Professional Documents
Culture Documents
првите училишта и учители во Кавадарци
првите училишта и учители во Кавадарци
Прв учител пак во Кавадарци бил Андо Даскалот од Ваташа, ученик на Даскал
Камче, а по него браќата Петре и Илија Боцеви од Кавадарци, кои што се школувале во
градот Сер. Следни кои ја продолжиле учителската работа во Кавадарци биле веќе
споменатиот Захарија Даскалов и Мишо Галабов. Од плејадата познати учители-
преродбеници кои работеле во Кавадарци неизбежно е да се споменат и- Јордан Хаџи
Константинов-Џинот, Сава Михајлов, Туше Дели Иванов, Ѓорѓи Поп Христов и многу
други. Особено е интересно присуството на Јордан Хаџи Константинов Џинот во
Тиквешијата како учител. Тој во 1870 година доаѓа во селото Ваташа, а од следната
учебна година работи и како учител во Кавадарци. Џинот во тоа време бил еден од
најбараните учители во Македонија и неговата годишна плата изнесувала 5000 гроша.
За тоа што тиквешани ангажирале толку скап учител за нивните деца, често знаеле да
кажат колку пари-толку музика, алудирајќи на тоа дека со ангажирањето на
квалитетни и скапи учители значајно ќе се подобри и квалитетот на образованието и
знаењето кај нивните деца. Учителот Јордан бил вистинско олицетворение на
современ учител. Тој бил целосно посветен на својата работа, грижејќи се за
религиозното, умственото и физичкото воспитување на учениците. Настојувал целосно
да ја реализира дадената програма, а за својата работа редновно подесувал извештај
пред црковно-училишниот совет. Џинот се однесувал учтиво не само со учениците туку
и со населението, бидејќи многу добро знаел дека е тој воспитувач не само на
ученицитe, туку и на народот. Како претставник на современите световни учители
Јордан Хаџи Константинов Џинот големо внимание посветувал на редот, чистотата и
хигиената на учениците и просториите каде што учеле. Положбата на учителите во
тогашните училишта не била ни малку завидна, не само поради условите во кои
работеле, туку и поради самоволијата и каприците на грчките свештеници, кои се
мешале во работата на учителите. Исто така силно влијание врз работата на учителите
имале и членовите на црковно-улилишниот одбор како и месните трговци и богатите
чорбаџии.
Токму затоа во текот на 70те и 80те години од 19 век кога Бугарското кнежество
преку Бугарската егзархиска црква врши засилена експанзионистичка политика која
било особено изразена преку црквата и просветата во 1897 година во Кавадарци
отвара Нижа гимназија, која во почетокот имала 2 класа (1 и 2 година), а од учебната
1907/1908 година гимназијата во Кавадарци станува трикласна. Оваа гимназија
финансирана од Бугарската егзархија, на почетокот имала 7 до 9 учители, од кој 1
главен учител кој истовремено бил и претседател на училишниот совет. Покарј другото
тој се грижел за реализирање на наствната програма, водел преписка со надлежните
органи, се грижел за редот и дисциплината во училиштето и слично. Учебната година
била регулирана со Правилник започнувала на 1 сеотември и траела 10 месеци. Во
првите години од работењето училиштето имало само 2 училници, а од инвертар
имало само една црна дрвена штица, која служела како табла за пишување, маса и
стол за наставникот, а учениците седеле на подот од училницата. Задолжително за
секоја училница покрај фотографијата на патронот на училиштето се наоѓала и сликата
на словенските просветители браќата Св. Кирил и Методиј.
Меѓутоа и покрај сите репресии врз нашиот народ, кои најмногу биле изразени
преку училиштата, со ослободувањето на Кавадарци по втората светска војна на 8
септември 1944 година, се создадија услови за реизградба на градот, а една од
клучните акции во реизградбата беше токму образованието. Токму за таа цел на 25
септември 1944 година во селото Бегниште започна привиот подготвителен курс за
обука на учители во Тиквешијата. За организирање на овој курс биле ангажирани
членови на Просветниот оддел при Агитпроп (одделението за агитација и пропаганда)
на Околискиот комитет на Комунистичката партија во Кавадарци на чело со
професорот Апостол Апостолов и други лица.