Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Енергетски извори и рудно богатство

Енергијата е основа на економскиот развој. Таа има широка употреба во


секојдневниот живот на човекот , но и во индустријата , рударството ,
земјоделството, здравството, хотелиерството, сообраќајот и др.
Основни извори на енергија се – јаглен, дрво, водна и сончева енергија и биомаса.
Во нашата земја има многу сончеви денови и затоа сончевата енергија се
користи најмногу за загревање на водата преку сончеви колектори кои се местат
на покривите. Дрвото се користи за огрев и за подготовка на храна во руралните
и планинските предели.
Водна енергија - хидроенергија
Водата е непресушлив и обновлив извор на енергија, не ја загадува околината и е
најефтин извор на енергија. Имаме 16 поголеми хидроцентрали. Најважни се –
Мавровските- ,,Вруток, Врбен, Равен, Шпиље и Глобочица на реката Црни Дрим.
На Црна река -хидроцентралата Тиквеш,
Близу Битола - Сапунчица
На реката Брегалница – Зрновка , Калимамци
На Треска – Матка и Козјак
Јагленот – се користи исто за добивање на енергија. Најзастапен е лигнитот, кој
развива мала топлинска енергија. Го има во – Пелагонија, Кичевската котлина,
Струга, Берово , Мариово.
Термоелектричните централи произведуваат енергија од јагленот. Такви се –
ТЕЦ Осломеј , ТЕЦ Неготино (која користи течен мазут), РЕК Битола.
Други енергетски извори се – парафински плочи, нафтоносни шкрипци,
нуклеарни материи , нафта , земјен гас.
- Парафински плочки- ги има кај Пробиштип, Крива Паланка, Берово.
- Како материјал на нуклеарна енергија се користи оксид ураниум кој го
има кај Радовиш, Куманово, Битола.
- Геотермална енергија е енергијата која се добива од топлите води се
користи за загревање на оранжериите во Гевгелија, Струмица и Кочани.
Нафтата се користи преку нафтоводот Солун – Скопје , а природниот гас преку
гасоводот Русија – Македонија.

You might also like