3. САРС

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 26

ЕПИДЕМИОЛОШКИ

КАРАКТЕРИСТИКИ НА
РЕСПИРАТОРНИТЕ ЗАРАЗНИ
БОЛЕСТИ
Дефиниција
❑ Респираторни болести - најмасовни и најчести
заразни заболувања кај човекот.

❑ Патолошкиот процес кај овие заболувања е


локализиран во органите за дишење.

❑ Ризикот од пренесување на заразните болести преку


воздух е поголем во следните случаи:
➢ престој на голем број луѓе во затворени,
непроветрени и простории неизложени на сонце
➢ појава на магла
➢ зголемена влажност на воздухот
Етиологија
❑ Предизвикувачи

➢ вируси (постојат повеќе од 150 типови): инфлуенца,


параинфлуенца, риновируси, аденовируси, итн.
➢ бактерии: стрептокок, стафилокок, пневмокок,
менингокок, стафилокок.

Етиолошката дијагноза е сложена и бавна, па


изолацијата на агенсот треба да биде поткрепена со
динамика во серолошкиот наод.
Резервоар и извор на зараза
❑ Основен резервоар - човекот.
❑ Извор на зараза - секрет од дишните патишта,
исфрлен за време на катаралниот стадиум на
болеста.
Носители на одредени видови микроорганизми -
значајна улога.

Механизам и патишта на пренос


❑ Механизам на пренос - воздушно - капков.
❑ Пат на пренос - аероген

➢ флигеови капки

➢ велсови нуклеуси

➢ прав
Патишта на пренос - Флигеови капки
➢ Директен пренос на инфективните агенси од
инфициран човек на здравата популација.

➢ Респираторни заболувања (вирусни), чии


причинители се многу осетливи на надворешната
средина (морбили, варичела, рубеола, пертусис,
паротитис, инфлуенца).

➢ Назо-фарингеален секрет: слуз, сапрофитна флора


од усната празнина и патогени микроорганизми.
Патишта на пренос - Флигеови капки
❑ Одлепување и исфрлање од респираторната
слузница настанува при:
➢ гласно говорење
➢ кашлање
➢ кивање

❑ Различни по големина
❑ Доспеваат на растојание од 1-1,5 метар

❑ Опстанокот во воздухот зависи од:

➢ нивната големина, влажноста и температурата на


воздухот
Патишта на пренос - Велсови нуклеуси
❑ Индиректен пренос на микрооорганизмите
➢ настанува од ситните Флигеови капки со испарување
на водата во нив, при што нивната големина се
намалува (100 микрона на 10 микрона)

❑ Состав: исушена слуз и микроорганизми поотпорни


во надворешната средина

➢ мала маса, лебдат во воздухот од 16-18 часа

➢ паѓаат на подот и предметите и се мешаат со


наталожената прашина
Патишта на пренос - Велсови нуклеуси и
прав
❑ На овој начин се пренесуваат болести чии
предизвикувачи се многу отпорни на влијанието на
надворешната средина:
➢ туберкулоза, дифтерија, стрептококни и
стафилококни инфекции

❑ Преку прав се пренесуваат голем број


микроорганизми од групата на зоонози:
➢ бруцелоза, Ку треска, антракс
Влезна врата
❑ Слузница на респираторен тракт.
Осетливост
❑ Општа.
Отпорност
❑ По прележувањето на некои од овие заболувања
останува делумен, а кај некои солиден, долготраен
имунитет.
Инкубација
❑ Периодот на инкубација варира во зависност од
видот на заболувањето.
Тек на епидемискиот процес
❑ Спорадично јавување;
❑ Епидемиски;

❑ Пандемиски.

Интензитетот на епидемискиот процес зависи од:


➢ индивидуалната отпорност;

➢ вид на предизвикувач;

➢ должина на инкубација;

➢ клиничка слика;

➢ број на извори на зараза;

➢ состојба на колективен имунитет.


Аерогени епидемии - карактеристики
❑ Експлозивен карактер;
❑ Експлозивноста е многу нагласена ако болеста има
кратка инкубација и висок индекс на контагиозност, а
населението е со низок колективен имунитет;
❑ Феномен на санта мраз;

❑ Заболуваат голем број луѓе за краток временски


период;
❑ Епидемиска крива
➢ нагло покачување на морбидитетот
➢ неколку пика за краток временски период, потоа
стрмно опаѓа.
Аерогени епидемии - карактеристики

❑ Брзо се шират и зафаќаат големи територии;


❑ Сезонски осцилации

➢ максимум во студените месеци (есен, зима и

рана пролет).
❑ Циклични осцилации

➢ се јавуваат на период од неколку години, како


резултат на промени во колективниот имунитет.
❑ Најчесто е зафатена младата популација, поради
отсуство на имунитет.
Превенција и сузбивање
❑ Општи мерки
➢ намалување на густината на сместување

➢ филтрирање и дезинфекција на воздух во


медицинските установи
➢ носење заштитни маски во семејна и болничка
средина.
❑ Специфични мерки

➢ употреба на вакцини против некои од


заболувањата (дифтерија, пертусис, морбили,
рубеола).
Секој заболен задолжително се пријавува на
надлежната епидемиолошка служба, се изолира и
лекува со соодветна терапија.
ТЕЖОК АКУТЕН
РЕСПИРАТОРЕН СИНДРОМ
- САРС -
(Severe acute respiratory
syndrome, SARS)
◼ Дефиниција

Тешкиот акутен респираторен синдром се смета за


сериозна закана од повеќе причини. Против оваа
болест не постои вакцина и нема адекватен третман.
Вирусот причинител потекнува од фамилијата вируси
познати по своите чести мутации. Епидемиологијата
и патогенезата не се во целост јасни. Иницијалните
симптоми се општи и неспецифични. Досега
познатите дијагностички тестови имаат значителни
ограничувања. Сигнификантно висок процент
пациенти бараат интензивна нега.
◼ Историја
Светската Здравствена Организација е првпат
официјално информирана за епидемијата на САРС
на 11.02.2003 година. Кинеското министерство за
здравство известува за 305 случаи со акутен
респираторен синдром од непознат причинител,
пријавени во шест општини во провинцијата
Гуангдонг, во југоисточна Кина. Во текот на март
2003 година се регистрираат зголемен број случаи со
тежок облик на пневмонија во Виетнам, Сингапур и
Канада. Тоа е повод СЗО на 15.03.2003 година да
прогласи состојба на зголемена готовност.
◼ Етиологија
Етиолошкиот агенс - причинител на САРС е
идентификуван во март 2003 година, кога
лабораториите во Хонг Конг, САД и Германија
наоѓаат докази за постоење на нов коронавирус кај
пациенти со ова заболување. Коронавирусите
предизвикуваат:
- кај животните - респираторни, ентерални и
невролошки заболувања;
- кај луѓето - повремено - сериозни инфекции на
долниот респираторен тракт кај деца и возрасни и
некротизирачки ентероколитис кај новородени.
◼ Класификациони карактеристики на САРС -
коронавирусот

Група IV (RNA);
Ред - Nirovirales;
Фамилија - Coronaviridae;
Род - Coronavirus;
Вид - SARS coronavirus.

Анимален вирус, чиј природен домаќин е сеуште


непознат, неодамна ја развил способноста да
инфицира луѓе.
Вирусот е стабилен во фецес и урина на собна
температура најмалку 1-2 дена. Загревање на
56°C го инактивира релативно брзо. Агенсот ја
губи инфективноста по експозиција на вообичаено
употребуваните дезинфекциони средства.
◼ Резервоар и извор на зараза
Извор на зараза - човек заболен од САРС. Според
досегашните согледувања, единствено пациенти со
манифестна клиничка слика можат ефикасно да ја
шират инфекцијата.
Резервоар - лимитиран е бројот на податоци.
Свињите и живината не играат улога во ширењето на
оваа инфекција.
Вирусот е пронајден во цибети, ракуни и јазовци, што
докажува дека САРС коронавирусот егзистира
надвор од човекот како домаќин.
◼ Механизам и патишта на
пренесување
- воздушно - капков механизам; аероген пат.
- контактен механизам; контактен пат (директен и
индиректен).
- фекално - орален механизам; алиментарен пат
не е со сигурност докажан.

◼ Влезна врата
Влезна врата на инфекцијата е слузницата на
респираторниот тракт, кожата, како и слузницата
на дигестивниот тракт (кај фекално-оралниот
механизам на трансмисија).
◼ Осетливост
Осетливоста во однос на заболувањето е општа.

◼ Отпорност
Со оглед на фактот дека САРС-от е заболување
од понов датум, не постојат доволен број
податоци за тоа дали и во кој степен се создава
отпорност по прележувањето на оваа болест.

◼ Инкубација
Времето од моментот на експозиција до појавата
на првите симптоми на болеста може да варира
од 2 до 16 дена.
◼ Клиничка слика
Клиничкиот тек на болеста е варијабилен,
рангирајќи се од благи симптоми до тешко
заболување со респираторна инсуфициенција и
смрт.
- најчести симптоми: треска со телесна
температура > 38°C, главоболка, вртоглавица,
нелагодност и мијалгија;
- прогресивна лимфопенија;
- редуциран број на CD4 и CD8 T - клетки во
раната фаза;
- покачени вредности на лактат дехидрогеназа,
аспартат, аланин аминотрансфераза.
◼ Дијагноза
Екскрецијата на вирусот е ниска во иницијалната
фаза на болеста. Таа го достигнува максимумот
во примероци од респираторен секрет 10 дена по
појавата на клиничките симптоми. Како одговор на
инфекцијата, во организмот се создаваат
антитела (IgM и IgG), кои го менуваат нивото на
титарот.
Дијагностички тестови: PCR (polymeraze chain
reaction), ELISA и тест на неутрализација.
◼ Распространетост
Во периодот 2002-2003 година се регистрирани
вкупно 8096 заболени од САРС (774 умрени).
Во Северна Америка е забележан 251 случај во
Канада, односно 27 во САД. Во Европа е помал
бројот на пријавени (Германија - 9; Франција - 7).
Во нашата земја досега не е регистрирано ова
заболување.
◼ Тек на епидемискиот процес
Болеста се јавува спорадично и во вид на
помали и поголеми епидемии.
◼ Сезоност
САРС-от се карактеризира со сезоност во
јавувањето. Најголем број заболени се
регистрираат во зимско-пролетните месеци.
◼ Терапија
Антивирусни средства (рибавирин,
имуноглабулини, хуман интерферон).
◼ Мерки на превенција

САРС е умерено трансмисивна болест.


Најефикасен начин за контрола на оваа болест е
да се прекине ланецот на трансмисија.
Препораки
- рана дијагноза на заболените;
- нивна итна изолација во соодветно опремени
установи и придржување кон строгите процедури
за контрола на инфекцијата;
- откривање на блиските контакти на заболените
и нивно внимателно следење.
◼ Мерки на сузбивање

- спроведување на ефикасни мерки, способни да


ја прекинат трансмисијата на болеста, а во
идеални услови и создавање на вакцина;
- дијагностички тестови, едноставни за употреба,
со сензитивност и специфичност доволни да се
детектира ниво на инфекција кое води до
трансмисија на болеста.

You might also like