Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 9

Проектна работа по историја на тема:

„ Че Гевара “

Изработил: Ментор:
Иван Шпритов IV-5 Проф. Миле
Туџаров

СОУ Гимназија „ Славчо Стојменски “ - Штип


Ернесто Гевара (шпански: Ernesto Guevara; 14 јуни 1928 - 9 октомври
1967) или скратено Че (шпански: Che) — марксистички револуционер и
еден од водачите на Кубанската револуција.
Гевара претставувал една од клучните личности во револуцијата на
Фидел Кастро во Куба (1956-1959) како член на движењето „26 јули“. По
победата во револуцијата, неколку години бил активен во промоцијата
на револуционерните општества патувајќи по светот како Кубански
дипломат, а потоа лично се ангажирал при ослободувањето од
диктаторските режими, најпрво во Конго, а потоа и во Боливија. Во
Боливија, при соработка на Централната разузнавачка агенција и
боливиската војска, бил фатен и утредента убиен. Неговиот лик, како
борец за ослободување на жртвите од империјализмот, и денес,
неколку децении по неговата смрт, е претставуван како еден од
главните симболи и икони на друштвените и политички револуции
ширум светот.Како строг војсководец и потполно посветен на својата
револуционерна цел со морален авторитет над своите трупи,тој
останал контроверзна личност од голема историска значајност.
Магазинот „Time“ го прогласил Че Гевара за една од 20. најголеми
светски икони и херои во нивната список на 100 највлијателни луѓе во
светот во 20 век. Прочуената фотографија Гевара (десно), која ја
направил Алберто Дијаз, била прогласена за најпозната фотографија
во светот и симбол на дваесеттиот век од страна на академијата за
уметности во Мериленд.

Рани години
Ернесто Гевара де ла Серна е роден во Росарио, Аргентина, во добро
ситуирано семејство од шпанско-ирско потекло. Неговиот татко, Ернесто
Рафаел Гевара Линч, потекнувал од шпанско-ирско семејство (мајка му
била од Ирска), а по струка бил архитект и ѝ припаѓал на аргентинската
олигархија. Неговара мајка, Селија де ла Серна, имала шпанско потекло.
Ернесто бил најстариот од петте деца. Две години по неговото раѓање,
лекарите откриле дека тој боледува од астма; лекувањето не помогнало,
па поради тоа родителите одлучиле од Буенос Аирес да се преселат во
Кордоба, Алта Грасија. Иако страдал од нападите на астма кои подоцна во
голема мера ќе му влијаат, Ернесто се истакнувал како спортист, често
пливајќи, играјќи фудбал, голф и рагби. Неговиот пријател Алберто
Гранадо подоцна раскажувал како Ернесто имал чудна навика да ги
шокира луѓето: „... имaше неколку прекари. Го викаа „El Loco“ (мак:
лудиот)“... На пример, се фалеше со тоа што ретко се бања. Го викаа и
„Chancho“ (македонски: свиња). Знаеше да каже: - помнаа шест месеци
откога ја немам испрано оваа рагби маица...“ Во Кордоба завршил
гимназија, а кога наполнил 19 години, неговото семејство повторно се
вратило во Буенос Аирес за Ернесто да се запише на медицински факултет
во 1948 година
Во времето кога се регрутирале војници, тој се пријавил, а во изјавата на
воената комисија пишувало дека тој е млад човек со „деликатно здравје,
со хронична астма и е неспособен за воена служба“.

Гватемала
На 31 август, Гевара се вратил во Буенос Аирес, а студиите ги завршил на
11 април 1953. Од 30 предмети кои тој ги полагал, на 18 добил оценка
„доволен“, 8 „добар“ и на само 4 добил оценка „одличен“. Завршувајќи го
факултетот, Ернесто ги обавестил своите родители дека повторно ќе тргне
на пат – на „северна турнеја“ која ги опфаќала скоро сите земји од брегот
на Тихиот Океан во Латинска Америка, северно од Аргентина: Боливија,
Перу, Еквадор, Колумбија и Средна Америка. На ова патување тргнал на 7
јули 1953, со својот другар Карлос Галико Фереро. Наскоро по
пристигнувањето во Ла Паз, Боливија, се запознава Алберт Рохо, по
професија адвокат, а во поглед на политичките ставови левичар кој
побегнал од Аргентина поради политичко прогонство. Таму Рохо бил
уапсен под оптужба за тероризам, но успеал да побегне од затворот, да
стигне до амбасадата на Гватемала, да побегне во Чиле, а потоа во Ла Паз
(каде што го запознал Гевара). Од таму планирал да оди во Гватемала
каде што на власт бил Хакобо Арбенс, тогашниот единствен демократско
избран претседател во Средна Америка. Во литературата се споменува
дека можеби Рохо бил тој, кој во овој период ги поттикнал
револуционерните нагони на Гевара и дека тој го натерал да отпатуваат на
следното одредиште, односно Гватемала, каде што, според зборовите на
Рохо, се случувале „нови и интересни работи“. Иако најпрвин Гевара
планирал од Ла Паз да оди во Каракас, Венецуела, се предомислил и
заедно со Рохо отпатувал преку Панама во Гватемала. Неговиот другар
Галико одлучил да остане во Лима, главниот град на Перу.

Куба
Во почетокот на 1955 работел како доктор во болница во Мексико. Тука во
јуни, истата година, го запознал Раул Кастро кој подоцна го запознал со
Фидел Кастро. Во текот на првата ноќ од запознавањето на Кастро, Гевара
потврдил дека токму кубанската револуционерна борба е таа која ја
барал, а потоа и потпишал документ за членство во движењето „26 јули“.
Во овој период Гевара го добил својот познат прекар „Че“.
На 24 јуни 1956, Ернесто бил уапсен од страна на мексиканската полиција,
заедно со неговите Кубански пријатели (меѓу кои бил и Фидел Кастро), а
на 3 јули, новинарската агенција „UPI“ објавила: „Аргентинскиот доктор
Гевара ќе биде депортиран во својата родна земја поради претпоставки
дека учествувал во неуспешна завера против кубанската влада на
Фулгенсио Батиста“. Поранешниот Мексикански претседател, Лазаро
Карденас, се вмешал во работата на полицијата и успеал да издејствува во
одбрана на кубанските револуционери, па до крајот на јули, Че Гевара и
браќата Кастро биле пуштени на слобода. На 18 август 1955, Хилда и Че
Гевара се венчале, а накратко потоа, на 15 февруари 1956, тие добиле
ќерка која ја крстиле Хилдита Беатрис Гевара Гадеја. Овој брак траел 5
години, односно до крајот на кубанската револуција.

По победата во револуцијата
По победата во револуцијата, на 9 февруари Че добил почесно кубанско
државјанство.[35] Најпрво бил поставен за директор на централната банка
на Куба, а потоа и за индустриски министер.

Кастровата влада, према оние кои се сметале за воени злосторници, по


победата во револуцијата спровела мерки слични како спроведените во
Нирнбершкиот процес по втората светска војна.[36] Тоа значело смртна
казна за особено тешките злосторства, без разлика дали ја поддржувале
револуцијата или владата на соборениот диктатор. Според изворите на
кубанското министерство за правда оваа акција била поддржувана од
поголемиот број граѓани. За да ги спроведе овие мерки, Кастро го
назначил Че за управник на затворот „La Cabaña“ и на таа функција
останал 3 месеци, од 2 јануари до 12 јуни 1959. Гевара бил задолжен за
расчистување на војската која до тогаш била под власт на Батиста, а исто
така и за уцврстување на победата спроведувајќи „револуционерна
правда“ над оние кои се сметале за предавници, шпиони или воени
злосторници.Во некои случаи смртната казна се извршувала со стрелање.
Министерот за правда во новата влада, Раул Гомез Трето, сметал дека
уникувањето на ограничувањата над смртната казна би било оправдано
бидејќи ги спречувало незадоволните граѓани од земањето на правдата во
своите раце, исто како што се случувало во минатото. Имајќи ги предвид
20.000 луѓе кои Батиста и неговите соработници ги убиле за време на
нивното владеење, истражувањето на јавноста покажало дека 93% од
народот го поддржува тоа мислење. Иако точниот број на извршени
смртни казни варира низ изворите, се проценува дека во тоа време се
убиени околу 200 луѓе. Најистакнатата положба на Че Гевара во Куба било
местото на главен амбасадор на Куба во светот. На 12 јуни 1959, Кастро го
испратил Че на тримесечен пат низ 14 земји во светот заедно со службена
кубанска делегација. Поголемиот дел од тие земји биле Африкански или
Азиски. Во Јапонија поминал 12 дена (од 15 до 27 јули) учествувајќи во
преговорите околу проширувањето на соработката помеѓу двете земји. Во
текот на оваа посета, Че тајно[д] ја посетил Хирошима каде што
американската војска пред 14 години фрлила атомска бомба. Гевара бил
„навистина шокиран“ од тоа што го видел таму, односно целосната
состогба и начинот на кој биле третирани болните луѓе.Во остатокот од
своето дипломатско патување, Че ги посетил Индонезија и Пакистан.

Револуција за време на мир


Че Гевара сметал дека и за време на мир мора да се продолжи со
револуцијата, исто како што Кастро рекол по завземањето на Хавана дека
револуцијата само што почнала. Идеите на Че се засновале на широк
спектар различни активности како и на „доброволна работа и добра
волја“, фраза за која сметал дека треба да биде модел на кој ќе се заснова
поединечното единство и единството на масата. Сето тоа се обидувал да
го покаже преку сопствени примери како деноноќно извршување на
своите должности како индустриски министер, учествување во
градежничка работа, па и сечење на шеќерни трски кога имал слободен
ден.

Односите со СССР
Гевара бил архитектот на добрите односи помеѓу СССР и Куба.[49] Како
таков, тој одиграл главна улога во донесувањето на советските нуклеарни
ракетни глави во Куба во октомври 1962 година, што подоцна довело до
т.н Кубанска ракетна криза. Во интервју за британскиот магазин „Daily
Worker“, неколку дена по завршетокот на кризата, Гевара бил бесен
поради предавништвото на СССР кон Куба, тврдејќи дека ракетите
доколку биле под Кубанска контрола сигурно би испалиле. Сем Расел,
репортерот кој разговарал со Че на ова интервју, објаснил дека кога
излегол бил тотално збунет опишувајќи го Гевара како „човек со топол
карактер“, „очигледно висока интелигенција“, но и покрај тоа „се
однесува како лудак кога збори за проектили“.

Говор во ОН
Во декември 1964, Че бил официјалниот претставник на Куба во
седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Во својот говор силно ја
критикувал неспособноста на ОН во борбата против бруталниот апартхејд
кој се спроведувал во Јужна Африка, прашувајќи ги сите присутни „зар ОН
не можат да направат нешто да би го запреле тоа?“. Че, исто така, остро ја
осудувал политиката на САД во однос на црнците, критикувајќи ги дека
секојдневно ги диксриминираат, а нивните убијци ги ослободуваат и
штитат, па дури и ги казнуваат црнците кои ќе го побараат своето право на
слобода. Гевара прашал „како тие кои го прават сето тоа можат себеси да
се нарекуваат штитеници на слободата?“.
Че Гевара во говорот ја претставил Латинска Америка како „семејство од
200 милиони луѓе кои имаат исти проблеми .Најавил дека овие страници
од историјата ќе бидат пишувани од „гладни индијански маси, селани без
земја и искористени работници“.
Боливија
Во Боливија тргнал по деталните припреми во Куба. За да не го
препознаат и да го пуштат преку граница, изгледот на гевара уште во Куба
бил драстично сменет. Му биле вградени вештачки заби, му ставиле
очила, брада, а брковите си ги избричил, се здебелил и косата му биле
скратена за да би изгледал како проќелав човек во средината на својот
живот. На 3 ноември, со лажен пасош под лажното име Адолфо Мена
Гонзалез, тргнал преку Москва, Прага, Виена, Бразил за да на 6 ноември
стигне во Боливија. Таму пристигнал во востаничката база Њанкауасу.
Просторот на оваа база, каде што Че направил и терен за воени вежби,
претходно бил купен од некои боливијски комунисти по наредба на
Фидел Кастро. На ова место го дочекала мала група на кубански герилци.
Околу два месеци подоцна, на 31 декември, во базата пристигнал и
Марио Монхе, генералниот секретар на комунистичката партија на
Боливија. Договорот за соработка не бил потпишан и Че останал да се
бори без поддршката на боливиските комунисти.

Смрт
На 8 октомври 1967, во селото Ла Игуера, по кратка и случајна вооружена
пресметка, боливиската војска во заседа го фатила Че и еден негов војник.
Че бил ранет во ногата и не можел да се брани. Кога војниците сфатиле
кого фатиле веднаш му се јавиле на својот претпоставен, Гариј Прада, а тој
веднаш телефонирал во Вале Гранде за да го повика полковникот Зентена,
командантот на осмата дивизија. Пораката за фаќањето гласела: „Го
имаме тато во рацете“. Фатени биле вкупно три герилци: Че, Вили Куба и
Хуан Пабло Чанга. Додека војниците чекале да дојдат надлежните, го
префрлиле Гевара во локалното школо. Тука прв стигнал полковникот
Андреас Селич, а утредента на 9 октомври, пристигнал и агентот на ЦИА,
Феликс Родригес (агент на ЦИА со Кубанско потекло кој работел под
псевдонимот Феликс Рамос Медина). Со самото пристигнување, агентот
веднаш им јавил во Вашингтон каде што го чекале неговиот одговор за да
ја потврдат информацијата.
На пладне, истиот ден, од Ла Паза пристигнала шифрирана порака:
„Направете пасош за тато“. Низ целата оваа процедура Че не сакал да
одговара ништо на испрашување. Возачот на хеликоптерот, Хаиме Нино
де Гузман, кој присуствувал во целата акција, подоцна го опишувал Че
велејќи дека изгледал ужасно: бил ранет во десниот лист, облеката му
била искината, а косата валкана. И покрај тоа, Гузман се сеќава дека: „Че
ја држеше главата исправено гледајќи го секој право во очите и цело
време бараше да му дадат цигара да запали“. Гузман трвдел дека му
паднало жал и дека му дал луле, по што Гевара му се насмевнал и му се
заблагодарил.Пред самото извршување на смртната казна Гевара му
плукнал во лице на еден од високите офицери кои се наоѓале околу него.
[За извршувањето на погубувањето била избрана „зелената беретка“ на
наредникот Марио Теран. Феликс Родригес му дал инструкции да не пука
во главата, туку од вратот, па надолу. Во својата книга „Че Гевара – живот,
смрт, легенда“, Борислав Лалич вели дека последните зборови пред
стрелањето на Че биле упатени кон нервозниот наредник, велејќи: „Биди
озбилен момче, треба да пукаш во човек“.Меѓутоа, Џон Ли Андерсон во
својата книга „Че Гевара: роволуционерен живот“ пишува дека
последните зборови му биле: „Пукај кукавицо! Ќе убиеш само човек“.
Најпрво бил погоден во десната страна од градниот кош. Потоа во десното
рано, во ногата, стомакот и во левата страна на градниот кош. Додека ги
изговарал своите последни зборови некој војник испукал уште еден
куршум во неговиот врат, со што во 13:10 часот Гевара го испуштил својот
последен здив.

Учеството на САД во одлуката за убиството


ЦИА и американската влада се дистанцирале од одлуката за погубувањето
на Че; во меморандумот кој советникот за национална безбедност Волт
Витмен Ростоу го испратил на тогашниот претседател Линдон Б. Џонсон
вели дека: „некој донел идиотска одлука за Че Гевара да биде погубен“.
Меѓутоа, Феликс Родригес, кој подоцна тврдел дека од Вашингтон добил
наредба за Че да биде сочуван жив, лично од Ла Паза ја пренел
шифрираната порака „Направете пасош за тато“, што значело смрт за
Гевара.

Посмртни остатоци
По смртта на Че, Феликс Родригес присвоил неколку неговите лични
предмети меѓу кои и рачниот саат кој потоа го носел на својата рака,
покажувајќи го повремено на новинарите.[ѕ] Според други извори, саатот
на Че го земал полконвикот Андреас Селич заедно со неговиот пиштол.
[63] Денес, некои од неговите лични предмети, меѓу кои и ламбата на
батерии, се во сопственост на ЦИА. Агентот на ЦИА со кубанско потекло,
Густаво Виљолдо, на денот на погубувањето отсекол еден прамен од
косата на Че за подоцна, во 2007, да го продаде на аукција за 119,500
долари.

You might also like