Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

1.

Уставни конвенции

Уставните конвенции се правила за поведение кои произлегуваат од работата на државните


органи и се однесуваат на нив. Тие се најзастапени во Обединетото Кралство, но се присутни и
во другите земји.

Уставните конвенции можат да настанат на два начина:

-да произлезат од однесувањето- со повторување на одредено однесување подолго време,


коешто е следено со одобрување и на тој начин тоа стекнува задолжителна сила. Англискиот
автор Ајвор Џејмс смета дека е потребно да постои уверување на задолжителност. За да се
создаде конвенција, потребно е да постојат причини за правилото на однесување, и да постои
причина која е во согласност со доминантната политичка филозофија. Практиката станува
уставна конвенција во оној момент кога однесувањето кое е спротивно на уставната конвенција
предизвикува легитимна критика;

-или свесно да се договорат- се појавуваат побрзо, кога кај носителите на државни функции
може да постои согласност да работат на одреден начин и да усвојат одреден начин на
однесување. Ова однесување веднаш е задолжително и добива карактер на уставна
конвенција.

2. Што претставуваат уставните конвенции?

Поимот уставни конвенции најдобро може да го дефинираме преку укажување на нивните


најзначајни карактеристики:

 Конвенциите се непишани уставни правила.


 Тие се оденсуваат на работата на државните органи.
 Уставните конвенции имаат задолжителна природа, но не уживаат судска заштита.

3. Уставните конвенции се најзначајни непишани неправни уставни правила. Но


тие можат да бидат преточени и во пишани норми. Па така, голем број
уставни конвенции можат да се најдат запишани во деловниците на
парламентите. Во некои земји, овие правила се преточуваат и во закони. Но со
тоа тие престануваат да бидат конвенции и стануваат законски одредби.

4. Уставните конвенции се однесуваат на работата на државните органи. Значи,


уставните конвенции, главно регулираат: а) односи меѓу шефот на државата,
министрите и Парламентот и б) односи меѓу министрите и администрацијата.
Но има и одредени конвенции кои се однесуваат и на судовите.

--Примери на уставни конвенции во Обединетото Кралство се:

 Кралицата мора да го потпише указот за прогласување на законот, освен ако Владата не ја


посоветува поинаку.
 Кралицата го именува за премиер лидерот на партијата која има мнозинство во Домот на
комуните.
 Премиерот мора да биде член на Домот на комуните.
 Министрите мора да се членови на еден од домовите на Парламентот.
 Владата мора да има поддршка од мнозинството во Домот на комуните. Ако на владата и
биде изгласана недоверба, таа мора да даде оставка или да побара од кралицата да го
распушти Парламентот.
 Кралицата мора да го распушти Парламентот на барање на премиерот.
 Судиите нема да имаат активна улога во политичкиот живот.
 Членовите на Парламентот нема да го критикуваат судството.

5. Уставните конвенции се задолжителни правила со кои се пропишува


однесување кое се бара во одредена ситуација и кое наметнува обврска на
оние на кои тоа правило се однесува. Идејата за обврска е овде примарна,
така што ако некој не се однесува во согласност со правилото, влегува на терен
на неуставното. Значи, обврската поставува стандард за однесување кој се
очекува да биде следен. Повредата, односно прекршувањето на уставната
конвенција доведува до обвинување за „неуставно однесување“, но не
доведува до правна санкција. И тоа е една од спецификите на конвенциите. За
разлика од законите, уставните конвенции не се спроведуваат од судовите. Во
најголем број случаи последиците од кршење на конвенција се политички, а
не правни.

Пример во Обединетото Кралство постои конвенција дека Парламентот се состанува еднаш


годишно. Ако праламентот ја прекрши конвенцијата да се состане еднаш годишно тогаш нема да
донесе буџет за војската.

6. Судовите не му даваат судска заштита на прекршувањето на уставните


конвенции. Тие директно не ги применуваат уставните конвенции. Нема
судска казна за кршење на конвенциите. Но уставната конвенција може да
добие некаков правен статус или ефект, кога судовите ја користат при
толкување на нејасна законска норма. Значи и покрај тоа што од една страна
судовите директно не ги применуваат уставните конвенции, од друга страна
тие не ги игнорираат. Уставните конвенции може да претставуваат политичка
основа на толкување на законот од страна на судот, односно поддршка на
судската одлука.

7. Во што се состои значењето на уставните конвенции?

- Конвенциите ги дополнуваат правните правила на уставот и ја дефинираат примената на


уставот. Тие преставуваат значајни правила за политичко однесување кои се нужни за лесно
вршење на уставот и не се значајни само за Англија туку и за сите земји. Нивното главно
значење лежи во нивната флексибилност. Уставните конвенции може да се променат со
промена на околностите. Тие можат да се приспособат на потребите. Тие еволуираат се
адаптираат за да ги пресретнат уставните потреби на одредено време.

Пример за уставните конвенции е конвенцијата за колективна министреска одговорност во


Обединетото Кралство. Флексибилноста на уставните конвенции мора да се земе во контекст на
значењето коњ го има во одредена конвенција. На пример претходно наведената конвенција има
помало значење од конвенцијата со која на монархот во Обединетото Кралство му се забранува
да стави вето на закон.

Покрај флексибилноста на уставните конвенции тие исто така можат и да се изменат со закон.

8. Уставните конвенции можат на повеќе начини да влијаат врз уставот и законите


во одредена земја.
 Прво, тие можат да оневозможуваат примена на одредени уставни, односно законски
одредби . Уставната конвенција не ги укинува одредбите од уставот или законот, туку
само ја оневозможува нивната примена. На пример, во уставите на многу современи
монархии, како што се Холандија, Белгија, Норвешка, Шведска, на монархот му е дадено
право на вето на законите, но со уставна конвенција тоа право им е оневозможено. Така,
доколку монархот во некоја од овие земји денеска стави вето на закон изгласан од
Парламентот, тоа би се сметало за државен удар.
 Второ, уставните конвенции можат да трансферираат уставни, односно законски
надлежности од еден субјект на друг. Пример за трансфер на правни овластувања може
да се најде во Уставот на САД, кој го регулира начинот на избор на претседател и
потседателот на САД, за кое правно овластување има колеџот на електори избрани од
секоја држава. Но според уставна конвенција, овие електори немаат дискреција. Нивните
областувања се пренесени на партиските организации, колезот на електори е само
статички запис за изборот на гласачите.
 Трето, уставните конвенции ги дополнуваат уставот и законите. Во Република
Македонија постојат голем број уставни одредби кои се или недоречени или нејасни и
непрецизни. Овие уставни проблеми се решаваат со уставни конвенции. На пример
уставот не содржи јасна норма дали Собранието глаза за доверба или недоверба на
Владата. Првиот пат кога се поставило ова прашање, се гласало за доверба на Владата, а
сите наредни пати за недоверба на Владата. Со тоа се создаде уставна конвенција околу
тоа како треба да се формулира прашањето при гласањето во Собранието околу довербата
или недовербата на Владата.
1. Обичајно право

Уставниот обичај е непишано правило за однесување со кое се регулира одредено прашање од


уставната материја, кое настанало со долготрајно повторување на одредено однесување за кое
постои општа согласност за неговата правилност, но и за неговата правна задолжителност.
Правната задолжителност на уставниот обичај значи дека за неговото прекршување следи
санкција. Во создавањето на уставните обичаи учествуваат исклучиво државни органи. Значи,
најзначајните елементи во определување на поимот уставен обичај се:

 Уставниот обичај е непишано правило за однесување кое регулира уставна материја


 Настанал со подолготрајно повторување на одредено однесување
 Во неговото создавање учествуваат исклучиво државни органи
 Постои општа согласност за правилноста на тоа непишано правило за однесување
 Тоа правило е правно задолжително, може од надлежните органи да се бара негово
остварување, односно за негово прекршување следи санкција.

 Уставните конвенции се разликуваат од уставните обичаи со две карактеристики:


 Уставните обичаи регулираат уставна материја, а уставните конвенции
ја регулираат само работата и меѓусебните односи на државните
органи
 Уставниот обичај ужива судска заштита, за разлика од уставната
конвенција, за чие прекпшување не може да се бара судска или друга
правна заштита.

 До крајот на 18 век уставното уредување во сите земји било нормирано речиси исклучиво
со уставни обичаи. Со појавата на пишаните устави, се смалува значењето на уставните
обичаи и се стеснува просторот за нивна примена. Всушност, значењето и примената на
обичаите во јавното право воопшто денеска се многу помали одошто во приватното право.
Уставните обичаи не се непроменлива категорија. Тие се менуваат или со секој пишан
извор на уставното право или со постапно обликување на нов содржински спротивен
уставен обичај.

 Во теоријата се разликуваат три вида уставни обичаи:


 Првиот вид е уставен обичај со кој се толкува уставот – secundum constitutions (втор
устав). Овие уставни обичаи настануваат кога постои нејасна, односно непрецизна
уставна одредба. Уставниот обичај ја толкува уставната одредба и таа се применува на
одреден начин , кој всушност, е пропишан, со уставниот обичај. Всушност тоа е ситуација
во која уставниот обичај создава норма, односно правило за однесување кое не е
прецизно содржано и јасно дадено во пишана одредба.
 Вториот вид се оние со кои се дополнува уставот – praeter constitutionem (паралелен
устав). Овие уставни обичаи настануваат кога одредено прашање, целосно или делумно
не е реулирано со пишаните уставни норми и за да се пополни таа уставна празнина, се
создава уставен обичај кој го нормира однесувањето.
 Третиот вид е оној со кој се менува уставот – contra constitutionem. Овие уставни обичаи
се спротивни на уставните норми. Настануваат во ситуација кога реалните односи во
голема мера се разликуваат од пишаните уставни одредби, кои се застарени и
надминати и постои потреба од нивно менување. Всушност уставниот обичај настанува
затоа што уставните норми тешко се менуваат, односно се менуваат со посложена
постапка, па така може да се јави ситуација на расчекор меѓу уставната норма и потребите
на реалноста. Овој тип уставен обичај во најголем број земји е забранет и не добива
правна заштита. Значи најчесто законот може да бид укинат со подоцнежен закон, уставот
со нов устав, а обичајот кој е создаден спротивно на пишаните норми не може да добие
заштита од судовите или од другите државни органи.

Во теоријата постои сфаќање дека секоја уставна реалност спротивна на пишаниот устав може
да се смета за содржински противуставен уставнополитички обичај. Секоја целина т.н. реално
или вистинско уставно уредување во онаа мера во која таа се разликува од изворите на
пропишаното уставно уредување може да се разгледа како систем на уставнополитички
обичаи.

Но кога се зборува за уставни обичаи, треба да се води сметка за нивниот психолошки


елемент - да постои колективно сфаќање, односно општа согласност за правилноста на
непишаното правило. Тоа важи за сите типови уставни обичаи. Значи ако практиката е
спротивна на пишаниот устав, мора да постои согласност дека таквото однесување е
правилно. Во спротивно, доколку не постои сфаќање дека пишана уставна одредба е
надмината и дека таа треба да биде променета, практиката која е спротивна на
пишаниот устав за која не постои свест дека е правилна, не може да се смета за уставен
обичај, туку таа претставува противуставно однесување, односно кршење на уставот кое
треба да биде санкционирано.

You might also like