Аферата На Мис Стон

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Аферата на мис Стон (1901-1902)

Аферата мис Стон била најголемата афера во


историјата на МРО и Македонија. Главни ликови во
аферата биле Јане Сандански, Христо Чернопеев,
Крсто Асенов и грабнатата Мис Стон, мисионерка од
САД и првиот американски граѓанин грабнат надвор
од САД.

Причини
По Солунската афера ТМОРО се нашла во тешка
положба. Голем дел од нејзините дејности биле
разоткриени, некои од комитетите биле обезглавени,
а скоро целиот Централен комитет бил апсен и
осуден. Поради тоа по Солунската афера биле земени
дејствија за опоравување на ТМОРО, а како главно
прашање било наметнато прашањето за финансиите.
Киднапирање
За киднапирањето најпрво бил известен ОК во Банско
(Димитар Лазаров), а потоа бил утврден планот кој се
состоел од неколку точки:
- Четата која требала да го изврши дејството
требало да биде составена од неколку членови
(Јане Сандански, Христо Чернопеев, Стојан
Просјакот и уште двајца комити)
- Да се извршило дејството на патот од Разлог за
Горна Џумаја (Потпрена скала)
- Содејство да дала и четата од село Градево
- Со четата да дошол Вапцаров
- Пред жените да одел Митре Захов за да го
најавил нивното пристигнување
- Како придружник да била земена Катерина
Ушева
Местото каде била грабната
Мис Стон

Така започнало подготвувањето на киднапирањето,


но поради расправа, 11 од 14-члената чета биле
разоружани и пратени во Бугарија. Со четата останале
Димитар Ќосето, Стоил Просјакот и Димитар Инев.
Грабувачите биле облечени во турска облека и
требале да говорат на турски, за да се кажало дека
грабнувањето го направиле Турци.
Така на 3.9.1901, Мис Стон и Катерина Цилка биле
грабнати (Наместо Катерина Ушева била грабната
Катерина Цилка затоа што К. Ушева била болна).

Ослободување на Мис Стон


За ослободувањето на Мис Стон од страна на четата
била посочена цена од 25.000 лири или 101.000
американски долари (денешни 3,687,480.58
американски долари).
Така започнале преговорите за ослобудување на Мис
Стон...
Како преговорач бил избран Чарлс Дикенсон.
После повеќе понуди биле прифатени 14.500
понудените лири од Дикенсон. На 31 јануари 1902 во
куќата на Константин Петкачин имало средба помеѓу
Јане Сандански, Христо Чернопеев, Крсто Асенов и
преговорачите. Биле разменети 104 килограми злато
и на 23 февруари 1902 год. биле ослободени
грабнатите од Андон Ќосето во село Градошорци, во
близина на Струмица.
Мис Стон откако се вратила во САД

Лука Поповиќ VIII/2

You might also like