Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

ИДНИНАТА КОЈА ЈА ПОСАКУВАШ

Тивка ноќ, дождлива, речиси совршена за задлабочување во мисли. Дете


сум, а од друга страна чувствувам дека имам одговорност спрема се она што секојдневно
го правам. Спрема и се она што утре ќе го направам, спрема сите планови, желби и
интереси кои ги имам. Е тоа ЌЕ, токму тоа навидум едноставна честичка во правописот, но
преголема за она што ни кажува што доаѓа.

Каква иднина посакувам? Колку моќно прашање! Би дала многу едноставен


одговор: НАЈСВЕТЛА, НАЈУБАВА, НАЈУСПЕШНА! Но тука повторно она ЌЕ ми ги заматува
мислите, исто како во математиката кога треба во равенка да ја откриеме непознатата
бројка. Но во иднината на она ЌЕ има повеќе непознати. Понекогаш може да се случи тоа
непознато да ме плаши, но од друга страна ме предизвикува. Ме предизвикува секој
нареден ден да го доживувам како иднина која ја посакувам. Учам за да ја имам во
иднина посакуваната професија. Се однесувам пристојно и достоинствено затоа што во
иднина сакам да бидам почитувана личност, но и гордост за своите родители. Го сакам и
премногу спортот, па својата иднина ми е насочена и кон тој подвиг.

Гледајќи низ прозорецот во капките дожд кои едни остануваат во минатото, едни
ја прават сегашноста, а други доаѓаат во иднината, пак си го поставувам прашањето: Каква
иднина посакувам? И со насмевка на лицето, повторно како одговор ми доаѓаат оние
едноставни зборови: НАЈСВЕТЛА, НАЈУБАВА, НАЈУСПЕШНА, НАЈСРЕЌНА! И за да бидам сето
ова во иднина не мора да ги видам сите скалила, доволно е да ги правам чекорите. А јас
тоа го правам, па се охрабрувам себе си и самодовербата ми расте. Верувам дека можам
да го постигнам она што го посакувам бидејќи пред мене стојат сите отворени можности
кои чекаат од мене да ги искористам.

За крај останува само да кажам дека чекорам по патот да изградам иднина каква
што посакувам. Верувам во убави соништа, а тоа е она што патот ми го прави полесен. Да,
иднината зависи најмногу од нас, но има една мисла која посебно ме воодушеви додека
случајно излезе на социјалните мрежи, со која мисла и ќе го завршам овој состав:

„Не можеме секогаш да ја градиме иднината за нашите млади луѓе, но можеме да ги


градиме младите за иднината“. Ова го рекол некогашниот американски претседател
Фенклин Рузвелт, а токму ова го прават за мене моите родители.

You might also like