Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 17

СОЕУ “Јане Сандански”-Битола

Проектна задача по предметот Деловно работење

Тема:Штедењето како дел од банкарското


работење

Ментор: Изработил:
проф. Александар Стојановски Марија Јошевска

Март 2019,Битола
Содржина:

1) Вовед........................................................................................................3
2) Поим за штедење...................................................................................4
3) Видови штедни влогови.........................................................................5
4) Отворање штедни влогови.....................................................................7
5) Како се врши уплата на пари на штедна книшка?...............................8
6) Исплата од штедни влогови...................................................................9
7) Гаснење на штеден влог........................................................................10
8) Штедење со осигурување......................................................................11
9) Фонд за осигурување на депозити.......................................................12
10) Обештетување на депозити.............................................................13
11) Депозити што не се обештетуваат..................................................13
12) Обесштетување на штедачите од членки на фондот кај кои се
случил ризичен настан..........................................................................14
13) Заклучок............................................................................................15
14) Искористена литература..................................................................16

2
Вовед

Штедењето е чување на материјални добра за нивно користење во некој иден


временски период.Исто така штедењето е намалување на трошоците со цел да се
зголеми количината на слободните парични средства,односно заштедените пари.

Уште многу одамна луѓето штеделе.Во минатото луѓето своите заштеди ги


чувале “под перница или во сеф” . Овој вид штедење и покрај развиените
инструменти, сеуште е атрактивен кај многу луѓе. Им овозможува да заштедат
колку што им дозволуваат можностите во текот на месецот,но и да ги имаат на
располагање доколку се појави некаква потреба за нивно трошење. За разлика од
ова штредење под перница,штедењето во банка е побезбедно и посигурно.

3
Поим за штедење

Штедење воопшто означува чување или одложување на материјални добра и пари, на


пример во банка или штедилница. Всушност тоа е ограничување од потрошувањето за
одредено време или чување на добрата од бескорисно трошење.

Посебни карактеристики на штедењето кај нас:

1. Штедните влогови можат да гласат на денари или валути


2. За денарските штедни влогови гарантира Народна банка на Република Македонија
3. Штедните влогови претставуваат деловна тајна. Банката може да даде податоци за
висината на штедниот влог само врз основа на писмено барање на судот,ако против
тој граѓанин се води судска постапка.

Без разлика дали штедењето е материјално,парично,индивидуално, колективно,


доброволно или присилно тоа има големо значење за секоја економија.Поради тоа големо
значење на штедењето, секоја земја води грижа за оваа економска категорија и основа
институции кои со различни мерки ги поттикнуваат правните и физичките лица да штедат
и да водат гриза за рационално искористување на заштедата. И за банките штедењето е
многу битно бидејки штедните влогови претставуваат значајна ставка во кредитниот
потенцијал на банките.Тие се заинтересирани да привлечат што поголем број слободни
парични средства зошто на тој начин го зголемуваат својот кредитен потенцијал. Меѓутоа
поради она чуванје на парите под перница банките треба да им се приближат на
потенцијалните штедачи и да ја зголемат довербата во банкарското штедење кај нивните
клиенти.

4
Видови штедни влогови

Постојат повеќе поделби на штедните влогови:

1. Стандардни видови на штедење:


 Штедни влогови по видување – Со овој начин на штедење парите ни се
достапни во секое време. Значи дека можеме да ги подигнеме секогаш кога
ни се потребни,без никакви трошоци. Но затоа каматната стапка е многу
ниска.
Предност: Парите ни се секогаш на располагање.
Недостаток: Ниски каматни стапки.
 Класичен орочен депозит – Во пракса најголем дел од штедните депозити
се орочени, при што рокот на орочување е варијабилел во зависност од
потребите и желбите на клиентот.Овој вид штедни влогови има далеку
повисоки каматни стапки од штедните влогови по видиување.
Предност: Каматните стапки се повисоки.
Недостаток: Средставата се заробени во определен рок.

2. Видови на штедење во зависност од валутата:


 Денарско штедење – За овој вид на штедење каматите се далеку повисоки
во однос на штедењето во други валути. За сигурноста на овие штедни
влогови фарантира Народна банка на Република Македонија.
Предности: Каматни стапки кои одат на 5% на долгорочно орочубање
Недостатоци: Можноста од промена на девизниот курс и инфлација
значително може да ги намали приходите.
 Девизно штедење – Овој штеден волг може да биде во било која страска
валута, но во Република Македонија најчесто ваквите штедни влогови се во

5
евра. Има помали каматни стапки во однос на денарските штедни влогови.
Притоа исто како и денарските така и овие штедни влогови може да бидат
вложени во било која деловна банка.
Предности: Поголема сигурност.
Недостатоци: Пониски каматни стапки во однос на штедењето во денари.

3. Специфични штедни влогови:


 Штедни влогови со месечна исплата на каматата – Овој вид штедни
влогови уште се нарекуваат рентни штедни влогови. Карактеристично е што
еднократно се вложува одреден паричен износ на определено време,а
каматата се исплаќа месечно. Но поради флексибилноста на исплаќањето на
каматата,каматните стапки се пониски во однос на класичното штедење.
Предности: Месечно располагање со износот на каматата.
Недостатоци: Пониски каматни стапки во однос на класичено орочен
депозит.
 Исплата на камата однапред – И ова е вид на орочен депозит каде
приходите од каматата се исплаќаат веднаш по депонирањето.
Предности: Се заработува пред истекот на орочениот период.
Недостатоци: Пониски каматни стапки во однос на класично орочен
депозит.
 Скалесто штедење – Карактеристично е што колку повеќе се вложува,
толку повисока каматна стапка се добива. Периодот на исплаќање е по
избор на депонентот. Каматната стапка е скалеста,расте и опаѓа во зависност
од износот што се вложува и од периодот на орочување.Во зависност од
договорот каматата може да се пресметува месечни или квартално.
Предности: Депозитито е секогаш на располагање.
Недостатоци: Поголем приход се остварува со класичен орочен депозит.

6
Отворање штедни конишки

За да се отвори штедна кишка во било која деловна банка првенствено треба да се


пополни образец кој се нарекува “пристапница”. Во овој образец депонентот ги наведува
своите лични податоци (име и презиме,татково име, година на раќање, матичен број,
адреса и слично), депонира потпис со кој потпис се потпишува во сите следни вложувања
и подигнувања од штедната книшка.После пополнувањето на пристапницата банкарски
работник ја пополнува штедната книшка со истите податоци кои се наведени на
пристапницата и сопственикот на книшката сам се потпишува на неа.

На првата страница се внесуваат задолжителните податоци по следниов редослед:


 Оперативен број на банката (сметка на банката)
 Број на штедна книшка и контролен број
 Име на банката и експозитурата која го води влогот (тоа и не мора да го
има)
 Име и презиме на вложувачот
 Точна адреса на вложувачот
 Матичен број
 Име и презиме на законскиот застапник, односно овластено лице да
располога со штедната книшка.

Според законот за банки Член 10 за депозит на физичко лице банката задолжително


издава документ во кој недвосмислено е наведено дека се работи за депозит на физичко
лице со наведување на неговите лични податци.Банката е должна да води евиденција за
секоја уплата на и исплата од депозитна сметкаи, на барање на клиентот,да му издаде
документ во кој се евидентирани сите уплати и исплати во бараниот период.

7
Како се врши уплата на пари на штедна книшка?

Вложувачот пополнува посебен образец “вложувам денари”, кој се внесува,се запишува


покрај износот ко се вложува (со бројки и со букви,име и презиме, адреса и потпис). Овој
образец, заедно со книшката, вложувачот вложувачот му ги предава на шалтерскиот
рабонтик во банката.Работникот во банката ги проверува податоците,ги пребројува парите
и ја запишува соодветната сума во книшката, го утврдува новото салдо,се потпишува и
става печат на банката.Се разбира, впишувањето на податоците и печатењето на во
книшката се врши компјутерски, со однапред изготвени програми за шалтерско работење.

Со некои програмски решенија, пак, уплатата на средства е решена со минимум


трошоци. Односно, лицето доаѓа на шалтер, ги дава парите без уплатно ливче. Благајникот
врши пребројување на парите и внесување на пдатоците во компјутерот, а потоа на
отпечатеното ливче (слип), со основните показатели за лицето-вложувач, трансакцијата,
времето и вредноста,, се потпишуваат двете страни на трансакцијата. Ова ливче,слип,
нема потреба ос никакви посебни обележја,печатарско обликување,а се тоа во функција на
упростување и поевтинување на уплатата на средстца на благајна.

8
Исплата од штедни книшки

Постои посебен образец за “подигнување”, каде што се внесуваат истите податоци како
и при вложувањето.На тој образец се внесува паричниот износ кој треба да се подигне и
заедно со книшката и со лична карта се предава на шалтерскиот работник.

Работникот на благајна прво врши проверка на идентитетот на сопственикот на


штедната книшка и проверка на истоветноста на потписите. Откако ќе ја изврши
проверката, работникот на банката го запишува износот кој се подигнува од штедната
книшка, го пресметува и запишува новото салдо, се потпишува и става печат на банката.

Пренесување на правото на располагање на трето лице

Правото на располагање со средствата од штедната книшка може да се пренесе и на


друго лице со издавање на полномошно.обично банките имаат посебен образец за
полномошно, на кој сопственикот на книшката ги внесува податоците на лицето на кое му
го пренесува правото и своерачно се потпишува, како доказ дека тој го издал
полномошното во присисуство на лицето кое го ополномоштува.

9
Гаснење на штеден влог

Штедниот влог се гаси во случај кога ќе се пренесе во дуга банка, кога депозитот по
видување ќе се претвори во срочен депозит или пак, во случај на смрт на сопственикот на
штедниот влог и негово пренесување на наследниците.

Замена на штедната книшка се врши во случај кога сите страници од книшката се


исполнети.кога таа е оштетена или кога банката воведува нови книшки кои се разликуваат
по форма и содржина од постојните.

Старата книшка се поништува со ставање печат на кој што пишува ”поништена” на


секоја страна од штедната книшка или пак со издупчување на секоја страница.
Поништената книшка му се враќа на сопственикот. По срамнувањето на состојбата од
старата книшка со евиденцијата, банката издава нови штедни книшки.

10
Штедење со осигурување

Постои можност за штедење со осигурување. Тоа е долгорочно штедење што


овозможува однапред познат принос со истовремено покритие за ризиците од несреќен
случај, како што се смрт или инвалидитет во текото на осигурениот временски период.

11
Фонд за осигурување на депозити

Фондот е специјализирана финансиска институција која ги обештетува осигурените


депозити во банките,филијалите на странските банки и штедилниците,во кои настанал
ризичен настан. Работењето и организацијата на Фондот за осигурување на депозити се
основа и уредува со закон.Овој Фонд го основа и е во сопственост на Република
Македонија.Има својство на правно лице со седиште во Скопје.

Доколку некоја банка,филијала на страска банка или штедилница е исклучена од


членство во Фондот поради неплаќање премија гувернерот на НБРМ носи решение за
забрана за прибирање на депозити од неа. Исто така членството во фондот престанува
кога гувернерот на НБРМ ќе донесе решение за укинување на дозволата за основање и
работење на банката,филијалата на странска банка или штедилница.

Паричните средства на Фондот изнесуваат најмалку 4% од вкупните депозити во


банките,филијалите на странските банки и штедилницитево Република Македонија. Тие се
формираат од основсчкиот влог,наплата на премии за осигурнување на депозитите на
физички лица и приходи од пласмани.

За осигурување на депозитите на физичките лица Фондот наплатува премија од


членките на Фондот по стапка намногу од 0,7% годишно од вкупните депозити во секоја
банка и штедилница.

12
Обесштетување на депозити

Фондот започнива со обесштетување на осигурените депозити во рок од 20 дена од


денот на конечноста на решението на гувернерот на НАродна банка на Република
Македонија.

Фондот ги обештетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска


противвредност на 30.000 евра по депозит во една банка,филијала на странска банка и ли
штедилница пресметани по средниот курс на Народна банка на Република Македонија на
денот на конечноста на решението.Обештетувањето на денарските и девизните депозити
се исплатува во денари.

Депозити што не се обесштетуваат

Фондот не ги обесштетува следните депозити:

1) Депозити на кои им биле дадени привилегирани каматни услови,различни од


оние објавените во банката или штедилницата;
2) Депозити сопственици на над 5% од акциите со право на управување со банката
или штедилницат;
3) Депозити на членови на органитена управување на банкатаили штедилницата;
4) Депозити на роднини од прв степен од точките 2 и 3 од овиј член на законот;
5) Депозити кои се поврзани со трансакции со кои се вршело перење пари доколку
прекршителот е осуден и казната е во сила.

13
ОБЕСШТЕТУВАЊЕ НА ШТЕДАЧИТЕ ВО ЧЛЕНКИ НА
ФОНДОТ КАЈ КОИ СЕ СЛУЧИЛ РИЗИЧЕН НАСТАН (СТЕЧАЈ
ИЛИ ЛИКВИДАЦИЈА)

Обесштетувањето на штедачи во членки на Фондот кај кои настанал ризичен настан


(стечај или ликвидација) е една од трите основни деловни активности на Фондот. Во текот
на 2017 година немаше ризичен настан кај членките на Фондот со што обврските на
Фондот за обесштетување на штедачи продолжија да се реализираат за ризични настани
кои настанале во минатото.

Од формирањето на Фондот во јануари 1997 година до 31.12.2017 година, се случиле


вкупно 11 ризични настани. Вкупната пресметана обврска за обесштетување од
единаесетте поранешни членки на Фондот изнесува 1.522,8 милиони денари. Од 1997
година до 31.12.2017 година се обесштетени вкупно 20.042 штедачи во вкупен износ од
1.371,35 милиони денари што претставува 90,05% исплатени обврски од Фондот за
обесштетување кон штедачите. Останатите 9,95% претставуваат обврска за
обесштетување во вкупен износ од 151,46 милиони денари кон 101.909 штедачи кои од
лични причини не го оствариле своето право на обесштетување од Фондот (Табела 1).
Анализата на структурата на овие штедачи укажува дека над 50% од нив имаат
поединечни депозити - предмет на обесштетување помеѓу 100 денари и 1.000 денари кои
можеби поради неатрактивноста на износот и покрај бројните јавни повици за можноста
да го остварат своето право на обесштетување сепак истото не го остваруваат. (види
прилог 1 назад)

14
Заклучок

Штедењето во банка, за разлика од она “под перница” е посигурно и поисплатливо


бидејќи за вложениот износ се добива определена камата.

Штедните влогови се делат според неколку критериуми на следните видови:

 Стандардни штедни влогови: Штедни влогови по видување и класичен орочен


депозит.
 Според валутата: Денарско и девизно штедење
 Специфично штедни влогови: Штедни влогови со месечна исплата на каматата,
исплата на камата однапред и скалесто штедење.

Многу лесно се отв ора штеден влог, се што треба да се направи е да се пополни
образец “пристапница”.Исто така се врши и уплата со пополнување на образецот
“вложувам денари”. Правото на располагање со штедниот влог може да се пренесе на
трето лице со давање на полномошно.Гаснење на штедниот влог се случува во случај ако
истиот се премести во друга банка,кога депозитот по видување ќе се претвори во орочен
депозит,или во случај на смрт на сопственикот тој се пренесува на неговите наследници.

Денес постои и Фонд за осигурување на депозити. Доколку нашиот штеден влог е


осигуран во случај на стечај или ликвидација на банката нашите депозити ќе бидат
обештетени, но не повеќе од денарска противвредност над 30000 евра.. За осигурување на
депозитите Фондот наплатува од членките премија по стапка најмогу од 0,7% годишно од
влупните депозити во секоја банка и птедилница.

15
Искористена литература

1) https://bi.mk/shto-e-shtedenje/
2) https://www.bankometar.mk/vidovi-shtedni-vlogovi/
3) http://www.fodsk.org.mk/page/profil
4) Закон за банки
5) Закон за Фондот за осигурување на депозити
6) “Деловно работење”- Марија Дренковска-Стојановска-Скопје
2010
7) “Банкарско работење” – д-р Љубе Трпески- Скопје 2002

16
17

You might also like