Untitled

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Поделба на жичаните инструменти

Жичаните инструменти водат потекло од времето на првобитната заедница.


Низ вековите тие се развивале и усовршувале во разновидни жичани
инструменти.

Според начинот на добивање на тонот жичените инструменти се делат на:

Трзачки инструменти – каде тонот се добива со повлекувајќи по жиците со


прсти или плектрум (перце - трзалка)

Гудачки инструменти – каде тонот се добива со влечење на гудало по


жиците

Жичани трзачки инструменти се::

 Мандолина
 Гитара
 Харфа

Жичани гудачки инструменти се:

 Виолина
 Виола
 Виолончело
 Контрабас

Гудачки инструменти
Гудачките инструменти спаѓаат во групата на жичани инструменти. Името го
добиле според начинот на свирење. Со влечење на гудалото по жиците, тие
треперат и произведуваат тон. Висината на тонот зависи од должината и
дебелината на жиците.

Гудачките инструменти имаат иста форма и имаат по четири жици, но


различна големина и начин на држење на инструментот. Основни делови на
гудачките инструменти се:

 резонантен корпус
 врат
 чивии
 жици
 гудало

Гудалото претставува дрвена палка на која се прикачени струни. Струните


се направени од обработени коњски влакна прицврстени на двата краја на
гудалото. Едно гудало содржи околу 150 коњски влакна.
Поради широкиот регистар (можност да се отсвират повеќе тонови), ја
имаат доминантната улога во класичната музика и претставуваат темел на
симфонискиот оркестар.

Виолина
Виолината настанала во Северна Италија во 16 век. Потекнува од
фамилијата “виола да брачо”. Називот виолина се појавува во Италија во
1538 година.

Виолината, како и сите останати гудачки инструменти, има резонантна


кутија (корпус) од која зависи цврстината и издржливоста на инструментот.
Неговата горна површина е изработена од смреково дрво, на која се наоѓаат
отвори во форма на латинската буква f, наречени f отвори, додека долниот
дел на телото се изработува од јавор. Двата дела се поврзани со обод кој е
направен од неколку извиткани летви. На резонантната кутија е прицврстен
вратот, во продолжение следува главата на која се наоѓаат чивии и
завршува со полжав. Помеѓу вратот и главата се наоѓа праг, штичка од тврдо
(абоносово) дрво. За чивиите се закачени жиците кои преку кобилицата
завршуваат до држалката за жици која е прицврстена за дното на виолината.

Виолината се држи во левата рака, притисната со подбрадокот и со левото


рамо, а со десната рака се влече гудалото по жиците.

Виолината има милозвучен светол и нежен тон. Поради големите


технички и изразни можности, со виолината се изведуваат и солистички
делници. Застапена е и во камерен ансамбл, симфониски, гудачки, забавни,
џез и народен оркестар.

Виола
Виолата настанала од “виола да брачо”, поголема варијанта на виолина.
Денешната виола по форма е слична на виолината, но малку поголема.

Виолата има поголема резонантна кутија за разлика од виолината. Жиците


на виолата се подолги и нивното штимање е различно, па затоа се разликува
по бојата и висината на тоновите.

Произведува карактеристичен назален, мек, нежен и потемен тон.


Најчесто е оркестарски и камерен инструмент, поретко солистички.

Виолончело
Виолончелото потекнува од фамилијата на “виола да гамба”. По градба и
форма е идентично со виолината и виолата. Корпусот му е двојно
поголем, но има подолги и подебели жици, поради што звучи за октава
пониско од виолата. Освен по опсегот и звучноста, виолончелото се
разликува и по начинот на држење при изведбата. Изведувачот свири во
седечка положба придржувајќи го инструментот со колениците, потпрен на
земја со метална ногарка. Со влечење на гудалото по жиците се
произведува звук, а со притискање (скратување) на жиците се добиваат
тонови различни по висина. Изведувачите на овој инструмент се викаат
виолончелисти или скратено челисти.

Поради широкиот регистар на тонови, подвижноста и топлиот и поетичен


тон, овој инструмент има значајно место во солистичката, камерната и
оркестарска музика.

Контрабас
Контрабас (бас), потекнува од посебен вид на “виола да гамба”, а денешната
форма и улогата во оркестарот ја добил уште во далечниот XVIII век.
Според градбата, тој е најголем од сите гудачки инструменти. Изведувачот,
контрабасистот, свири во седечка или стоечка положба, со исправен
инструмент пред себе, кој е потпрен на подот со кратка ногарка.

Контрабасот поради големината на корпусот поседува најдлабока звучност.


Има најдебели и најдолги жици на кои се свири со гудало. Со треперењето
на жиците се создава темен, помалку чкрипав тон.

Застапен е во разни видови оркестри и камерни ансамбли. Како солистички


инструмент се јавува во џезот, додека во класичната музика, има
оркестарска улога.

Интересен факт 😊 На гудачките инструменти може да се свири и со


повлекување на жиците со прстите, таканаречено пицикато свирење. На овој
начин се свири познатата “Пицикато полка” од австрискиот композитор,
Јохан Штраус.

Трзачки инструменти
Во групата трзачки жичени инструменти спаѓаат: харфа, гитара и
мандолина. Кај овие инструменти тонот се добива преку трзање на жиците
со помош на прстите или со трзалка (плектрум). Овие инструменти се
разликуваат според формата, висината и бојата на тонот, техничките
можности и според начинот на свирење.
Харфа
Харфата е инструмент за кој знаеле уште старите цивилизации. Денешната
харфа датира од XIX век. Има форма на тристрана рамка. Се состои од
следните делови:

Постамент на кој лежи целиот инструмент. На него се сместени педалите


за прештимување на жиците. Вертикално на постаментот е поставен шуплив
столб низ чија внатрешност поминуваат полуги што ги поврзуваат педалите
со горниот дел на механизмот за прештимување, наречен мост. Дрвено и
шупливо резонантно тело, поставено на косо во однос на постољето. Врат
во форма на буква Ѕ. На него се поставени чивии на кои се прицврстени
жиците. Затегнувањето или олабавувањето на жиците претставува основно
штимање.

Харфата e висока 180 см има седум педали: четири од десната и три од


левата страна. Секој педал одговара на тон од дијатонските скали и го носи
неговото име. Има 46 или 48 жици, на кои се свири со повлекување со
прстите на двете раце по жиците. Некои жици се црвени (C-жиците) или
сини (F-жиците) со што се олеснува ориентацијата на изведувачот при
свирењето. Сите останати жици имаат жолтеникава боја. Изведувачот свири
во седечка положба, потпирајќи го инструменот на рамо и колено.

Првите харфи се користеле како инструменти за придружба, но со нивното


усовршување стануваат дел од оркестарот.

Гитара
Гитарата е еден од најпопуларните инструменти. Шпанија е земја каде
гитарата ја добила својата конечна форма.

Се состои од резонантен дрвен корпус, врат со чивии и шест метални жици


кои се штимаат по квартно - терцен систем (E, A, d, g, h, e 1). На вратот се
поставени, таканаречени прагови што ги одредуваат местата на тоновите.

Се свири со повлекување на жиците со прсти или со трзалка и со нивно


треперење се создава тон. Прстите од левата рака притискаат на жиците и
така се добиваат тонови со различна висина.

Најголема примена има во забавната и популарната музика. Се користи и


како класичен солистички инструмент. Тонот кај акустичните гитари се
создава со треперење на жиците и резонација во шупливиот корпус.
Електричните гитари немаат резонантен корпус. Звукот се добива по пат на
електронската техника. Постојат повеќе видови на акустични и електрични
гитари.
Мандолина
Мандолината е трзачки инструмент кој се појавил во XVI век во Италија.
Набргу станува популарен инструмент во фолклорот на многу земји.

Формата на мандолината е слична на лаутата, но има подолг врат, а на


горниот дел има чивии кои служат за штимање. Најголема примена има
наполитанската мандолина со четири дупли жици.

Тонот се добива со повлекување на двете жици одеднаш, со трзалка, со


брзо движење на десната рака нагоре-надоле. Металните жици
произведуваат јасен, ѕвонлив и милозвучен звук.

Овој инструмент може да биде солистички, камерен и оркестарски.

Мандола е сличен инструмент на мандолината. Таа е малку поголема од


мандолината и произведува потемна боја на тон.

You might also like