Untitled

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Романот што го прочитав

“Девојките на Марко”
Романот започнува со враќањето на најстариот син во
фамилијата Марко од војска. Со голема возбуденост и радост е
дочекан од целото семејство, но најсреќен е најмалиот во
семејството, брат му Славе. Славе му се воодушевува на фактот дека
брат му Марко е во војска и тоа го прави неверојатно горд. Во
кратки црти, Марко му е идол на Славе, тој го цени времето
поминато со него како скапоцено. Славе има намера да го помине
целиот одмор на Марко со него. Оваа желба не е отстварена, така
што Марко се скарал со неговата девојка Роска. За да не го растажи
и разочари брат му, Марко смислува занимација за Славе, каде што
истовремено тој ќе се чуствува дека му помага на својот постар брат.

Планот на постариот брат е да го задолжи Славе со обврска да


разнаса писма на другарките на Марко со цел да му најде девојка.
Вака Славе се осеќа дека му прави добро на брат му иако не го
поминува времето со него. Прво почнува со Билјана, долго времена
другарка на Марко. Тој и носи писмо напишано од страна на Марко,
каде што пишува дека има цел да одат во слаткарницата Ванила.
Славе кога и го дал писмото, таа се преправала дека мислела дека
Славе е всушност Марко и закажува во 10 часот пред киното. Славе
му соопштува на Марко, и тој кажува дека не му одговара така и
дека нема да отиде, му дава ново писмо за другарка му Верче.
Притоа Славе го фаќа жал за Билјана, и после средбата со Верче на
базентот каде што ја остава плачејки, продужува на кино со Билјана
каде што отпосле ја носи во работните места на мајка му и татко му.
Билјана му закажува пак во 10 часот утредента, но тој брза накај
базентот да ја смири Верче. Измеѓу Марко се слушнал со Верче и и ја
објаснил ситуацијата. Кога се појавува Славе таа веднаш го
ангажира да плива. Славе се враќа дома изморен и си легнува
веднаш. Утре го чека ново писмо за некоја Јагода, па утредента за
Дивна, денот после тоа за убавата фризерка Лиле. Славе успева да се
справи со целиот стрес на ангажирање со сите другарки на неговиот
постар брат, поради неговата детерминација да не го разочара и
намерата да го направи горд со него.
Доваѓа последниот ден од одсуството на војникот Марко, и
Славе организира заедничко дружење на базентот. Поканети се сите
негови другарки, и секако Марко и Роска, со која се смирил.
Забавата едноставно нема крај, но доаѓа и попладенто каде што го
испраќаат Марко. Славе кој го пречека својот брат како детенце, а го
испраќа како момченце.

You might also like