Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Ликот на Дон Кихот низ содржините на истоимениот роман

Мигел Сервантес со своето дело Дон Кихот создал споменик на општоважечка вредност.
Во вид на сатира пресметувајќи се со светот на вистинските романи, создал верна слика
на творештвото кое непрекинато живее во судир меѓу идеалите и стварноста. И како што
рекол самиот " Јас немав друга цел, освен да им влеам на луѓето одвратност кон лажните
и грди ритерски романи кои се разликуваат од вистинската историја на мојот Дон Кихот"

Во Дон Кихот се претставени речиси сите опшествени слоеви и сите сталежи. Тука се
благородниците, свештениците, калуѓерите, образованите луѓе, синовниците, војниците,
занаетчиите, селаните, слугите, крчмарите, робијашите, отпадниците и др. Сервантес ги
опишува Шпанците од неговото време, што работеле, што пиеле, што јаделе, како се
женеле, како се веселеле, се пресметувале, какви песни пееле, играле. Сервантес не
запознава со провинцискиот благородник Алонсо Кихада кој залуден од читање книги за
витезите од минатите времиња, поверувал дека тој е одреден да ги оживее тие идеали од
минатото и тоа по примерот на ликот од витезот Амадис. Маѓепсан и залуден, тој витез
веќе како да не ја гледа стварноста околу себе. За него ветерниците се џинови, стадото
овци се непријателска војска, друмската крчма е богат замок, слугинките се господски
властенки и др. Маѓепсаниот витез, претрпува еден по друг пораз, но длабоко во себе
верува дека го штити светот околу себе. Во ова дело претставен е судирот меѓу
стварноста и фикцијата, меѓу вистината и измислицата, меѓу реалноста и привидот.
Односот меѓу стварноста и фикцијата се јавува во два вида. Едниот Дон Кихот одбива да ја
прифати стварноста во која живее и се судира со неа, додека другиот Дон Кихот сега е
оздравен од своето необично лудило.

Мигел Сервантес со своето дело Дон Кихот создал споменик на општоважечка вредност.
Во вид на сатира пресметувајќи се со светот на вистинските романи, создал верна слика
на творештвото кое непрекинато живее во судир меѓу идеалите и стварноста.
Сервантесовиот Дон Кихот излегол од кориците на овој роман и почнал да живее нов
живот. Станал поим за човек кој ,занесен од идејата за доброто, доаѓа во судир со своето
време но не се откажува од својата визија за општочовечката правда и слобода.

You might also like