Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 2

НИСКОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ И ОСВЕТЛЕНИЕ ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА 3

ЦРТАЊЕ НА ЕДНОПОЛНИ ШЕМИ ВО AUTOCAD

ВОВЕД

Изработката на еднополни шеми и воопшто на било каква техничка документација,


претставува долготраен и напорен процес во кој учествува голем број на луѓе почнувајќи од
проектантите па се до луѓето задолжени за конечно обликување на цртежите. Со развојот на
информатичката технологија а особено со развојот на разните графички алатки од типот на
печатачи, скенери, плотери итн. изработката на оваа техничка документација значително се
олеснува и што е особено важно, било какви модификации во документацијата можат да се
вршат веднаш без потреба од промена или пак изработка на целата техничка документација
одново. Ова претставува особено погодна работа од аспект на тоа што кога се изработува еден
проект за прв пат, промените кои се случуваат доста често, можат веднаш да се ажурираат и
вметнуваат во документацијата. Ова секако подразбира употреба на соодветен софтвер кој
овозможува да се изработуваат елементите на техничката документација и кој секако дозволува
и да се вршат одредени модификации или пак целосни корекции на одделни сегменти од истата.
AutoCAD-от е секако еден од тие програми кој овозможува модификации и корекции, делумно
или во целост, на одделни сегменти од техничката документација.Истиот содржи можност за
креирање на сопствени бази на податоци (библиотеки) независно од областа на делување на
субјектите кои го користат, со цел полесно и поедноставно изработување на задачите.

ЗАДАЧА:

Задачата на оваа вежба е да се изработи еднополна шема за нисконапонска мрежа во


еден објект. Идејата е всушност повикување на претходно изработените блокови од
Лабораториската вежба 2 и нивно поставување според некоја однапред зададена шема која е
претставена на сликата подолу. Поврзувањето помеѓу основните блокови се врши на начин
објаснет во Лабораториска вежба 1.
Задачата да се зачува и предаде на наредниот час од вежбите.

Дипл.ел.инж.Јовица Вулетиќ -1-


НИСКОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ И ОСВЕТЛЕНИЕ ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА 3

Дипл.ел.инж.Јовица Вулетиќ -2-

You might also like