Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 16

ПРОЕКТНА АКТИВНОСТ

слободни часови
УРБАНА КУЛТУРА

Тема: Музеи и Галерии

Ментор: Изработил:
Александра Мишева Мануела Стојанова

Кавадарци, дек - 2022


Проектна активност:
-Слободни часови:Урбана Култура

Име на проектот:
-Музеи и Галерии

Име и презиме на менторот:


-Стефанија Костадинова

Предмет на истражување:
-Предмет на истражување се музеите и галериите во Софија, Бугарија

Цели на проектот:
-Да ги запознаеме музеите и галериите во Софија, Бугарија

Очекувани резултати:
-Благодарение на овој проект ќе го прошириме нашето знаење за
музеите и галериите во Софија, Бугарија

-Очекуваме дека ќе го збогатиме нашето знаење не само од


секојдневниот живот туку и пошироко

Времетраење на проектот:
-Од ноември 2021 до мај 2022 година

Помошни средства и ресурси:


-Интернет, компјутер,учебници, книги, филм...

СОДРЖИНА
1. Вовед (Податоци за земјата)
2. Познати музеи
3. Познати галерии
4. Познати личности
5. Заклучок

СОФИЈА
Софија е главен град на Бугарија и е главниот административен, економски
и културен центар на земјата. Софија го носи името доцно античката
катедрала на градот ,,Света Софија’’, а бидејќи Светата маченица Софија е
мајка на Верита, Надежта и Љубовта, празникот на светиците е 17 септември,
се слави како денот на Софија, а исто така се слави и 4 јануари, кога 1878
година руските војници го ослободиле градот од турско владеење.

Старото име на градот е Сердика. Во моментот го градот има население од


1.250.000.

Софија е главниот административен, економски и културен центар на


земјата.

Името Софија доаѓа од црквата Света Софија, по што се разликува од


преовладувачкото словенско потекло на имињата на бугарските градови.
Потеклото е од грчкиот збор софија - ,,мудрост’’.
Бугарски земји биле населени од неолитот. Првата документирана
цивилизација која живеела на територијата на Бугарија билеТракијците.
Тие биле асимилирани од Римјаните, а подоцна од страна на Словените
во 6 век. Околу 670, прабугарски орди пристигнале на Балканскиот
Полуостров и го основале „Првото Бугарско Царство“, признато од
Византија во 681 година. Бугарската држава станала културниот центар
за сите Словени во текот на средниот век сè до падот на„Второто
Бугарско Царство“под отоманска властво 1396.[Во 1878 година на Руско-
турската војна резултирал со основање на „Трето Бугарско Царство“. Таа
станала комунистичка народна република и сојузник на Советскиот Сојуз
во 1946 година. Колапсот на Источниот блок во 1989 година донел
демократски промени во Бугарија и резултирал со нејзиното членствово
Европската Унија во 2007 година.
 Потекло
Од историска гледна точка денешните Бугари настанале со мешање на
различни народи во Првото Бугарско Царство во периодот од 7 до 10 век, од
кои најважен удел имале Тракијците, старите Словени и делот од
Прабугарите кои се населиле на Балканот.[52][53] Во етногенезата на
Бугарите има исто така келтски, римски, грчки, влашки, кумански и други
елементи.[54] Овој процес на мешање се одвивал во текот на
повеќевековните историски процеси од кои бил зафатен Балканскиот
Полуостров.
 Географија
Вкупната површина на земјата изнесува 110 994 км2, и според тоа се наоѓа на
105 место по големина во светот. Таа граничи со Црното Море на исток, со
Грција и Турција на југ, со Србија и Македонија на запад и со Романија на
север. Бугарија има неколку посебни географски карактеристики: Стара
Планина, Дунавската рамнина, Тракиската низина и Родопската планина.
Стара Планина ја дели земјата на два приближно еднакви региони:
северниот е зафатен од Дунавската рамнина, каде што се наоѓаат најмногу
плодните земји; јужниот е претежно планински, со исклучок на Тракиската
низина и басенот на реката Марица. Највисоката точки во државата е
Мусала, која има 2925 метри надморска височинa.

 Клима
Климата во Бугарија е умерено-континентална со топли лета и ладни зими.

 Туризам
Најголемите позитивни движења Бугарија ги бележи во развојот на
туристичкото стопанство кое станува една од најзначајните стопански гранки
и двигател на целокупниот стопански развој на земјата. Бугарија има
можности за развој на сите видови туризам, но најразвиени се морскиот
(летен) и зимскиот туризам. Во последниве години силен подем бележат и
културниот, селскиот и други алтерантивни форми на туризам.
ПОЗНАТИ МУЗЕИ

 Софија има речиси 30 музеи каде што може да се видат повеќето


бугарски национални богатства и да се научи за подемите и падовите
на бугарската историја.

Најдобрите музеи за посета во Софија:


-Национален историски музеј;
-Национален музеј за природна историја;
-Национален музеј Земја и Човек, Бугарија;
-Историски музеј во Софија;
-Национален музеј за археологија.

Национален историски музеј

Со своите речиси 700.000 експонати, Националниот историски музеј е


најголемиот музеј во Бугарија и еден од најголемите на Балканскиот
Полуостров. Музејот е сместен во зградата на поранешната комунистичка
владина резиденција во областа Бојана, во предградието на Софија.

Национален музеј за природна историја


Националниот природонаучен музеј (бугарски: Национален природонаучен
музей; скратено НПМ) на Бугарија ― природонаучен музеј што се наоѓа во
Софија, главниот град на Бугарија, на булеварот Цар Освободител, во
близина на Руската црква. Основана во 1889 година, таа е поврзана со
Бугарската академија на науките и е првиот и најголемиот музеј од ваков вид
на Балканот.
Националниот природонаучен музеј бил основан во 1889 година како
Природонаучен музеј на Кнез Фердинанд I, со разни странски и бугарски
стручњаци што служеле како негови директори до 1947 година, кога музејот
станал дел од зоолошкиот институт на Бугарската академија на науките.
Во моментов музејот објавува списание „Historia naturalis bulgarica“ и е
рецензиран меѓународен научен весник, објавен од Националниот
природонаучен музеј, Софија, Бугарија.
Национален музеј Земја и Човек, Бугарија

Националниот музеј Земја и Човек има една од најголемите колекции на


минерали во светот, чувајќи повеќе од 40% од минералите познати на
науката во своите сали. Се наоѓа во центарот на Софија, зад Националната
палата на културата.

Национален музеј на археологија

Национален археолошки музеј ( Natsionalen arheologicheski muzey ) е


археолошки музеј во центарот на Софија , главниот град на Бугарија . Ја
зазема зградата на најголемата и најстара поранешна отоманска џамија во
градот, првично позната како Коџа Махмут Паша Чами. Изградбата започна
во 1451 година, под големиот везир Veli Махмуд Паша но поради неговата
смрт во 1474 џамијата е завршена во 1494. Музејот е основан како посебна
целина во 1893 година како и Националниот музеј во режија наЧехот Вацлав
Добруски со своето седиште во поранешната џамија во која претходно била
сместена Националната библиотека помеѓу 1880 и 1893 година.
Идејата за создавање археолошки институт со музеј била замислена меѓу
прогонетите бугарски интелектуалци во 1840-тите и била меѓу главните
приоритети на Бугарското книжевно друштво веднаш по неговото
формирање во 1869 година. За време на привремената руска
администрација веднаш по ослободувањето на Бугарија , направени се
првите чекори кон формирање на национален археолошки музеј. Во 1892
година, институцијата беше де јуре основана со декрет од Књаз, а
собранието на нејзините колекции започна следната година. Во почетокот
бил познат и како „Музеј-храм на татковината“.
ПОЗНАТИ ГАЛЕРИИ

Софија е дом на многу уметнички галерии.


Ликовната уметност, исто така наречена визуелна уметност, е претставена на
јавноста во национални, општински или приватни галерии, како и на галерии
базирани на Интернет (Internet). Се презентираат постојани, привремени,
посетувачки или изложби на современа, модерна и ренесансна уметност.

Современа уметност
Под современа уметност подразбираме уметност која ја создаваат
современиците и онаа уметност која ја перципираат современици, и бидејќи
не постои цврста рамка за современо, така не постои правило за нејзина
пристапност и временска ограниченост.
Во секојдневниот говор под поимот модерно, па и помодно го подразбираме
онаа што моментално може да им се допадне на повеќето луѓе, а што може
да се замени со изразот современо. Овие изрази го претставуваат онаа што го
донесува времето во кое живееме. Стручно, во контекстот на уметноста и
на историјата на уметноста изразот модèрна се спојува со одредена епоха во
историјата на уметност, но без временското заклучување. Особено во
поимот постмодèрна повеќе не се јавува значењето примерено на времето.
Под поимот современа уметност и современост не се подразбира некој
одреден уметнички стил који би имал одредени карактеристики, траење
ниту кој се спојува со формата во уметноста или пак одредени техники.
Современата уметност може да биде сликарство кое се одомаќинило во
последните години или децении, но под тој поим можеме да подразбираме
и видеоуметност, концептуална уметност и уметност која се создава со
помош на компјутер. Современата уметност не е карактеристика само на
некое уметничко дело туку и на тешко разграничен културен и економски
систем во уметничкото производство кои се ориентирани кон
претприемништвото и уметничкиот пазар. Многу музеи и уметнички галерии
денес претставуваат уметнички изложбени места за современата уметност.

Уметничка галерија во Софија

Модерна уметност ( модернизам)


Модернизам — движење во уметноста од крајот на XIX и почетокот на XX
век. Сродни изрази се: модерно, модернистот, современо и постмодерно. Во
уметноста,модернизмот експлицитно ја отфрла идеологијата на реализмот и,
во нови фомри, користи делата од минатото преку примена на реприза,
основање, препишување, рекапитулација, ревизија и пародија. Некои го
дефинираат модернизмот како социјален прогресивен тренд на мислата,
која ја потврдува моќта на човечките суштества да ја создадат, да ја подобрат
и преструктуираат нивната животна средина со помош на
практични експерименти, научни сознанија или технологија. Други се
фокусираат на модернизмот како естетска интроспекција.
Национална уметничка галерија

Ренесансна уметност
Раноренесансно сликарство — преоден период во историјата на европската
уметност помеѓу средновековната и ренесансната уметност.
Два региона во Европа особено активни во уметноста во ова доба биле
најпрвин Италија, а потоа северна Европа (главно Фландрија). Се смета дека
ренесансата стигнала во северна Европа во XV и раниот XVI век. Така,
највеќето раноренесансни дела во северна Европа биле создадени
помеѓу 1420 и 1550 година.
Во овој период уметничките дела биле со предоминантно религиозна
содржина (Црквата била главниот клиент на уметниците), но исто така и
некои чисто фигуративни теми. Религиозниот симболизам главно води
потекло од делото Јаков Ворагински наречено Златна легенда (1260).
Биле третирани и некои посекојдневни теми, но често преку или
религиозни митолошки претстави. На пример, раноренесансните сликари ги
користеле темата Адам и Ева како начин на претставување голи актови на
морално прифатлив начин.
Странска уметничка галерија во Софија

ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ

Сликарство:
-Константин Величков
Константин Величков — бугарски писател и општественик [1]. Роден е
во Пазарџик во 1855 година во занaетчиско семејство. Образование добива
во цариградскиот "Гала Сарај" (1868-1874 година). Професор е
по бугарски и француски јазик, историја и географија во Пазарџик (1874-
1876), претседател на читалиштето "Преродба" во Пазарџик. Член е на
револуционерниот комитет во Пазарџик. Заедно со Тодор Каблешков
активно учествува во подготовка на Априлското востание. Уапсен и осуден на
смрт. Неколку месеци е во затвор, спасен е од европската комисија. Бил
писар во Бугарска егзархија (1876-1877).
-Иван Мрквичка
Иван Мрквичка (23 април 1856 – 16 мај 1938) е сликар родум од Чешка и
активен деец во уметничкиот живот на новоослободената Бугарија во
доцниот 19 и почетокот на 20 век. Се смета за еден од основачите на
современата бугарска уметност. Бил роден во селото Видим, во близина на
Дуба. Студирал на академијата за ликовни уметности во Прага, а потоа на
Минхенската академија. Првата изложба ја реализирал во 1886 и одржал и
две изложби со Антон Митов, кој исто бил учител во гимназијата.
-Владимир Димитров
Димитров е роден во 1870 година во градот Тулча, тогаш во Османлиско
Царство. Завршил гимназија, а потоа заминал за Швајцарија за да учи високо
образование по што завршил право во Лозанскиот универзитет.
Во 1895 година се населеил во Бугарија и почнал да работи како адвокат.
Таму зел учество во македонското револуционерно движење и се вклучил во
работата на ВМОК.
На VІІІ македонски конгрес на македонските друштва во април 1901 година
бил избран за потпретседател на ВМОК како претставник на ТМОРО и по
предлок на Гоце Делчев. Откако Иван Цончев го презел Комитетот во свој
раце, Димитров поднел оставка на својата позиција.

Константин Величков Иван Мрквичка Владимир


Димитров
ЗАКЛУЧОК

Преку овој проект дознаваме за културните споменици односно за


музеите и галериите во Софија ,Бугарија. Може да заклучиме дека музеите и
галериите секаде низ светот се различни , но во тоа е убавината на културите
и традициите . Секоја земја е прекрасна и симболична на свој начин, па така
и оваа.

You might also like