Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 8

С.О.

У Гимназија ,,Мирче Ацев” – Прилеп

Проектна задача по Хемија

Тема: Нуклеински киселини

Изработил: Ментор:

Исидора Трајкоска IV7клас проф. Христина Манческа

09.04.2023
Содржина
Вовед...............................................................................................................................................3
Структура на нуклеинските киселини..........................................................................................4
Својства и структура на ДНА..........................................................................................................5
Својства и структура на РНА..........................................................................................................6
Користена литература...................................................................................................................8

2
Вовед

Клетките можеме да ги гледаме како фабрики во кои се градат сите потребни


делови за да се создаде еден живот – протеини, полисахариди, ензими итн. Секоја од
овие супстанци има свој специфичен и уникатен код, а тоа се деоксирибонуклеинската и
рибонуклеинската киселина.
Доколку го набљудуваме молекулот на РНА, ќе забележиме дека таа е оксидирана
верзија од ДНА. РНА-та всушност се однесува како медијатор или посредник при
генетското кодирање, додека пак ДНА-та служи за складирање на тие информации во
клетката. Всушност во клетката, во форма на ДНА се складирани сите генетски
информации за организмот – боја на очи, форма итн, но за истите да можат да бидат
употребливи при транскрипција за синтеза на протеини и ензими, мора најпрво да се
„преведи“ во РНА.
Разликата помеѓу РНА и ДНА е во азотните бази, односно РНА наместо тимин содржи
урацил. Исто така, како што беше претходно спомнато, генетската информација во
клетката треба да биде во форма на РНА за да биде употреблива. Тоа е поради тоа што
РНА е хемиски многу поактивна од ДНА. Доколку во рибозомите би ги одзеле проteините,
РНА-та се уште ќе работи, но се разбира, помалку ефективно. Многу научници сметаат
дека РНА била првата „жива“ молекула способна да катализира реакции и да складира
информации.

3
Структура на нуклеинските киселини

Како што знаеме, основните нуклеински киселини се деоксирибонуклеинска (DNA) и


рибонуклеинската киселина (RNA). Основната структурна единица на нуклеинските
киселини е нуклеотидот, кој што е составен од пентозен шеќер кој може да биде
деоксирибоза или рибоза соодветно), азотни бази, како и фосфорна група чија функција е
да ги поврзува нуклеотидите.
Азотните бази се поделени на пурински, од кои аденин и гванин и пиримидински –
цитозин и тимин. Кај рибонуклеинската киселина на местото од тимин стои базата урацил.
Фосфорната група, преку фосфодиестерска врска меѓусебно ги поврзува нуклеотидите,
односно тоа е 5-3 или од петтиот C атом на едната пентоза и третиот C атом на другата
пентоза.
Молекулот на РНА е помал од оној на ДНА, односно РНА молекулите се обично изградени
од околу 100 до 100 000 нуклеотиди, а ДНА молекулите може да варираат од илјадници
до милион нуклеотиди.

4
Својства и структура на ДНА

ДНК кај сите еукариотски организми се наоѓа во во хромозомите во клеточното јадро, во


форма на ДНА хистонски комплекс (хистоните се протеини околу кои се обвиткани
молекулите на ДНК, со цел да се одржи структурата на хромозомите). Карактеристично за
ДНК-та е тоа што е составена од две полинуклеотидни низи поврзани со двојна спирала.
Пуринските и пиримидинските бази се меѓусебно поврзани со водородна врска, од кои
аденинот со тимин преку двојна, а гванинот со цитозин преку тројна врска. Од то
забележуваме дека тие се исто така и комплементарни една на друга. Затоа, кога го
знаеме редоследот на базите од едната полинуклеотидна низа, одма го знаеме
редоследот на базите и во другата низа. Клучно е да се знае дека редоследот на базите во
ДНА е специфичен белег за видот на организам.
Едно од поважните својства на ДНА е способноста да се регенерира. При загревање,
нејзината структура може лесно да биде изменета, така што водородните врски се
раскинуваат и двете полинуклеотидни низи се одделуваат. Кога би се случило тоа, секоја
една од тие издвоени низи би можела да служи како калап за синтеза на нова
комплементарна низа за двете. Ова всушност е еден од начините за репликација на дна,
кој што уште е наречен и полуконзервативен начин. Освен самообновувањето, овој
процес има и животна улога во предавањето на наследната информација на потомството.

5
Својства и структура на РНА

РНА се разликува од ДНА по тоа што има само една полинуклеотидна низа, на местото на
тимин ја има базата тимин (што е еднакво комплементарна со аденинот). Овие сличности
се резултат на тоа што РНА се синтетизира според калапот на ДНА молекулот. ДНА-та
всушност е идентична во сите клетки, затоа што таа е генетичкиот код, но РНА е различна
во различни клетки. Според функцијата што РНА ја врши, разликуваме три типа на РНА:

 iRNA – информациона РНА, која ја прима генетската информација од ДНА, т.е


служи за определување на распоредот на аминокиселините при синтеза на
протеини,
 rRNA – рибозомална РНА која ја претставува главната маса на РНА во клетката,
бидејќи е застапена со 50% од вкупната РНА во клетката, неа ја има во рибозомите
и
 tRNA – транспортна РНА, чија функција е да ги транспортира аминокиселините до
рибозомите. Секоја аминокиселина има сопствена РНА која исто така служи и за
определување на точното место во полипептидната низа каде аминокиселината
треба да биде вградена.
Два типа на процеси кои што се важни, а ја вклучуваат РНА, се процесите на транскрипција
(самата синтеза на РНА) и транслација (синтеза на протеини со помош на таа РНА).
Транскрипцијата е процес при кој се копира деоксирибонуклеинската секвенца на еден
ген, со цел да се изгради РНА молекул. Овој процес го вршат ензимите РНА полимерази,
чија функција исто така е да ги поврзат нуклеотидите при формирањето на синџирот на
РНА, така што се користи едната полинуклеотидна низа од ДНА како калап за формирање
на истиот.
Транслацијата е процесот при кој се синтетизираат протеини во клетката. За подобро да
се објасни овој процес, прво треба да знаеме дека инструкциите за градењето на
протеинската полипептидна низа ги носат информационите единици на РНА, односно
иРНА. Оваа информација доаѓа во група од три нуклеотиди во иРНА, која се нарекува
кодон. Постојат 61 различни кодони за аминокиселини. AUG е кодонот што е наречен
старт кодон, односно тој го отпочнува процесот на транслација, а исто така одговара и на
аминокиселината метионин. тРНА е онаа која што ги носи аминокиселините до низата на
иРНА од која што се читаат кодоните. тРНА на едниот крај содржи антикодон кој е
комплементарен на кодоните од иРНА. Всушност, начинот на кој што се врши овој процес
е така што рибозомските единици се поврзуваат за иРНА и се движат долж истата. Во
рибозомите има две важни места: аминоацилно и пептилно. Во аминоацилното место
застануваат и се вчитуваат можни тРНА молекули кои носат аминокиселини, се додека не
се дојде до некоја чиј антикодон одговара на оној во аминоацилното место. Кога ќе се
случи тоа, рибозомот се поместува за еден кодон, така што сега таа прифатена тРНА се

6
наоѓа во пептилното место. Кога ќе дојде следната тРНА што носи аминокиселина во
аминоацилното место, аминокиселините се врзуваат меѓусебе внатре во рибозомот со
помош на хемиска реакција, со пептидна врска. Сега, рибозомот повторно се движи за
еден кодон, така што тРНА која досега се наоѓала во пептилното место, се одделува од
својата аминокиселина и излегува од рибозомот, додека аминокиселината останува
поврзана со онаа во пептилното место. Овој процес продолжува се додека рибозомот не
стигне до стоп кодонот на иРНА која што ја чита, а во меѓувреме се врши елонгација на
пептидната низа од аминокиселини која го образува новоформираниот протеин.

7
Користена литература

Вести за природата. Преземено на 9 април 2023 година, од


https://www.nature.com/scitable/topicpage/discovery-of-dna-structure-and-function-watson-
397/
Кан академија. (н.д.). Фази на превод (напис). Кан академија. Преземено на 9 април 2023
година, од https://www.khanacademy.org/science/biology/gene-expression-central-dogma/
translation-polypeptides/a/the-stages-of-translation

You might also like