Professional Documents
Culture Documents
ЕНЕРГЕТСКИ БОМБИЦИ ОД ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ
ЕНЕРГЕТСКИ БОМБИЦИ ОД ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ
ЕНЕРГЕТСКИ БОМБИЦИ ОД ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ
СОСТОЈКИ
100 гр орев
100 гр лешник
100 гр бадем
100 гр кикиритки печени несолени
50 гр леблебија
100 гр мелени бискивити
50 гр рендано темно чоколадо по желба
8 - 10 лажици мед или
5-6 лажици мармалад
Подготовка
Сите состојки се мелат со машинка за ореви. Колку крупно ќе бидат
смелени, тоа е по избор, по вкус. Се мешаат убаво во еден подлабок
сад. Во сувата смеса се додава мед или мармалад, по избор, а потоа
смесата убаво се измесува. Се обликуваат топчиња кои може да се
извалкаат во мелени ореви и веднаш може да се служат. Но, доколку ги
оставите да отстојат неколку часа, тие целосно ќе примаат од медот или
мармаладот и ќе станат уште повкусни.
Исто така, смесата од сувите состоји може да се подели на половина. Во
едната половина да се додаде мед, а во другата половина мармалад.
Доколку бомбиците ви излезат малку помеки, немојте да се грижите,
секогаш може да додадете мелени бисквити и нема да има никаков
проблем.
Ренданото чоколадо е подобра комбинација ако се додаде во смесата
со мед, отколку со мармалад.