Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

С.У.Г.С.

„Кочо Рацин“ – Скопје

Проектна задача за матура по предметот


Македонски јазик и литература

Тема: „Европската иднина наспроти традицијата диво


месо“

Ментор: Изработил:

Проф. Лиљана Стојановска Јоана Митревска

Март, 2023 година

Скопје
Содржина

Вовед...............................................................................................................................3
1. Горан Стефановски...................................................................................................4
2. „Диво месо“................................................................................................................5
2.1. Содржина на драмата „Диво месо“....................................................................5
2.1.1. Прва сцена.................................................................................................5

2
Вовед

Диво месо е драмско дело напишано од македонскиот драматург Горан


Стефановски. Тоа е современа семејна драма што се случува во Дебар
Маало, Скопје, непосредно пред Втората светска војна.

Композицијата на драмата е модерна, авторот не го употребил класичното


делење на чинови, туку на сцени. Јазикот е многу специфичен. Секој лик зборува
на свој начин со свој јазик. Изразот е многу стегнат и воопшто не постојат
непотребни реплики.

Темата е распаѓањето на едно предвоено македонско семејство кое е


условено од времето и од различните сфаќања на сите членови од семејството.
Идејата е да го сфатиме значењето на семејството, на нашиот корен, на
домот, на татковината.

Оваа тема ја одбрав за да дознаме нешто повеќе за тоа која била пораката
што сака да ни ја пренесе авторот Горан Стефановски со семејната драма „Диво
месо“.

3
1. Горан Стефановски

Горан Стефановски е роден 1952 година во Битола, во театарско


семејство, мајка – актерка, татко – актер и режисер. Детството и младоста ги
помунал во театарот, а потоа му го посветил и целиот живот.

Студирал англиски и литература, а во 1972 студирал драматургија на


Театарската академија во Белград каде магистрирал, а подоцна и докторирал.
Работел како професор по драматургија на Факултетот за драмска
уметност.

Со појавата на Горан Стефановски современата македонска драма


доживеа голем успех. Негови драми се: „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во
место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“.

Слика 1 Горан Стефановски

Пишувал ТВ драми: „Клинч“, „Сослушувањето на железничарот“, ТВ


сценарио за „Томе од бензиската пумпа“, ТВ серии: „Тумба, тумба дивина“,
„Бушавата азбука“, радио драма: „Чиракот Шекспир“ итн.

Починал на 27 ноември 2018 година во Кантербери, Велика Британија.

4
2. „Диво месо“
„Диво месо“ е семејна драма во која темата е распаѓањето на едно
предвоено македонско семејство. Распаѓањето е условено од времето и сосема
различните сфаќања на животот на сите членови од семејството.

Идејата е да го сфатиме значењето на семејството, на нашиот корен, на


домот, на татковината.

Дејството се случува во Скопје, во Дебар Маало, непосредно пред


Втората светска војна. Композицијата на драмата е модерна, авторот не го
употребил класичното делење на чинови, туку на сцени (17).

Јазикот е многу специфичен. Секој лик зборува со свој јазик, на свој начин.
Изразот е многу стегнат и воопшто не постојат непотребни реплики.

2.1. Содржина на драмата „Диво месо“

Семејството Андреевиќ го сочинуваат: таткото Димитрија, мајката


Марија, трите сина: Симон, Стефан и Андреја и снаата Вера, жена на
Симон.

2.1.1. Прва сцена

Првата сцена во драмата е најдолга, бидејќи тука се запознаваме со


семејството и се загатнуваат сите понатамошни случувања.

Дејствието започнува во главната соба на куќата, напладне. Димитрија


седи во инвалидска количка и чита весник, а Марија само седи и гледа пред себе .

Димитрија: Ќе има војна. (Пауза.) Ќе има војна. (Пауза.)

Марија: Доста беше и ваков мир. (Пауза.)

5
Уште со нивните први зборови станува јасно дека во мирот и тишината во
која седат – мир не постои. Навестена е војната која претстои, но и немирот што
тие го чувствуваат.

Зборуваат за утрешната домашна слава и подготовките за неа. Ручекот е


веќе подготвен, Вера влегува со корито, спростирала алишта, а и постојано нешто
работи. Полека почнуваат да се прибираат сите.

Доаѓа Симон, поднапиен и веднаш ги истура своите јадови. Тој е келнер и е


незадоволен од работата која му ги попуштила вените и во која треба да им
слугува и да им се насмевнува на сите.

Потоа доаѓа и Андреја, весел, расположен, сосема спротивен од Симон.


Иако работата во бакалницата го изморила, тој не се жали.

Браќата го започнуваат разговорот за демонстрациите и штрајковите во кои


Андреја има намера да учествува, а Симон му вели дека така само ќе заврши во
затвор и ништо нема да постигне.

На крајот доаѓа и Стево. Тој како да не е заинтересиран што се случува


дома. Кажува дека ручал надвор, дека и вечерта иако им е слава, тој не ќе може
да остане дома. Ќе оди на голем прием што го приредува неговиот работодавец,
господинот Херцог, по повод доаѓањето на важен гостин од Германија.

Заради својата кариера, заради „целиот кајмак на Скопје“ што ќе биде таму,
тој не го почитува големиот празник Свети Илија.

Тогаш на вратата тропнува попот, кој наместо во седум дошол во три часот
попладне. Со тоа и тој го покажува своето непочитување кон ова семејство.

По заминувањето на попот, доаѓа Ацо, другар на Андреја, кој го повикува да


одат во подготовки на акцијата. Така, на славата ни тој не ќе може да присуствува.

You might also like