Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 3

Информација за предметот

Вовед во Еко-информатика

1. Проектни задачи
[1] Проектните задачи СЕ задолжителни.
[2] Максимум број на студенти на една проектна задача е 1 студент.
[3] Проектните задачи се пријавуваат во листа на проектните задачи во
Google Excel документот чиј линк се наоѓа на курсот и откако ќе бидат
разгледани ќе бидат прифатени или одбиени. Рокот за пријавување на
темите се објавува преку соопштени на курсот.
[4] Откако темата ќе биде одобрена, студентот ја изработува и на крајот ја
предава техничката документација на проектните задача (во формат
даден на курсот – Форматирање на проектна задача) на курсот (Се
прикачува на курсот на означеното место) и се презентира во
закажаниот термин за презентација.
[5] Презентацијата се врши преку PowerPoint и усна презентација пред
професорот и аудиториумот од студенти. PowerPoint презентацијата не
мора да се прикачува на курсот, таа служи само за презентација во
терминот.
[6] Краен рок за предавање на проектната задача е 48 часа пред почетокот
на најавениот термин за одбрана во една од испитните сесии (Јунска,
Септемвриска и Јануарска Сесија).
[7] Терминот за презентација и одбрана се објавува во текот на секоја
испитна сесија.
[8] Краен рок за предавање на проектната задача е се до повторно
презапишување на предметот, односно до почетокот на зимскиот
семестар следната учебна година.

2. Лабораториски вежби
[1] Изработката на лабораториските вежби Е задолжителна.
[2] Изработената лабораториска вежба се поставува на курсот за преглед.
[3] Лабораториските вежби не носат поени, односно не учествуваат во
формирањето на оценката.
[4] Лабораториските вежби се потребни за добивање на потпис по предметот
за уредно посетување, кој потпис е основ да добиете потпис од страна на
професорот.
[5] Услов за потпис се изработени 5 лабораториски вежби.
[6] Секоја лабораториска вежба соодветствува со одреден наставен час и е
наменета за полесно совладување на наставниот материјал.
3. Формирање на оценка
[1] Конечната оценка е збир од полагањето на теоретскиот дел и
изработената проектна задача.
[2] Теоретскиот дел од испитот се полага на крајот од тековниот семестар
или во терминот пред презентацијата на проектните задачи. Минимален
број на поени од тестот е 50%, за да се смета за положен.
[3] Проектната задача треба да содржи минимум опис на техничката
документација на проектната задача (мин. 6 страни) со формат даден на
курсот, како и Excel документ каде се правени анализите во
документацијата, полагање на теоретски дел на испитот, усна
презентација и одговарање на поставените прашања при самата
презентација. Останатите активности носат дополнителни поени. Темите
за изработка мора да бидат во тематика на материјалот кој се работи на
предметот.
[4] Активности за кои може да добиете поени:
• Да се напише еколошки менаџмент за користените податоци. Краен
резултат е Indeks_EMP.doc
• Дополнување со QA/QC протокол во Word напишан за мерните
податоци, за инструментите, за документирањето и за архивирање
на еколошките податоци. Во научните трудови пишува како се
мерени, со што и потребно е врз овие податоци да бидат подготвени
вакви протоколи. Составот на документот кој треба да биде
придружен до документот треба да содржи одговори на прашања
кои се дадени во предавањата. Краен резултат е Indeks_QAQC.doc
• Да се напише R скрипта за генерирање на метаподатоци документ
за податоците кој е достапен на онлајн научните бази, во трудовите
пишува што е мерено, како, кога. Краен резултат
е Indeks_MetaData.R
• Да се напишат анализите од основната проектна задача со помош на
R скрипти. Краен резултат е Indeks_DataAnalysis.R

[5] Оценката се формира на следниот начин:


• 50‐59 = 6
• 60‐69 = 7
• 70‐79 = 8
• 80‐89 = 9
• 90‐100 = 10
Ver 1.2

You might also like