Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

СТРАДАНИЈАТА НА МЛАДИОТ ВЕРТЕР од Јохан Волфганг Гете

(Издание на: Мисла; Македонска книга, Скопје, 1989, 154 стр.)

„Да, навистина сум само патник, скитник на земјава. Дали сте пак вие нешто повеќе?“
(91 стр.)

*ЕПИСТОЛАРЕН РОМАН (РОМАН ВО ПИСМА).


*Романтичарски белег: слобода во избор на формата.
*Писмата од Вертер се упатени до пријателот Вилхелм.
*Адресант (испраќач = Вертер) и адресар (примач = Вилхелм).
*Писма за забранетата и фатална љубов на Вертер – Шарлота (Лота), упатени до
пријателот Вилхелм.
*Романтичарски белег: фатално и фатумско.
*Писмо = интимност; субјективност.
*Сличност со пишувањето дневник (интимни исповеди). *Индивидуалност.
*На почетокот и крајот од романот се огласува издавачот (приредувачот), по повод смртта
на Вертер, раскажувањето преминува во трето лице; односно раскажувањето (за Вертер)
го презема издавачот (елементи на класичен роман).
5 стр. „Она што можев за историјата на кутриот Вертер да го пронајдам...“.
*Најавување: „Судбина која ќе предизвика солзи“.

КНИГА ПРВА:
*Дописката започнува на 4 мај 1771 година.
*Раскажување во прво лице.
*Радосно напуштање на домот. *Потреба од талкање. *Романтичарскиот лик е
номад/талкач.
*Верува дека сè е дело на судбината.
*Ленора е девојка која била вљубена во него. Заминал, бидејќи нејзината сестра повеќе го
привлекувала. Поради страста, не чувствува вина. Има потреба да живее во сегашниот
миг.
*Постојано потенцирање на срцето. *Романтичарскиот лик е емотивен/сентиментален.
*Уживање во осаменоста. *Радување на животот.
*Обврски кон мајката: да заврши неколку имотно – правни работи со неговата тетка.
*Наследство кое треба да го добие во целост.
*Култ кон природата и кон животот. *Култот кон природата и пејсажноста е
романтичарско обележје.
*Душевен амбиент: радост, ведрина, среќа. Патување од среќа.
*Чувствување на Бог. *Околу, секаде, во сè. *Романтичарски белег; Бог = творец.
*Природата сочувствува со душевниот амбиент на ликот.
10 стр. Култ кон старото, народното, исконското. *Белег на германскиот романтизам.
*Го обожува Хомер. *Култ кон антиката.
*Во новото место ја запоставува уметноста (читањето и цртањето) за да не си го наруши
мирот и спокојот. Расположението брзо му се менува и оди во крајности: од тага во
распојасеност; од меланхолија1 во страст.
*Неговото уживање за другите (мајка му) е безделничење. Мајка му сака тој да работи во
државна служба. Вертер нема татко. *НЕДОСТАТОК.
*Склоност кон уметноста (музика и литература). *Склоноста кон уметноста е
романтичарски белег.
*Љубител на слободата.
*Емпатија кон послабите, потчинетите, тажните. Тој се залага за еднаквост на сите. Во
новата средина го сакаат децата и незначајните луѓе. Чувствува одбивност кон надмената
аристократија и празноглавите жени.
*За него сите луѓе се исти и имаат иста цел – само да работат. *Здодевни.
*Чувство дека не е разбран.
13стр. Запознавање со кнежевскиот началник; вдовец, татко на девет деца кој избегал од
градот, поради големата болка. (Таткото на Лота.)
14 стр. „Јас ќе се вратам во себе и ќе најдам нов свет“.
*Хедонист: сака да ужива во сопствените ритуали како цртање и пиење кафе.
16 стр. Идилични визии да живее повлечено и тивко во некое далечно место.
*РОМАНТИЧАРСКИ. (Валхајм е идиличното место.)
*Не ги сака правилата, бидејќи ја потчинуваат природата.
1
Тажно расположение; душевно заболување коешто се изразува со беспричинска тага, нерасположение,
страв, забавени душевни функции и склоност кон самоубиство.
*Во селото се зближува со едно момче и ужива да ги слуша неговите љубовни приказни и
да се пронаоѓа.
23 стр. Шарлота С. – откривање на идентитетот на девојката во која ќе се вљуби. Бил
предупреден да внимава да не се заљуби, бидејќи Лота е верена со Алберт.
*Идеална жена. Посветена; ги чува браќата и сестрите како мајка, бидејќи мајката им е
умрена. Децата ја сакаат и слушаат. *Посветена.
24 стр. Најубавата слика која ја видел Вертер.
26 и 27 стр. Ужива да чита, да свири на клавир, да танцува... Убаво зборува.
*ЖЕНА – МАЈКА – ТАТКОВИНА. *Романтичарски белег.
*Играат валцер. Вертер е љубоморен и посесивен, па не сака Лота да игра со други мажи.
Воедно дознава и дека е верена за Алберт. Вертер е збунет. *Амбиент: грмотевици и
секавици.
*Има добро мислење и за Алберт. Алберт е рационален. Вертер е емотивен.
44 стр. „О, та каково дете сум јас!“ *ИНФАНТИЛНОСТ, РАЗГАЛЕНОСТ.
*Постојано ги потенцира очите на Лота. Тие му сигнализираат дека и таа го љуби.
*РОМАНТИЧАРСКИ.
47 стр. „... кога би можел јас да просвирнам со куршум низ челово“. *НАЈАВА НА
НАМЕРАТА.
*Не сака да биде потчинет, затоа и не сака да биде вработен. Неговото вработување е
желба на мајка му, и за него е казна и мачење. Не ги почитува луѓето кои живеат да
работат и да печалат.
*Чувство дека назадува и дека сè запоставува, заради љубовта. Пишувал и дневник.
*Празни ветувања дека ќе се дистанцира од Лота. Му станува и наклонет на Алберт,
бидејќи му ја чува жената во која е вљубен. Сите во семејството на Лота му се наклонети.
Дури и Алберт го прифатил.
*Приказната на Алберт и Лота: на смртната постела, мајката на Лота ѝ ја оставила
грижата за домаќинството, таткото и браќата и сестрите, а од Алберт побарала да ѝ стане
сопруг на Лота.
54 стр. „Алберт е најдобриот човек под небото“.
*Алберт е вреден и уреден човек. Во собата чува празни пиштоли. Вертер ги бара
пиштолите на заем. (Пиштолите, не случајно се внесени во дејството. Еден од нив ќе
испука на крајот.) Вертер покажува знаци на самоубиственост пред Алберт, така што го
доближува пиштолот до слепоочницата. Алберт е згаден од неговото однесување и убеден
е дека Вертер во сè претерува.
57 стр. *САМОУБИСТВО = СЛАБОСТ (Алберт).
58 стр. Вертер: „... не до слабоста, туку дали може да се издржи страдањето“.
*Според Вертер: САМОУБИЕЦОТ НЕ Е КУКАВИЦА.
*Навраќање кон минатото: пронашол девојка удавена во вода, поради тоа што ја напуштил
љубовникот.
*Постојано е присутен во домот на Лота. Се труди да биде корисен и да ѝ помага околу
грижата за децата.
64 стр. Постојано го навестува својот крај. *Мрачни мисли и мрачно расположение:
„безутешно плачам пред темната иднина“. *ПЕСИМИЗАМ.
*Контрадикторен: не може без работа, а не сака да работи.
*Чувство на затапеност, неупотребливост и неангажираност.
„Кога самите на себе си недостигаме, сè ни недостига“. *КЛУЧНО.
*За роденденот (на 28 август) добива од Алберт книги на подарок.
*РОМАНТИЧАРСКИ АМБИЕНТИ: лето и одушевување од него.
*Свесен е дека е опседнат со Лота, па одлучува да замине и да ја напушти.
69 стр. Тешка разделба. Лота се сеќава на разделбата со мајката и на ветувањето да биде
со Алберт. Вертер плаче од сочувство.
КНИГА ВТОРА:
*Нова средина; вработување на кое гледа со гадење. Службата му е одвратна. Има
проблеми со пратеникот кај когошто работи. Единствено, Грофот С. Е задоволен од него.
Луѓето му се гадни, а амбиентот го опишува како блескава бедотија (оксиморон).
*СВЕТОТ МУ Е ТУЃ – УЖАСЕН И ВНАТРЕ И НАДВОР.
*Лошо расположение и лоши временски услови: дожд, мраз, снег.
*Ѝ пишува писмо на Лота. Во меѓувреме е поткажуван на работа и сака да поднесе
оставка. Во љубовта се задоволува да биде втор.
*Се чувствува и се претставува како субалтерен 2. Кон високото друштво гледа со
одвратност. Светот околу него го озборува и навредува.

2
Подреден, потчинет, зависен.
88 стр. Вертер е напуштен од работата.
*Заминување во родниот град. *Аџилак во родниот град. Потребата од патување и
промени резултира со разочарување и изгубени надежи.
*Средба со сопственото минато.
*По смртта на татко му, мајка му од жал заминала и се затворила во градот.
90 стр. *Потреба да замине некаде, макар и во војна. *Да лута по светот.
92 стр. Пати по Лота, убеден дека Алберт не ја исполнува доволно.
*Сочувствува и пати со сите луѓе кои изгубиле некого. Туѓата болка ја присвојува. Се
трогнува од туѓите тажни приказни и судбини. Пати и за болката на оние кои не ги
познава. *СВЕТСКА ТАГА3
*Чувство на растроеност.
94 стр. Амбиент: есен и во природата и во душата. *РОМАНТИЧАРСКИ.
*Чувствува ПРАЗНИНА, ИСПУСТЕНОСТ, СТРАДАЊЕ.
*Повторно затапување проследено со лишеност од емоции.
*Повторно се враќа кај Лота. Ветува дека никогаш нема да стори грев кон неа, иако знае
дека не владее со себе.
110 стр. Средба со еден лудак кој живее во светот на кралевите и царевите. Вертер
сочувствува со него и со секој маргиналец.
*Човекот полудел по жената која била ќерка на човекот кај кого што работел. =
ФАТАЛНА ЖЕНА.
113 стр. Лота: „Вертер, Вие сте многу болни“.

ОД СТРАНА НА ИЗДАВАЧОТ ДО ЧИТАТЕЛОТ


*Целосно разнишана хармонија и состојба на страв, трепет и истоштеност.
*Алберт се тргнал од него. Му пречел престојот на Вертер во домот на Лота. Премногу
станал напнат. Раскажувал и се застапувал за едно момче кое од љубомора си ја убило
саканата. Се потрудил и пред институциите да го одбрани познаникот. Алберт забележува
дека му нема спас.
*Страв од самиот себе.
*Непријатни амбиенти во природата – бранови.

3
Велтшмерц, светска болка. Меланхолично – песимистичко доживување на светот...
125 стр. Збогување со Лота. Лота се труди да го дистанцира.
127 стр. Лота: „Биди маж!“.
*Зборување сам со себе, плачење. = САМОУНИШТЕНОСТ.
132 стр. И Лота претчувствува неволја „Срцето ѝ се стегна, а темен облак ѝ се надви над
очите“ *РОМАНТИЧАРСКИ.
133 – 141 стр. Вметната приказна.
*Двајцата се растажуваат од прочитаната љубовна приказна и од нејзиниот фатален крај.
Плачат заедно.
*Налет на очај, жал и страст. *Бакнежи, поради кои е лута Лота.
*ПРОШТАЛНО ПИСМО.
143 стр. „... утре, испружен и безживотен ќе лежам на земја“.
*Во писмо побарал од Алберт да му ги прати пиштолите.
*Остава порака за простување до Алберт, а од таткото на Лота бара да се погрижи за
неговото тело.
153 стр. Слугата го нашол на подот, откако си пукал во слепоочницата. Бил жив некое
време. *МАЧЕЊЕ.
*Лота губи свест од веста за самоубиството.
*Телото до гробот му го носат занаетчии.

You might also like