Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 30

Институт за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика,

Медицински факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј“, Скопје

АЛИМЕНТАРНИ
ТОКСОИНФЕКЦИИ

Laboratory
Проф.Training for
д-р Ирина FieldEEpidemiologists
Павловска
P I D E M I C A L E R T A N D R E S P O N S E
март, 2022
Статистика = “status“
Алиментарни = опис на состојба
токсоинфекции

▪ Синоними
Заразно труење со храна, toxiinfectio alimentaris, Food
poisoning, Food Toxico-infections.
▪ Дефиниција
Група на акутни инфективни заболувања со слична
симптоматологија и механизам на настанување, а различна
етиологија, кои често се јавуваат во облик на помали или
поголеми епидемии.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = “status“
Алиментарни = опис на состојба
токсоинфекции

▪ Етиологија
Aлиментарните токсоинфекции (АТИ) се заразни труења со
храна предизвикани од причинители размножени во
енормно голем број во храната, кои кога ќе навлезат во
организмот го ослободуваат својот ендотоксин (салмонели,
шигели, условно патогени микроорганизми).
Условно патогените бактерии кои предизвикуваат АТИ се:
Bacillus cereus кој може да предизвика краткотрајна болест
(12 часа), во случај кога ќе се проголта во големи
количества. Clostridium perfrigens (C. welchii) се
идентификува како предизвикувач на спорадични случаи
или епидемиски труења со храна.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = “status“
Алиментарни = опис на состојба
токсоинфекции

▪ Етиологија
Vibrio parahaemolyticus се наоѓа во приморската вода и
предизвикува бактериски гастроентеритис во Јапонија и
Југоисточна Азија. Заразувањето настанува со консумирање
на риба која е миена во крајбрежна вода која е
контаминирана, или со консумирање на сирови или
недоволно термички обработени морски плодови.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = “status“
Алиментарни = опис на состојба
токсоинфекции

▪ Мерки на превенција
Според СЗО постојат десет златни правила за сигурно
подготвување на храната:
➢ Да се изберат сигурни суровини;
➢ Темелно да се вари храната;
➢ Да се консумира подготвената храна непосредно по
подготовката;
➢ Варената храна внимателно да се чува;
➢ Чуваната подготвена храна темелно да се подгрее;

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = “status“
Алиментарни = опис на состојба
токсоинфекции

▪ Мерки на превенција
➢ Да се спречи допирот помеѓу варената и сировата храна;
➢ Често да се мијат рацете;
➢ Да се чуваат сите работни површини темелно чисти;
➢ Да се заштити храната од инсекти, глодари и други животни;
➢ Да се употребува сигурна вода.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = “status“
Алиментарни = опис на состојба
токсоинфекции

▪ Мерки на сузбивање
➢ Пријавување во епидемиолошката служба и кај санитарна
инспекција;
➢ Од заболените да се земе примерок од столица и повратени
маси и побрзо да се испратат во микробиолошка
лабораторија;
➢ Кај заболените и во нивната непосредна близина да се
спроведе епидемиолошка анкета за да може да се утврди
местото на инфекцијата и патот на пренесување на
инфекцијата што е можно побрзо;
➢ Да се нареди исклучување од работа на сите вработени кои
имаат какви било проблеми во врска со дигестивниот тракт.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Институт за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика,
Медицински факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј“, Скопје

САЛМОНЕЛОЗИ

Laboratory
Проф.Training for
д-р Ирина FieldEEpidemiologists
Павловска
P I D E M I C A L E R T A N D R E S P O N S E
март, 2022
Статистика = Салмонелози
“status“ = опис на состојба

▪ Синоними
Salmonellosis, “нетифусни салмонелози“
▪ Дефиниција
Под називот салмонелози се подразбираат сите болести
предизвикани од салмонелите со исклучок на цревниот
тифус и паратифусот, чии причинители биолошки се
разликуваат од другите салмонели.
Претставуваат актуелен епидемиолошки проблем во сите
земји во светот.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = Салмонелози
“status“ = опис на состојба

▪ Етиологија
➢ Предизвикувачи се бактериите од родот Sallmonela -
фамилија Enterobacteriaceae.
➢ Според антигенска градба постојат седум групи.
➢ Постојат 2200 серотипови, од кои 200 се причинители на
заболувања кај луѓето.
➢ Најчесто изолирани серотипови-S. Enteritidis, S. Typhymurium.
➢ Инфективната доза е голема – од 100 000 до неколку стотици
милиони, зависно од типот.
➢ Отпорност во надворешна средина – голема (во загадена)

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = Салмонелози
“status“ = опис на состојба

▪ Етиологија
➢ Отпорност во надворешна средина – голема (во загадена
вода неколку месеци, во млеко до три месеци).
➢ Растат и во аеробни и во анаеробни услови на температура
од 7°C до 48°C.
➢ Температура од 56°C ги убива за 20-30 минути.
➢ Поради масовна и неконтролирана употреба на антибиотици
во исхраната на домашните животни во светот, алармантен е
растот на резистентни соеви на салмонели на одредени
антибиотици.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = Салмонелози
“status“ = опис на состојба

▪ Резервоар и извор на зараза


➢ Салмонелозите се зоонози, што значи дека главен природен
резервоар и извор на зараза домашните (свињи и живина)
и дивите животни.
➢ Човекот е многу ретко извор на зараза (при нехигиенско
ракување со храна).
▪ Механизам и патишта на пренесување
➢ Механизам - фекално-орален, поретко контактен.
➢ Патишта на пренос - алиментарен, хидричен, контактен.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = Салмонелози
“status“ = опис на состојба

▪ Механизам и патишта на пренесување


➢ Главен пат на пренос – алиментарен - храна контаминирана
со салмонели-месо и преработки од месо и јајца.
➢ Храната може да биде контаминирана:
- Примарно (интравитално) - потекнува од заболено животно.
- Секундарно (по контактен пат) - во кланици, месарници или
кујни.
➢ Хидричен пат - редок, но можен.
➢ Контактен - има помало значење.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = Салмонелози
“status“ = опис на состојба

▪ Влезна врата
➢ Влезна врата за салмонелите е устата, т.е. слузница на
дигестивен тракт.
▪ Осетливост
➢ Осетливоста е општа, потенцирана кај лица со намален
желудочен имунитет, оперативни интервенции на желудник,
слаба исхранетост и општа исцрпеност.
▪ Отпорност
➢ По прележување салмонелозите оставаат типски специфичен
имунитет, чие времетраење е непознато

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = Салмонелози
“status“ = опис на состојба

▪ Инкубација
➢ Инкубацијата е кратка - од 12-36 часа, но може да биде
пократка од 6 часа или подолга од 72 часа.
▪ Клиничка слика
➢ Два клинички облици:
- акутен ентероколитис (ентеритис) и
- алиментарна токсоинфекција (акутен гастроентеритис).
➢ Општи симптоми: главоболка, малаксалост, покачена
температура. Столицата е течна кашеста, со примеси на крв.
Број на столици - од неколку до преку десет за 24 часа.
➢ Болеста трае три до пет дена и завршува без компликации.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = Салмонелози
“status“ = опис на состојба

▪ Дијагноза
Се поставува на следниот начин:
➢ Бактериолошка анализа (повратени маси или фецес) или
земен примерок од инкриминираната храна и брисеви од
работни површини во објектот кој е поврзан со појава на
болеста.
➢ Епидемиолошка дијагноза се поставува лесно доколку за
краток период се појават поголем број заболени кои можат
да се поврзат со идентичен извор на зараза.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = Салмонелози
“status“ = опис на состојба

▪ Распространетост
➢ Се работи за космополитско заболување, присутно и во
развиените и во земјите во развој.
➢ Стапката на морбидитет во голем број земји е неспоредлива
поради слабости во системот за пријавување.
➢ Стапките на морбидитет, морталитет и леталитет се
генерално повисоки кај доенчиња, мали деца и стари лица.
▪ Тек на епидемискиот процес
➢ Спорадично јавување или
➢ Епидемиско во вид на помали или поголеми епидемии со
експлозивен карактер.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = Салмонелози
“status“ = опис на состојба

▪ Сезоност
➢ Се јавуваат во текот на целата година, но најмногу во летните
месеци.
▪ Мерки на превенција и сузбивање
Меѓу позначајните мерки се:
1. Едукација на лица вклучени во производство на храна;
2. Стручност на лицата за спроведување на високо
стандардизирани постапки во технологијата на
подготвување на храна (работа на чисти површини, доволна
термичка обработка).

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = Салмонелози
“status“ = опис на состојба

▪ Мерки на превенција и сузбивање


3. Знаење и вештини во чување на храна;
4. Здравствено просветување за одржување на високо ниво
на лична хигиена.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Институт за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика,
Медицински факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј“, Скопје

СТАФИЛОКОКНО ТРУЕЊЕ

Laboratory
Проф.Training for
д-р Ирина FieldEEpidemiologists
Павловска
P I D E M I C A L E R T A N D R E S P O N S E
март, 2022
Статистика = “status“ = опис
Стафилококно на состојба
труење

▪ Синоними
Стафилококно труење (intoxicatio staphilococcalis)
▪ Дефиниција
Стафилококното труење со храна претставува акутно
инфективно заболување од групата алиментарни
интоксикации, настанато под дејство на стафилококниот
ентеротоксин.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = “status“ = опис
Стафилококно на состојба
труење

▪ Етиологија
➢ Причинител - бактерии - стафилококи, грам-позитивни,
неподвижни, аспорогени агенси.
➢ Многу се отпорни во надворешна средина. Со месеци се
одржуваат во замрзната храна, во гнојни секрети и екскрети
неколку недели, во прехранбени продукти брзо се
размножуваат, на температура од 7°C – 46°C и во присуство
на поголеми концентрации шеќер и готварска сол.
➢ Интоксикација најчесто предизвикуваат соеви на жолтиот
стафилокок (S. aureus), кој лачи ентеротоксин.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = “status“ = опис
Стафилококно на состојба
труење

▪ Етиологија
➢ Ентеротоксинот од типот А е најчест причинител. Тој е
термостабилен егзотоксин, што значи дека неговите
патогени ефекти не можат да се уништат кога ќе се
превријат или испечат продуктите во кои е излачен.
▪ Резервоар и извор на зараза
➢ Човекот е извор на зараза, како болен или со гнојни
процеси на кожата и слузниците (фурункули, карбункули),
од кои гнојниот секрет ја контаминира раната, или заболен
од ангина, бронитис. Значајни се и здравите стафилококни
носители. Ретко, извор на зараза се животните.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = “status“ = опис
Стафилококно на состојба
труење

▪ Механизам и патишта на пренос


➢ Механизам - фекално-орален.
➢ Единствен пат на пренос - алиментарен. Најчести
прехранбени продукти кои предизвикуваат труење се
млекото и млечните производи (сирење, сладолед),
сувомеснати производи, мелено месо и некои
полуконзервирани производи (пити, салати).
▪ Влезна врата
➢ Дигестивниот тракт, односно устата е влезна врата.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = “status“ = опис
Стафилококно на состојба
труење

▪ Осетливост
➢ Општа и висока, посебно кај лица со намален ацидитет на
желудникот, лица под антибиотска и имуносупресивна
терапија.
▪ Отпорност
➢ Не е доволно позната отпорноста по прележување на
болеста.
▪ Инкубација
➢ Многу кратка и трае 1-6 часа, поради непосредното дејство
на ентеротоксинот од храната. Тоа е најкратка инкубација во
инфективната патологија.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = “status“ = опис
Стафилококно на состојба
труење

▪ Клиничка слика
➢ Започнува нагло и експлозивно. Прво се јавува вртоглавица,
малаксалост, гадење и незадрживо повраќање на целата
земена храна, потоа на желудочен сок, и на крај на жолчка.
Истовремено се јавуваат грчеви во стомакот, проследени со
дијареа.болниот е најчесто афебрилен.
➢ Болеста трае најчесто еден ден и завршува со потполно
излекување.
➢ Поради дехидратацијата и метаболните пореметувања,
постои ризик од кардиоваскуларен колапс и летален исход,
посебно кај деца, срцеви болни и стари лица.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = “status“ = опис
Стафилококно на состојба
труење

▪ Дијагноза
➢ Клиничката слика е карактеристична, па дијагнозата лесно
се поставува. Епидемиолошкиот метод помага во
потврдување на клиничата дијагноза.
➢ За лабораториска дијагноза и изолација на причинителот се
земаат примероци од повратени маси и инкриминирана
храна.
▪ Распространетост
➢ Болеста е присутна во целиот свет.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = “status“ = опис
Стафилококно на состојба
труење

▪ Тек на епидемискиот процес


➢ Стафилококната интоксикација се јавува,спорадично, но и
епидемиски. Епидемиите имаат експлозивен карактер,
нагло започнуваат, брзо достигнуваат максимум и нагло
престануваат.
▪ Сезоност
➢ Покажува сезонски осцилации со најголем број заболени во
летните месеци.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = “status“ = опис
Стафилококно на состојба
труење

▪ Мерки на превенција
➢ СЗО препорачува десет златни правила за превенција, кои
веќе ги наведовме.
➢ Покрај тоа, се прави здравствена контрола и едукација на
лица кои работат со прехранбени продукти.
▪ Мерки на сузбивање
➢ Секој случај на заболување се пријавува на надлежната
епидемиолошка служба. Во случај на епидемија, се
спроведува здравствена контрола на персоналот кој ја
подготвил инкриминираната храна (преглед на кожа на
гнојни процеси и брис од нос и грло).

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022


Статистика = “status“ = опис
Стафилококно на состојба
труење

▪ Мерки на сузбивање
➢ Во непосредна близина на заболените се спроведува
епидемиолошка анкета за побрзо откривање на изворот на
зараза и сомнителната храна (патот на пренесување).
➢ Сите натамошни мерки во објектот кој е поврзан со појавата
на труење со храна ги одредува санитарниот инспектор.

Проф. д-р Ирина Павловска Март, 2022

You might also like