Sila Na Gravitacija

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 5

Сили на гравитација

Ц. Малческа
Ако во раката држиме книга, таа притиска врз раката. Ако ја
испуштиме книгата ќе падне. Тоа се случува бидејќи Земјата
ја привлекува книгата исто како што ги привлекува и сите
предмети кои се наоѓаат на неа. Силата со која Земјата ги
привлекува сите тела е наречена сила на гравитација или
земјина тежа.
СИЛА на ГРАВИТАЦИЈА е
невидлива сила  на Земјата која ги
влече сите предмети кон Земјата и
недозволув предметите да се
одделат од Земјата или пак водите
од езерата, реките, морињата и
океаните да се растурат во
вселената.
Бидејќи Земјата има
приближно облик на топка,
гравитационата сила е
насочена кон нејзиниот
центар.

Поимот гравитациона сила не


се однесува само на
привлечната сила помеѓу
Земјата и телата, туку и на
привлекување помеѓу било
кои две или повеќе тела.
Како резултат на дејството на гравитационите сили
планетите се движат по орбитите околу Сонцето. Исто така
како резултат на дејството на гравитационите сили и
месечината се движи по орбита околу Земјата.
Исак Њутн е англиски
научник кој ги истражувал
силите на гравитација.

You might also like