Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

Образованието во Тиквешкиот крај има длабоки корени и богата традиција.

Најнапред тоа било воведено во т.н. Ќелијни училишта во средината на 17 век па се до


30те години на 19 век. Првите такви ќелијни училишта биле отворени во црквите и
манастирите, а учениците кои ги посетувале се обучувале за идни калуѓери и
свештеници. Меѓутоа, и богатите трговци и чорбаџии имајќи ја во предвид моќта на
образованието своите деца ги праќале да се описменат во ќелијните училишта.
Најпознати ќелијни учители во тој период биле Свештеникот Симеон од Бошавскиот
манастир и Христо Граматик од Моклишкиот манастир. За улогата на првите учители и
воопшто писменоста во овој крај познатиот историчар и академик Иван Снегаров
запишал: “Тиквеш станал тврдина на словенската писменост во Охридскиот диесиз.
Учениците во овие училишта биле учени да читаат и пишуваат на македонски народен
црковно-словенски јазик“. Секој ученик кој го посетувал ќелијното училиште бил
должен да го плаќа учителот, а неговата плата во втората половина на 18 век
изнесувала еден грош и шеесет пари месечно.

Првото световно основно училиште во Кавадарци било отворено во 1834


година, а во селото Ваташа, како културно-просветен центар на Тиквешијата уште
порано. Прв учител за кого се знае, бил Даскал Камче од Ваташа, кој воедно бил и
главниот иницијатор за отварање на првото училиште. Тој по неколкугодишната
одисеја во Света Гора, збогатен со нови идеи, сознанија и искуства се враќа во Ваташа
и прави обид да отвори народно училиште по примерот на оние кои имал можост да
ги посети во Белград, Софија, Солун, Скопје, Велес и други градови. Меѓутоа сите
негови обиди и идеи биле попречувани од грчкиот фанариотски владика Јеротиј. Но и
покрај сите препреки Даскал Камче бил упорен во остварувањето на својот сон, и во
1830 година по негова иницијатива ваташани започнале со изградба на селското
училиште кое се наоѓало во непосердна близина на црквата Св. Богородица. Во есента
1832 година учителот Даскал Камче отпочнува да работи во новоизграденото ваташко
училиште како прв македонски световен учител во Тиквешијата.

Меѓу учителите кои работеле и оставиле белег во ваташкото училиште ќе ги


споменеме и Димитар Камче Поп Ангелов, син на Даскал Камче, кој кратко време бил
учител а потоа заминал во Битола. Бездруго еден од учителите кои оставиле голем
белег во првото училиште во Ваташа и кој најдолг период бил учител е Андон Грков,
тој покрај во Ваташа извесен период учителствувал и во Кавадарци и Неготино. Во оваа
група ваташки учители можеме да ги наброиме и Захарија Грков Даскалов, татко на
нашиот патрон војводта и револуционер Добри Даскалов, потоа учителот Алекси Поп
Стефанов, попознат како “Оче Алекси“ бидејќи покрај учител тој по вокација бил и
свештеник. Во 1857 година во селото Ваташа за учител доаѓа Димитар Ихчиев од
Велес, а него го наследува Ѓорѓи Мицаров. Овие учители биле многу почитувани од
месното население затоа што покрај фактот што добро си ја вршеле образовната
функција, тие мошне успешно им се спротивставувале на грчките свештеници и
владици и го организирале народот во борба против грчката патријаршија. Од втората
половина на 19 век можеме да ги издвоиме учителствувањата на Арсениј Костенцев,
унгарецот Ѓорѓи Милетич, како и учителот Оче Алексиј Зоографски родум од Галичник.
Заслугата на овие наши преродбенски учители за развитокот на македонската
просвета е навистина голема и тоа дотолку повеќе што во времето во кое тие
делувале, бројот на световни учители во Македонија бил навистина мал.

Прв учител пак во Кавадарци бил Андо Даскалот од Ваташа, ученик на Даскал
Камче, а по него браќата Петре и Илија Боцеви од Кавадарци, кои што се школувале во
градот Сер. Следни кои ја продолжиле учителската работа во Кавадарци биле веќе
споменатиот Захарија Даскалов и Мишо Галабов. Од плејадата познати учители-
преродбеници кои работеле во Кавадарци неизбежно е да се споменат и- Јордан Хаџи
Константинов-Џинот, Сава Михајлов, Туше Дели Иванов, Ѓорѓи Поп Христов и многу
други. Особено е интересно присуството на Јордан Хаџи Константинов Џинот во
Тиквешијата како учител. Тој во 1870 година доаѓа во селото Ваташа, а од следната
учебна година работи и како учител во Кавадарци. Џинот во тоа време бил еден од
најбараните учители во Македонија и неговата годишна плата изнесувала 5000 гроша.
За тоа што тиквешани ангажирале толку скап учител за нивните деца, често знаеле да
кажат колку пари-толку музика, алудирајќи на тоа дека со ангажирањето на
квалитетни и скапи учители значајно ќе се подобри и квалитетот на образованието и
знаењето кај нивните деца. Учителот Јордан бил вистинско олицетворение на
современ учител. Тој бил целосно посветен на својата работа, грижејќи се за
религиозното, умственото и физичкото воспитување на учениците. Настојувал целосно
да ја реализира дадената програма, а за својата работа редновно подесувал извештај
пред црковно-училишниот совет. Џинот се однесувал учтиво не само со учениците туку
и со населението, бидејќи многу добро знаел дека е тој воспитувач не само на
ученицитe, туку и на народот. Како претставник на современите световни учители
Јордан Хаџи Константинов Џинот големо внимание посветувал на редот, чистотата и
хигиената на учениците и просториите каде што учеле. Положбата на учителите во
тогашните училишта не била ни малку завидна, не само поради условите во кои
работеле, туку и поради самоволијата и каприците на грчките свештеници, кои се
мешале во работата на учителите. Исто така силно влијание врз работата на учителите
имале и членовите на црковно-улилишниот одбор како и месните трговци и богатите
чорбаџии.

Потребно е да се знае дека методиката и наставата во световните училишта


била многу посложена одколку во ќелијните. Покрај тоа световните училишта биле
општонародни и за нивната работа било заинтересирано целото наслелние.
Световниот учител бил платено лице, примал редовна месечна или годишна плата, од
училишната општина, која ја имало секое световно училиште. Платата на првите
световни учители иако била мала, сепак ги задоволувала неговите основни животни
потреби. На овој начин со појавата на световните училишта се појавува и
учителствувањето како професија, како специјално и единствено занимање на
учителите. Тоа било од големо значење за натамошниот развој на образованието во
Македонија.

За време на Илинденскиот период, неизбежно е да се истакне нераскинливата


поврзаност на учителите со револуионерните идеи. Во Тиквешијата учителите не само
што го организирале и раководеле образованието, туку биле носители и организатори
на национално ревулиционерното и ослободително движење, подготвувајќи го
населението од овој крај за вооружена борба. Од големиот број учители кои како
педагози и бескомпромисни револуционери делувале во овој крај посебно ќе ги
издвоиме:
-Пане Иванов, учител во Кавадарци во периодот од 1893-1903г.
-Сава Михајлов, Учител во Кавадарци 1895-1896г.
-Неделко Харлев, учител во Кавадарци 1896 г.
-Атанас Бошков, учител во Кавадарци 1896г.
-Туше Дели Иванов, учител во Кавадарци 1896г.
-Неделко Д’мчев, учител во Рожден 1897г.
-Јанаќи Илиев, учител во Кавадарци 1897г.
-Милан Поп Михајлов, учител во Кавадарци 1898-1903г.
-Алексо Мартулков, учител во Бегниште 1898-1900г.
-Ристо Станоев, учител во Кавадарци 1899-1900г.
-Тодор Камчев, учител во Барово 1899г.
-Лазар Поп Атанасов, учител во Кавадарци 1899г.
-Илија Тошев, учител во Ваташа 1899г.
-Томе Поп Атанасов, учител во Кавадарци 1899г.
-Јордан Нетков, учител во Ваташа 1899г.
-Андон Костадинов, учител во Ваташа 1900-1901г.
-Александар Станоев, учител во Бегниште 1900-1901г.
-Христо Поп Андов, учител во Кавадарци и Ваташа 1900-1903г.
-Крсто Димчов, учител во Ваташа 1900г.
-Илија Ч’карев, учител во Кавадарци 1901г.
-Ристо Јосифов, учител во Кавадарци 1902г.
-Никола Иванов, учител во Кавадарци 1902г.
-Александар Спирков, учител во Кавадарци 1902г.
-Никола Иванов, учител во Кавадарци 1902г.
-Тасе Јосифов, учител во Кавадарци 1902г.
-Фруса Мишева, учителка во Кавадарци 1903г.
-Лазар Мишев, учител во Кавадарци 1903г.
-Пелагија Петрова, учителка во Кавадарци 1903г.
-Јованче Поп Антов, учител во Ваташа 1903г.
-Петраќо Костадинов, учител во Ресава 1903г.

Во времето на Илинденското востание и настаните што следуваа по него голем


број од овие учители ги дадоа своите животи во борбата за национално и социјално
ослободување на својот народ. Многумина од нив во бројните провали паднаа во
затвор или беа жртви на најразлични афери или заговори со што беа приморани
предвреме да ги завршат своите учителски кариери.

По завршувањето на основното училиште, учениците од Кавадарци своето


образование го продолшувале во вишите училишта и гимназии во Солун, Самоков,
Софија, Битола и Скопје.

Токму затоа во текот на 70те и 80те години од 19 век кога Бугарското кнежество
преку Бугарската егзархиска црква врши засилена експанзионистичка политика која
било особено изразена преку црквата и просветата во 1897 година во Кавадарци
отвара Нижа гимназија, која во почетокот имала 2 класа (1 и 2 година), а од учебната
1907/1908 година гимназијата во Кавадарци станува трикласна. Оваа гимназија
финансирана од Бугарската егзархија, на почетокот имала 7 до 9 учители, од кој 1
главен учител кој истовремено бил и претседател на училишниот совет. Покарј другото
тој се грижел за реализирање на наствната програма, водел преписка со надлежните
органи, се грижел за редот и дисциплината во училиштето и слично. Учебната година
била регулирана со Правилник започнувала на 1 сеотември и траела 10 месеци. Во
првите години од работењето училиштето имало само 2 училници, а од инвертар
имало само една црна дрвена штица, која служела како табла за пишување, маса и
стол за наставникот, а учениците седеле на подот од училницата. Задолжително за
секоја училница покрај фотографијата на патронот на училиштето се наоѓала и сликата
на словенските просветители браќата Св. Кирил и Методиј.

Во Егзархиската гимназија во Кавадарци се изучувале следите предмети: закон


божји, бугарски јазик со црковно-словенско читање, турски јазик, француски јазик,
историја, географија со граѓанско учење, аритметика, геометрија со геометриско
цртање, физика, хемија, раскажување, краснопис, гимнастика, пеење и рачна работа.
Заради малиот и несоодветен наставен кадар се случувало еден наставник да предава
по два, а не ретко по три и четири предмети. Оценките за успехот на учениците по
малку се разликувале од денешните бидејќи биле 6 степени и тоа: одличен 6, мн.
добар 5, добар 4, среден 3, слаб 2 и лош 1, додека пак поведенитео се оценувало на
следниот начин: примерно 6, пофално 5, добро 4, средно 3, слабо 2 и никакво 1. За да
може ученикот да помине во погорните класови било потребно да постигне успех
најмалку среден 3, затоа што со оцената слаб 2 се повторувал класот. По завршувањето
на 3 клас нижа гимназија секој ученик бил должен да полага годишен испит по
предметите предвидени со член 12 од Правилникот за гимназиите, а тоа биле бугарски
и турски јазик и аритметика. Една од позначајните мерки на кои во тоа време се
посветувало големо внимание била дисциплината на учениците. За најмал прекршок
или недисциплина се применувале строги, сурови а не ретко и инкивизициски мерки.

Егзархиската гимназија во Кавадарци работела се до 1913 година, кога со


влегувањето на српските окупациони војски во овој дел на Македонија, наставата
започнала да се одвива на српски јазик. Меѓутоа, поради недостиг на соодеветн и
образован наставен кадар гимназијата во Кавадарци набргу по почетокот на првата
светска војна ја прекинала својата работа. По завршувањето на војната и формирањето
на кралството на СХС започнува иницијатива за отварање на гимназија. Процесот на
отварање на основните училишта започнува нешто порано и до 1 март 1919 година во
Тиквешијата биле отворени вкупно 18 основни училишта.

Најактивен во спроведувањето на иницијативата за отварање на нижа


гимназија во Кавадарци бил адвокатот Глигор Анастасов, кој во мај 1919 година
испратил и писмо до министерот за просвета на Кралството СХС Павле Маринковиќ.
Набргу неговата иницијатива е разгледана и прифатена и со Указ на српскиот крал
Александар Караѓорѓевиќ и во октомври 1919 година во Кавадарци била отворена
нижа трикласна гимназија. Со отварањето на гимназијата се јавиле и првите проблеми
како немањето на соодветен простор каде би била сместена гимназијата и
недостатокот на учебници. Привремено било одлучено гимназијата да се смести во
куќата на Али Бег Аџи Кадрибегов, стара двоспратна зграда со по две простории за
училници на првиот и вториот кат. Во ови простории гимназијата работела цели 10
години. Во првата година од отварањето гимназијата имала 1, 2 и 3 клас со вкупно 113
ученици, а се изучувале наставните предмети: наука за христијанството, српски јазик,
француски јазик, земјопис, историја, физика, хемија, математика, цртање, пишување,
гимнастика, пеење и женска работа. Прв директор на гимназијата бил Ѓорѓи
Константиновиќ, а покрај него работеле и слените професори: Милован Лазиќ, Љубица
Лазиќ, Јелена Томиќева, Петко Радуловиќ, Милица Лепчевиќ, Љубица Симиќ, Радован
Радовиќ и други, како и школскиот лекар д-р Јан Нехасин по потекло од Исланд.

Оваа гимназија престанува со работа по падот на Југославија во втората светска


војна и воспоставувањето на бугарскиот окупационен систем во земјата. Со нивното
доаѓање во мај 1941 година била воспоставена бугарска администрација, а со тоа и
наставата во училиштата се одвивала на бугарски јазик.

Гимназијата во Кавадарци од своето постоење па се до конечното


ослободување на Македонија од соседните окуатори, без оглед дали била бугарската
егзархиска или српска имала за цел да го докаже историското право на едните или
другите врз Македонија, со што се вршеле денационализаторска и асимилаторска
политика над македонскиот народ.

Меѓутоа и покрај сите репресии врз нашиот народ, кои најмногу биле изразени
преку училиштата, со ослободувањето на Кавадарци по втората светска војна на 8
септември 1944 година, се создадија услови за реизградба на градот, а една од
клучните акции во реизградбата беше токму образованието. Токму за таа цел на 25
септември 1944 година во селото Бегниште започна привиот подготвителен курс за
обука на учители во Тиквешијата. За организирање на овој курс биле ангажирани
членови на Просветниот оддел при Агитпроп (одделението за агитација и пропаганда)
на Околискиот комитет на Комунистичката партија во Кавадарци на чело со
професорот Апостол Апостолов и други лица.

Овој курс го посетувале дванаесет курсисти-идни учители, а предавањата ги


водел лично проф. Апостол Апостолов. На курсистите им биле давани упатства за
обработка на методски единици по одделни предмети, како од општествените науки
така и од природно математичките и техничките науки. На неколку наврати работата
на овој курс ја надгледувал и професор Љубен Лапе, Областен училишен инспектор,
кој на слушателите им давал многу корисни совети. Резултатите од овој курс биле
доста успешни, па покрај обучените 12 учители, на организаторите им дал за право да
организираат уште неколку вакви курсеви во текот на 1944 и 1945 година. Токму со
овие курсеви настапи една нова ера во образованието во Кавадарци предводена од
новата генерација на учители во повоеното општество.

You might also like