзо од која било друга индустрија
• Закон на Gordon Moore (Intel, 1965): „бројот на
транзистори сместени на еден чип се дуплира
на секои 18 месеци“
• Според предвидувањата, законот ќе важи и во
наредните 15-20 години – тогаш транзисторите ќе
се состојат од одвај неколку атоми
• Економистите тука гледаат „маѓепсан круг“:
технолошки напредок –> пониски цени –> нови
апликации –> нови пазари –> нови компании –>
конкуренција –> технолошки напредок (со цел да
се совлада конкуренцијата) 29

Хардвер

• Што е хардвер?
• Важност на хардверот
• Логички модел на современ компјутер
• Процесор
• Меморија (примарна и секундарна)
• Категории на компјутери и хиерархија
• Влезни уреди и технологии
• Излезни уреди и технологии
30

15
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Што е хардвер?
• Хардвер (eng. hardware) – видливи и
физички опипливи елементи кои се
употребуваат за внесување, обработка,
прикажување и чување на податоците и
програмите во компјутерскиот систем

31

Важност на хардверот

• Луѓето од бизнисот најчесто сметаат дека за


нивната лична продуктивност и за
компетитивноста на фирмата доволно е да знаат
како да ја користат компјутерската техника, но не
и да знаат нешто повеќе за техничките детали
(како сето тоа функционира?)
• Фирмите мораат мошне често да ја преиспитуваат
сопствената конкурентност од аспект на
пресметувачка моќ
• Одлуките што се донесуваат во голема мера се
потпираат на (не)познавањето на дизајнот и
функционирањето на хардверот 32

16
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Логички модел на современ


компјутер

Процесор
Кон-
тролна
еди- ALU
Влезни ница Излезни
уреди Регистри уреди

Примарна
меморија Комуникациски
уреди

Секундарна
меморија 33

Процесор

• Процесор (CPU – Central Processing Unit,


микропроцесор) – милиони микроскопски
транзистори поврзани во неколку
функционални целини и спакувани во
еден единствен чип
– Pentium 4: 42 милиони транзистори и работна
фреквенција до 3.6 GHz (ГигаХерци)
• Основна задача на CPU e да извршува
наредби (инструкции) со цел да ги
обработи податоците 34

17
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Современи процесори

• Intel:
– Celeron
– Pentium 4
– Core 2 Duo
– Xeon
– Itanium
– Itanium 2
• AMD:
– Athlon
– Sempron
– Athlon 64
– Opteron
• Motorola, IBM, Apple:
– PowerPC
• HP/Compaq:
– Alpha 35

Функционални целини на
процесорот
• Управувачка Процесор
(контролна) единица Кон-
тролна
ALU
(eng. Control Unit) еди-
ница
Регистри
• Аритметичко-логичка
единица (eng. Arithmetic- Примарна
меморија
Logic Unit)
• Регистри (eng.
Registers)
36

18
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Управувачка (контролна)
единица
• Ги презема инструкциите од
меморијата
• Ги декодира (интерпретира)
инструкциите Процесор
Кон-
• Управува со протекот на Тролна
ALU
еди-
податоци низ системот (кон и од ница

ALU, регистрите, примарната и Регистри


секундарната меморија, како и
различните влезни и излезни Примарна
меморија
уреди)
– Податоците и инструкциите се
пренесуваат преку посебни
проводни патеки наречени 37
магистрали (buses)

Аритметичко-логичка единица
• Изведува
пресметувања
Процесор
(аритметички операции)
Кон-
над податоците Тролна
еди- ALU
• Прави споредби ница
Регистри
(логички операции) над
податоците Примарна
меморија

38

19
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Регистри

• Мемориски локации Процесор

со исклучително брз Кон-


Тролна
еди- ALU
пристап во кои можат ница
Регистри
да се чуваат
податоци и Примарна
меморија
инструкции во кус
временски период
(„меѓурезултати“)
39

Како функционира
процесорот?
• Во основа, процесорот функционира како
„мала фабрика“: на влез доаѓаат
податоци и инструкции („суровини“) кои
привремено се складираат; во одреден
момент се преземаат и се обработуваат;
излезните резултати („готовите
производи“), исто така, привремено се
складираат, за подоцна да бидат
запишани („испорачани“) на соодветна
локација
40

20
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Меморија

• Количеството и видот на меморијата што ја


поседува компјутерот, во голема мера зависи од
неговата намена и го определува видот на
програмите кои може да ги извршува, работата што
може да ја заврши, брзината и цената.
• Две основни категории:
– примарна меморија – служи за чување на
релативно мали количества податоци и
информации кои непосредно ги користи
процесорот
– секундарна меморија – служи за чување на
поголеми количества податоци и информации (на
пр. цели софтверски програми) во подолг
временски период 41

Капацитет на меморијата
• Меморискиот капацитет на компјутерот се мери во
бајти (bytes) (1 бајт = 8 бита)
• Поголеми единици:
– Килобајт = 1.024 бајти (210)
– Мегабајт = 1.048.576 бајти (1.024 x 1.024)
– Гигабајт = 1.073.741.824 бајти (1.024 x 1.024 x
1.024)
– Терабајт = 1.078.036.791.296 бајти
• Примери:
– 256 MB RAM меморија (вид примарна меморија) =
268.435.456 бајти = 44,8 милиони напишани
зборови (од по 6 бајти во просек)
– 40 GB хард диск (вид секундарна меморија) = 20
милиони страници текст (од по 2,000 бајти во
просек) 42

21
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Примарна меморија

• Служи за чување на три вида информации


во кус временски период:
– податоци кои треба да ги обработи процесорот
– инструкции за процесорот за тоа како да ги
обработи податоците
– некои програми (делови од оперативниот
систем) кои управуваат со различни аспекти на
функционирањето на компјутерот
• Содржана е во повеќе чипови, физички
сместени колку што е можно поблиску до
процесорот 43

Примарна меморија

• Видови примарна меморија:


– регистри - дел од процесорот; имаат најмал
капацитет и служат за чување на екстремно
ограничени количества на инструкции и
податоци, и тоа само непосредно пред и по
обработката
– меморија со случаен пристап (random access
memory – RAM)
– кеш-меморија (cache memory)*
– меморија од која може само да се чита (read-
only memory – ROM)
• Cache: a safe place for hiding and storing things; 44
fr. cacher – (се) крие

22
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Примарна меморија - RAM


• RAM – меморија со случаен пристап
– во споредба со регистрите, служи за
чување на поголеми количества на
информации и физички е подалеку од
процесорот
– во споредба со секундарната меморија,
има помал капацитет, но физички е
поблиску до процесорот

45

Примарна меморија - RAM

46

23
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Примарна меморија - RAM


• Кога на компјутерот ќе се активира некоја програма,
целата програма се вчитува од секундарната
меморија во RAM
• При извршувањето, програмските инструкции и
податоци се внесуваат во регистрите по одреден
редослед
• Содржината на RAM-меморијата е непостојана
(volatile) – неповратно се губи при прекинување на
напојувањето на компјутерот со електрична енергија

47

Примарна меморија - CACHE

• Меморија со брз пристап –


процесорот може да пристапи кон
кеш-меморијата многу побрзо отколку
кон RAM-меморијата
• „Меѓумеморија“ во која привремено
се чуваат блокови од инструкции
и/или податоци кои процесорот
најчесто ги користел „во последно
време“ 48

24
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Примарна меморија - ROM


• Меморија од која може само да се чита – чип во
кој трајно се чуваат одредени критични
инструкции
– Пример: инструкции кои се извршуваат веднаш
по вклучувањето на компјутерот и
овозможуваат тој да се доведе во работна
состојба
• Содржината на ROM-меморијата е постојана
(nonvolatile) – не се губи при исклучување на
компјутерот
• Видови на ROM-чипови:
– PROM (Programmable ROM)
– EPROM (Erasable Programmable ROM)
– EEPROM (Electrically Erasable Programmable ROM)
– Flash memory (наоѓа примена и кај мобилните телефони,
49
дигиталните камери, итн.)

Секундарна меморија

• Меморија дизајнирана за чување на големи


количества податоци во подолг временски период
• Капацитетот може да изнесува дури и неколку
терабајти – во одреден момент, само мал дел од
податоците се пренесуваат во примарната
меморија
• Единици на секундарна меморија:
– Магнетна лента
– Магнетен диск (хард диск)
– Дискета
– Компакт диск (CD-ROM)
– Дигитален повеќенаменски диск (DVD)
– Флуоресцентен повеќеслоен диск (FMD-ROM)
– Други напредни технологии
50

25
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Секундарна меморија -
карактеристики
• Содржината на секундарната меморија е
постојана
• Во споредба со RAM-меморијата, потребно е
многу подолго време за пристап до
податоците поради електро-механичката
природа на единиците на секундарната
меморија
• Секундарната меморија е многу поисплатлива
• Може да биде сместена на различни медиуми,
со примена на различни технологии
• Тренд – поголема застапеност на методи за
директен пристап, поголем капацитет, помали
трошоци и зголемена пренесливот 51

Секундарна меморија –
магнетна лента
• Лента на која ситни честички од претходно
нанесен магнетен материјал (железен
оксид) можат да бидат позитивно или
негативно поларизирани
• Има форма на големо отворено тркало
или касета – стара технологија која може
да биде популарна само поради најниската
цена и можноста за складирање на
огромни количества на податоци
• Податоците се запишуваат секвенцијално
• Секвенцијален пристап – системот често
мора да измине добар дел од лентата
пред да го најде потребното парче од 52
податоци

26
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Секундарна меморија –
магнетна лента
• Во некои големи организации
(осигурителни компании),
современите верзии на системите со
магнетни ленти користат т.н. патрони
(cartridges) со кои манипулира робот
• Кај персоналните компјутери,
магнетната лента може да послужи
за правење копија од содржината на
секундарната меморија (backup) 53

Секундарна меморија –
магнетен диск (хард диск)
• Магнетните дискови имаат многу
поголема популарност поради
неспоредливо побрзиот пристап до
податоците
• Најмасовно употребувани единици на
секундрна меморија
– релативно ниска цена
– голема брзина
– голем капацитет 54

27
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Секундарна меморија –
магнетен диск (хард диск)
• Хард дисковите читаат од и запишуваат
на една или повеќе вртливи магнетно
обложени алуминиумски плочи поставени
на заедничка оска и заштитени од
надворешни и атмосферски влијанија
(херметички затворени)
• За секоја плоча постојат по две глави за
читање/запишување (по една на секоја
страна) кои лебдат над површината на
растојание помало од 25 микрони и се
придвижуваат од периферијата кон 55
центарот и обратно

Секундарна меморија –
магнетен диск (хард диск)

56

28
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Секундарна меморија –
магнетен диск (хард диск)
• На секоја од плочите податоците се
запишуваат во концентрични патеки
• Секоја патека е поделена на сегменти
наречени сектори
• До секој податок може да се пристапи
директно (несеквенционално) ако се знае
бројот на патеката, секторот и главата
• Кај современите персонални компјутери,
капацитетот достигнува 40, 80, па дури и
повеќе од 100 GB
• Времето на пристап до податоците е
неколку милисекунди (5-15 ms)
57

Секундарна меморија –
дискета (floppy disk)

• Функционираат слично како и хард


дисковите, со следните разлики:
– направени се од лесно свитлив
материјал (Mylar)
– многу се побавни
– имаат многу помал капацитет
(стандардно 1.44 MB)
– за разлика од хард дисковите (кои се
фиксирани внатре во компјутерот),
дискетите се лесно пренесливи
58

29
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Секундарна меморија –
оптички дискови
• Запишувањето на податоците се врши со
помош на строго насочен ласерски зрак,
со кој се прават микроскопски
вдлабнатини на површината на
рефлективна пластична плоча
• При читањето на податоци, со друг ласер
(вграден во единицата за читање на
оптички дискови) се осветлува
површината на дискот. Ако светлината се
рефлектира (одбива), прочитаниот
податок е единица (1) – во спротивно е
нула (0)
59

Секундарна меморија –
оптички дискови
• Наместо во концентрични патеки,
податоците се запишуваат во
непрекината спирала, почнувајќи од
центарот кон периферијата
• Видови на оптички дискови:
– CD-ROM (Compact Disk)
– DVD (Digital Versatile Disk)
– FMD-ROM (Fluorescent Multilayer
Disk)
60

30
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Секундарна меморија –
оптички дискови – CD-ROM
• Спиралата има 22.188 полни
завртувања и ако се одвитка би била
долга 5,6 километри
• Капацитетот изнесува 650 MB,
односно 74 минути аудио запис
(музика)
• Постојат и т.н. CD-RW (CD-
ReWritable) дискови, со можност за
бришење и повторно запишување

61

Секундарна меморија –
оптички дискови – DVD
• Во споредба со CD-ROM дисковите,
имаат поситни вдлабнатини и погуста
спирала, а податоците можат да се
запишуваат и во два слоја (еден врз
друг)
• Капацитетот изнесува од 4.7 GB
(едностран еднослоен диск) до 17 GB
(двостран двослоен диск)
• 4.7 GB соодветствува на 133 минути
видео запис (филм), со звучен запис
на осум различни јазици (Dolby 62
Digital, DTS) и превод на 32 јазици

31
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Секундарна меморија –
оптички дискови – FMD-ROM
• Kaj FMD-ROM дисковите се користи
истата идеја за запишување на
податоци во повеќе слоеви
• Благодарение на примената на
специјален оптички систем, FMD-
ROM дисковите поддржуваат 20 или
повеќе слоеви
• Слоевите можат да се читаат
паралелно (истовремено),
зголемувајќи ја на тој начин брзината
на пренос на податоци 63

Категории на компјутери и
хиерархија (1)

• Суперкомпјутери –
најбрзи
пресметувачки
машини
• Наместо бизнис
апликации, на нив се
извршуваат воени и
научни апликации

64

32
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Категории на компјутери и
хиерархија (2)
• Големи
компјутери
(mainframe) –
популарни во
големите
претпријатија
• На нив се
извршуваат
апликации кон кои
пристапуваат
илјадници
корисници
(пример: систем
за резервација на
авионски билети) 65

Категории на компјутери и
хиерархија (3)
• Миникомпјутери – релативно
мали, компактни компјутери кои
можат да ги извршуваат истите
функции како и големите, но во
помал обем
• Карактеристични апликации:
контрола на процеси, научни
истражувања, инженерски
апликации, дистрибуирана
обработка на податоци во
различните организациони
единици на едно претпријатие,
e-commerce (обработка на
трансакции преку Интернет)
66

33
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Категории на компјутери и
хиерархија (4)
• Работни станици
(workstations) –
овозможуваат брзи
пресметувања и
графички приказ со
висока реолуција
• Типични апликации:
проектирање во
машинството,
визуелизација, 3D
анимација, видео
монтажа
67

Категории на компјутери и
хиерархија (5)
• Микрокомпјутери – персонални
компјутери: desktop, laptop, notebook,
мобилни уреди (handheld персонален
компјутер - Personal Digital Assistant (PDA))

68

34
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Софтвер

• Што е софтвер?
• Системски софтвер
• Апликативен софтвер
• Програмски јазици
• Софтвер во претпријатијата

69

Што е софтвер?

• Софтвер (eng. software) – множество


компјутерски програми
• Програма – низа од инструкции (упатства)
што треба да ги изврши компјутерот за да
ја сработи задачата што му ја дава
корисникот
• Програмирање – процес на пишување
(кодирање) на програми
• Програмер – лице кое програмира
(пишува програми)
70

35
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Софтвер – поделба

• Компјутерот не е во можост да направи


ништо ако не добие инструкција од
софтверот
• Иако хардверот е со општа намена,
софтверот му овозможува на корисникот
да му нареди на компјутерскиот систем да
извршува специфични функции кои имаат
некакво значење
• Софтверот го сочинуваат две групи на
програми:
– системски софтвер
– апликативен софтвер 71

Софтвер – поделба

• Однос помеѓу хардверот,


системскиот софтвер и
апликативниот софтвер:

72

36
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Системски софтвер

• Системски софтвер – множество


програми кои првенствено служат како
посредник помеѓу хардверот и
апликативните програми, а со кои можат
да манипулираат само обучени корисници
• Системскиот софтвер обезбедува повеќе
важни функции на компјутерскиот систем:
– сам се вчитува при вклучувањето на
компјутерот, управува со хардверските ресурси
и обезбедува множество често користени
функции од страна на апликативните програми
73

Системски софтвер

• Системско програмирање –
креирање и одржување на системски
софтвер
• Системскиот софтвер може да се
подели на две главни функционални
категории:
– оперативни системи
– системски програми за поддршка
74

37
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Апликативен софтвер

• Апликативен софтвер – множество


програми кои на корисникот му
обезбедуваат поспецифични
функционалности
• Функционалноста може да биде мошне
широка (на пр. обработка на текст), или
ограничена (на пр. пресметка на плата во
организација)
• Апликативно програмирање –
креирање или модифицирање и
надградба на апликативен софтвер
75

Оперативен систем

• Го надгледува функционирањето на
компјутерскиот систем во целина
• Го следи статусот на компјутерот и
временски ги распоредува операциите
(вклучувајќи ги тука и влезно-излезните
процеси)
• Им доделува процесорско време и
примарна меморија на програмите кои се
извршуваат на компјутерот
• Обезбедува интерфејс помеѓу корисникот и
хардверот 76

38
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Оперативен систем

• Сервиси на оперативниот систем:


– управување со процесите
– управување со меморијата (виртуелна
меморија)
– управување со влезно-излезните уреди
– управување со податоците и безбедност
– кориснички интерфејс

77

Управување со процесите

• Управување со процесите – управување со


програмата или програмите кои се извршуваат на
процесорот во даден момент
• Во наједноставен случај, оперативниот систем ја
вчитува програмата во примарната меморија и ја
извршува – програмата ги користи ресурсите на
компјутерот се додека не ја предаде контролата
назад на оперативниот систем
• Некои оперативни системи нудат
пософистицирани форми на управување со
процесите:
– multitasking
– multithreading
– mutiprocessing
78

39
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Управување со процесите

• multitasking (multiprogramming) – две или


повеќе програми се извршуваат на
компјутерот „во исто време“
• multithreading – симултано извршување
на повеќе задачи во рамките на иста
програма
• mutiprocessing – две или повеќе
програми (задачи) се извршуваат на
компјутерски систем со два или повеќе
процесори 79

Управување со меморијата

• Концепт на виртуелна меморија –


симулирање на поголемо количество
примарна меморија отколку што
постои во компјутерскиот систем:
– програмата се дели на парчиња со
фиксна должина наречени страници
– системот извршува некои страници со
инструкции, додека други се
преместуваат од секундарната во
примарната меморија
80

40
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Управување со влезно-
излезните уреди
• Оперативниот систем ги контролира
влезно-излезните операции со
уредите, испитува дали уредот за
некоја операција е слободен и
исправен, ги памети барањата за
некој уред и сл.

81

Управување со податоците и
безбедност
• Оперативниот систем е одговорен за
извршување операции со податочни
структури – датотеки: креирање,
бришење, запишување, читање,
копирање, листање, распоредување на
единиците на секундарната меморија, итн.
• Оперативниот систем е одговорен и за
контрола на пристапот до датотеките, во
зависност од овластувањата што ги имаат
корисниците (оперативниот систем чува
информација за корисниците и нивните
овластувања)
82

41
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Кориснички интерфејс

• Корисникот комуницира со компјутерот со


посредство на корисничкиот интерфејс
• Текст-базиран кориснички интерфејс –
внесување на комплексни команди преку
тастатурата (DOS)
• Графички кориснички интерфејс – им
овозможува на корисниците непосредна
контрола над видливи објекти (icons) и
преземање акции кои ги заменуваат
комплексните команди (Windows) 83

Категории на оперативни
системи
• Оперативните системи можат да се
категоризираат во зависност од бројот на
корисници кои ги поддржуваат, како и
според нивото на софистицираност:
– оперативни с-ми за мобилни уреди
– desktop оперативни с-ми
– оперативни с-ми за мали сервери
– оперативни с-ми за големи сервери
– оперативни с-ми за суперкомпјутери
• Забелешка: корисничкиот интерфејс е
најсофистициран кај desktop оперативните
с-ми, а најмалку кај големите сервери и
суперкомпјутерите. Последниве нудат 84
најголема функционалност!

42
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Категории на оперативни
системи
• Оперативни с-ми за • Desktop оперативни с-ми:
мобилни уреди: – MS-DOS
– Windows CE – Windows 1.0-3.1 (графичка
– Embedded Windows XP работна околина за MS-
– Embedded Linux DOS)
– Palm operating system – Windows 95 (Plug-&-Play)
– Windows 98
– Windows Millenium Edition
– Windows NT 4.0
– Windows 2000
– Windows XP
– “Blackcomb”
– UNIX
– Linux
– Macintosh OS X
85
– IBM OS/2

Категории на оперативни
системи
• Oперативни с-ми за мали сервери:
– UNIX
– Linux
– Windows 2000
– Windows XP
– Novell NetWare
• Oперативни с-ми за големи сервери:
– IBM OS/390, VM, VSE, OS/400
• Oперативни с-ми за суперкомпјутери:
– Cray Unicos
– IBM AIX 86

43
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Системски програми за
поддршка
• Системски услужни програми (utilities) (на
пр. програма за реставрирање на случајно
избришани податоци)
• Програми за следење на перформансите на
компјутерскиот систем (performance monitors)
• Програми за заштита на компјутерскиот
систем од неовластен пристап, злоупотреба
или уништување на податоците (security
monitors)

87

Апликативен софтвер
• Апликативните програми се применуваат (аплицираат) за
извршување на одредена работа: подготовка на книга,
уредување на слика, пресметка на плата, изготвување на
презентација, пребарување низ компјутерска мрежа, итн.
• Според областа на примена, апликативните програми
можат да се распоредат во повеќе категории:
– Уредување на текст
– Издаваштво (Desktop Publishing)
– Табеларни пресметувања
– Бази на податоци
– Графика
– Статистика и математика
– Мултимедија
– Комуникации
– Тековно работење
– Други апликации
• Софтверски пакет – програма или група програми кои се
произведени од страна на специјализирани софтверски 88
тимови и се достапни за набавка во „спакувана“ форма

44
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Уредување на текст
• Современите програми за уредување на текст
(текст процесори) нудат мноштво напредни
можности за пишување и уредување: внесување
на текст, форматирање на текст, печатење,
речник, лексикон, граматичка проверка,
интегрирана графика, изработка на дијаграми и
цртежи, итн.
• Поради можноста за креирање и модифицирање
на документите во меморијата на компјутерот, ја
зголемуваат продуктивноста на корисниците
• WYSIWYG – What You See Is What You Get
• Microsoft Word – најшироко употребуван 89
софтверски пакет за уредување на текст

Издаваштво
(Desktop Publishing)
• Софтверот за издаваштво претставува повисоко
ниво на софистицираност во споредба со
стандардните уредувачи на текст
• Во минатото, подготовката за печатење на
весниците, плакатите, постерите, рекламните
брошури итн., се изведувала рачно
• Денес, софтверот за издаваштво овозможува
комбинирање на фотографии, дијаграми, цртежи
и текст (со различни типови и големини на букви),
со цел да се произведе финален документ
подготвен за печатење
• Познати софтверски пакети: PageMaker, 90
Quark Xpress

45
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Табеларни пресметувања
• Програмите за табеларни пресметувања го
трансформираат екранот на компјутерот во
голема табела со огромен број редици и колони
• Во ќелиите од табелата, корисникот може да
внесува нумерички податоци, текстуални
податоци или формули
• Каква било измена на податоците во табелата,
доведува до автоматска (моментална) корекција
на резултатите добиени врз основа на
математички релации зададени од корисникот
• Познати софтверски пакети: Microsoft Excel,
Lotus 1-2-3 91

Бази на податоци
• Програмите за работа со бази на податоци
овозможуваат групирање на податоците по некои
обележја, сортирање во некаков редослед,
пребарување, поврзување, ажурирање (бришење
и додавање), како и заштита од несакани измени,
давајќи им различни права на пристап на
корисниците – едни можат да внесуваат и да
вршат измени, а други само да читаат
• Познати софтверски пакети за работа со бази на
податоци: Microsoft Access, Microsoft SQL Server,
Oracle, IBM Informix

92

46
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Графика
• Графичките софтверски пакети овозможуваат
креирање, чување, прикажување и печатење на
дијаграми, графикони, скици, планови, цртежи и
слики
• Познати софтверски пакети:
– Corel Draw! – изработка на цртежи
– AutoCAD – проектирање и изработка на технички цртежи
– Adobe PhotoShop, Corel PhotoPaint – обработка на слики
– Animator Pro, 3D Studio – анимација и симулација
– Microsoft PowerPoint – изработка на презентации

93

Статистика и математика

• Со статистичките софтверски пакети можат да се


пресметуваат статистички величини, да се вршат
разни статистички тестови, како и графички да се
презентираат резултатите во форма на
графикони
• Познати програми за статистичка обработка:
Statgraphics, Statistica
• Математичките пакети претставуваат интегрирани
пакети за работа со броеви, формули, текст и
графика – имаат голем број вградени
математички функции, овозможуваат решавање
на системи равенки или неравенки и цртање на
рамнински криви, фигури или просторни
површини
• Познати математички пакети: Mathematica, 94

MathCAD, MatLab

47
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Мултимедија

• Мултимедијалниот софтвер обединува најмалку


два медиума за влез или излез на податоци:
аудио (звук), анимација, видео, текст, графика и
слики
• Мултимедијата претставува комбинација (спој) на
просторно-базирани медиуми (текст и слики) со
временски-базирани медиуми (звук и видео)

95

Комуникации
• Комуникацискиот софтвер им овозможува на
компјутерите, независно од тоа дали се блиску
едни до други или на големи растојанија, да
разменуваат информации преку специјални кабли,
закупени или јавни линии, телефонски линии,
сателитски врски, итн.
• Кога комуникацискиот софтвер постои и на
страната на испраќачот и на страната на примачот,
тие се во можност да воспоставуваат и
прекинуваат врски, да ги кодираат и декодираат
податоците при преносот, да ги откриваат и
корегираат грешките при преносот, да се
96
справуваат со повремените прекини, итн.

48
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Тековно работење
• Компјутерите можат да се користат за водење на
целокупното работење на претпријатијата:
финансиско книговодство, материјално
книговодство, персонална евиденција, пресметка
на плати, евиденција на основни средства и ситен
инвентар, архивско работење, итн.
• Програмите за тековно работење можат да бидат
развиени во самото претпријатие, или да бидат
изработени по порачка од надворешен тим

97

Програмски јазици
• Програмските јазици му овозможуваат на
човекот да му соопшти на компјутерот што
треба да работи
• Претставуваат основа за развој на
софтвер – како апликативен, така и
системски

Јазици од ниско ниво Јазици од високо ниво


98

49
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Програмски јазици (1)

• Машински јазик
(прва генерација програмски јазици)
– Јазик од најниско ниво
– Претставува внатрешна репрезентација
на инструкциите и податоците
– Го сочинуваат бинарни цифри (нули и
единици)
– Единствен јазик кој го разбира машината
– Во основа, секој процесор има свој
машински јазик 99

Како компјутерот ги разбира


програмите?
• Програмите напишани на кој било друг
програмски јазик мораат да бидат
преведени на машински јазик
• Множеството инструкции напишани на кој
било кориснички-ориентиран програмски
јазик се нарекува изворна програма
(source program)
• Множеството инструкции што се добива по
преведувањето на машински јазик се
нарекува објектна програма (object
program) или извршна бинарна програма
100
(executable binary program)

50
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Како компјутерот ги разбира


програмите?
• Процес на преведување

Изворна програма Програма за Објектна програма


преведување (извршна бинарна
Ì Assembler програма)
Ì Compiler
Ì Interpreter
Се извршува на
процесорот 101

Програмски јазици (2)

• Асемблерски јазик
(втора генерација програмски јазици)
– Поразбирлив за корисникот во споредба
со машинскиот јазик – се користат кратки
мнемонички кодови наместо бинарни
цифри
– Секоја наредба напишана на
асемблерски јазик се преведува во една
единствена наредба на машински јазик
– Assembler – програма која преведува од
асемблерски на машински јазик 102

51
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Програмски јазици (3)


• Процедурални јазици (трета
генерација програмски јазици)
– Поблиски се до природните јазици (јазици од
високо ниво) – користат препознатливи зборови
наместо кратки мнемонички кодови
– Бараат од програмерот прецизно да специфицира,
чекор-по-чекор, како компјутерот треба да ја
изврши поставената задача
– Секоја инструкција се преведува во неколку
(повеќе) машински инструкции
– Примери: Cobol, C, Fortran, Basic, Pascal, ...
– Compiler („компајлер“) – преведувач кој преведува
цела програма одеднаш
– Interpreter („интерпретер“) – преведувач кој ги
преведува и извршува наредбите од изворната 103
програма „една-по-една“

Програмски јазици (4)

• Непроцедурални јазици
(четврта генерација програмски
јазици)
– Му овозможуваат на корисникот да дојде
до бараниот резултат без неопходно
специфицирање на детални процедури
за негово изведување
– Пример: SQL – прашален јазик за работа
со бази на податоци
– Можат да ги користат и не-технички
ориентирани корисници 104

52
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Програмски јазици (5)

• Природни програмски јазици –


интелигентни јазици
(петта генерација програмски јазици)
– Преведувачите кои преведуваат од
природен јазик на јазик разбирлив за
машината се премногу комплексни и
бараат речиси неограничени
компјутерски ресурси
– Повеќето од овие јазици се
експериментални и допрва треба да
бидат прифатени од индустријата 105

Програмски јазици –
современи концепти
• Визуелни програмски јазици
– Графичката работна околина (GUI)
овозможува работа со икони, симболи на
екранот и менија, со што програмирањето
станува поедноставно и поинтуитивно
– Примери: Visual Basic, Visual C++, ...
– Популарни се и кај не-технички
ориентираните корисници

106

53
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Програмски јазици –
современи концепти
• Hypertext Markup Language (HTML)
– Стандарден јазик за креирање и
презентирање на документи на World
Wide Web
– Хипертекст-документите можат да
содржат текст, слики и други видови
информација, како аудио, видео, или
извршни компјутерски програми
– Повеќето современи апликации за
обработка на текст овозможуваат
автоматска конверзија на стандардните
документи во HTML-формат
107

Програмски јазици –
современи концепти
• Extensible Markup Language (XML)
– подобрување на функционалноста на
Web-документите
• Virtual Reality Modeling Language
(VRML)
– служи за опишување на
тридимензионални интерактивни светови
и објекти (статични или анимирани)
– може да се користи на World Wide Web за
претставување на комплексни сцени, како
илустрации, презентации на производи,
итн. 108

54
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Програмски јазици –
современи концепти
• Објектно-ориентирани програмски
јазици (OOP)
– јазици базирани на објекти –
податоците се спакувани заедно со
методите (операциите) за
манипулирање со податоците
– Примери: Java, C++, ...
– Unified Modeling Language (UML) – јазик
за моделирање на објектно-
ориентирани софтверски системи
109

Програмски јазици –
современи концепти
• Componentware
– конструирање на комплексни софтверски
системи со примена на т.н. софтверски
компоненти – компонентите можат да се
составуваат (како коцки) во согласност со
бараните функционалности
– Примери: ActiveX, JavaBeans, …

110

55
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Софтвер во претпријатијата

• Проблеми со кои се соочуваат


претпријатијата…
– Притисокот од конкуренцијата наметнува
потреба од реорганизација и промени во
информациско-комуникациската
инфраструктура, меѓутоа
– шаренилото од хардвер и софтвер кој е
во употреба внесува дополнителна
комплексност и ги отежнува промените
111

Софтвер во претпријатијата

• Можни решенија...
– Middleware – софтвер за поврзување на
апликациски модули кои се развиени со
различни програмски јазици и се
извршуваат на хетерогени платформи
– Софтверски пакети со интегрирани
функционални модули (на пр.
менаџмент на човечки ресурси,
маркетинг, финансии, сметководство,
итн.), со графички кориснички интерфејс,
базирани на индустриски стандарди и
едноставни за конфигурирање и 112
инсталирање

56
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Податоци и информации во
организациите
• Чување, организирање и пристап до
податоци
• Традиционална околина – датотеки
• Бази на податоци – современ пристап
• Системи за управување со бази на
податоци
• Логички модели на податоци
• Складишта на податоци

113

Чување, организирање и
пристап до податоци
• Податоците, кога правилно се обработуваат,
стануваат информации врз кои се потпира
донесувањето на сите бизнис-одлуки
• Организациите мораат постојано да
собираат, организираат, анализираат и
интерпретираат мноштво различни податоци
за да можат да преживеат на пазарот

114

57
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Хиерархија на податоците

• Компјутерскиот систем ги организира


податоците во хиерархија која започнува
со бит (bit) – најмало парче податоци што
може да се обработува (0 или 1)
• Група од осум бита – бајт (byte) –
претставува еден единствен знак, т.е.
буква (A-Z, a-z), цифра (0-9) или симбол (+-
/*%‘&*...)
• Логичкото групирање на знаците во
зборови, групи од зборови или броеви
претставува поле (field)
– Пример: името на еден студент во компјутерот
на Службата за студентски прашања е 115
содржано во полето „Име“

Хиерархија на податоците
• Логичка група од меѓусебно поврзани полиња
претставува запис (record)
– Пример: полињата „Име на студент“, „Име на
предмет“, „Датум“ и „Оценка“ сочинуваат запис
„Пријава за испит“
• Логичка група од меѓусебно поврзани записи
претставува датотека (file)
– Пример: множеството записи од типот „Пријава за
испит“ сочинуваат датотека „Пријави“
• Логичка група од меѓусебно поврзани
датотеки сочинува база на податоци
(database)
– Пример: датотеката „Пријави“, заедно со
датотеките „Студенти“, „Предмети“, „Професори“ и
др., можат да сочинуваат база на податоци 116
„Студентски прашања“

58
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Хиерархија на податоците
• Секој запис опишува ентитет (entity) – лице,
предмет, место или настан на кој се однесува
зачуваната информација
– Пример: вработен, производ, купувач, итн.
• Секоја карактеристика која поблиску опишува
даден ентитет, се нарекува атрибут (atribute)
– Пример: матичен број на вработениот, боја на
производот, име на купувачот, итн.
• Секој запис треба да содржи барем едно поле
(или група од полиња) кое еднозначно го
идентификува токму тој запис, така што записот
ќе може лесно да се пронајде, да се измени, да се
сортира (подреди), итн. Таквото поле (или група
од полиња) се нарекува примарен клуч (primary
key)
– Пример: примарен клуч на записот за еден студент е117
бројот на неговиот индекс

Традиционална околина –
управување со датотеки
(File Management Environment)
• Од времето кога компјутерот за прв пат наоѓа
примена во бизнисот (средина на 1950-тите), па се
до раните 1970-ти, организациите ги чуваат и
организираат податоците на традиционален начин –
секоја апликација располага со сопствени податоци
запишани во посебни датотеки, како множества од
меѓусебно поврзани записи
– Пример: Во факултетот има повеќе апликации кои се
однесуваат на студентите: апликација за обработка на
резултати од приемни испити, апликација за пријавување на
испити, апликација за финансиско работење со студенти,
итн. – секоја од нив располага со сопствени податоци

118

59
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Традиционална околина –
проблеми!
• Различните апликации, обично, имаат голем
број заеднички основни функции: внесување
на податоци, прегледување на податоци,
генерирање на извештаи, итн. Сепак, тие
мораат да се дизајнираат, кодираат,
документираат и тестираат за секоја
апликација посебно, а корисниците мораат
повторно да се обучуваат – тоа доведува до
непотребни трошоци

119

Традиционална околина –
проблеми!
• Редунданција на податоци – како што
апликациите се креираат една-по-друга (од
различни програмери), истите информации
можат да се дуплираат на неколку места
– Пример: секоја од апликациите кои се однесуваат на
студентите, располага со записи кои имаат поле за
името на студентот, индексот, адресата, телефонскиот
број, итн. – овој процес непотребно го троши
расположливиот капацитет на единиците на
секундарната меморија, како и времето што им е
потребно на службениците за внесување и одржување
на податоците
120

60
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Традиционална околина –
проблеми!
• Неконзистентност на податоците – често
пати, различните копии од податоците не се
совпаѓаат
– Пример: ако студентот ја промени својата
адреса, новата адреса мора да се евидентира
во сите апликации
• Изолираност на податоците – податоците
се, многу веројатно, организирани на
различен начин, зачувани во различни
формати, или физички недостапни на
другите апликации 121

Традиционална околина –
проблеми!
• Безбедносни проблеми – безбедноста тешко
се спроведува, бидејќи со инсталирањето на
нови апликации во системот, се поголем број
корисници имаат пристап до податоците
• Проблеми со интегритетот на податоците
– Пример: полето со матичниот број на студентот не
смее да содржи букви; полето во кое е содржан
просечниот успех не смее да содржи негативен број,
итн. – тешко е да се води сметка за сите можни
ограничувања, во услови кога истите треба да се
спроведат над повеќе различни датотеки
122

61
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Традиционална околина –
проблеми!
• Висок степен на зависност на апликациите и
податоците – во нормални околности, начинот
на кој се чуваат и/или се организирани
податоците не смее да влијае врз развојот на
апликациите

123

Бази на податоци – современ


пристап
• Бројните проблеми кои произлегуваат од
традиционалната околина, доведуваат до
појава на базите на податоци – логички групи
од меѓусебно поврзани датотеки
• Овој современ пристап овозможува сите
податоци да бидат содржани во единствен
секундарен мемориски простор

124

62
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Бази на податоци – современ


пристап
• Наместо различни програми кои пристапуваат кон
различни датотеки, базата на податоци е
организирана на тој начин што едно единствно
множество од софтверски програми – систем за
управување со базата на податоци (Database
Management System – DBMS) – обезбедува
пристап кон сите податоци
– Редунданцијата, изолираноста и неконзистентноста на
податоци се сведени на минимум
– Истите податоци им се достапни на сите корисници
– Безбедноста и интегритетот се на повисоко ниво
– Апликациите и податоците се независни
125

Бази на податоци – современ


пристап
• Базата на податоци може да биде:
– централизирана – сите меѓусебно
поврзани датотеки се наоѓаат на иста
физичка локација (еден компјутер)
– дистрибуирана – (a) комплетни копии од
базата, или (б) делови од неа, се наоѓаат
на повеќе од една локација – во првиот
случај (а) станува збор за реплицирана,
а во вториот (б) за партиционирана база
на податоци 126

63
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Бази на податоци – современ


пристап

127

Креирање на база на
податоци
• Концептуален дизајн – апстрактен модел
на базата на податоци (од корисничка или
бизнис перспектива)
– ги идентификува врските помеѓу податоците и
го определува најефикасниот начин на нивно
групирање, со цел да се одговори на
поставените барања
• Физички дизајн – покажува како, во
стварност, е организирана базата на
податоци на единиците на секундарната
меморија 128

64
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Концептуален дизајн

• Концептуалниот модел најчесто се


документира во форма на т.н. дијаграм на
ентитети и врски (entity-relationship
diagram – ERD)
• ERD го сочинуваат ентитети, атрибути и
врски
• Ентитетите се претставуваат со
правоаголници, а врските со ромбови
• Атрибутите на секој ентитет, обично, се
наведуваат во форма на листа, при што
примарниот клуч е подвлечен 129

Дијаграм на ентитети и врски


(пример)
Студент
Број на индекс
Име и презиме
Насока
...
M

полага

M
Предмет
Шифра на предметот M 1 Професор
Име на предметот предава Идентификационен број
Насока Име и презиме
Семестар 130

65
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Телекомуникации и мрежи
• Телекомуникациски систем
• Компјутерски мрежи
• Мрежен софтвер
• Стратегии на дистрибуирано
процесирање
• Комуникациски апликации

131

Телекомуникациски систем
• Еден телекомуникациски систем се состои од
хардвер и софтвер за пренесување на
информации (текст, податоци, слики, глас,
документи или видео) од една на друга локација
• Основни компоненти на телекомуникациски
систем:
– Хардвер
– Комуникациски медиуми
– Комуникациски мрежи
– Комуникациски софтвер
– Комуникациски протоколи
– Комуникациски апликации
132

66
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Основни компоненти

• Хардвер – сите видови компјутери и комуникациски


процесори
• Комуникациски медиуми – физички медиуми преку кои се
пренесуваат електронските сигнали
• Комуникациски мрежи – врски помеѓу компјутерите и
комуникациските уреди
• Комуникациски софтвер – софтвер кој го контролира
телекомуникацискиот систем, како и целокупниот процес на
пренос на сигнали
• Комуникациски протоколи – правила за пренесување на
информации низ системот
• Комуникациски апликации – електронска размена на
податоци, телеконференција, видеоконференција,
електронска пошта, телефакс, електронско плаќање, и др.
133

Комуникациски канали и
медиуми
• Комуникациски канали – посебни патеки
или медиуми по кои се остварува преносот
на податоци од една на друга локација
• Медиуми:
– бакарна парица (twisted-pair)
– коаксијален кабел
– кабел со оптички влакна
– микро-бранови
– сателитски пренос
– радио-бранови
134
– инфрацрвени бранови

67
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Карактеристики на комуникациските
медиуми – Брзина на пренос

• Брзини на одделните комуникациски


медиуми:
– Парица 300 bps – 10 Mbps
– Микро-бранови 256 Kbps – 100 Mbps
– Сателитски пренос 256 Kbps – 100 Mbps
– Коаксијален кабел 56 Kbps – 200 Mbps
– Кабел со оптички влакна 500 Kbps – 25 Tbps

135

Некои телекомуникациски
услуги
• Комутирани линии – јавни телефонски линии
• Изнајмени линии – остваруваат постојана
(непрекината) врска помеѓу два уреда со поголема
брзина на пренос
• ISDN (Integrated Services Digital Network) –
технологија за пренос со поголема брзина која
овозможува симултано пренесување на глас, видео,
слики и податоци (обично, станува збор за два
канали со капацитет од по 64 Kbps и еден 16 Kbps
канал за сигнализација и контролни информации)
• DSL (Digital Subscriber Line) – овозможува пренос на
податоци со поголема брзина преку постојните
аналогни телефонски линии со посредство на
модеми – популарна алтернатива на ISDN
136

68
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Компјутерски мрежи
• Една компјутерска мрежа се состои од
комуникациски медиуми, комуникациски уреди и
софтвер, неопходни за поврзување на два или
повеќе компјутерски системи и/или уреди
• Со посредство на компјутерските мрежи,
вработените во една компанија имаат достап до
хардверот, компјутерските апликации и базите на
податоци низ целата организација, а географски
дистрибуираните работни групи можат да
разменуваат документи, идеи и мислења
• Во зависност од географските растојанија што ги
покриваат, компјутерските мрежи можат да бидат:
– локални (Local Area Networks – LAN)
– мрежи на пошироко географско подрачје (Wide Area
Networks – WAN)
137

Локални мрежи (LAN)


• Локална мрежа поврзува два или повеќе уреди
(обично во рамките на една зграда), така што
секој уред на мрежата има можност да
комуницира со сите други уреди
• Топологија – начин на кој комуникациските канали
ги поврзуваат јазлите во мрежата
• Основни мрежни топологии:
– ѕвездеста (star)
– магистрална (bus)
– прстенеста (ring)
– хиерархиска (hierarchical)
– хибридна (hybrid)
• Две локални мрежи можат да бидат поврзани меѓу
себе со посредство на bridge (мост)
• Локалните мрежи можат да бидат поврзани со 138
јавни мрежи со посредство на gateway (порта)

69
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Локални мрежи (LAN)

139

Локални мрежи (LAN)


• Потребни технологии:
– кабли (или безжични врски)
– картички со мрежен интерфејс – посебни адаптери кои
служат за поврзување на компјутерот со
комуникацискиот медиум
– мрежен софтвер
• Современи концепти:
– WLAN (Wireless LAN) – безжично поврзување на кратки
растојанија (обично на помалку од 150m и во рамки на
иста зграда)
– Bluetooth – безжична комуникација со посредство на
радио-бранови со мала снага, која може да послужи и за
остварување на т.н. домашни мрежи во кои можат да
бидат поврзани најразлични домашни апарати (брзина140
на пренос 720 Kbps)

70
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Мрежи на пошироко
географско подрачје – WAN
• Иако повеќето компании имаат потреба од пренос
на податоци низ локална компјутерска мрежа
(LAN), најголем дел од нив испраќаат и примаат
податоци и надвор од рамките на локалната мрежа
• Тоа се постигнува со поврзување кон една или
повеќе мрежи на пошироко географско подрачје
(WAN – Wide Area Network)
• WAN-мрежите се карактеризираат со
комуникациски канали со голем капацитет, со
голем број комуникациски процесори и со мноштво
различни медиуми: комутирани или изнајмени
линии, микро-бранови и сателитски пренос 141

Мрежи на пошироко
географско подрачје – WAN
• Некои од WAN-мрежите се приватни (во посед на
поголеми компании кои можат да ги покријат релативно
големите трошоци), додека други се „јавни“ (од аспект на
менаџмент, ресурси и пристап)
– Една таква јавна WAN-мрежа е и Интернет – основа на т.н.
информациски автопат (information superhighway)
• Виртуелнa приватнa мрежa (VPN – Virtual Private
Network) – WAN-мрежа која им овозможува на
компаниите да ја искористат робусната комуникациска
инфраструктура на Интернет за поврзување со
оддалечени корисници, деловни единици и бизнис-
партнери ширум светот – податоците патуваат преку
Интернет во енкриптирана форма (кодирани, заштитени
од јавноста)
– Пример: MasterCard го користи овој концепт за меѓусебно
поврзување на околу 660 центри за процесирање на 142
трансакции ширум светот

71
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Мрежен софтвер

• Мрежниот софтвер обезбедува голем број


функции:
– откривање и корекција на грешки
– форматирање на пораки
– водење на комуникациски дневник (листа од
сите остварени комуникации во определен
временски период)
– сигурност и приватност на податоците, и др.
• Видови мрежен софтвер:
– мрежни оперативни системи
– софтвер за менаџмент на компјутерски мрежи
143
– протоколи

Мрежен софтвер

• Мрежен оперативен систем (Network Operating


System – NOS) – системски софтвер кој ги
контролира хардверските уреди, апликативниот
софтвер и комуникациските медиуми и канали во
една компјутерска мрежа, овозможувајќи им на
различните уреди да комуницираат меѓу себе
– Примери: Novell NetWare, Microsoft Windows XP (NT), …
• Софтвер за менаџмент на компјутерски мрежи
– придонесува за намалување на времето кое е
потребно за обавување на некои рутински задачи:
оддалечена инсталација на нов софтвер на
различните уреди во мрежата, дијагностицирање
на проблеми низ мрежата, итн.
144

72
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Мрежен софтвер
• Уредите кои се поврзани меѓу себе, ја користат
мрежата за испраќање и примање на податоци,
почитувајќи, при тоа, множество правила и
процедури за пренесување на податоците,
наречени протоколи
– Пример: TCP/IP (Transmission Control Protocol / Internet
Protocol)
• Основни функции на мрежните протоколи:
– контрола на пристапот до комуникацискиот медиум
– избегнување на судири
– идентификација на уредите во мрежата
– потврда на исправноста на приемот на испратените
пораки
– утврдување на потребата од повторно испраќање 145
– опоравување при појава на грешки, итн.

Пренос на податоци

• Комутација на пакети (Packet-switching) –


блоковите од податоци се делат на ситни
парчиња наречени пакети, при што секој пакет
патува независно низ мрежата: пакетите кои
потекнуваат од ист извор можат да бидат упатени
по различни патеки низ мрежата, а потоа
повторно се составуваат штом ќе пристигнат на
одредиштето

146

73
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Стратегии на дистрибуирано
процесирање
• Перформансите на мрежните оперативни системи и
софтверот за менаџмент на компјутерски мрежи се на
толку високо ниво, што корисниците не можат да утврдат
дали пристапуваат на компјутер во истата просторија,
или на компјутер на другиот крај на светот –
компјутерските мрежи стануваат транспарентни за
корисниците
• Благодарение на примената на компјутерските мрежи,
обработката на податоци во рамките на една
организација може да биде дистрибуирана
(распределена) на различни машини кои се наоѓаат на
различни локации
• Стратегии на дистрибуирано процесирање:
– терминал/хост (terminal-to-host)
– сервер на датотеки (file server) 147
– клиент/сервер (client/server)

Стратегии на дистрибуирано
процесирање
• Tерминал/хост (terminal-to-host) – сите апликации и
бази на податоци се наоѓаат на еден компјутер –
host („домаќин“), на кој корисниците му
пристапуваат преку терминали (уреди кои, сами за
себе, немаат способност за обработка податоци)
• Сервер на датотеки (file server) – апликациите и
базите на податоци се наоѓаат на еден компјутер –
сервер на датотеки, додека системот за управување
со БП се извршува на компјутерот на корисникот:
кога на корисникот му се потребни податоци од
серверот, серверот испраќа цела датотека која ги
содржи бараните податоци (потоа, податоците
можат да се анализираат и со нив да се манипулира
на комјутерот на корисникот)
148

74
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Стратегии на дистрибуирано
процесирање
• Клиент/сервер (client/server) архитектура –
поврзува два или повеќе компјутери на таков
начин што некои машини (сервери) извршуваат
пресметувачки функции за компјутерите на
крајните корисници (клиенти)
• Три компоненти на апликациите можат да бидат
дистрибуирани:
– презентациска компонента (Presentation) – како
апликацијата му се претставува на корисникот
– апликациска логика (Function) – јадро на
апликацијата кое извршува одредена бизнис-функција
– компонента за управување со податоците (Data
Management)

149

Стратегии на дистрибуирано
процесирање
• Peer-to-peer процесирање
– Поедноставна форма на клиент/сервер
– Индивидуалните ресурси на секој компјутер во мрежата
(диск, CD-ROM, печатач, ...) се достапни на секој друг
компјутер – практично, секој компјутер е во исто време и
клиент и сервер
– Популарни оперативни системи кои овозможуваат peer-
to-peer вмрежување: Windows 95/98/Me, Windows 2000,
Windows XP
– Придобивки:
• нема потреба од мрежен администратор
• мрежата се конфигурира и одржува на многу брз и евтин
начин
• секој компјутер може на другите компјутери да им достави
резервни копии од содржината на дисковите (заради
безбедност)
• наједноставна мрежа за имплементација 150

75
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Комуникациски апликации
• Електронска пошта (Electronic Mail) –
разменување на пораки или писма меѓу луѓето по
електронски пат
• Видео конференцирање (Videoconferencing) –
видео комуникација помеѓу повеќе корисници на
различни локации
• Електронска размена на податоци (Electronic
Data Interchange – EDI) – електронска размена на
секојдневни, повторливи бизнис-документи
(нарачки, фактури, потврди, испратници) помеѓу
компјутерските системи на одделни компании кои
имаат меѓусебна трговска размена
• Електронско дозначување на парични
средства (Electronic Funds Transfer – EFT) помеѓу
151
банки, или банки и корисници

Комуникациски апликации
• Телефакс
• Далечинско учење (Distance Learning) –
студентите се наоѓаат на одредена локација, а
предавањето им се пренесува „во реално време“
(same time/different place), или, пак, асинхроно
(different time/ different place)
• Телематика (Telematics) – множество сервиси за
позиционирање, навигација, следење на
сообраќајот, наплата на патарина, безбедност,
информации за патниците, итн.

152

76
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Интернет и интранет

• Што е Интернет?
• Еволуција на Интернет
• Функционирање на Интернет
• Сервиси на Интернет
• World Wide Web
• Интернет предизвици
• Интранет
• Екстранет
• Информациски портали во претпријатијата
• Мобилен интернет
153

Што е Интернет?
• Интернет, кратко кажано е најголемата
компјутерска мрежа на светот и, всушност,
претставува мрежа од мрежи
• Интернет обединува повеќе од 200.000
индивидуални компјутерски мрежи кои се во
сопственост на влади, универзитети, непрофитни
организации и компании
• Таквите меѓусебно поврзани мрежи разменуваат
информации со примена на општо прифатени
стандарди и протоколи
• Според некои извори, Интернет довел до т.н.
„демократизација на информациите“ – Интернет се
однесува подеднакво кон различните информации
154
кои потекнуваат од различни извори

77
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Еволуција на Интернет
• На почетокот, Интернет бил една единствена
мрежа – АRPANET (Department of Defense
Advanced Research Projects Agency), како
експеримент на владата на САД од областа на
мрежи со комутација на пакети (1969)
• Основни цели на проектот:
– да им овозможи на истражувачите да разменуваат
ресурси и информации независно од нивната локација
– да создаде робусна мрежа за воени комуникации на
пошироко географско подрачје
• Во раните 80-ти години, ARPANET се дели на две
мрежи – ARPANET и Milnet (Military network), но
врските помеѓу двете мрежи и понатаму
155
овозможувале непречена комуникација

Еволуција на Интернет

• Подоцна, повеќе кооперативни децентрализирани


мрежи како UUCP, USENET (User’s Network),
CSNET (Computer Science Network), BITNET и др.,
овозможуваат мрежно поврзување на академските
и истражувачките кругови во САД
• Во 1986 година, NSFNET (National Science
Foundation Network) ги поврзува истражувачките
кругови низ земјата со пет супер-компјутерски
центри
• Ваквото постепено вмрежување доведува до
појавата на Интернет, онаков каков што го знаеме
денес
156

78
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Еволуција на Интернет

• Моќта на Интернет произлегува од неговата


еднообразна, отворена архитектура
• Според проценките, во 1998 година,
помалку од 2% од возрасното население во
светот имало пристап на Интернет, во 2001
година околу 500 милиони, а денес околу
800 милиони на сите континенти, па дури и
Антарктик

157

Функционирање на Интернет

• На секој компјутер на Интернет му е придружена


адреса, наречена IP-адреса (Internet Protocol Address),
која еднозначно го идентификува и го разликува од
останатите компјутери
• IP-адресата ја сочинуваат четири броја разделени со
точки
– Пример: 194.149.158.129
• Најголем дел од компјутерите имаат имиња кои полесно
се помнат во споредба со IP-адресите, а се изведуваат
во склад со посебен систем за именување наречен
DNS (Domain Name System)
• Имињата се состојат од повеќе делови разделени со
точки и се интерпретираат „од десно-на лево“
158
– Пример: pelister.uklo.edu.mk

79
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Функционирање на Интернет
• Двете букви кои стојат најдесно (може и да ги нема!) ја
идентификуваат државата
– Примери: us – САД, de – Германија, it – Италија, ru
– Русија, mk – Македонија
• Потоа следува спецификацијата од највисоко ниво
(има вкупно 18 различни спецификации):
com – стопанство (commerce) edu – образование (education)
mil – војска (military) gov – управа (government)
net – мрежа org – организација...
• Во претходниот пример: mk – МаКедонија, edu –
образование, uklo – Универзитет „КЛимент Охридски“,
pelister – име на компјутерот (сервер во Ректоратот на
Универзитетот)
• Начини на поврзување на Интернет:
– преку локална мрежа
159
– преку телефонска линија и модем

Сервиси на Интернет

• Интернет обезбедува три главни видови


на услужни сервиси:
– комуникациски сервиси: електронска пошта
(e-mail), новински групи (newsgroups),
разговарање (chat), Telnet, Интернет
телефонија, Интернет факс
– сервиси за пребарување и добивање на
информации: FTP, Archie, Gopher, Veronica,
WAIS
– хипертекстуални мултимедиумски сервиси:
World Wide Web
160

80
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Комуникациски сервиси

• Електронска пошта (e-mail) - разменување на


пораки или писма меѓу луѓето по електронски пат
• Новински групи (newsgroups) – форуми, или
дискусиони групи преку кои корисниците можат да
разменуваат информации на различни теми: од
научно-технолошки новини, до забавни (слично на
електронската пошта, само што пораките не се
испраќаат до одреден корисник, туку на одредена
локација на која пристапуваат повеќе корисници)
• Разговарање (chat) – двајца или повеќе
корисници кои се истовремено поврзани на
Интернет можат да водат интерактивна, пишувана
161
конверзација „во живо“

Комуникациски сервиси

• Telnet – протокол кој овозможува воспоставување


на врска помеѓу два компјутери, при што
корисникот е во можност да биде на еден
компјутер, а всушност да работи на друг
• Интернет телефонија – емулација на јавна
комутирана телефонска мрежа, која им
овозможува на корисниците да разговараат преку
Интернет, плаќајќи ја само цената на Интернет
врската
• Интернет факс – испраќање на факсови на
далечина со посредство на Интернет
162

81
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

World Wide Web


• Многумина веруваат дека World Wide Web е исто
што и Интернет, што не е случај: Интернет
функционира како транспортен механизам, а World
Wide Web (наречен уште и Web, или WWW) е
апликација која ги користи транспортните функции
• WWW е систем со универзално прифатени
стандарди за чување, добивање, форматирање и
прикажување на информации во контекст на
клиент/сервер архитектура
• WWW манипулира со сите видови дигитални
информации (текст, хипермедија, графика, звук)
преку графички кориснички интерфејс
163

World Wide Web


• Технологијата која стои во основата на World Wide Web
е креирана од Timothy Berners-Lee – во 1989 година тој
предложил глобална мрежа од хипертекстуални
документи, која ќе им овозможи на истражувачите од
областа на физиката да работат заедно (CERN –
Европска лабораторија за физика на честичките,
Женева, 1992)
• WWW е заснован на стандарден хипертекстуален јазик,
наречен HyperText Markup Language – HTML), со кој се
форматираат документите и се инкорпорираат
динамички врски (линкови) кон други документи кои се
чуваат на исти или различни компјутери
• Со помош на хипертекстуалните линкови, корисниците
се во можност да се движат без ограничувања, следејќи
164
ја сопствената логика, потреби, или интереси

82
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

World Wide Web


• Презентирањето на информации на WWW подразбира
постоење на т.н. домашна страница (home page) која,
вообичаено, ги нуди основните информации за
организацијата која ја поставила страницата
• Домашната страница ги води корисниците кон други
страници, а сите заедно сочинуваат т.н. Web-локација
(Web-сајт, Web site)
• За да му пристапи на одреден Web-сајт, корисникот
мора да наведе т.н. локатор на ресурси (Uniform
Resource Locator – URL), кој ја означува адресата на
ресурсите на WWW
– Пример: http://www.eccfp.uklo.edu.mk е URL на домашната
страница на Економскиот факултет – Прилеп
– HTTP означува HyperText Transport Protocol – комуникациски
165
стандард за пренесување на страници преку WWW

Разгледувачи (Browsers)
• Корисниците пристапуваат на WWW со посредство на
софтверски апликации наречени разгледувачи
(browsers)
• На самиот почеток, WWW бил текст-базиран, а во 1992
година, истражувачите во Националниот центар за
суперкомпјутерски апликации на Универзитетот во
Илиноис, го развиваат првиот графички-базиран
разгледувач – Mosaic
• Графички-базираните разгледувачи им овозможуваат
на големиот број корисници, без посебни компјутерски
вештини, не само да имаат пристап до одредени
информации, туку и да публикуваат свои содржини на
Интернет
• Најзастапени разгледувачи: Microsoft Internet Explorer
166
и Netscape Navigator

83
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР -
Предавања-

Пребарувачи (Search Engines)


• Пребарувач е програма која на корисникот му доставуваа
листа од Web-локации (страници) кои одговараат на одреден
критериум поставен од него
• Приближно 80% од Интернет-корисниците користат некој од
јавно достапните пребарувачи: Google, Yahoo, AltaVista,
Lycos, HotBot, …
• Пребарувачите, особено оние кои се обидуваат да го покријат
целиот Интернет, чуваат база на податоци која се полни со
информации за содржината на Web-страниците кои се
сметаат за корисни
• Кога корисникот ќе постави критериум за пребарување,
пребарувачот составува листа од страници подредени по
важност (или по некој друг тежински фактор дефиниран од
корисникот)
• Најголем пребарувач (индексира повеќе од 1 милијарда 167
страници) е Google

84

You might also like