Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Тема – звук – повторување

1. Движењето кое после одредено време се повторува на ист начин се вика периодично
движење.
2. Движењето на телото околу рамнтотежната положба се вика осцилаторно движење, а
телото кое изведува вакво движење се вика осцилатор.
3. Елонгација – било кое растојание на телото од рамнотежната положба.
4. Амплитуда – најголемата оддалеченост на телото од рамнотежната положба.
5. Период на осцилирање Т е време во кое телото прави една осцилација.
6. Фрекфенција f е број на осцилации во единица време.
7. Науката што ги изучува звучните бранови се нарекува акустика.
8. Секое тело што произведува звук се нарекува извор на звук.
9. Извор на звук е секое тело што може да осцилира со фрекфенција во интервалот на
чујност(16Hz – 20000Hz)
10. Звук со фрекфенција поголема од 20000Hz се вика ултразвук.
11. Звук со фрекфенција помала од 16 Hz се вика инфразвук.
12. Во ритамот на осцилирање на изворот на звук осцилираат и честичките на воздухот околу
него. Честичките наизменично се згуснуваат и се разредуваат и така настануваат бранови.
Тие бранови се шират низ воздухот и кога ќе стигнат до увото ги регистрираме како звук.
(Звукот се шири низ еластична средина-средина низ која може осцилирањето да се
пренесува)
13. Звукот не се пренесува низ празен простор – вакуум.
14. Тоновите се добиваат со правилно осцилирање на звучниот извор (пр. правилно
осцилирање на жиците на музичките инструменти )
15. Шум настанува со неправилно осцилирање на звучниот извор( експлозии, работа на
мотор, шушкање на лисја, разни шкрипења..).
16. Бојата на тонот зависи од изворот, Висината на тонот зависи од фреквенцијата, Јачината
на тонот зависи од амплитудата на звучниот бран.
17. Јачината на тонот се определува со количеството енергија што го пренесува звучен бран,
низ единица плоштина, нормална на правецот на ширење на бранот во единица време.
18. Високи ноти се создаваат со побрзо осцилирање на жиците, ниски ноти се создават со
побавно осцилирање на жиците
19. Висината на тонот е определена со фреквенцијата (f) на звучниот извор.
20. Трансферзален бран – бран кај кој честичките осцилираат нормално на ширење на
бранот.
21. Лонгитудинален бран – бран кај кој честичките осцилираат во правецот на ширење на
бранот.
22. Јачината на тонот е определена со амплитудата на звучниот бран, мерна единица за
јачина на звук 1Db (децибел ).
23. Амплитуда е најголемата оддалеченост на честичката во однос на својата рамнотежна
положба (А).
24. Тивок звук има мала амплитуда, а гласен звук има голема амплитуда.
25. Бранова должина е растојанието помеѓу честички кои имаат иста положба при
осцилирањето, се означува со буквата ламбда.
26. Долната јачина е наречена праг на чујност (0 Db), а горната граница на болка (130 Db) .

You might also like