Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 5

Традиции и обичаи на

народите во Македонија
Изработил:Александар Христов 9а
Македонците
Традицијата на еден народ е олицетворение на сето богатство што може да ја презентира
една земја. Во Македонија, таа овозможува да се зачува, негува и афирмира културниот
идентитет на Македонците и Македонија, бидејќи македонското творење има бесценета
вредност како културно обележје.
Василица
Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот најчесто е
познат како Василица, а тоа најповеќе асоцира на обичаите и верувањата поврзани со
Новата Година.Се верува дека овие денови за човекот се опасни бидејќи тогаш мртвите се
во движење, разни вампири, караконџули, вештерки, самовили и други нечисти сили се
активни и на сите начини сакаат да му напакостат. За заштита од овие негативни демони
човекот во овој период избегнувал некои потешки работи, но изведува и разни магиски
заштитни дејствија.Посебно интересна е една драмска игра со маски која се среќава на
теренот на цела етничка Македонија, но секаде со различни имиња според имињата на
учесниците во играта: во охридско-василичари, во битолско-бабари, во скопско-џамалари,
во тиквешијата-џаламари, во разлошко-сурваскаре, во костурско и други места во Егејска
Македонија ешкари и тн.
Роми
Како и секоја друга етничка група, Ромите имаат културни верувања и вредности што ги
водат низ нивните животи. Овие верувања, како што е религијата, биле под влијание на
текот на нивниот номадски начин на живот, но сепак имаат значителна тежина и важност за
Ромите. Некои од главните вредности на Ромите што можеме да ги истражиме се лозата,
гостопримството и честа.
Важноста на лозата
Како што видовме, семејството е особено клучно за ромскиот начин на живот. Заедно со
ова, акцентот е ставен на потекло и генерациско потекло. Ромските брачни обичаи се дел
од оваа вредност на лозата, но исто така се гледа и во тоа како децата се воспитуваат во
ромската култура. Кумовите се многу вклучени во животот на детето, како и семејството на
кумови - ова доведува до многу голема група на луѓе кои работат заедно за да ги воспитаат
своите семејства и да ја зачуваат ромската лоза. Најчесто се гледа дека припаѓањето на
ромската група потекнува од таткото: па така, ако девојче Роми се омажи за а гаџе, или не-
Роми, тогаш нивните деца може да не се сметаат за Роми. Со обезбедување на ромско
потомство, заедницата исто така може да се осигура дека нивната култура се пренесува
низ генерациите.
Власи
Од сватовите, први кај невестата стигнуваат свекорот и свекрвата, кои ги пречекуваат родителите
на невестата. Се поздравуваат, си честтаат, се крстат бидејќи стануваат роднини и им посакуваат
среќа на младите. Невестата седи во една соба, заклучена, заедно со нејзините другарки. Ја
доведуваат пред свекорот и свекрвата за да им бакне рака. Таа се поклонува пред нив три пати, им
бакнува рака и тие ја даруваат со златници кои се пренесуваат од генерација на генерација.
Родителите на невестата го пречекуваат младоженецот, го бакнуваат и тоа е знак дека стануваат
свои. Тогаш пристгнуваат и сватовите. Сите и пејат на невестата да злезе надвор за да ја видат, да
ја поведат со нив. Ја пејат песната.Порано, влашката свадба се правела повеќе денови, во куќата
на младоженецот и невестата. Обичајот бил, најпрвин да се сретнат родителите или пак роднините
на младоженецот и невестата (најчесто на пазар) за да се договорат за денот кога треба да се даде
збор, на кој присуствуваат најблиските од семејствата на младите. Потоа се правело веридба, на
која биле поканувани најблиските роднини од двете страни, а веридбата се правела во куќата на
невестата. Двете страни се договарале за денот на свадбата, а едно момче, (деверот) со пагур
(шише со ракија, украсено со цвеќиња) одело од куќа на куќа и ги канело роднините, пријателите и
соседите. Роднините се собирале кај младоженецот. Свекорот ги пречекувал гостите, а потоа
започнувале со обичаите.
Турци
Кна геџеси е еден вид на моминска забава кај муслиманите која се изведува поинаку. Eдна од најстарите
традиции е кна геџеси и имаат многу уникатни адети кои се изведуваат за време на оваа ноќ. Кна геџеси се
прави еден ден пред венчавката во куќата на невестата и на неа присуствуваат само жени. На вратата од
куќата на невестата се закачуваат знамиња кои се симбол дека таму има женска ноќ. Од страната на
младоженецот се испраќа кна и колчиња во куќата на невестата. Кога ќе дојдат сите гости се послужуват
колачиња алва и пиење. Подоцна, невестата, облечена во традиционална облека доаѓа во собата и
седнува на средина нејзината глава е покриена со црн или црвен вел, таа е придружувана од слободни
девојки кои носат свеќи. Додека слободните девојки и гостите пеат песни наменети за оваа ноќ и играат
околу невестата, таа гледа во тишина и плака. Причината за целата оваа тага кај невестата е поради
заминувањето од куќата на родителите. Кната ја подготвува среќно омажена девојка, откако ќе ја подготви
кната ја ставаат на плех украсен со свеќи. Потоа девојките продолжуваат да играт околу невестата а една
од нејзините блиски и става кна на раката на невестата, ја завиткуваат раката и се ставаат ракавици.
Невестата не ја отвора раката одреден период, кога тој што и ја стави кната на раката не каже ,, Невестата
не ја отвори раката” тогаш невестата ги вади ракавиците ја отвора раката и свекрвата и става златник.

You might also like