Радиоактивност odt

You might also like

Download as odt, pdf, or txt
Download as odt, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Радиоактивност

Запомни

1.Процесот на спонтано распаѓање на атомските јадра со испуштање на честици или


електромагнетно зрачење со висока фрекфенција се вика радиоактивност.

2.Радиоактивноста што се среќава во природни услови се вика природна радиоактивност.

3.Радиоактивноста на јадрата што се добиени како резултат на нуклеарни реакции се вика


вештачка радиоактивност.

4.Радиоактивното зрачење ги има следните својства :


-дејствува врз фотографска плоча
-ги јонизира воздухот и другите гасови кога поминува низ нив
-предизвикува луминисцентно светење на некои супстанции
-има продорна моќ кога поминува низ супстанциите.
-има биолошко дејство врз клетките на живите организми
-има стимулативно дејство при мали дози на зрачење(го стимулира растењето на растенијата)

5.Со испитувањето на радиоактивното зрачење во електрично и магнетно поле се покажува


дека тоа се состои од три дела: α-честици ,β-честици и γ-зрачење.

6.Алфа честиците (α ) се јадра на хелиум 24 He со полнеж + 2е и масен број 4.


Излегуваат од јадрото со брзина од редот 107 m/s и имаат енергија 2-5 MeV

7.Бета честиците ( β ) претставуваат поток од електрони -10 е или позитрони +10 е


(честица со карактеристики на електрон ,но со позитивен полнеж ).Овие зрачења се викаат
уште β- и β+
0 n→1 p + -1 e +ṽ , 11p → 01n ++10e +v
1 1 0

v- неутрино
ṽ- антинеутрино
Излегуваат од јадрото со брзина поголема од брзината на α-честиците и имаат енергија од
околу 10MeV.

8.Гама зрачењето (γ ) се електромагнетни бранови со бранова должина λ = 0.1-10 pm.

9.При α-распад новодобиеното јадро има два протона помалку од јадрото што се распаѓа, а
тоа значи за два помал реден број во периодниот систем на елементите ,а за четири помал
масен број.

Z
A X → Z-2A-4 Y + 24 He

10.При β- распад новодобиеното јадро има еден протон повеќе од јадрото што се распаѓа ,а
тоа значи за еден поголем реден број во периодниот систем на елементите , а масениот број
не се менува.
Z X → Z+1 Y + -1 е
A A 0

11. При β+ распад новодобиеното јадро има еден протон помалку од јадрото што се
распаѓа ,а тоа значи за еден помал реден број во периодниот систем на елементите , а
масениот број не се менува.

Z
A X → Z-1A Y + +10 е

You might also like