Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

Јулиј Цезар

Гај Јулиј Цезар(на латински: C•IVLIVS•C•F•C•N•CAESAR) (12 или 13 јули 100 п.н.е. – 15 март 44
п.н.е.) — римски воен и политички водач чие освојување на Галија Комата го проширила
римскиот свет сè до Атлантскиот Океан, успех чии последици се видливи и денес. Според
многумина, Цезар е еден од најголемите луѓе во Стариот Свет. Тој е можеби најпознатата
историска личност како резултат на комбинација на човековите таленти: од командување во
битка, државништво, говорништво, пишување, право, владеење, пријателство и разговор. Имал
огромна волја, храброст. Тој бил обожуван од страна на луѓето во Рим и прогласен за бог.
Гај Јулиј Цезар се смета за исклучително важна историска личност, без која не ќе го знаевме
светот каков што е денес.
Гај Јулиј Цезар е една од најпознатите личности во класичната историја, а во последните години
од животот бил диктатор во моќнато Римско Царство. Неговите записи од Галските војни
спаѓаат меѓу ремек-делата на старата римска литераура.

-Ран живот и кариера


Цезар е роден во патрициско семејство. Таткото на Цезар, исто така именуван Гај Јулиј Цезар, бил
проконзул во провинцијата Азија, додека пак неговата мајка, Аврелија Кота, била дете на влијателно
семејство. Многу малку е запишано од Цезаровото детство.Раните години од животот на Цезар се
одвивале во време на криза. Имало неколку војни од 91 г. п.н.е до 82 п.н.е, исто така, од 82 п.н.е до 80
п.н.е диктаторот Луциј Корнелиј Сула го прочистувал Рим од неговите политички непријатели бидејќи
во земјата, домашната политика била жестоко раздвоена.
Во 85 п.н.е таткото на Цезар ненадејно умрел,[8] па на шеснаесет години Цезар станал глава на
семејството. Следната година тој бил номиниран за да биде новиот висок свештеник на Јупитер.[9] Како
свештеник на таа позиција не само што морал да биде патрицијанин туку и морал да се ожени за
партицијанка, па поради тоа тој ја оставил својата свршеница, плебијанка, со која бил свршен уште од
детството, и се оженил со Корнелија, ќерка на Луција Корнелија Цина.[10] Откако го поразил Митридат,
Сула се вратил во Рим и самиот се назначил за диктатор.[11] Проскрипцијата на Сула уништила стотина
негови политички непријатели.* Цезар, како внук на Марија и законски син на Цина, бил цел на напади
од страна на Сула. Тој бил лишен од неговото наследство, од неговото свештенство и бил принудуван да
се разведе од својата сопруга, но поради причината што Цезар го одбил тоа барање морал да побегне и
да се крие. /Заканата против него произлегла при интервенција на семејството на неговата мајка во кое
биле вклучени голем број приврзаници на Сула.
Цезар го напуштил Рим и се придружил кон војската каде што ја добил граѓанската круна поради
неговиот удел во битна борба. На мисија во Витинија за обезбедување помош на флотата на кралот
Никомедиј. Иронично, но губењето на титулата на висок свештеник му донела шанса да оформи воена
кариера иако на високите свештеници не им било дозволено да допираат коњ, да спијат три ноќи
надвор од нивниот кревет или една ноќ надвор од Рим или пак да се приклучат во армијата.
Откако дознал за смртта на Сула во 78 г. п.н.е, Цезар се чувствувал доволно сигурно за да се врати во
Рим.
(По неговот враќање своето внимание го посветил на правното застапување. Станал познат по неговото
исклучително ораторство придружено со страсни гестови и пискав глас во безмилосното гонење на
поранешни гувернери за изнудување и корупција во териториите кои ги управувале.

На пат преку Егејското Море,[15] Цезар бил киднапиран од страна на пирати и бил задржан како нивни
затвореник.[16] Во времето кога бил затворен го изјаснувал неговиот супериорен став. Кога пиратите
сакале да побараат дваесет таланти сребро за неговиот откуп тој инсистирал за тие да побараат педесет.
[17][18] Откако пиратите биле исплатени за Цезаровиот откуп тој пуштил потерница по нив, ги фатил и
ги затворил. За кратко време по затворањето Цезар го исполнил ветувањето кое им го дал како
заробеник (дека ќе ги распне) и ги распнал пиратите.[19] Како знак за попусливост, пред да ги распне
им ги пресекол грлата. Набрзо бил повторно повикан за воена акција во Азија.)
По враќањето во Рим бил избран за воен трибун што претставувало првиот негов чекор во политичката
кариера. Во 69 г. п.н.е бил избран за квестор[20] и во текот на истата година го одржал говорот на
погребот на неговата тетка Јулија. Неговата жена Корнелија, исто така, умрела во 69 г. п.н.е.[21] По
погребот, во пролет или во почетокот на летото во истата година, Цезар заминал да служи како квестор
во Шпанија.[22] Додека престојувал таму се вели дека сретнал статуа на Александар Македонски и со
незадоволство сфатил дека се наоѓа на возраст кога Александар го држел светот под негова власт, а тој
постигнал релативно малку.( По враќањето во 67 г. п.н.е[23] се оженил за Помпеја, внука на Сула, од
која подоцна се развел.[24] Во 63 п.н.е се кандидирал на изборот за понтифекс максимус, главен
свештеник на римската државна религија. Во трката учествувале уште двајца моќни сенатори. Имало
голем број на обвинувања за примање мито од обете страни. Без поголеми напори, Цезар со големо
водство ги победил останатите кандидати и покрај нивното големо искуство и слава во Рим.[25] Кога
Цицерон, кој бил конзул таа година, го обвинил Катилина за заговор за преземање на котролата на
републиката, од страна на неколку сенатори Цезар бил обвинуван за учество во истиот заговор.[26])
(Квестор (латински: Quaestor) бил изгласан функционер во Римската република кој ја надгледувал
ризницата и финансиските работи на државата, армиите и офицерите. Функцијата датира од времето на
римските кралеви. По ~420 п.н.е. имало четири квестора кои биле изгласувани секоја година од страна
на т.н. Комитиа Трибута, а по 267 п.н.е. имало десет. Некои квестори работеле во самиот град Рим,
додека други работеле при персоналот на генералите или служеле како заменици на римските
гувернери во провинциите. Трети пак, имале задача да ги надгледуваат воените финансии.)
По неговото праеторство, Цезар се назначил за гувернер на Шпанија, но тој сè уште бил во големи
долгови поради што му требале многу пари за да се оддолжи пред да ја напушти оваа област. Цезар се
обратил кај Марко Луциниј Крас, еден од најбогатите луѓе во Рим. Во замена за политичка поддршка во
борбата за власт со Помпеј, Крас исплатил голем дел од долговите на Цезар и гарантирал дека и
останатите ќе бидат исплатени. И покрај тоа, за да го избегне постанувањето на обичен граѓанин кој
потоа ќе биде гонет за неговите долгови, Цезар ја напуштил провинција пред да заврши неговото
праеторство таму. Во Хиспанија победил две локални племиња, го променил законот за долгови и
неговите трупи го сметале за император.[27] Почитта како имепратор му донела на Цезар триумф.
(Цезар, исто така, сакал да се кандидира и за конзул, највисокиот магистрат во републиката. Доколку
сакал да прослави триумф тогаш би морал да остане војник и да не влегува во Рим сè до церемонијата,
но доколку сакал да се кандидира на изборите за конзул тогаш би морал да ја препушти својата
команда и да дојде во Рим како обичен граѓанин. Во даденото време со кое располагал, не можел да ги
направи двете работи. Тој побарал од сенатот дозвола за да остане во отсуство, но Като го блокирал
неговото барање. Соочен со изборот помеѓу триумф и конзулство, Цезар го избрал конзулството.[28])

Конзулство и воени походи


Главни статии: „Воени походи на Јулиј Цезар“ и „Првиот Триумвират“.
Во 60 г. п.н.е Цезар се кандидирал за изборите за конзул во 59 г. п.н.е. Уште двајца моќни кандидати се
бореле за истата функица, па изборите биле многу нечесни. Дури и Като, со неговата репутација за
некоруптивност, се вели дека бил поткупен од страна на еден од противниците на Цезар. Цезар
победил заедно со конзервативецот Марко Калпурниј Бибул.[29]

Цезар веќе бил политички должен на Крас, но се обидел истото да го направи и со Помпеј. Помпеј и
Крас биле во лоши односи повеќе години, па Цезар се обидел да ги реобедини. Овие тројца имале
доволно моќ и политичко влијание за да можат да го контролираат јавниот бизнис. Оваа неформална
алијанса позната како првиот триумвират (владеење на тројца мажи) била зацвснатa со бракот помеѓу
---Помпеј и Цезаровата ќерка Јулија.[30] Цезар, исто така, повторно се оженил, овој пат со Калпурнија
која била ќерка на моќен сенатор.[31] Цезар предложил закон за редистрибуција на јавното земјиште
на сиромашните, предлот кој бил поддржан од Помпеј и Крас. Помпеј го наполнил градот со војници и
противниците на триумвиратот биле често заплашувани. (Бибул се обидел да ги презентира условите
како неповолни и со тоа да го поништи предлог законот на Цезар, но сепак форумот бил управуван од
страна на вооружени приврзаници на Цезар. Поради стравот да не го загуби својот живот, Бибул се
повлекол во својата куќа каде што останал до крајот на годината, повремено издавајќи изјави за лоша
иднина. Овие обиди биле насочени кон тоа да се прикаже новото законодавство на Цезар како
неефикасно. Римјаните оваа година ја објаснувале со реченицата „конзулството на Јулиј и Цезар“.[32]

Кога Цезар за првпат бил избран, аристократите се обиделе да му ги ограничат неговите идни моќи, не
дозволувајќи му да биде проконзул на некој регион,[33] но со помош на неговите политички пријатели
Цезар успеал да ја добие Кисалпска Галија (северна Италија) и Илирик (југоисточна Европа) на кои потоа
била додадена и Трансалпска Галија (јужна Франција). Мандатот на неговоот конзулство бил пет
години, повеќе од вообичаениот.[34] Кога конзулството му завршило Цезар одвај го избегнал судењето
поради изнудување во неговите провинции каде што во бегство се вратил.[35])

Освојување на Галија
Цезар сè уште се наоѓал во големи долгови, а парите можел да ги стекне со изнуда или пак со воен
авантуризам. Под негова команда се наоѓале четири легии, две на границите на провинциите со
непријателската територија и останатите во делови од Галија кои биле познати како несигурни. Некои
од галските пријатели на Рим биле поразени од нивните противници со помош на контингент од
германски племиња. Римјаните се плашеле дека овие племиња се спремаат да мигрираат на југ,
поблиску до Италија, од каде што воено би интервенирале. Цезар обединил две нови легии и ги
поразил овие племиња.[36]
Во знак на поранешните активности на Цезар, североисточните племиња почнале да се наоружуваат.
Цезар ова го третирал како агресивен потег и сите тие племиња ги покорил. Во меѓувреме една од
неговите легии ги поразила племињата на далечниот север (Британија).[37] Во пролетта, 56 г. п.н.е,
триумвиратот одржал конференција поради тоа што Рим бил во криза, а политичката алијанса на Цезар
имала несложувања. На конференцијата бил обновен триумвиратот и мандатот на Цезар бил
продолжен во наредните пет години.[38] Освојувањето на северот било при крај, додека во освоените
територии имало неколку мали востанија.[39] Во овој момент Цезар имал сигурна база од каде што
можел да изврши инвазија на Британија.

Римската република во 40 г. п.н.е, по освојувањата на Цезар.


Во 55 г. п.н.е Цезар го одбил нападот во Галија на две германски племиња и следејќи ги изградил мост
на реката Рајна со што стигнал на германската територија каде што ја покажал својата воена моќ. Кон
крајот на летото, истата година, покорувајќу две други племиња преминал во Британија, тврдејќи дека
Бритите претходната година му помагале на еден од неговите непријатели. Неговите разузнавачки
информации биле сиромашни поради што не можел да напредува подалеку од брегот и бил принуден
зимата да се врати во Галија.[40] Следната година се вратил, подобро припремен и со поголема војска,
и освоил поголема територија. Напреднал кон внатрешноста каде што склучил неколку алијанси. Сепак,
слабата жетва довела до распространет револт во Галија и Цезар бил приморан да ја напушти Британија
за последен пат.[41]
--Во 53 г. п.н.е Крас бил убиен водејќи една неуспешна инвазија на истокот. Рим бил на врвот на
граѓанска војна. Помпеј бил назначен за самостоен конзул, односно конзул без замена, и се оженил за
ќерка на политички непријател на Цезар. Триумвиратот бил уништен.
*Во 52 г. п.н.е уште еден, голем револт, се појавил во Галија, воден од Веркингеторикс. Веркингеторикс
успеал да ги обедини галските племиња и да се покаже како остроумен војсководец поразувајќи го
Цезар во неколку битки, но опсадата на Цезар во Битката кај Алезија го принудила Веркингеторикс да се
предаде.[43] И покрај честите бунтови следната година, Галија останала освоена.[44] -Плутарх тврди
дека војската се борела против вкупно три милиони мажи во сите галски војни од кои еден милион
биле убиени, а уште еден милион биле поробени. 300 племиња биле покорени и 800 градови биле
уништени.

Граѓанска војна
Главна статија: „Граѓанската војна на Цезар“.
*Во 50 г. п.н.е, сенатот воден од Помпеј, му наредил на Цезар да ја распушти својата војска и да се врати
во Рим бидејќи неговиот мандат како гувернер завршил.[46] Цезар милсел дека ќе биде погубен
доколку се врати во Рим без неговиот имунитет како магистрат. Помпеј го обвинил Цезар за
непослушност и предавство. Во јануари, 49 г. п.н.е, Цезар ја преминал реката Рубикон (границата на
Италија со северните провинции) со само една легија и ја започнал граѓанската војна. При
преминувањето на реката Рубикон Цезар го цитирал атинскиот драмски писател Менадер, велејќи
„коцката е фрлена“ (или на латински јазик „alea iacta est“. ([47] Помпеј и поголемиот дел од сенатот се
повлекле на југ каде што имале многу мала доверба во новите воени единици.) И покрај тоа што Помпеј
имал значително поголема војска, за разлика од Цезар кој ја имал само неговата тринаесетта легија,
немал намера да војува со него. Цезар го гонел Помпеј надевајќи се дека ќе го фати пред неговите
легии да избегаат, но тоа не се случило.[48] По неуспешното гонење на Помпеј, Цезар решил да се упати
кон Шпанија оставајќи ја Италија под раководство на Марко Антониј. Маршот до Шпанија траел
неверојатни 27 дена и таму ги поразил генералите на Помпеј. Потоа се вратил на исток за да го
предизвика Помпеј во Грција каде што во јули, 48 г. п.н.е, во Битката кај Диракиум Цезар избегнал
катастрофален пораз. Малку подоцна, истата година, во Битката кај Фарсал, Цезар убедливо го победил
Помпеј.[49]

Биста на Клеопатра
Во Рим Цезар бил назначен за дикатор[50] со Марко Антониј и неговиот начелник на коњаницата (втор
по команда); Цезар претседаваше со неговиот избор за втор конзул и по единаесет дена ја напуштил
диктаторската функција.[50][51] Потоа Цезар го гонел Помпеј до Египет каде што наскоро Помпеј бил
убиен.[52] Тогаш Цезар се вмешал во египетксата граѓанска војна помеѓу синот фараон и неговата
сестра, жена, Клеопатра. Како резултат на улогата во убиството на Помпеј, Цезар и се придружил на
Клеопатра.[53] Во секоја битка во 47 г. п.н.е Цезар ги поразил силите на фараонот и ја поставил
Клеопатра како владетел. Својата победа, Цезар и Клеопатра, ја прославиле со прослава на Нил во
пролетта во 47 г. п.н.е. Кралските кочии биле придружувани од дополнителни 400 бродови кои го
вовеле Цезар во луксузниот начин на живот на фараоните во Египет. Цезар и Клепатра никогаш не се
земале поради тоа што римскиот законик дозволувал брак само помеѓу двајца римски жители. Цезар ја
продолжил врската со Клеопатра за време на неговиот последен брак, кој траел 14 години, и според
некои римјани тој добил син именуван Цезарион. Клеопатра го посетила рим во повеќе прилики
престојувајќи во вилата на Цезар во близина на Рим, преку реката Тибар.

Подоцна, во 48 г. п.н.е, Цезар бил повторно назначен за диктатор со мандат од една година.[51] Откако
првите месеци од 47 г. п.н.е ги поминал во Египет, заминал за среден исток каде што го поразил кралот
на Понт за многу брзо време. Потоа заминал во Африка за да им се спротистави на останатите
сенаторски поддржувачи на Помпеј. Набрзо значително го победил Като кој тогаш извршил
самоубиство.[54] По победата Цезар бил назначен за диктатор на десет години.
(За неговото владеење Гај Јулиј Цезар, заедно со неговите колеги извршија многу реформи. Најпознат е
реформата на римскиот календар. Граѓаните мораа да одат на соларниот календар, кој го разви научник
од Александрија Сосошиен. Значи, од 45 години п.н.е. Се појави денес познат на сите јулијански
календар.)

Диктатур и атентат
Додека тој сè уште бил на својата кампања во Шпанија, сенатот почнал да му доделува признанија на
Цезар. Откога Цезар се вратил во Италија во 45 г. п.н.е, по своја волја, го иманувал неговиот внук
Октавијан Август како наследник на сè, вклучувајќи го и неговото име. Цезар запишал и дека доколку
Октавијан умре пред него, Марко Јуниј Брут би бил следниот наследник.
РЕФОРМИ
Кога триумфот завршил, Цезар одобрил законодавната агенда да биде одобрувана без преседан.
1. Наредил да се направи попис.
2. Одредил дека поротниците можат да бидат само сенатори и луѓе од одредени јавачки одреди.
3. Одобрил закон кој ги наградувал семејствата кои имале многу деца со што го форсирал
зголемувањето на популацијата во Италија.
4.“Донел закон со кој го забранил професионалното занаетчиство, освен тоа кое имало античка
потпора, бидејќи мнгоу од тие станале субверзивни клубови.
5. Донел закон за ограничен мандат на гувернерите.
6.Следниот закон бил за промена на структирата на долговите со што ултимативно елиминарал околу
една четвртина од сите долгови.
7. Цезар, исто така, цврсто ги регулирал државните субвенции за жито
8. Од 47 до 44 г. п.н.е направил план за дистрибуција на земјиште на околу 15,000 негови ветерани.
9. Најважната промена била реформата во каледарот. Во тоа време календарот бил регулиран од
движењето на месечината што резултирало со големо безредие. Цезар го заменил овој каледар со
египетскиот кој бил регулиран од сонцето. Траењето на годината го поставил на 365.25 дена
поставувајќи престапен ден на крајот на февруари на секоја четврта година.За да го порамни
календарот со сезоните, три екстра месеци биле додадени во 46 г. п.н.е (еден месец по февруари и два
месеци по ноември). Така, јулијанскиот календар бил отворен на 1 јануари, 45 година п.н.е.[63]

You might also like