По чест јас морам да бидам еднаква со тебе

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

По чест јас морам да бидам еднаква со тебе

Родени во едно време, фрлени да живеaт во тој свет, даден им е животот како
неформален облик, кој секој го формира на свој начин, по своја желба. Таа
егзистенцијална желба често отсуствува пред основата на животот, пред историското
постоење, пред нормите и традицијата.
Од сите тие околности кои го формираат животот на Родриго, две чувства водат силна
битка за превласт – љубовта или честа.
„Сластите да умрат или честа да згине?“
Сонот за индивидуалната среќа, за силната љубов кон Химена се руши со една
шлаканица. Се случува пресврт од индивидуалното постоење кон опшественото живеење,
кон бранење на моралниот кодекс поставен од општеството. Таму каде што засадија
љубов, топлина и копнежи надевајќи се да никне светлина, таму имаше само огорченост и
одмазда.
„Ти честа своја и таткова ја спаси,
Мој ред е сега да одмаздам за татко
И да ја спасам и мојата чест, Родриго.“
Иако не можат да љубат, не знаат ни да преболат, да го изгаснат огнот што гори во
нивните срца. Животот им поставува безброј пречки, реалноста станува голема заблуда;
секој ден е нова замка на животните норми, секој момент станува уште една апсурдна
ситуација, уште една капка очај. Во нивните искинати души има премногу болка, премногу
празнина за која не постојат премногу зборови.
Љубовта преовладува и не му дозволува на Родриго да го одземе животот на неговиот
ривал. Осамена мислејќи дека го изгубила својот сакан, заборава на честа и искрено ги
излева своите љубовни чувства.
„Најмилиот ти денес ми го грабна.
О, пламни, љубов, зар уште ќе се плашиш!“
Тоа е пресвртот од индивидуалноста кон бунтовноста, спротивставување на реалноста за
осмислување на сопствениот живот.
Силната љубов успева да ги скине и синџирите на крупните општествени норми, да се
искачи на врвот. Најхрабар победник е борецот што се бори за својата љубов, зошто таа е
причината за живеењето, за постоењето. Има само вистинска љубов и безброј начини да
се стигне до неа.

You might also like