Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Видови поими

Поимите можат да се делат според различни критериум :

Според начинот на постоење на предметите на поимот поимите можат да се поделат на


поими за реални предмети (маса планета) и поими за имагинарни ентитети (сурермен сирена).
Поимите за реални предмети од своја страна и можат да бидат поими за физички предмети
(монета, далекувод и поими за психички нешта (радост помнење). Можеме да разликуваме
уште поими за ствари (чаша компјутер за процеси (растење јонизирање), за својства на
стварите (распространетост топливост) за односи (подалеку, порано).

Во зависност од тоа дали со поимот се изразува присутност или отсутност на некое својство,
поимите се делат на позитивни и негативни.

Негативните поими најчесто ги карактеризираат префиксите не- без- и, а немилосрдност.


неправичност, безобѕирност. Меѓутоа, има негативни поими што се изразени со позитивни
термини: слеп, молк, вакум сите други поими се позитивни.Најчесто поимите се делат според
нивните основни белези - обемот и содржината.

Според обемот разликуваме единечни, општи и празни поими. Единечни се оние поими кои
во својот обем опфаќаат само еден ентитет, како на пример: претседател на Р Македонија,
ректор на нашиот универзитет главен град на државата итн.

Обемот на поимот го сочинуваат неговите најблиски видови и поими. Обемот на поимот


триаголник, според односот на страните, го сочинуваат рамностраниот разностраниот и
рамнокракиот триаголник, а според аглите правоаголни остроаголниот и тапоаголниот
триаголник.

Во обемот на поим шаховска фигура влегуваат: кралот, дамата, коњот, ловец топот и
пешакот.Овде ни се наметнува разликувањето на родов (генерички) поим и видов поим.
Родовиот поим има поголем обем од видовите поими, зашто нив ги опфаќа во себе.Ако го
разгледаме односот меѓу родовиот и видовиот поим од аспект на нивната содржина и
обем, ќе утврдиме дека односот е обратнопропорционален: колку што обемот е поголем
толку содржината е помала, односно колку што содржината е поголема, толку обемот е
помал.

You might also like